Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Жозе Мурињо уште еднаш покажа колку неговиот тренерски пристап се разликува од оној на неговиот голем ривал Пеп Гвардиола. Пред објавувањето на документарната серија „Мурињо“, Португалецот зборуваше за можноста тренерот да земе подолга пауза од фудбалот и јасно стави до знаење дека таков потег никогаш не бил за него. Пораката на Мурињо беше протолкувана како упатена кон неговиот долгогодишен ривал, кој во текот на својата кариера веќе имал ...
Ендрик нема да ги промени клупските бои летово и најмалку до јануари ќе продолжи да го носи дресот на Реал Мадрид, откако Жозе Мурињо се премисли и реши да му даде шанса на Бразилецот да се докаже меѓу „кралевите“. Откако беше доведен Дијаманде, а Винисиус потпиша нов договор беше објавено дека Ендрик добива зелено светло за нова позајмица, откако во јануари замина на шест месеци во Лион, каде на 21 натпревар постигна осум гола и пет ...
Селекторот на македонската кадетска репрезентација, Дејан Стојановски, по втората победа на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Гевгелија, истакна дека неговите избраници покажале карактер и одлична реакција во второто полувреме против Швајцарија. Македонија славеше со 89:76, во натпревар во кој Швајцарците постигнаа дури десет тројки во првото полувреме, но нашата селекција со одлична одбрана и висок интензитет успеа да направи пресврт ...
Ромелу Лукаку до крајот на оваа седмица би требало да го облече дресот на Фенербахче по успешните преговори што турскиот гигант во изминатите 24 часа ги имаше со Наполи. Екс-шампионот на Италија имаше само еден конкретен услов – да го испрати Лукаку со перманентен трансфер, не дозволувајќи позајмица. Фенербахче го прифати тоа нудејќи шест милиони евра, скромна сума што „наполитанците“ сепак се подготвени да ја прифатат за да го тргнат ...
Тиквеш дополнително се засили во пресрет на новата ракометна сезона откако кавадарчани вечерва го потврдија трансферот на Чамал Абдула. Станува збор за Французин кој настапува на позицијата десен бек, кој пристигнува во македонската Супер-лига од Либија, каде ги бранеше боите на Ал Ахли Бенгази. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без ...
Поранешниот македонски селектор Алек Јончевски има нов ангажман откако потпиша договор со косоввскиот клуб Велазними. Екс-стратегот на МЗТ Скопје со овој потпис се враќа назад во косовската кошарка, каде претходно ги водеше екипите на Трепча и на Башкими. Јончевски минатата сезона беше предводник на Атеморому во унгарското првенство, а во својата интернационална кариера ги има водено и Сласк во Полска, како и српскиот суперлигаш Спартак ...
Минаа повеќе од 40 дена откако Душан Влаховиќ и официјално стана слободен играч по истекот на договорот со Јувентус, но српскиот ас се уште нема договор со нов клуб. Ал Ахли сакаше да го доведе во Саудиска Арабија, Бешикташ преговара интензивно повеќе од еден месец, но проблем во преговорите се – нереалните барања за потпис на Србинот и на неговиот татко Милош Влаховиќ, кој фигурира како aгент на голгетерот. Имено, Милош инсистира на ...
Приоритет за Барселона во овој преоден рок е ангажман на нов врвен голгетер како наследник на Роберт Левандовски, но планот тоа да биде Хулијан Алварез се чини нема да се исполни. Ставот на Атлетико е јасен – Аргентинецот не е на продажба, па иако Алварез се закани и со штрајк мадридскиот клуб децидно ја затвори вратата за негово заминување од Мадрид летово. На каталонците им станува јасно дека оваа мисија ќе заврши неуспешно, па веќе решија ...
Кадетската репрезентација на Македонија со неверојатното издание во второто полувреме успеа да ја совлада Швајцарија (89-76) за своја втора победа на Европското првенство – Б дивизија што се одржува во нашата земја. Успехот е уште поголем ако се знае дека одигравме катастрофлано во првиот дел, во кој речиси цело полувреме имавме двоцифрена негатива, но младите кошаркари покажаа и квалитет и карактер, го свртеа резултатот во своја полза и ...
Флорентино Перез и Жозе Мурињо завршија со шопингот на Реал Мадрид летово откако „кралевите“ се решија да не се активираат на пазарот во потрага по нов фудбалер за врска. Родри беше голема желба на тренерот Мурињо, но откако шпанскиот ас се премисли и ја избра Барселона за следна дестинација во кариерата, „кралевите“ за моменто го насочија вниманието кон Зубименди од Арсенал, играч што го бараа и минатото лето додека настапуваше за Реал ...
Ливерпул вечерва го официјализираше доаѓањето на Роналд Араухо, искусниот уругвајски репрезентативец кој пристигнува на „Енфилд“ од редовите на Барселона. Европските гиганти веќе постигнаа договор, Араухо ќе мине една сезона на позајмица во Ливерпул, а англискиот тим ќе има опција да го откупи неговиот договор со Бара наредното лето. Араухо минатата сезона имаше мала минутажа кај Ханси Флик, што беше причина самиот да побара да ги смени ...
Екипата на Струга ТЛ дополнително се засили во пресрет на третото коло и големото дерби со шампионот Вардар откако стружани попладнево се засили со Кендрим Исмајли. Станува збор за 27-годишен албански фудбалер кој доаѓа од редовите на Теута во Албанија, а претходно има настапувано и за Тирана и за Фљамуртари. Исмајли настапува како лев бек, но по потреба добро се снаоѓа и во средината на теренот, па интересно ќе биде да се види каде стружани ...
Ракометниот клуб Вардар ја објави цената на сезонските билети за натпреварувачката 2026/27, чија продажба ќе стартува наскоро. „Црвено-црните“ обелоденија дека овие билети ќе чинат 4.500 денари, а со нив ќе можат да се следат сите домашни натпревари на македонскиот првак, како во домашното првенство, така и во регионалната лига, но и во најатрактивната Лига на шампионите. „РК Вардар ги информира своите навивачи дека цената на сезонскиот билет ...
Македонската Кошаркарска Федерација денеска ја објави листата на лиценцирани клубови за наредната сезона во суперлигашка конкуренција, листа на која очекувано се најдоа сите предвидени тимови со исклучок на Чаир, кој поради неподмирените обврски кон федерацијата нема да биде дел од елитното друшштво. МКФ воедно ги објави и условите на распишаниот конкурс за пополнување на ова испразнето место, за кое е веќе извесно дека ќе му припадне на ...
Самиот избор на Фабијани за нов тренер на Вардар беше дочекан со огромна недоверба во јавноста, што се покажа апсолутно оправдано со оглед на катастрофалните резултати на „црвено-црните“ на стартот од сезонава. По експресната елиминација од Европа и шлаканицата во мак-дербито со Шкендија, разделбата со потпросечниот тренер беше неижбежна, па сега прашањето што се поставува е – кој ќе дојде на чело на „црвено-црните“ за да го врати Вардар на ...
Поранешниот македонски селектор Марјан Србиновски по неколкугодишна пауза се враќа на тренерскиот занает откако успешниотт стратег беше промовиран за нов шеф на стручниот штаб на Соколи 1933 од Штип. Оваа екипа влегува со сериозни амбиции во новата сезона и веќе аплицираше за испразнетото место во Супер-лигата, а самиот ангажман на Србиновски доволно кажува за желбата штипјани да прераснат во квалитетен колектив и гордост на спортот во овој ...
Барселона доби лоши вести во пресрет на новата сезона, откако Руни Бардаџи заработи сериозна повреда на коленото. Според информациите на италијанскиот новинар Фабрицио Романо, 20-годишниот фудбалер ги повредил предните вкрстени лигаменти за време на тренингот на каталонскиот клуб. Бардаџи не успеал да ја заврши тренинг-сесијата, а по првичните прегледи постоеле сомнежи дека станува збор за сериозна повреда на коленото. Дополнителните ...
Феран Торес е на чекор од преселба од Барселона во Пари Сен Жермен, а трансферот би требало да биде официјализиран во следните неколку дена. Шпанскиот репрезентативец веќе постигнал договор со францускиот шампион за соработка до 2031 година, а во изминатите денови Деко и Луис Кампос ги водеа преговорите околу обесштетувањето. Според информациите на „Марка“, Барселона и ПСЖ се договориле за трансферот, а парижаните подготвуваат понуда вредна ...
Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје ќе има нов домашен терен во сезоната 2026/27. Клубот официјално потврди дека сите домашни натпревари во Македонската кошаркарска лига и АБА 2 лигата ќе ги игра во спортската сала „Т Арена“. Од ТФТ Скопје ја споделија информацијата со своите навивачи, оценувајќи го овој потег како значаен чекор напред во развојот на клубот. Со преселбата на домашните натпревари во „Т Арена“, клубот сака да создаде уште подобри ...
Шпанскиот репрезентативец Мартин Зубименди би можел да го напушти Арсенал по само една сезона помината на „Емирати“. Иако во Лондон пристигна минатото лето од Реал Сосиедад, сè погласни се шпекулациите дека 27-годишниот играч за врска би можел да направи нов трансфер. Најсериозен интерес за неговите услуги покажува Реал Мадрид, но во трката е и Челзи. Последниот збор, сепак, ќе го има Арсенал, со оглед на тоа што Зубименди има договор со ...
Јувентус по поразот од Интер (1:2) во пријателскиот натпревар во Австралија одлучи да реагира на голманската позиција. Искусниот тренер Лучијано Спалети бил незадоволен од настапот на Микеле Ди Грегорио, кој според италијанските медиуми сноси вина за двата примени гола. Затоа Спалети наводно побарал од раководството веднаш да ангажираат нов чувар на мрежата, кој ќе може да ги задоволи критериумите на тимот од Торино, кој планира во ...
Фудбалскиот клуб Тиквеш продолжува со засилувањето на играчкиот кадар за новата сезона, а најново име во тимот е младиот офанзивен играч за врска Мухамед Елмас. 20-годишниот Елмас во Тиквеш пристигнува од Македонија Ѓорче Петров, каде што настапуваше во изминатиот период. Станува збор за фудбалер кој најчесто игра како офанзивен играч за врска, но може да одговори и на позицијата десно крило. Неговата посилна страна е левата нога. Елмас е ...
Во изминатите неколку недели една од главните теми во светскиот фудбал беа преговорите меѓу Винисиус Жуниор и Реал Мадрид околу продолжување на соработката. Додека траеја преговорите, ситуацијата внимателно ја следеше и Арсенал, кој наводно бил подготвен да ги исполни барањата на Реал доколку не дојде до договор со бразилскиот напаѓач. Сепак, на крајот двете страни постигнаа договор, а Реал Мадрид официјално потврди дека Винисиус потпиша нов ...
Виктор Вембањама верува дека е способен да го направи она што само еден човек во историјата на НБА успеал да го направи – да постигне 100 поени во еден натпревар. Ѕвездата на Сан Антонио Спарс одговори на кратки прашања од францускиот креатор на содржини Рукикс. Кога го прашаа дали се согласува со тврдењето дека може да постигне повеќе од 100 поени во еден НБА натпревар, Вембањама кратко одговори: „Да, би можел“, кратко одговори Французинот. ...
Шкендија го комплетираше техничкиот штаб на првиот тим, откако Агрон Мемеди и Дијамант Кадриоли се приклучија на стручниот тим предводен од главниот тренер Артим Положани. Мемеди и Кадриоли ќе бидат дел од стручниот штаб во кој веќе се наоѓаат Куштрим Вока и фитнес тренерот Саимир Фетаи, со што клубот го заокружи тимот кој ќе работи со првиот состав во продолжението од сезоната. Комплетирањето на техничкиот персонал доаѓа по враќањето на ...
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ се прости од легендарниот Дон Нелсон. Во неделата навечер, кошаркарската јавност ја прими тажната вест за смртта на 86-годишната НБА-легенда Дон Нелсон. Тој е втор на вечната листа според бројот на победи како тренер и беше еден од највлијателните стратези, почнувајќи од ерата на „Нелибол“ во Милвоки кон крајот на 70-тите години. Потоа ги предводеше Голден Стејт Вориорс, Њујорк Никс и Далас Маверикс. Иако ...
Шкендија и крилниот напаѓач Себастјан Спахиу ја прекинаа соработката. Тетовскиот клуб информираше дека двете страни постигнале договор за предвремено раскинување на договорот, со што Спахиу повеќе нема да биде дел од тимот. Спахиу во изминатиот период беше дел од офанзивниот состав на Шкендија, настапувајќи на крилната позиција и обидувајќи се да придонесе во нападот на тетовскиот тим. Сепак, со договор меѓу клубот и фудбалерот е одлучено ...
Кошаркарската федерација на Македонија, врз основа на важечките одредби од Статутот, Правилникот за натпреварување, Пропозициите за натпреварување, актите со кои се уредува постапката за лиценцирање на клубовите, како и врз основа на одлуката на Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија бр. 02-308/7 од 29.05.2026 година, објавува конкурс за доделување „вајлд-карта“ и пополнување на едно (1) испразнето место во Супер лигата – ...
Бредли Баркола би можел да биде главна ѕвезда во финишот на летниот преоден рок. Францускиот репрезентативец се наоѓа на радарот на неколку европски гиганти. Најсериозен интерес за неговите услуги покажуваат премиерлигашите Ливерпул и Арсенал. Лондонскиот клуб повторно го активира интересот за Баркола како приоритет за левата крилна позиција. Оваа одлука доаѓа откако на „топчиите“ им пропадна обидот за ангажман на Винисиус Жуниор. Баркола ...
Претседателите и генералнитр секретари на Азијската, европската и федерацијата на Северна и средна Америка упатија заедничко отворено писмо до „фудбалското семејство“, во кое изразија сериозна загриженост за начинот на кој се раководи со ФИФА и истакнаа дека фудбалот „не му припаѓа на ниту еден поединец или институција“. „Фудбалот е најголемата заедничка страст во светот. Тој не му припаѓа на ниту еден поединец или институција. Им припаѓа на ...