Живот 20.02.2024 14:41

Највисокиот маж на светот повторно на дружба со најниската жена на светот

Највисокиот маж на светот повторно на дружба со најниската жена на светот

Највисокиот маж на светот, Султан Косен од Турција, повторно се сретна со својата „спротивност“- најниската жена на светот, Индијката Џиоти Амге. Средбата се случи во американската сојузна држава Калифорнија.

Турчинот, инаку, има 251 сантиметар, а Амге е висока 62,8 цм. Тие претходно се сретнаа и во Каиро, Египет, во 2018 година, на покана на тамошното Министерство за култура и туризам, при што ги посетија и пирамидите во Гиза. По шест години двајцата повторно се сретнаа во САД каде што заедно појадувале, а на крајот и се фотографирале за спомен.

Косен во 2014 година, во Лондон, Велика Британија, се сретна и со најниската личност во светот – Чандра Бахадур Данги од Непал (висок 54,6 цм), кој почина следната 2015 година.

Косен и Амге се дел од Гинисовата книга на рекорди од 2011 година. Во вторник патуваат за Лос Анџелес на покана на американски продуцент кој ќе ја овековечи средбата на највисокиот маж и најниската жена на светот. ()