Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди можност во разигрувањето за повисок пласман на Европското првенство од Дивизијата „Б“, по денешниот убедлив пораз од Финска, од 98-77. Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кое Финците го добија со повеќе од убедливи 55-27. Во вториот дел македонските кошаркари се вратија добивајќи ја третата четвртина со 32-24, но тоа беше се, а недоволно за било каков пресврт. ...
Раководството на Реал Мадрид му постави ултиматум на Винисиус Жуниор по неколкумесечни преговори за нов договор. Бразилскиот напаѓач и неговите агенти се известени дека понудата на клубот е конечна и мора веднаш да се прифати, во спротивно, играчот ќе биде ставен на трансфер-листата ова лето. Клубот нема намера дополнително да ги подобрува условите. Според шпанскиот весник „Марка“, Реал Мадрид одлучи да стави крај на неизвесноста со овој ...
КК Работнички, комплетирајќи го ростерот за следнава сезона во Првата македонска кошаркарска лига, официјално информира дека и Лука Петровски го продолжи договорот со клубот. „Со својата пожртвуваност, борбеност, снаодливост и тимски дух, Лука претставува значаен дел од нашиот состав. Секогаш подготвен да го даде својот максимум на теренот, тој и во наредната сезона ќе биде дел од црвено-белото семејство. Лука ја продолжува познатата и мошне ...
НОВА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ СО ЧЛЕНОВИТЕ НА РК АЛКАЛОИД, ПРЕДВОДНИЦИТЕ НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА МАКЕДОНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ – МАРКО МИТЕВ И ИВАН ГАЛЕВСКИ. Разговори за тоа од каде љубовта кон ракометот, за амбиците со РК Алкалоид во исклучително квалитетната македонска лига, но и на европската сцена… За титулата на Алкалоид во ЕХФ Купот и пресметката со грчки АЕК… За тоа што може да очекуваме од Македонија на новото ...
Подготвувајќи се својата прва сезона во второлигашка конкуренција, фудбалерите на Работнички триумфираа против Осогово на пријателскиот натпревар кој се одигра во Скопје. На дуелот на стадионот на Алумина, „романтичарите“ славеа со 2-1. Стрелци на головите за победа на Работнички беа Мисердовски и Кудијан. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е ...
Македонскиот кошаркарски стратег Никола Велев, ја продолжува својата интернационална кариера со нов професионален предизвик, овој пат во романскиот шампионат. Во новата сезона, Велев кој е и помошен тренер во стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија, ќе биде дел од стручниот штаб на Рапид Букурешт, каде, исто така, ќе ја извршува функцијата помошен тренер. 36-годишниот Велев зад себе има богато меѓународно искуство, а ...
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години со пораз од Данска од 73-60 го почна настапот на Европското првенство Б-дивизија кое од денеска се игра во романскиот град Тулчеа. Данките уште од самиот старт беа подобар противник на теренот и во текот на сите 40 минути го контролираа мечот со што не дозволија на нашите девојки да го направат натпреварот поинтересен, па на крајот стигнаа до сигурен триумф од 73-60. Во нашиот ...
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ги заостри дисциплинските мерки против дискриминацијата во пресрет на новата сезона. Според новите правила, играчите, тренерите и членовите на стручните штабови кои ќе бидат прогласени за виновни за тешки форми на дискриминаторско однесување ќе добијат минимална суспензија од десет натпревари. Со измените на дисциплинскиот правилник, ФА ги засили санкциите за прекршоци поврзани со дискриминација врз ...
Стеф Кари не успеа да го убеди Леброн Џејмс да дојде во Голден Стејт, но сепак, тој нема намера да го напушти единствениот тим за кој настапувал во професионалната кошарка. На Стеф Кари му преостанува уште една година од договорот со Голден Стејт Вориорс. Во претстојната сезона, тој ќе биде најплатениот играч во НБА, бидејќи вредноста на неговиот договор ќе надмине 62 милиони долари. Не претставува проблем тоа што Кари е веќе во доцните ...
Марио Хезоња официјално стана член на НБА франшизата на Кливленд Кавалирс. Со тоа заврши сагата околу неговото заминување од Реал Мадрид, плаќањето на откупната клаузула и враќањето на еден од најдобрите играчи во Евролигата во најсилната кошаркарска лига на планетата. Кошаркарот од Дубровник потпиша едногодишен договор со Кливленд Кавалирс вреден 2,8 милиони долари и се очекува да има значајна улога во тимот, бидејќи клубот не успеа да го ...
Украинскиот фудбалер Михајло Мудрик може повторно да игра фудбал откако беше решен неговиот случај поврзан со допинг. Челси и Англиската фудбалска асоцијација во петокот преку соопштение за јавноста објавија дека случајот на Мудрик е решен. „Направени се измени во Техничкиот документ на ВАДА и иако тие не се применуваат ретроактивно, значат дека доколку примерокот на г-дин Мудрик беше земен денес, утврдената концентрација на мелдониум немаше ...
Интер повторно тргна во офанзива за ангажман на играчот од средниот ред на Ливерпул, Куртис Џонс, но англискиот шампион засега не попушта во преговорите. Според „Атлетик“, „нероаѕурите“ преку посредници повторно стапиле во контакт со раководството на Ливерпул и испратиле порака дека се подготвени да понудат 35 милиони евра за англискиот репрезентативец. Ова доаѓа откако претходната понуда на Интер, вредна 32 милиони евра, беше одбиена. Сепак, ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се најде на удар на нов бран критики, а овојпат тие доаѓаат од врвот на британската политика. Премиерот на Велика Британија, Енди Барнам, оцени дека првиот човек на светската фудбалска организација не е вистинската личност за таа функција. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се соочува со се поголем притисок, а најновите критики упатени кон него доаѓаат и од политичките кругови. По незадоволството ...
Кајл Олмен официјално стана нов играч на Партизан. Иако во претходните денови се зборуваше дека Партизан можеби сепак ќе се откаже од Олмен, на крајот овој бек, кој поседува црногорски пасош, стана нов играч на белградскиот клуб. Гласините за неговото доаѓање во Белград започнаа уште додека траеше минатата сезона, а навивачите и медиумите очекуваа веста за неговиот трансфер да биде една од првите објавени, па сето тоа поттикна сомнежи дека ...
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) остро го казни лондонскиот клуб Челси, откако беше пријавено дека клубот направил неправилности во дури 74 различни случаи. Челси ќе мора да плати 10 милиони фунти (11,7 милиони евра) и нема да може да ангажира нови играчи во следните два преодни рока. На Челси нема да му бидат одземени бодови пред почетокот на претстојната сезона во Премиерлигата, бидејќи беше поднесена жалба на првичната одлука ...
Македонскиот вице-шампион Шкендија официјално потврди дека дефанзивецот Имран Фетаи ја продолжува кариерата во романскиот тим Динамо Букурешт. Од тетовскиот клуб соопштија дека романскиот прволигаш ја активирал откупната клаузула предвидена во договорот, со што биле исполнети сите услови за реализација на трансферот. По комплетирањето на неопходната документација, Фетаи ќе има право да му се приклучи на својот нов клуб. „Шкендија објавува ...
Фудбалската репрезентација на Чешка доби нов селектор, откако Фудбалската асоцијација на Чешка (ФАЧР) го назначи Шпанецот Санти Денија за предводник на националниот тим. Педесет и двегодишниот стратег потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на соработката, а своето деби на клупата ќе го има во септемвриските натпревари од Лигата на нации против Хрватска и Англија. Дел од неговиот стручен штаб ќе биде и сонародникот Пабло Амо, ...
Реал Мадрид донесе конечна одлука во врска со иднината на Винисиус Жуниор и нема повеќе да ги одолговлекува преговорите за продолжување на неговиот договор. Според шпанскиот весник „Марка“, раководството на „кралскиот клуб“ го известило таборот на бразилскиот репрезентативец дека последната понуда за нов договор е воедно и конечна. Од клубот јасно ставиле до знаење дека нема да има дополнителни подобрувања на финансиските услови ниту нови ...
Пари Сен Жермен направи уште еден потег за да го потпише голманот на Парма, Зајон Сузуки. Клубот од Париз изрази подготвеност да ги задоволи финансиските барања на Италијанците. Претходно беше објавено дека Парма сака околу 30 милиони евра за 23-годишниот јапонски репрезентативец. Парижаните, од своја страна, се надеваат дека ќе го комплетираат трансферот, а потоа веднаш ќе го испратат голманот на позајмица во друг тим, каде што ќе може да ...
Тешка сообраќајна несреќа го потресе романскиот фудбал, откако комбе со членови на вториот тим на Динамо Букурешт излетало од патот и удрило во дрво. Во несреќата животот го загуби Константин Ковачија, член на тренерскиот штаб на вториот тим на Динамо, како и возачот на комбето. Според романските медиуми, неколку лица се здобиле со тешки повреди. Меѓу нив бил и тренерот Адријан Ропотан, кој долго време бил заробен во возилото додека траела ...
Карлос Кордеиро, виш советник на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, поднесе оставка само еден ден откако континенталните фудбалски конфедерации го осудија предлогот на светската куќа на фудбалот за формирање компанија што ќе управува со Светското првенство, а чиј удел би бил понуден на продажба на инвеститори. Кордеиро, кој има богато искуство во корпоративното и инвестициското банкарство во Европа, Блискиот Исток, Африка и Азија, беше ...
Кошаркарската федерација на Македонија соопшти дека добила официјална потврда од грчкиот клуб Арис дека нема никакви пречки Ненад Димитријевиќ да му се приклучи на националниот тим од 16 август 2026 година. Од Федерацијата ја поздравија одлуката на клубот од Солун, оценувајќи ја како значаен гест на спортска коректност и почит кон националните селекции. „Со ваквиот став на клубот, практично се отстранети сите евентуални дилеми околу клупските ...
Фудбалерот Бенџамин Менди ја продаде својата реплика од трофејот на Светското првенство во 2018 година, освоен со Франција во Руската Федерација, за околу 54 илјади евра на аукција организирана од американската куќа „Голдин“. Поранешниот француски репрезентативец, кој моментално игра за полскиот клуб Погон Шчечин заедно со Дарко Чурлинов, го понуди трофејот од Светското првенство на настанот „Глобална фудбалска аукција дел 2“, специјализиран ...
Шкендија во третото квалификациско коло во Лигата на Конференции, ќе ги одмери силите со шкотски Хибернијан. Првиот меч е на 6. август на гости во Единбург, а реваншот за седум дена во Скопје. Тоа ќе биде последниот двомеч пред пласман во плеј-офот во ЛК, а пред пласман во групната фаза, каде што лани играше тетовскиот тим, и го направи најголемиот успех во купскиот фудбал. Ждрепката за потенцијалниот ривал во плеј-офот е во понеделник, а ...
Црногорскиот клупски фудбал испиша една од најцрните страници во својата историја. По елиминацијата на последниот претставник во европските квалификации, Црна Гора ја заврши сезоната без ниту една победа или нерешен резултат. Сутјеска двапати загуби од Витебск од Белорусија во второто квалификациско коло од Конференциската лига, со што заврши европскиот настап на црногорските клубови. Тимот од Никшиќ претходно беше елиминиран во ...
Дубаи веќе има 19 кошаркари во својот ростер за следната сезона, но амбициозната управа не планира да застане со aнгажманот на нови кошаркари. Неколку дена откако беше потпишан Диаките од Басконија, Дубаи ќе комплетира уште еден мегатрансфер. Торнике Шенгелија ќе стане нов член на овој амбициозен проект откако грузискиот ветеран ја уплати сумата од 900.000 евра за да го раскине договорот со Барселона. Веќе нема никакви дилеми, Грузиецот е ...
Баерн Минхен нема намера да се раздели од најголемите ѕвезди на својот тим, без разлика колку при ќе бидат понудени. Ули Хенес се уште е човекот што стои зад важните одлуки во управата на баварскиот гигант, а легендата на Баерн јасно стави до знаење дека Луис Дијаз и Михаел Олис ќе останат на „Алијанц Арена“, без оглед на понудите што ќе пристигнат. Олис за време на мундијалот беше поврзуван со Реал Мадрид, додека Дијаз е голема желба на Ал ...
Американскиот кошаркар Лесли Ворнер (28 години, 201 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје, откако денеска официјално стави потпис на договорот со шампионот на МАкедонија. Станува збор за искусен крилен кошаркар, кој зад себе има богато европско искуство. По четирите години минати на Универзитетот Рио Гранде, првиот ангажман на Стариот континент го имаше во австриски Грац во сезоната 2021/22, која ја заврши во редовите на британски Њукасл. ...
Доскорешниот селектор на Македонија, Марјан Илиевски, ќе го предводи вицешампионот Маџари во текот на новата натпреварувачка сезона. Ваквиот развој на настаните е сосема очекуван ако се знае дека токму Илиевски е еден од основачите на овој успешен кошаркарски проект, кој сега ќе застане на кормилото на играчкиот кадар, во обид да го повтори ланскиот успех со пласманот во големото финале, под водство на Миодраг Тодоровиќ кој летово се пресели ...
Пелистер е еден од најактивните клубови на кошаркарскиот пазар летово откако битолскиот клуб предводен од новиот тренер Тане Спасев го објави четвртото засилување за новата сезона. Станува збор за Иван Сапунџиев, искусниот 31-годишен кошаркар кој се враќа назад во Битола ако се знае дека пред неколку сезони го носеше зелено-белиот дрес. „Иван Сапунџиев е четврто ново име во проектот на КК Пелистер. Искусниот кошаркар се согласи за враќање во ...