
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Европската комисија ги намали прогнозите за економски раст за еврозоната во 2023 и 2024 година за 0,3 процентни поени, на 0,8 отсто и 1,3 отсто, соодветно, особено поради тешкотиите во Германија и нејзината индустрија. Се очекува 20-те земји кои го користат еврото да забележат раст од 0,8 отсто оваа година наместо прогнозата од 1,1 отсто во извештајот во мај, соопшти Европската комисија. За следната година очекувањата се намалени на 1,3 отсто од ...
На скалата од еден до десет, македонската економија од технолошки апсект засега е рангирана на трето ниво. Само големите и средните претпријатија се подготвени да се соочат со конкуренцијата и со барањата на европскиот пазар. Останатите, до членството на земјава во ЕУ, ќе мора да поработат на стандардите и процедурите ако сакаат да извезуваат, порача денеска Стопанската комора. Поради вакавата ситуацијата, Комората ќе бара пролонгирање на ...
Популацијата на Азија со ултра висока нето вредност се намали за околу 10,9 отсто минатата година, што е најголем регионален пад во светот, покажаа податоците од „Altrata“, цитирани од „CNBC“. „Ултра богатото население на Азија се намали за 11 отсто во 2022-ра година, најмногу од кој било регион, на 108.370“, се вели во извештајот. Авторите го припишуваат падот на строгото заклучување на Кина за Ковид-19, војната во Украина и нарушените ...
Американскиот режисер Џејмс Камерон добро знае што е вештачка интелигенција. На крајот на краиштата, поради него, милиони луѓе ширум светот, кога ќе помислат на роботи, во главата го гледаат – Терминаторот. Затоа, во разговор со Фарид Закари од Си-Ен-Ен, тој не можеше да го избегне прашањето за вештачката интелигенција. -Би рекол дека тоа повеќе ме плаши отколку што ме возбудува во моментов. Досега користевме неколку алатки напојувани со ...
Од чекање во ред од два часа пред Ајфеловата кула во Париз до ограничување на посетителите на преполниот Акропол во Атина, толпата туристи кои летово се вратија во Европа тешко можеа да останат незабележани, пишува „Financial Times“. И покрај силниот раст на цените, резервациите на летови за северна Европа од јуни до август се зголемени за 25 отсто во однос на претходната година, како и за 13 отсто во јужна Европа, според податоците од ...
Европската централна банка ја намали понудата на пари во еврозоната за прв пат по 13 години, бидејќи кредитирањето на приватниот сектор стагнира, а депозитите се намалија. Банкарските заеми за приватниот сектор паднаа во јули за 6 отсто на годишна основа, што е најниско ниво од 2016 година, додека кредитите на државите паднаа за 7 отсто, што е најголем пад од 2007 година. Економистите предупредуваат дека овие податоци покажуваат натамошен пад на ...
На крајот на минатата недела на Берзата поминала блок трансакција со акциите на фармацевтската компанија „Алкалоид“, за сума од близу 40 илјади евра. Или, попрецизно, во блок тансакцијата одеднаш се продадени 136 акции на ова акционерско друштво по цена од 17.550 денари за акција. Односно, вкупната вредност на зделката била 2,4 милиони денари, што е рамно на близу 39 илјади евра. Инаку, на 7 септември кога се реализирала блок трансакцијата со ...
Деловната активност во британскиот услужен сектор се намали во август, за прв пат од јануари, бидејќи повисоките каматни стапки доведоа до послаба побарувачка на потрошувачите и корпорациите, иако падот беше помал од првично предвиденото. Индексот на менаџери за набавка на „S&P Global/CIPS“ (PMI) за британскиот услужен сектор падна на 49,5 во август од 51,5 во јули, достигнувајќи го најниското ниво во последните седум месеци, но остана над ...
ОВЕН Ќе мора да правите компромиси, во спротивно работата нема да оди добро и ќе се чувствувате депресивно. Но, ќе бидете пред настаните и ќе правите промени, заштедувајќи се од непотребни трошоци и разговори. Едно патување ќе ви донесе возбуда и пријатни емоции, но и обврски за кои допрва треба да размислувате. БИК Добриот развој на вашите работи ќе ви даде самодоверба и брзо ќе ве поттурне напред. Ќе иамте сили да постигнете повеќе, доволно е ...
Тоа што летото е при крај не значи дека не треба да се грижиме за тоа што јадеме или дека не треба да слабееме ако имаме вишок килограми… Статистиката покажува дека сѐ повеќе луѓе се одлучуваат за диета по летото, веројатно незадоволни од својот изглед на плажа, како и од желбата да не се повтори следната година. Зачините можат да ви помогнат и да ослабете, вели нутриционистката Ивана Мишиќ. – Циметот го регулира нивото на шеќер во крвта, ја ...
Просечната месечна нето-плата исплатена по вработен од правни лица во градот Загреб за јуни годинава изнесува 1.317 евра. Ова е номинален пораст од 1,1 отсто во однос на мај и зголемување од 10,4 отсто во однос на јуни лани. Ова го покажуваат податоците на Секторот за статистика на Градскиот завод за економија, еколошка одржливост и стратешко планирање. Споредено со просечната месечна плата за јуни на ниво на Хрватска, која изнесува 1.150 евра, ...
Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.09/2023 за долгови доспеани до 31.05.2023 и неплатени до 31.08.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На Листата на должници бр.09/2023 објавени се 1730 должници – правни лица (помалку за 82 од претходната листа) и 3375 физички лица (помалку за 12 од претходната листа). Вкупно објавениот ...
Нова емисија граѓански обврзници ќе има овој или најдоцна наредниот месец. Се прават последните подготовки до крајот на годината да биде издадена и зелената обврзница, вели министерот за финансии Бесими. Интересот кај граѓаните за овие хартии од вредност е голем, затоа што каматите се повисоки од оние кои ги добиваат од банките, смета Бесими. За една година граѓаните ќе добијат 5% камата за граѓанските обврзници, а ако ги чуваат во банка ...
Повеќето главни валути ќе се борат да ја надминат јачината на доларот до крајот на годината, според анкетата на „Reuters“ меѓу форекс стратезите. Поддржан од силната економија и зголемените приноси на американските трезори, една од највисоките меѓу напредните економии, доларот останува отпорен на повеќето главни валути и покрај кратките напади на слабост. Доларот, кој се смета за безбедно засолниште, достигна највисоко ниво во последните шест ...
Народната банка на својата интернет-страница до крајот на септември ќе почне да објавува споредбени податоци за видот и висината на надоместоците за најрепрезентативните услуги поврзани со платежните сметки, по поединечен давател на платежни услуги (по банка). Овие активности на централната банка се преземаат за натамошно зајакнување на заштитата на граѓаните како потрошувачи на овие услуги и се овозможени со новиот Закон за платежни услуги и ...
Петте компании за осигурување живот само за јули годинава исплатија 62,4 милиони денари (1 милион евра) на свои осигуреници или на носители на правото за обештетување. Износот на исплатените средства за штети покриени со осигурување живот во јули е за 19 отсто повисок од истиот месец минатата година. Средствата се исплатени заради: смрт на осигуреник, доживување или за прекин на договор за осигурување со штедна или со инвестициска компонента, ...
Пред неколку децении, терминот Вештачка интелигенција беше резервиран за научните кругови и технолошките ентузијасти кои сакаа да звучат кул. Но, од нејзиното создавање во 1955 година, вештачката интелигенција само расте во популарност. Денес, нема да најдете технолошки магазин што не ја спомнува вештачката интелигенција во секој друг пасус. Повеќето технолошки достигнувања во последно време се засноваат на вештачката интелигенција барем до ...
Гледате фустан кој премногу ви се допаѓа или чевли кои се на попуст од 50 отсто. Го има и вашиот број, но има еден проблем, се е на онлајн продавница. Е тука е главното прашање, како да препознаете дали таа е безбедна и дека купувањето токму од таму е сигурно? Ова е првото прашање кое ги мачи купувачите, безбедноста и заштитата на личните податоци. Како можете да бидете сигурни дека информациите што ги споделувате со страницата од која купувате ...
Од следната година во Србија ќе се оданочуваат никотинските кесички, таканаречените „снус“, додека природниот гас како извор на енергија за загревање и напојување на моторни возила ќе подлежи на акциза од 2025 година, според измените на сегашната акциза. Законот е усвоен од Владата на Србија, пишува Нова рс. Кога станува збор за постојните давачки, од 1 октомври годинава специфичните акцизи за гориво и други нафтени деривати, тутунски производи ...
ОВЕН Договорите нема да одат онака како што сте испланирале, иако е присутна потреба за компромис и од ваша и од другата страна. Бидете трпеливи, ќе ви се исплати на крајот. Денешните околности на љубовното поле не се најповолни за конкретни акции. Внимавајте на љубоморни сцени. Можни осцилации со крвниот притисок. БИК Негативни вибрации меѓу вас и колегите мора да се обидете на секој начин да ги избегнете. Ако сте задоволни од сегашната ...
Тој порача дека преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции може да очекуваат финансиска поддршка за воспоставување и унапредување на соработката со добавувачи од нашата земја. Имаме цврста институционална рамка која за вашите бизниси нуди предвидливост и силна поддршка, која вклучува различни мерки кои обезбедуваат субвенции за креирање на нови работни места, во делот на капиталните инвестиции, за реализација на инвестициски проекти за ...
Словенија денеска ја издаде првата обврзница индексирана на инфлација, во износ од 100 милиони евра и со реален купон од 0,825 отсто, што достасува во 2034 година, соопшти Министерството за финансии. – Со издавањето на оваа обврзница ги поставивме основите за развој на нов пазар на обврзници и ја отворивме вратата за поширок круг на инвеститори. Со обврзницата ја зголемуваме разновидноста на инструментите за финансирање на државниот буџет и ...
Една состојка на пастата за заби е виновна за тоа што по миењето, храната веќе не ни е доволно слатка. Тоа е натриум лаурет сулфат. Ова соединение што се додава во пастата за заби за да се создаде убава пена и така пастата полесно да се рашири во усната шуплина. Но, натриум лаурет сулфат предизвикува и промени на клетките на јазикот, кои го откриваат вкусот. Натриумот лаурет сулфат ги разложува молекулите на мастите на јазикот, кои ја ...
Ве интересира колку заработуваат лекарите и медицинските сестри во одделни земји во светот? Разликите се големи, пишува Дневник.хр. Така, просечната месечна бруто плата на лекар во Ирска во 2021 година била 15.664 евра. На второ место се најде Исланд со просечна бруто плата од 14.742 евра, а на трето Холандија со 14.654. Во Хрватска таа сума изнесуваше 3.768 евра – со што Хрватска се најде само на 17. место. Под Хрватска се Словачка со 3,735 и ...
Владејачката коалиција во Германија по неколкунеделни дискусии донесе одлука за намалување на даноците за корпорациите во вредност од седум милијарди евра. Претходните обиди за донесување вакви мерки, наречени Закон за можности за раст, не беа успешни поради противењето на министерката за семејство од редовите на Зелените, Лиза Паус. Пакет за период од четири години Таа побарала дополнителни 12 милијарди евра за нов проект за детски суплементи, ...
Цените на нафтата се стабилизираа близу до нивото од 89 долари во понеделникот, поддржани од проценките дека водечките производители ќе продолжат да ја ограничуваат понудата, а американската централна банка ќе и помогне на побарувачката со запирање на зголемувањата на каматните стапки. На лондонскиот пазар цената на барелот вчера беше речиси непроменета во однос на затворањето на крајот на минатата недела и изнесуваше 88,60 долари. Минатиот ...
Косовската царина потврди дека значително е намален влезот на српски производи и дека во јуни и јули годинава вредноста на увозот од Србија на Косово изнесува речиси 20 милиони евра, односно над 50 милиони евра помалку од истиот период лани. Од Косовската стопанска комора (ПКК) соопштија дека во јули вредноста на стоката што влегла во Косово од Северна Македонија надминала 30 милиони евра. Споредено со истиот период лани, тоа е зголемување од 8 ...
ОВЕН Нешто повеќе внимание посветете на комуникацијата и внимавајте на вербални несогласувања со надредените лица. Може ќе бидете наклонети кон расправии со саканата личност, па најдобро е комуникацијата да ја сведете на основна. Можни стомачни тегоби. БИК Работната седмица ви тргнува нешто забавено, поради грешки и пропусти на соработниците. Што се однесува до љубовта, тука се можни сериозни пречки, пред се поради тоа што не сте на иста бранова ...
Сезонски прилагодената стапка на невработеност во ЕУ во јули годинава изнесуваше 5,9 проценти, колку што беше и еден месец претходно, но се намали за 0,2 процентни поени во однос на јули 2022 година, кога изнесуваше 6,1 отсто. Во исто време, јулската стапка на невработеност во Еврозоната беше 6,4 проценти, останувајќи непроменета на месечно ниво, а се намали за 0,3 процентни поени во споредба со јули минатата година, кога изнесуваше 6,7 отсто, ...
Биткоин денеска на најголемата светска берза за криптовалути „Binance“ во 15:00 часот имал вредност од 23.911,10 евра. Вредноста на Биткоин во последните 24 часа паднала за 4,12 проценти. Вкупниот обем на трговијата со биткоини во последните 23 часа бил 14,03 милијарди евра. Како што наведува „Financial Times“, Биткоин паднал поради двоумењето на американската Комисија за хартии од вредност (SEC) да одобри основање на ETF берзански фондови кои ...