Габриел Мартинели нема намера да го следи трендот на фудбалери од врвните лиги во Европа кои летово се решаваат за трансфер во турското првенство. Галатасарај тргна амбициозно со понуда од 45 милиони евра за потписот на бразилскиот крилен фудбалер, Мартинели беше споменуван и како дел од размената со која Арсенал би стигнал до Виктор Осимен, но ниту една од овие опции нема да се реализира. Причина – јасниот став на Мартинели да не се сели во ...

Мајкл Портер Џуниор откри дека шампионскиот прстен воопшто не му значи многу. Денвер Нагетс станаа НБА шампиони за првпат во историјата на франшизата во 2023 година, откако го совладаа Мајами Хит во големото финале. Тогаш Никола Јокиќ беше прогласен за МВП на финалето, а Арон Гордон, Мајкл Портер Џуниор и Џамал Мареј одиграа многу важни улоги. Поради компликации поврзани со даноци и високи трошоци, Денвер одлучи да го испрати Портер во ...

Лацио вечерва го официјализираше најзначајниот трансфер во овој преоден рок откако го доведе во своите редови италијанскиот репрезенативец Давиде Фратези од редовите на Интер. Клубовите преговараа петнаесетина дена, кога се чинеше дека се е средено „лацијалите“ повторно се пожалија, па намместо еден милион евра за позајмица и задолжителна клаузула од 14 милиони евра, на крајот Лацио се согласи на пет милиони евра за позајмицата, плус опција ...

Македонија ја забележа првата победа на разигрувањето за пласман во Скопје откако нашите млади кошаркари со голем пресврт во второто полувреме стигнаа до триумф над врсниците од Унгарија. Селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од карактерот и играта во вториот дел, но јасно стави до знаење дека очекува такво издание од својот во текот на сите 40 минути. „Лошо прво полувреме. Повторно паѓаме после нивна серија од 11:0. Пак не бевме добри ...

Чиро Имобиле ја изненади фудбалската јавност откако вечерва објави дека ја завршува својата фантастична фудбалска кариера. Ветеранот имаше уште една година од договорот со францускиот прволигаш Париз што го потпиша лани, но Имобиле сепак одлучи на 36-годишна возраст да му каже збогум на фудбалот. „Чиро Имобиле и ФЦ Париз ја известуваат јавноста за одлуката на италијанскиот напаѓач да ја заврши професионалната кариера. Фудбалерот изрази желба ...

Елиф Елмас на помалку од 20 дена пред крајот на преодниот рок се уште тактизира во преговорите каде ќе ја продолжи кариерата, откако стана јасно дека Лајциг повторно не смета на услугите на македонскиот „дијамант“ кој во меѓувреме доби неколку интересни понуди. Финансиски најдобра беше понудата од Бешикташ, турскиот гигант имаше подготвено плата од пет милиони евра за една сезона за нашиот репрезентативец. Сепак, италијанските медиуми тврдат ...

Работнички е на чекор да осигура уште едно големо засилување за наредната сезона, откако „центарци“ влегоа во завршна фаза од преговорите со Кристијан Николов. Поранешниот македонски репрезентативец треба да биде значаен адут на плејмејкерската позиција, поранешниот ас на МЗТ Скопје ги мина последните две години во Турција, но реши летово да се врати назад во мак-баскетот. Интерес за услугите на Николов покажаа уште неколку екипи, но понудата ...

Дојде до голем пресврт во трансфер-сагата околу Хулијан Алварез. Аргентинскиот напаѓач им призна на своите соиграчи од Атлетико Мадрид дека направил грешка во начинот на кој се обидел да го реализира своето заминување од клубот и трансферот во Барселона ова лето. Во текот на летото, Алварез јавно ја изрази својата желба за промена на средината, а Барселона беше неговата голема желба. Каталонците покажаа сериозен интерес, спортскиот директор ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години извојува победа против селекцијата на Унгарија со убедливи 95-76, со што обезбеди пласман во битката за 13. место на Европското првенство (Б-Дивизија). Нашите млади кошаркари направија кам-бек, откако пред самиот крај на втората четвртина, „црвено-жолтите“ се најдоа во негатива од дури 18 поени разлика (33-51). Македонија полека, но сигурно почна да ја топи предноста на противникот и ...

Фудбалерите на Арсими славеа со минимални 1-0 против Башкими во премиерниот натпревар од 3. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Во првата половина од првото полувреме двата тима беа внимателни и сето тоа не ни донесе поголеми шанси. Првата посериозна шанса на мечот имаа гостите откако при една контра Саити биеше кон голот на домаќинот, но неговиот удар заврши покрај голот на Сиљановски. Најзрелата шанса во првиот дел ја ...

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид ја засили својата надворешна линија со потпишување двегодишен договор со Макс Шулга. По една сезона помината во Бостон и неговите филијали во „Г“ лигата, 24-годишниот бек се враќа во Шпанија. Украинецот (24) претходно живееше и тренираше во Шпанија, па затоа ќе има статус на домашен играч. Шулга поголемиот дел од минатата сезона го мина во тимот на Мејн Селтикс, каде што имаше просек од 15,7 поени, 6,7 ...

Фудбалерите на Арсими и Башкими играат без голови 0-0 на полувреме во воведниот натпревар од 3. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Во првата половина од првото полувреме двата тима беа внимателни и сето тоа не ни донесе поголеми шанси. Првата посериозна шанса на мечот имаа гостите откако при една контра Саити биеше кон голот на домаќинот, но неговиот удар заврши покрај голот на Сиљановски. Најзрелата шанса во првиот ...

Во пресрет на новата сезона второлигашот Беласица се засили со уште четири фудбалери во имињата на Рон Мемеди, Давид Спасов, Миахил Танчев и Елмаз Емуш. Рон Мемеди е офанзивен играч односно централен напаѓач но ги покрива и крилните позиции, тој исто така е и репрезентативец на Македонија, ќе претставува уште едно освежување во нашиот ростер, а очекуваме да внесе и уште поголем квалитет во офанзивата на нашиот тим. Давид Спасов е офанзивен ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се соочува со нови проблеми пред изборите за четврти мандат, откако Фудбалската федерација на Нов Зеланд одлучи да ја повлече својата поддршка. Нов Зеланд исто така ги прекина односите со Фудбалската конфедерација на Океанија (ОФЦ), а Фудбалската федерација на Нов Зеланд (НЗФ) побара независна ревизија на процедурите поврзани со проектот „FIFA Forward Enterprise Scheme“ (FFE). „Фудбалсата федерација на ...

Тренерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, во најавата за дуелот во „Комјунити Шилд“ против Арсенал, го пофали противникот, но нагласи дека сака да го освои првиот трофеј во сезоната. Во борбата за првиот трофеј во сезоната се среќаваат двата најдобри тима од изминатиот период Арсенал и Манчестер Сити, кој по 10 години има нов тренер. „Ова не е пријателски натпревар, ова е борба за трофеј. А кога е така, секогаш сакаме да победиме и ќе го ...

Европскиот првак ПСЖ постигна договор со Ајакс за трансферот на младиот белгиски напаѓач Мика Годтс, во зделка вредна 55 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. Според информациите, клубовите постигнале усмен договор, а преостанува да биде разменета и официјалната документација за трансферот да биде целосно финализиран. Годтс веќе ги договорил личните услови со францускиот шампион и се очекува да потпише договор со ПСЖ. Парижаните претходно ...

Келн ја одби понудата од 50 милиони евра од Борусија Дортмунд за својот голем талент Саид Ел Мала. Деветнаесетгодишниот напаѓач важи за еден од најперспективните млади германски фудбалери. Во својата прва сезона во Бундеслигата постигна 13 гола и запиша пет асистенции, со што го привлече вниманието на неколку големи клубови. Дортмунд долго време беше заинтересиран за неговиот потпис, но Келн не попушти ниту пред понудата од 50 милиони евра. ...

Челси му постави јасен ултиматум на Манчестер Сити во врска со трансферот на Енцо Фернандез. Лондонскиот клуб одредил рок до петок во 17 часот по британско време за „граѓаните“ да испратат официјална понуда за аргентинскиот репрезентативец. Челси бара 120 милиони фунти, односно околу 140 милиони евра, за 25-годишниот играч за врска. Доколку Манчестер Сити не ја исполни поставената сума во предвидениот рок, Фернандез ќе остане на „Стемфорд ...

Шпанскиот стручњак Алберт Риера и официјално е нов тренер на Црвена Звезда. Белградскиот клуб го потврди ова на социјалните мрежи. Шпанецот го менува Дејан Станковиќ, кој по поразот и елиминацијата на Хапоел Бер Шева, си замина од функцијата. Станковиќ заврши неславно во вториот мандат на клупата на „црвено-белите“ со оглед дека после црвениот картон, ја провоцираше публиката. Риера работеше со успех во Целје, а потоа замина во Ајнтрахт ...

Барселона не се откажува од намерата да го доведе Родри од Манчестер Сити и испратила трета понуда за шпанскиот репрезентативец. Каталонскиот гигант претходно понуди 50, а потоа и 60 милиони евра, но двете понуди биле одбиени од Манчестер Сити. Сега Барселона се вратила со ново предложение во вредност од околу 70 милиони евра, сума која се наоѓа на половина пат меѓу последната понуда на Каталонците и бараните 80 милиони евра од англискиот ...

Повремениот репрезентативен голман Дејан Илиев е без клуб, откако го раскинува договорот со романскиот тим Рапид Букурешт. Илиев по само шест месеци и 16 одиграни мечеви, го напушта клубот од главниот романски град. Тој минатата сезона во пролетниот дел беше стандарден во дресот на оваа екипа, откако дојде во јануари од Ута Арад. Претходно беше дел од Сарајево, Хелсинки, а бранеше и во Тренчин, Серед, Јагелонија. Долго време беше член на ...

Виктор Осимен повторно е во центарот на вниманието на европската фудбалска јавност, а можно е кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. Нигерискиот напаѓач, кој во моментов настапува за Галатасарај, е една од најбараните „деветки“ на трансфер-пазарот. Интересот за него од англиските клубови трае подолго време, а неговите настапи во Турција дополнително ја зголемија неговата цена на пазарот. Осимен во Галатасарај се претвори во вистинска ...

На 78-годишна возраст почина Џими Ример, легендарниот англиски голман и двократен освојувач на Европскиот куп, денешната Лига на шампионите. Ример, кој во кариерата настапуваше за Манчестер Јунајтед, Арсенал и Астон Вила, важеше за еден од најдобрите голмани на својата генерација. Сепак, неговата кариера остана обележана и со неверојатен пех во најважните натпревари. Иако има две медали од освојувањето на Европскиот куп, Ример не беше на ...

Поранешниот англиски шампион Лестер Сити би можел да добие нови сопственици, откако актуелните тајландски сопственици, семејството Сриваданапрабха, наводно го понудиле клубот на продажба. Информацијата ја пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на Би-Би-Си. Според информациите, сопствениците на „лисиците“ ангажирале американска инвестициска банка, која треба да помогне во пронаоѓањето потенцијален купувач. Лестер е проценет на околу ...

Јакобо Ортега е име кое веројатно не им значи ништо дури ни на најдобрите познавачи на фудбалот во светот. Сепак, токму овој 20-годишен напаѓач ја испиша историјата на Реал иако не одигра ниту една минута за првиот тим на „кралскиот клуб“. Имено, Ортега, кој главно играше за Реал Мадрид Ц, беше продаден синоќа во трансфер вреден 10 милиони евра и 30% од следниот трансфер. Интересно, оваа продажба влегува во историјата на Реал, со оглед на тоа ...

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, доби четири сертификати за Гинисов рекорд за неговите извонредни достигнувања во постигнувањето голови. Наградите му беа врачени на 26-годишниот Норвежанец пред почетокот на новата сезона, за рекордите што ги постави во Премиерлигата, Лигата на шампионите и Лигата на нациите. Детали за рекордните достигнувања Халанд стана најбрзиот играч што стигна до 100 гола во Премиерлигата, за што му беа ...

Тотенхем испрати официјална понуда до Манчестер Сити од околу 100 милиони евра за бразилскиот крилен напаѓач Савињо. Сепак, од Манчестер Сити одбиваат да го одобрат трансферот додека не најдат замена. Екстравагантниот 22-годишен бразилски репрезентативец е решен да се пресели во северен Лондон и го зголеми притисокот врз својот сегашен клуб. Савињо го пропушти тренингот во четврток, јасно ставајќи до знаење дека сака да го напушти „Етихад“ во ...

Башкими сè уште е без освоен бод во новата сезона од Првата лига, откако претрпе два тешки пораза во првите две кола. Со дури 11 примени гола и ниту еден постигнат, клубот од Куманово имаше лош старт, но во екипата веруваат дека со промената на стручниот штаб и доаѓањето на новиот шеф, Шабан Сулејмани, работите ќе тргнат во позитивна насока. Следен ривал на кумановци е екипата на Арсими, денеска од 16:30 часот, која исто така е без бодови по ...

Фудбалерите на Сантош го победија еквадорскиот Макара со 2-1 во првиот натпревар од осминафиналето на Копа Судамерикана. Капитенот на „светците“ и првата ѕвезда на тимот, Нејмар беше централна фигура на натпреварот, имаше двојна асистенција и, заедно со стрелците на головите, најзаслужен за пресвртот на бразилскиот претставник во второто најсилно јужноамериканско натпреварување. Вистинска магија направи Нејмар во 44. минута кога со совршено ...

Најдобриот играч на Светското првенство 2026, шпанскиот играч од средниот ред Родри, е сè уште играч на Манчестер Сити и нема да биде големо изненадување ако остане така до јуни 2027 година, кога всушност му истекува договорот. Веднаш по Светското првенство започнаа шпекулации за иднината на Родри, а потоа се чинеше дека ќе ги напушти редовите на англискиот клуб. На почетокот, неговото заминување во Реал Мадрид беше сигурен облог, но одеднаш ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Калај

46.54

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53