Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Мохамед Салах беше на чекор до потпис со Бешикташ, но турскиот клуб на крајот реши да ги прекине сите преговори откажувајќи го овој мегатрансфер што можеше да ги врати „црно-белите“ во борбата за самиот врв. Причина – барањата на агентот на Салах да му биде исплатен огромен бонус за самиот потпис на договорот. Бешикташ ги договори личните услови со екс-голгетерот на Ливерпул, беше предвиден и бонус за агентот, но ситуацијата се промени откако ...
Југослав Тренчовски денеска и официјално беше промовиран во нов тренер на Олимпија, откако 49-годишниот Македонец ја доби довербата на раководството на овој словенечки гигант. Олимпија му врачи отказ на Мишо Бречко и веднаш стана јасно дека Тренчовски е главен фаворит на тимот од Љубљана, пред се поради одличната работа во тимот на Радомље ланската сезона во која нашиот стручњак со лимитиран буџет играше одличен фудбал, во неколку наврати ...
Хируршкиот зафат врз Родри мина без никакви проблеми, по што лекарите прогнозираат брзо враќање на асот на Манчестер Сити на фудбалските терени. За потсетување, Родри одигра мундијал за паметење предводејќи ја Шпанија до светската титула, плејмејкерот беше избран и за МВП на светското првенство, но веднаш потоа беше објавено дека мора да замине на операција на грбот за да го санира проблемот што го мачи веќе последно време. Се стравуваше од ...
Јошко Гвардиол ги разреши сите дилеми околу иднината откако денеска го потпиша новиот договор со Манчестер Сити. Хрватот се наметна како еден од најдобрите дефанзивци во Премиер-лигата во последните години, но пропушти значаен дел од ланската сезона поради тешка повреда на коленото. Гвардиол летово беше желба на гиганти како Реал Мадрид и Баерн Минхен, но хрватскиот репрезентативец покажа лојалност, даде приоритет на преговорите со Сити и ...
Тиквеш ангажираше уште едно ново засилување откако кавадарчани денеска го потврдија трансферот на Бразилецот Жоао Габриел Фереира Сантош, со прекар Ренатињо. Станува збор за 21-годишен дефанзивец кој по минувањето на младинските категории во татковината, ланската сезона замина во Молдавија каде ги бранеше боите на Политехника. Летово тој стана слободен играч, избирајќи го Тиквеш како нова дестинација во кариерата. „Добредојде во црвено-белото ...
Роберто Манчини ќе биде нов селектор на Италија откако раководството на Федерацијата го избра токму екс-кормиларот за наследник на Џенаро Гатузо по хаосот што настана со блокадата на именување на Андреа Пирло за нов селектор и оставките што поради тоа ги поднесоа Малдини и Леонардо. Челниците на федерацијата самите ги презедоа преговорите за нов селектор, веднаш ставија до знаење дека Манчини им е прв фаворит, за денеска да биде потврдено ...
Ракометната Федерација на Македонија денеска го именуваше Игор Марковиќ за нов селектор на женската сениорска репрезентација, а претседателот Александар Стефанов е оптимист дека предводени од овој стратег нашите ракометарки ќе бележат подобри резултати во иднина. „Со големо задоволство го поздравуваме доаѓањето на Игор Марковиќ на селекторската позиција на женската сениорска репрезентација на Македонија. Станува збор за тренер кој зад себе ...
Предолго време Партизан беше тивок на кошаркарскиот пазар, но „црно-белите“ во последните денови и официјално потпишаа неколку нови кошаркари. Откако вчера беше официјализан трансферот на Вилдоза, денеска нов потпис кај вицешампионот на АБА-лигата, и тоа Американецот Дерек Вилис. Станува збор за крилен центар кој доаѓа од редовите на Париз, а кој претходно настапуваше и за Анадолу Ефес, Венеција, Хувентуд… Мниатата сезона тој настапи на 28 ...
Црногорскиот ракометен стратег Игор Марковиќ е изборот на раководството на РФМ за нов селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија. Одлуката да не се продолжи соработката со Кристијан Грчевски беше донесена пред неколку месеци, во меѓувреме беа контактирани неколку домашни и странски стратези, по што изборот падна врз Марковиќ, стратег кој годинава ги предводеше младинските репрезентативки на Црна Гора до петото место на СП. ...
Дубаи зема земав по освоената титула во АБА-лигата, па овој амбициозен проект сега со сите сили тргнува по што подобар пласман во Евролигата. Во тој правец беа ангажирани неколку квалитетни засилувања, а денеска беше официјализиран уште еден топ-трансфер. Станува збор за Мамади Дијаките, одличниот крилен центар кој доаѓа од редовите на Басконија. За овој кошаркар од Гвинеја се интересираа уште неколку евролигаши, но тој ја избра понудата на ...
Кадетската ракометна репрезентација на Македонија отпатува за Белград, каде од утре ќе го стартува својот настап на Европското првенство што ќе се одржува во главниот град на нашиот северен сосед. Горан Кузманоски го избра најдоброто што го има во моментов во оваа генерација, но пред „црвено-жолтите“ е исклучително тежок предизвик со оглед на фактот дека во групата ќе се сретнеме со Франција, Словенија и со Шведска. Прв ривал на Македонија ...
Ако сака Вардар и натаму да остане во Европа, тогаш вечерва на гостувањето во Летонија нема друг избор. Мора да дојде до триумф над Рига, за да ја анулира предноста од првиот меч во Скопје, кој го загуби со 3-2, и сега ќе мора да брка победа по секоја цена. „Црвено-црните“ загубија уште еден европски натпревар пред своја публика, но на гостински терен против Купс покажаа дека знаат да изненадат. Токму таква игра и таков резултат им треба и ...
Сега и официјално. Зинедин Зидан е нов селектор на Франција, откако француската федерација го потврди прославениот фудбалер на „триколорите“ за нов предводник. Ова за Зидан е прв селекторски предизвик, откако во минатото го водеше со успех тимот на Реал Мадрид, до три трофеи во Лигата на шампионите. Зидан го истакна своето задоволство што ќе ја води француската репрезентација. „Честопати го кажував: нема ништо поголемо од француската ...
Тетовска Шкендија на почетокот на новата сезона би можела да остане без столбот во одбраната Имран Фетаи. За репрезентативецот на Македонија има интерес од романскиот тим Динамо Букурешт, кој е во преговори со тетовската екипа за ангажман на младиот стопер. 23-годишниот Фетаи со добрите игри минатата сезона во ПМФЛ и во Лигата на Конференции, се наметна и во репрезентацијата на Македонија, за која досега има три настапи, во бараж мечот со ...
Македонскиот шампион Вардар ги започна подготовките за новата сезона, а еден од најискусните ракометари во тимот, Милан Лазаревски, порача дека „црвено-црните“ повторно ќе атакуваат на сите трофеи. Лазаревски истакна дека во Вардар амбициите секогаш се најголеми, без разлика на предизвиците, и дека токму високите цели се двигателот на напредокот. „Вардар секогаш има највисоки амбиции. Понекогаш изгледа дека тие се над нашите можности, но само ...
Спортскиот директор на германската репрезентација, Руди Фелер, остро го критикуваше стилот на игра на Аргентина, оценувајќи дека „гаучосите“ не треба да бидат пример за останатите национални селекции. Иако Аргентина стигна до финалето на Светското првенство 2026, каде по продолженија загуби од Шпанија со 1-0, Фелер смета дека нивниот начин на игра не заслужува толку пофалби. „Германија треба да игра подобро во дефанзива. Многумина ја ...
Барселона не се откажува од намерата да го доведе аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез и подготви значително подобрена понуда за негов трансфер од Атлетико Мадрид. Според шпанските медиуми, каталонскиот клуб првично понудил 100 милиони евра, но понудата била експресно одбиена од „јорганџиите“, кои јасно ставиле до знаење дека не сакаат да се разделат со еден од своите најважни фудбалери. Сепак, тоа не ја обесхрабрило Барселона. Најновите ...
И покрај големите амбиции да биде ангажиран Пеп Гвардиола, а потоа и Карло Анчелоти, сепак, Италија ќе добие селектор повратник на клупата. Пропадна и можноста Андреа Пирло да ја преземе клупата, поради рекламирање на руска обложувалница, па така сега изборот се сведе на Антонио Конте или Роберто Манчини. Двајцата веќе беа на клупата на Италија. Конте ја предводеше селекцијата од 2014 до 2016, и се реши да ја напушти клупата после Европското ...
Лидс Јунајтед продолжува агресивно да се засилува по враќањето во Премиер лигата и е на чекор од најскапиот трансфер во својата историја. Англискиот клуб постигнал договор за ангажман на голманот Џејмс Трафорд за 52,6 милиони евра, плус дополнителни бонуси. 23-годишниот чувар на мрежата ќе биде третото летно засилување на Лидс, по доаѓањето на Тарик Мухаремовиќ и Хари Вилсон. Потребата од нов голман се појави откако искусниот Карл Дарлоу како ...
Саудискиот гигант Ал-Хилал подготвува нов трансфер-бомба и ќе се обиде да го ангажира крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Луис Дијаз, објавува францускиот весник „Л’Екип“. По неодамнешниот ангажман на холандскиот офанзивец Кресенсио Сомервил за сума поголема од 60 милиони евра, Ал-Хилал сака да донесе уште една голема ѕвезда во своите редови. Приоритет на клубот е засилување во нападот, а изборот паднал токму на колумбискиот репрезентативец. ...
Милан е подготвен да го продаде Рафаел Леао, но италијанскиот гигант се соочува со огромни проблеми бидејќи сумата што би ја добил за португалскиот офанзивец е далеку од очекувањата. „Росонерите“ на почетокот од летово најавија дека нема да го продадат Леао за помалку од 60 милиони евра, но нецели два месеци подоцна таа сума падна на 50 милиони евра. Проблем е што ниту еден од клубовите не е подготвен да плати ниту толку за Леао, а ...
Раководството на Шкендија Арачиново експресно реагираше по рутинскиот пораз од 3-0 на огворањето на новата сезона против Струга ТЛ, па денеска беа официјализирани два нови трансфера на овој повратник во македонската фудбалска елита. Енис Фазлагиќ и Мевлан Адили се нови членови на тимот од Арачиново по договорите што денеска ги потпишаа со тимот на Шкендија. Фазлагиќ е поранешен младински репрезентативец, фудбалер кој има и еден настап за ...
Вардар денеска стартуваше со подготовките за новата сезона, во која „црвено-црните“ ќе ја бранат двојната круна на домашната сцена, но и ќе атакуваат на што подобар пласман во Лигата на Шампионите. Иван Чупиќ ќе има нов сериозен предизвик, да го состави тимот кој е значително променет во однос на лани, па така на денешниот прв собир присутни беа седумте нови засилувања на „вардарци“. Најмногу ќе се очекува од францускиот бек Матео Фадуил, ...
Легендарниот македонски ракометар Стојанче Стоилов денеска ја имаше првата прозивка со Бутел, со што и официјално стартуваше првиот самостоен тренерски ангажман на легендарниот пивот. Стоилов една година беше надвор од клупскиот ракомет откако претходно неколку сезони беше дел од стручниот штаб на Вардар, но реши да си замине минатото лето. Во меѓувреме тој имаше неколку понуди, за на крајот да го избере Бутел, тим што квалитативно е далеку ...
Баерн Минхен успеа да ја стивне бурата околу Михаел Олис и Реал Мадрид, а пред баварскиот гигант сега е нов предизвик – да успее да одолее на налетите на Ал Хилал по Луис Дијаз. Колумбиецот пристигна пред една година од Ливерпул и се покажа како супер-засилување, крилниот офанзивец формираше топ-трио со Кејн и со Олис, но токму тие добри игри беа препорака за најбогатиот клуб од Саудиска Арабија да тргне по неговиот потпис. Првата понуда од ...
Чаби Алонсо прави мини-ремонт во играчкиот кадар на Челси, а шпанскиот стратег е свесен дека покрај звучни засилувања потребни му се и искусни играчи кои ќе му бидат од корист за атмосфера во тимот и дисциплина во соблекувалната. Токму затоа, шпанскиот стратег реши да тргне во офанзива по поранешниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон, кој е многу блиску до преселба на „Стемфорд бриџ“. Хендерсон е под договор со Брентфорд, но овој ...
Иван Чупиќ имаше дебитантска сезона од соништата со Вардар, стигнувајќи до двојна круна на домашната сцена, како и до четвртфиналето во ЕХФ Лигата на Европа. Хрватскиот стратег денеска го одржа првиот собир со „вардарци“ со што беше означен стартот на подготовките за новата сезона во која „црвено-црните“ повторно се главни кандидати за трофеите. Сепак, Чупиќ останува максимално претпазлив, истакнувајќи дека македонскиот шампионат никогаш не ...
Ангажман на нов дефанзивец е приоритет за Интер летово откако Де Фрај и Дармијан го напуштија клубот, а директорите на италијанскиот првак преговараат за доаѓање на најмалку двајца нови одбранбени фудбалери во овој преоден рок. Преговорите со Тотенхем за Аргентинецот Ромеро не одат во посакуваниот правец, но „нероаѕурите“ во меѓувреме успешно ги финишираа разговорите со Џон Стоунс. Искусниот 32-годишен дефанзивец е слободен играч по истекот ...
Прекратко траеше авантурата на Паоло Малдини како Техничкки директор во италијанската репрезентација, функција што ја измисли новиот претседател на федерацијата Џовани Малаго, сакајќи да даде поголема автономија на националниот тим. Рецептот се покажа како катастрофален откако Малдини најпрвин го зеде Леонардо за советник, а потоа двајцата не успеаја да ги убедат двата главни кандидати за нов селектор на Италија, Карло Анчелоти и Пеп ...
НБА франшизата на Филаделфија 76 официјално го потврди доаѓањето на Леброн Џејмс и притоа објавија фотографија од неговиот нов дрес, со што ја разрешија дилемата околу бројот што ќе го носи во претстојната сезона. Леброн Џејмс и во дресот на „73“ ќе го носи бројот „23“. На тој начин, Џејмс ќе ја продолжи традицијата со бројот што го одбележа поголемиот дел од неговата кариера. Токму во дресот на Кливленд, каде што започна неговата ...