Економија 20.02.2024 10:21

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ ШТО ОЧЕКУВААТ ПРАТКА ОД АЗИЈА: Ќе си платите 400 отсто повисока цена

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ ШТО ОЧЕКУВААТ ПРАТКА ОД АЗИЈА: Ќе си платите 400 отсто повисока цена

Трошоците за транспорт на стоки од Азија во Европа се зголемени за 400 отсто поради нападот во Црвеното Море, објави европскиот економски комесар Паоло Џентилони.

Поради нападот, времето за испорака на стоката од Азија во Европа е продолжено за десет до 15 дена, додаде Џентилони, пренесува Мина, повикувајќи се на Capital.ba.

Тој очекува дека гореспоменатите поскапувања на транспортот ќе извршат одреден притисок врз зголемувањето на инфлацијата во Европската унија.

„Јасно е дека натамошните прекини би можеле да предизвикаат нови тесни грла во снабдувањето што би го намалиле производството и би ги зголемиле цените“, рече Џентилони.

Тој додаде дека се уште има услови за економско закрепнување во Европската унија и во еврозоната и оти цените на енергенсите се многу пониски од претходно. ()