
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Една од најчестите причини за овие разводи е т.н „синдром на празно гнездо“. Многу парови ги преиспитуваат своите односи кога нивните деца го напуштаат семејниот дом. Фокусот на родителството се намалува и можат да испливаат на површина основните проблеми во бракот. Во последните години во светот на романтичните врски и брачните води се појави нов термин – „сив развод“. Овој термин се однесува на развод меѓу парови кои се на возраст од 50 или ...
Министрите за финансии на земјите членки на ЕУ следниот месец на состанок во шпански град Сантијаго де Компостела треба да го изберат новиот претседател на Европската инвестициска банка (ЕИБ). Во трката за прв човек на водечката институција за ЕУ за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти со седиште во Луксембург, се неколкумина кандидати, но како главни фаворити за наследник на актуелниот претседател на ЕИБ, Вернер Хојер се сметаат ...
Покрај тоа што обезбедува Б витамини, калциум и фосфор, оваа намирница штити од рак, го поддржува здравјето на коските и го зајакнува имунитетот. Не е секое сирење лошо за вас, па ако сте љубител на сирење, можеби ќе се развеселите кога ќе прочитате дека оваа намирница всушност може да го поддржи вашето здравје. Покрај тоа што е вкусен, овој солен додаток направен од овчо и/или козјо млеко се користи во многу јадења. Полесно се вари и содржи ...
Универзалните преведувачи, фасцинантни концепти кои ни се познати од различни дела на научна фантастика и фантазија, се сѐ поблиску да станат дел од реалноста со новата алатка на компанијата „Meta“. Тие, како што велат од „Мета“, служат за дополнително поврзување на луѓето, отворање на вратата за комуникација преку социјалните мрежи и други канали и овозможување на луѓето да пристапат до содржината, без оглед на јазикот на кој таа е првично ...
Турската централна банка ја зголеми основната каматна стапка за изненадувачки големи 7,5 процентни поени на 25 отсто во четвртокот, сигнализирајќи нова решеност за справување со повратната инфлација како дел од поширокиот пресврт на политиката. Овој потег ја доведе стапката на највисоко ниво од 2019 година и ја доведе турската валута на најсилното ниво во однос на американскиот долар од средината на јули. Одборот за политики повтори дека банката ...
Ни претставува особена чест и задоволство да ве информираме дека Шпаркасе Банка ќе биде вашиот партнер и поддршка во процесот на имплементација на Законот за студентски оброк во согласност со не финансискиот Договорот склучен со Министерството за образование и наука. Исплатата на студентскиот оброк за оваа студентска година ќе се врши преку специјална кобрендирана картичка, која за оваа намена Шпаркасе Банка ќе ја издаде во соработка со ...
Гувернерката Ангеловска-Бежоска, заедно со гувернерите на Австрија, Германија и Данска, учествуваше на панел-дискусијата „Влијанието на затегнувањето на монетарната политика врз финансиската стабилност“ на Европскиот форум „Смела Европа 2023“ којшто се одржа во Австрија. Во време на подолготрајни инфлациски притисоци, неспорно е дека клучен приоритет на централните банки мора да биде стабилизирањето на инфлацијата, за што е потребна затегната ...
Не запира трендот на пораст на „внатрешниот долг“. Доспеаните, а неплатени обврски на институциите на централно и на локално ниво, на јавните претпријатија, општините, државните фирми, на крајот од првото економско полугодие изнесува над 443,5 милиони евра, пишува „Порталб.мк“. Долгот на Јавното здравство се приближува до 100 милиони евра – со пораст и на квартално ниво и во однос на лани. Долгот по основ на неплатени комуналии, греење, ...
Голем е стравот дека историјата во најголемата европска економија ќе се повтори, велат познавачите. Зголемените трошоци за енергија и за живот, помогнаа да се активира рецесијата која ги откри економските слабости во Германија. Во меѓувреме, зголемената нееднаквост меѓу луѓето го поттикнува повторното оживување на екстремно десничарските политички сили во земјата. По врвот на 11,6 отсто во октомври минатата година, инфлацијата во најголемата ...
Комерцијалистите во минатото се препознаваа по тоа што беа „врзани“ за канцеларијата и беа опкружени со купови хартија, но во последните неколку години работите драстично се променија кога се појави потребата за теренско работење. Во зависност од начинот на работа, комерцијалистите во земјава и во регионот обично заработуваат и до 3.000 евра, а просечната плата им е околу 50.000 денари, што е далеку над македонскиот просек. Комерцијалистите во ...
Во текот на шестте месеци од годинава растел бројот на пензии од кои се издвојувале средства за Солидарниот фонд, од 314.579 во јануари до 316.826 во јуни, а вкупниот прилив изнесува 931,3 илјади евра. Заклучно со јуни бројот на пензионерите е зголемен за 12.473, а од списокот се „одјавиле“ 7.246 лица Ниски пензии, високи трошоци. Пензионерите деновиве водат битка за достоинствен живот – минимална пензија во износ на минималната плата и линеарно ...
Течат роковите за дури 8 компании од бизнисот со нафта и гас, за кои Регулаторната комисија за енергетика поведе постапка за одземање на лиценца. Решенијата се донесени на 10 август, а компаниите имаат временски период од 30 дена да ја исправат својата грешка. На 14 јули биле известени дека постојат причини за отпочнување на постапката, но не доставиле докази со кои би го разубедиле Регулаторот. Постапка за одземање на лиценца е почната за: ...
Во јули граѓани, компании и институции вложија 18,6 милиони евра во неживотно осигурување. Од доброволните осигурувања најголемо учество во продажбата имаат осигурувањето имот, пред каско осигурување моторни возила и доброволното (приватно) здравствено осигурување. Во ек на сезоната на летни одмори речиси 80.000 граѓани само во текот на јули купиле патничко осигурување. Во овој производ со кој се осигуруваат ризици при патување во странство ...
Европската комисијата н 26 јуни 2023 година предложи да се мобилизираат дополнителни средства од ЕУ за земјоделците од земјите членки погодени од климатските промени, но и високите трошоци за производство и различни пазарни и трговски прашања. Новиот пакет за поддршка изнесув 330 милиони евра за 22 земји-членки. Покрај тоа, земјите-членки истиот тој ден го одобрија пакетот за поддршка од 100 милиони евра за земјоделците во Бугарија, Унгарија, ...
Одржувањето на вашиот мозок здрав е исто толку важно како и остатокот од вашето тело, а секојдневното тестирање со решавање на криенки или загатки може да направи чуда за зајакнување на когнитивната функција. Иако на почетокот може да се мачите со некои загатки, колку повеќе вежбате, толку подобро ќе ви оди и наскоро ќе решавате загатки на ниво на гениј за кратко време, пишува „Mirror“. Имајќи го тоа на ум, зошто да не се обидете со оваа ...
Според д-р Тара Скот, доктор по интегративна медицина, има еден негативен ефект на кафето што многу луѓе го занемаруваат: доведува до дехидратација. Вежбањето на празен стомак е се почесто, па логично е прашањето дали е добро да се пие кафе на празен стомак. Пиењето кафе има корист за здравјето на вашиот мозок и, според Парад, дури е поврзано со подолг живот доколку се консумира редовно. Но, според д-р Тара Скот, доктор по интегративна медицина, ...
Вториот по големина производител на пиво во светот, кој имаше седум пиварници и 1 800 вработени во Русија, ги проценува трошоците за напуштање на рускиот пазар на 300 милиони евра Осумнаесет месеци откако Москва ја започна воената инвазија на Украина, холандскиот производител на пиво „Хајнекен“ објави дека го напушта рускиот пазар продавајќи го својот бизнис во Русија за само едно евро. Вториот по големина производител на пиво во светот, кој ...
Пред точно 120 години, Вилис Кариер измислил начин како да ја разлади просторијата. Човекот на кој му благодариме за клима уредите во жешките летни денови, не ја предвиде иднината и не предвиде глобално затоплување. Денес, животот без климатизација стана незамислив. Во Америка и Јапонија речиси и да нема дом, канцеларија или јавна институција што не се лади. Но, во Европа, ситуацијата е сè уште поинаква – Европејците се спротивставуваат на ...
Две членки на Европската унија, Чешка и Романија, би можеле да се соочат со сериозна валутна криза во следната година, а дури и Унгарија не е далеку од посилен пад на вредноста на домашната валута, објави деновиве водечката јапонска инвестициска банка Номура, кој со својот Дамоклесов индекс стана водечки светски прогнозер на валутни кризи. Јапонците во последниот извештај издвоија четири земји како високоризични и тоа Турција, Чешка, Шри Ланка и ...
Под мотото „Растеме во шампиони“, НЛБ Банка во соработка со организацијата Отворени забавни фудбалски зони – Македонија започнува проект за развој на младински спорт. Вчера, на градскиот плоштад во Струмица, беше одржан првиот спортски настан со кој беше означен почетокот на проектот, кој ќе се реализира вовкупно 10 градови низ земјата. Станува збор за т.н „grassroot“ спортски активности кои имаат за цел да ги воведат децата и младите во спорт, ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за25 август просечнатачасовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 165,89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 144,71 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) на HUPX постигна ниво 171,42евра за мегават час, а на MEMO 150,98евра. Просечната цена на електричната ...
Германскиот државен буџет е 42,1 милијарди евра во минус по првите шест месеци од годинава. „Црвеното салдо“ во најголемата европска економија е најмногу поради државната помош за време на енергетската криза. Милијарди евра државна помош со која германската влада им помогна на граѓаните полесно да се справат со енергетската криза го турнаа германскиот државен буџет во минус во првата половина од оваа година. Според прелиминарните податоци на ...
Се очекува Британија да потврди дека уште еднаш ќе го одложи воведувањето на граничните контроли по Брегзит за храната и свежите производи што доаѓаат од Европската унија, објави во четвртокот Фајненшл тајмс, пренесува Кликс.ба. Обединетото Кралство го одложи спроведувањето на проверките неколку пати откако ја напушти царинската унија и единствениот пазар на ЕУ во јануари 2021 година, но извозот во Велика Британија се соочи со контроли за ...
За секој поединец или компанија од непроценливо значење е да може да и’ верува на својата Банка и тоа не само поради банкарските производи и услуги кои таа ги нуди, туку и поради искуството и знаењето на луѓето кои таму работат. Истовремено од една Банка се очекува континуирано да воведува новитети кои се прилагодени на новите времиња и трендови и кои имаат за цел да го подобрат корисничкото искуство. Да имплементира услуги и продукти кои им го ...
Расте потрошувачката на струја Косово. Само во јуни годинава потрошена е струја за 5 отсто повеќе во однос на истиот период лани. Агенцијата за статистика на Косово (АСК) соопштува дека во текот на месец јуни, расположливата бруто електрична енергија изнесувала 454,79 GWh, додека потрошувачката на електрична енергија била 340,75 GWh или за 4,73% поголема во однос на истиот месец од претходната година. Учеството на алтернативната електрична ...
Неименувани владини извори соопштија дека Индија од почетокот на октомври ќе забрани извоз на шеќер во следната сезона, што е првпат во изминатите седум години. Таквата одлука најверојатно ќе ја зголеми цената на шеќерот на берзите во Њујорк и во Лондон. – Нашиот примарен фокус е да ги исполниме локалните барања и да произведуваме етанол од вишок шеќерна трска. Во наредната сезона нема да имаме доволно шеќер за извозни квоти, истакна неименуван ...
Виетнамскиот производител на електрични возила „Винфаст“ (VinFast) направи голем бум со својата котација на американската берза на Волстрит. Како компанија стана повредна од „Фолксваген“ и „Форд“. Станува збор за еден од најголемите виетнамски производители на автомобили, чии акции се зголемија за 270 отсто на првиот ден од тргувањето на Волстрит. Почетната цена на акциите беше 10 долари, се продаваа за 22 долари, а тргувањето првиот ден на ...
За овие знаци септември ќе биде месец на среќа, изобилство и просперитет. Девица Девицата е ѕвезда на септември. По побурното темпо во август и периодот на грижа, Девицата конечно ќе се чувствува олеснето и опуштено. Бидејќи ова е и нивен период, нивната енергија ќе биде особено нагласена. Ако во изминатиов период почувствуваа недостаток на енергија во деловниот свет, во септември се‘ ќе се промени. Ќе бидат полни со енергија и храбро ќе чекорат ...
Деменцијата е една од водечките причини за смрт во светот, така што нејзиното откривање во рана фаза може да им помогне на луѓето и нивните семејства подобро да ја разберат дијагнозата и соодветно да ја планираат иднината. Затоа, не е лошо да се знаат помалку познатите знаци кои можат да укажуваат на оваа болест. Имено, научниците откриле дека еден таков симптом можете да забележите додека се туширате. Еден од најчудните знаци на деменција е ...
Американскиот производител на чипови „Нвидиа“ ги удвои приходите минатиот квартал во споредба со истиот период минатата година и ги зголеми проценките за раст за наредниот период, сето тоа благодарение на брзиот развој на вештачката интелигенција (ВИ). Приходите на компанијата од Силиконската долина се зголемија на 13,5 милијарди долари во вториот квартал. Добивката, пак, скокна на 6,2 милијарди долари, од 656 милиони долари во истиот квартал ...