Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Судењето за смртта на Марадона продолжи во Аргентина, а новото сведочење на судскиот вештак откри шокантни детали за последните денови од животот на еден од најголемите фудбалери на сите времиња. На рочиштето во Сан Исидро, судскиот лекар Карлос Касинели упати сериозни обвинувања против медицинскиот тим што се грижел за Марадона, тврдејќи дека биле занемарени бројни алармантни симптоми и дека изостанала навремена реакција од лекарите. Од ...
ФК Силекс и официјално го потврди ангажманот на Мартин Талаков како најново засилување за претстојната сезона 2026/27. 23-годишниот фудбалер во Кратово пристигнува од редовите на ФК Работнички. Станува збор за поливалентен играч кој може да одговори на предизвиците во средниот ред, но и на крилните позиции во нападот. Талаков зад себе веќе има богато искуство со настапи за неколку клубови во Првата македонска фудбалска лига, како и ...
Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе го пречека шкотски Хиберниан во натпревар од 3. коло во Конференциската лига на УЕФА. Тренерот Артим Положани е оптимист дека Шкендија може да ја претвори негативата од еден гол во конечен триумф во двомечот со Хибернијан, со што македонскиот вицепрвак би се пласирал во плејофот за влез во Конференциската лига на УЕФА. „Oва беше исклучително ...
Од Шпанија пристигнуваат навистина неверојатни сцени. Фулам одби да изведува пенали по нерешениот резултат 2-2 против Малага, го напушти теренот и со тоа му го препушти трофејот „Коста дел Сол“ на домаќинот. Играчите на англискиот премиерлигаш разговараа со судиите неколку минути по крајот на натпреварот, а потоа едноставно се упатија кон соблекувалната. Од Фулам тврдеа дека изведувањето пенали не било предвидено во договорот со кој биле ...
Македонскиот ракометен шампион РК Вардар официјално ја започна продажбата на сезонските билети за претстојната натпреварувачка сезона. Цената на сезонскиот билет изнесува 4.500 денари. Со неговото купување, верните навивачи на „црвено-црните“ ќе имаат можност да ги следат сите домашни натпревари на клубот. Билетот ги опфаќа возбудувањата од домашниот шампионат, но и сите мечеви од групната фаза во Лигата на шампионите. Од клубот ги повикуваат ...
Реал Мадрид славеше на гостувањето против Ла Коруња со 1-0, а Жозе Мурињо јасно им порача на своите фудбалери да се навикнуваат да добиваат вакви натпревари и со минимален резултат. „Секако дека сакате да победите што поубедливо на секој натпревар. Сепак, кога веќе не можете да ја наполните мрежата на противникот, важно е да се научи да се победува и со 1-0. Тоа исто така е резултат што носи три бода“, прокоментира Мурињо, кој низ годините ...
Хибернијан со предност од еден гол допатува во Македонија за денешниот реванш против екипата на Шкендија, меч што е на програмата од 20 часот на Националната арена „Тодор Проевски“. Тренерот Дејвид Греј ги предупреди своите фудбалери дека никако не смеат да си дозволат да го бранат минималното водство, бидејќи со тоа би се осудиле самите на неуспех на овој реванш. „Ова е европско гостување и треба на сите да им биде јасно, ако само застанете ...
Потписот на Душан Влаховиќ за Бешикташ предизвика воодушевување меѓу фановите на турскиот гигант, па бројни новинарски екипи беа присустни при слетувњето на српскиот голгетер на аеродромо во Истанбул. Таму „уловија“ интересен детал, па покрај куферите со багаж на екс-фудбалерот на Јувентус беа забележани и две гајби со домати што Влаховиќ ги зеде со себе во возилото што го чекаше на аеродромот. Новинарот Емре Танвиер откри за што всушност ...
Ракометарите на Е. Пелистер продолжуваат со подготовките во Словенија, при што тимот на Лино Червар ја одигра третата контролна средба, забележувајќи ја и третата победа. „Зелено-белите“ за противник на овој дуел го имаат Словењ Градец, меч што мина во израмнета борба и заврши со триумф на македонскиот вицешампион од 22-21. Червар им даде шанса на сите ракометари, искусниот стратег повторно испроба најразлични тактички варијанти, но судејќи ...
Лео Меси ја изненади целокупната фудбалска јавност појавувајќи се во тимот на Интер Мајами на синоќешниот дуел од Лига-купот против Леон, меч што неговиот тим сепак го загуби од мексиканскиот претставник на домашен терен со 2-3. Меси се уште тагува по смртта на неговиот татко, а вчера објави писмо во кое најави дека сериозно размислува набрзо да ја заврши кариерата. Тој доби слободни денови од управата да остане со семејството се додека не се ...
Партизан се уште се мачи да го комплетира ростерот за наредната сезона, но „црно-белите“ се надеваат дека до крајот на оваа седмица ќе го комплетираат трансферот на Итан Томпсон, репрезентативец на Порторико кој би дошол во Белград од НБА-лигата. Томпсон, кој настапува на позицијата бек шутер, доаѓа од редовите на Индијана пејсерс, клуб каде во последните месеци конечно доби шанса да заигра во најсилната лига на светот. Тој претходно беше дел ...
И третото коло во европските фудбалски купови не може да мине без претставник на Фудбалската федерација на Македонија. На реванш мечот од Конференциската лига меѓу Омонија од Кипар и клубот Линколн од Гибралтар што се игра во Никозија на 13 август во Никозија, Комисијата на УЕФА го одреди за делегат на овој натпревар Филип Поповски. Во меѓувреме патуваше и Александра Пејковска, која од 5 до 8 август исто така беше делегат на квалификациониот ...
Стратегот на ПСЖ, Луис Енрике не го криеше задоволството откако неговиот тим крена уште еден пехар, триумфирајќи повторно во Суперкупот на Европа со победата од 2-1 над Астон Вила во Салцбург. „Светците“ имаа проблеми бидејќи голем дел од првотимците пред неколку дена се приклучија на подготовките, но сепак одиграа квалитетен меч и стигнаа до победата и новиот трофеј. „Беше многу компликувано, исто како и лани, но најдовме начин да стигнеме ...
Атлетико Мадрид осигура уште еден важен потпис откако шпанскиот гигант постигна целосен договор со Тотенхем околу трансферот на Кристијан Ромеро. Темпераментниот аргентински дефанзивец беше профил на играч каков што Диего Симеоне бараше за својот тим како нов „командант на одбраната“, а управата на мадридскиот клуб успеа да ја исполни оваа желба на трофејниот стратег. Тотенхем бараше 50 милиони евра за Аргентинецот, но „спарси“ на крајот се ...
Ракометарите на актуелниот освојувач на ЕХФ купот, ГРК Охрид стигнаа до првата победа на 54. издание на турнирот во Струга откако вечерва во „езерското дерби“ славеше над домаќинот со 24-37. Стружани одиграа солидно прво полувреме во кое играа во егал со големиот ривал, па на пауза заминаа со негатива од само три гола 13-16. Сепак, во вториот дел се покажа разликата во квалитет, па гостите на крајот славеа со убедливи 24-37. Во првиот ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја одбранија титулата во Суперкупот на Европа, откако вечерва на „Ред бул арената“ во Салцбург славеа над освојувачот на Лига на Европа, Астон Вила со 2-1. Двете екипи одиграа едно израмнето прво полувреме. Неверојатниот Грузиец, Квича Квараскелија стрелаше за 1-0 за светците во 20. минута. Сепак, до крајот на првиот дел премиерлигашот успеа да израмни на 1-1 откако во првата минута од судиското надополнување ...
Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија го одработи официјалниот тренинг на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, пред утрешниот реванш натпревар од 3. коло во Конференциската лига на УЕФА. Тетовци полни со оптимизам го чекаат утрешниот меч во кој треба да ја анулираат негативата од 2-1 од првиот меч одигран во Шкотска пред седум дена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и ...
Расел Вестбрук, поранешен МВП и играч на бројни НБА-тимови, го објави крајот на својата кариера на 38-годишна возраст. Вестбрук, кој е само вториот играч во историјата што завршил сезона со просек од „трипл-дабл“, ја соопшти својата одлука на оригинален начин преку краток филм во времетраење од три и пол минути, раскажан од оскаровецот Мајкл Б. Џордан. Играчот, кој на врвот на кариерата 11 сезони го носеше дресот на Оклахома, ја освои ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен водат со 1-0 на полувреме против Астон Вила во Суперкупот на Европа кој се игра на „Ред бул“ арената во австриски Салцбург. Двете екипи одиграа едно израмнето прво полувреме. Неверојатниот Грузиец, Квича Квараскелија стрелаше за 1-0 за светците во 20. минута. Сепак, до крајот на првиот дел премиерлигашот успеа да израмни на 1-1 откако во првата минута од судиското надополнување прецизен беше Маџо. Крадењето ...
Чави Хернандез е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Холандија, потврдија вечерва од федерацијата на оваа држава. Чави потпиша договор со „лалињата“ до 2030 година, а главна цел ќе биде што подобар пласман на Европското првенство во Велика Британија во 2028 година, како и настап на Светското првенство 2030 година. Чави својот последен ангажман го имаше во 2024 година кога го заврши својот тригодишен мандат во Барселона. ...
Навивачите на Бешикташ со нетрпение го очекуваат доаѓањето на Душан Влаховиќ во Истанбул. Бешикташ денеска официјално објави дека српскиот напаѓач доаѓа во клубот. Навивачите едвај го дочекаа тоа и се собраа во голем број на аеродромот „Ататурк“. Река народ се упатува кон ВИП-излезот на аеродромот за соодветно да го пречекаат Влаховиќ. „Црни орли, доаѓам во Бешикташ“, порача Влаховиќ во дресот на својот нов клуб. 🦅 VLAHOVIC İÇİN BİNLERCE ...
Најпознатата кошаркарска франшиза во светот, Лос Анџелес лејкерс е продадена за рекордни 12 милијарди долари на бизнисмените Џош Кушнер и Боб Ајгер. Со тоа, Лејкерс го менуваат сопственикот по вторпат во период од само една и пол година. Претходен сопственик беше Марк Волтер, кој минатата година го откупи контролниот удел во клубот од семејството Бас. Оваа цена претставува рекорд за купување на која било спортска франшиза во Северна Америка. ...
Двократниот европски шампион Вардар, со рутинска победа над Прилеп од 39-29 го стартуваше настапот на 54. издание на ракометниот турнир во Струга. Вардарци уште во првото полувреме беа подобар противник па веќе на пауза против прилепчани имаа предност од пет гола (18-13). Како изминуваше натпреварот разликата само се зголемуваше, а на крајот „црвено-црните“ славеа со убедливи 39-29. Вечерва во вториот натпревар од денешната воведна програма ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Астон Вила вечерва од 21 часот ќе се сретнат во Суперкупот на Европа што ќе се игра на „Ред бул“ арената во Салцбург. Двајцата тренери се соочуваат со огромни проблеми со составот. „Светците“ на Луис Енрике ќе го нападнат трофејот без Дембеле, Фабиан Руиз и Баркола во стартната постава. Кај Французите од првата минута ќе дебитира засилувањето Аклиуш. Од друга страна, Унаи Емери остана без речиси половина ...
Изгледа дека нема ништо да се случи од најавениот трансфер на Расел Вестбрук во Евролигата. Макаби и Панатинаикос покажаа интерес за поранешниот МВП на НБА, додека Хапоел Тел Авив се спомнуваше како најсериозен кандидат за негов ангажман. Сепак, добро упатените новинари од НБА, Марк Стајн и Брет Сигел, ги демантираа информациите дека Вестбрук преговара со Хапоел. Според нивните сознанија, искусниот плејмејкер се уште сака да ја продолжи ...
Алберт Риера е се поблиску до преземање на тренерската позиција во Црвена ѕвезда, а официјалната потврда за неговото доаѓање се очекува најдоцна до четврток, односно до петок наутро. Преговорите со шпанскиот тренер и неговиот агент Енди Бар се во завршна фаза, а според српските медиуми, за четврток во Белград е закажана нова средба. Во текот на зимата, Риера беше еден од главните кандидати за тренер на белградскиот клуб. И тогаш имаше ...
Турскиот клуб Бешикташ објави дека српскиот фудбалер Душан Влаховиќ е нов играч на „црно-белите“ од Босфорот. Истанбулскиот гигант на интересен начин потврди дека Влаховиќ пристигнал во клубот и дека се е договорено, потпишано и официјализирано, откако на своите официјални канали објавија фотографија од златник на кој е врежан ликот на српскиот напаѓач. Бешикташ и српскиот фудбалер договорија соработка во траење од четири години. ...
Искусниот белгиски голгетер Ромелу Лукаку е новото големо засилување во турската Суперлига. По две тешки сезони поминати во Наполи, 33-годишниот напаѓач постигна комплетен договор и кариерата ја продолжува во дресот на Фенербахче. Турскиот и италијанскиот гигант ги договорија сите детали за трансферот. Наполи на име на обесштетување ќе добие фиксни шест милиони евра, сума која може дополнително да порасне преку неколку клаузули за бонуси. Со ...
Доскорешниот хрватски селектор, Златко Далиќ, очекувано експресно најде нов ангажман еден месец по завршувањето на мундијалот. Далиќ ја напушти клупата на Хрватска и јасно стави до знаење дека приоритет повторно ќе му биде селекторски ангажман, одбивајќи неколку клупски понуди во изминатиот период. Од неколкуте опции за селектор најинтересна беше онаа од Обединетите Арапски Емирати, чија федерација неколку години го убедуваше Далиќ да се ...
Интер по долги напори конечно успеа да најде купец за Давиде Фратези, кој во следните 24 часа би требало да си замине од „Џузепе Меаца“. Лацио ќе биде новиот клуб на овој италијански репрезентативец, откако римјаните најдоа заеднички јазик со „нероаѕурите“, договарајќи ги сите детали од овој трансфер. Фратези не криеше дека е незадоволен од минималната минутажа што ја добиваше од Киву минатата сезона, уште помала од онаа што претходно ја ...