Само две одиграни кола во македонскиот шампионат и веќе имаме две тренерски смени на нашата фудбалска сцена. Прв менуваше шампионот Вардар откако вчера му врачи отказ на Аргентинецот Фабијани, а денеска на ист чекор се реши и „фенерџијата“ Башкими. Кумановскиот клуб важи за главен кандидат за испаѓање, во првите две рунди беше убедливо поразен, но управата на клубот вината за ваквиот старт ја побара кај тренерот Реџепи, кој денеска доби ...
Како Вардар, така и Башкими. По само две кола во новата сезона во ПМФЛ, веќе имаме две тренерски смени. Прво Вардар по поразот во дербито од Шкендија, му врачи отказ на Кристијан Фабиани, денеска и Башкими му врачи отказ на Гајур Реџепи, а на негово место е назначен Шабан Сулејмани. “ФК Башкими 1947 постигна договор со тренерот Шабан Сулејмани, кој неодамна беше заменик-тренер во Работнички. Тој има искуство во Лирија е Призрен, каде што ...

