Хулијан Алварез ќе продолжи да го носи дресот на Атлетико Мадрид и следната сезона, без оглед на големата желба на самиот фудбалер да се пресели во Барселона. Аргентинецот стори се за да се избори за трансфер, но ставот на управата од самиот почеток на летово беше дециден – екс-голгетерот на Манчестер Сити не е на продажба. Алварез се надеваше дека разговорот со Диего Симеоне може да ја промени ситуацијата, па тренерот да даде зелено светло ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и аптеки ВИА ФАРМ потпишаа договор за соработка и спонзорство, со кој се обезбедува дополнителна поддршка за медицинската грижа во Националните тимови. ВИА ФАРМ ќе ги снабдува репрезентативните селекции со потребни медицински средства и суплементи, со цел да се обезбедат соодветни услови за медицинска грижа, опоравување и подготовка на фудбалерите. За нашата федерација, ваквите партнерства ...

Главниот оперативен директор на ФИФА, Кевин Ламур, беше отпуштен откако јавно го критикуваше планот на претседателот Џани Инфантино за продажба на Светското првенство на приватни инвеститори. Ламур, кој помина помалку од две години на функцијата, беше известен за своето заминување преку е-пошта, заедно со други вработени во кровната организација на светскиот фудбал. ФИФА потврди дека неговиот работен однос завршил на 17 август 2026 година. ...

Според новата документарна серија на Прекрасна опсесија , поранешниот менаџер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, влегол во конфликт со својот капитен и за малку ќе заплачел додека ги критикувал играчите за време на најтешкиот период од својот мандат. Шпанецот се повлече од функцијата менаџер на Сити на крајот од минатата сезона, откако освои 20 трофеи во текот на десетгодишниот престој на стадионот „Етихад“. Со Сити, тој освои шест титули во ...

Џини Бас, гувернерката на Лос Анџелес Лејкерс, правно ја оспорува одлуката на нејзините браќа и сестра да го продадат преостанатиот удел од 17,8 отсто од семејната сопственост во клубот на Џош Кушнер и Боб Ајгер. Доколку се реализира оваа продажба, Бас би можела да ја загуби функцијата што ја извршува од 2013 година. Семејството Бас овој месец гласаше за продажба на преостанатиот удел во Лејкерс, но Џини тврди дека гласањето е неважечко. ...

Новата сезона во НБА се уште не е ни почната, а веќе е соборен неверојатен рекорд. Цените на билетите за натпреварот меѓу Њујорк Никс и Филаделфија 76 вртоглаво пораснаа по објавувањето на распоредот за сезоната 2026/27, а американските медиуми известуваат дека овој дуел би можел да стане најскапиот натпревар за отворање на сезона во историјата на НБА. И лесно е да се разбере зошто. Од едната страна ќе биде актуелниот шампион Њујорк, кој пред ...

Ракометниот клуб Вардар 1961 започна нов емотивен проект насловен „Љубовта наша голема“, серијал посветен на навивачите кои веќе 65 години се нераскинлив дел од историјата и успесите на „црвено-црните“. Во пресрет на почетокот на новата сезона, клубот преку кратки видео-приказни ќе им даде глас на своите долгогодишни поддржувачи. Тие ќе ги споделат своите најдраги моменти, незаборавни спомени и искрени емоции поврзани со скопскиот гигант. Прв ...

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Амар Дедиќ, е најновото засилување за премиерлигашот Њукасл Јунајтед. Десниот бек го комплетираше својот трансфер токму на денот на својот 24. роденден, пристигнувајќи на „Сент Џејмс парк“ од редовите на португалскиот гигант Бенфика. Босанско-херцеговскиот дефанзивец потпиша долгорочен договор со „страчките“ кој ќе ја осигура неговата иднина во клубот до летото 2031 година. Дедиќ во својот нов тим ќе ...

Англискиот фудбалски гигант Челси е на прагот на голема промена во сопственичката структура. Тод Боели и Марк Волтер започнаа преговори за продажба на своите акции на инвестицискиот фонд „Клерлејк Капитал“, кој во моментов поседува 61,5 отсто од клубот. Доколку се постигне договор, „Клерлејк“ ќе го зголеми својот удел на повеќе од 86 проценти, со што практично ќе добие целосна контрола врз „сините“. Оваа потенцијална зделка би го вреднувала ...

Изгледа дека ништо нема да биде од трансферот на Џеријан Грант во Бешикташ. Турскиот клуб постигна договор со американскиот бек, но Жељко Обрадовиќ, тренерот на Панатинаикос, не го одобри овој трансфер. Според турскиот медиум „Картал Рекорд“, Бешикташ му понудил на Грант мошне поволен договор. Двете страни се договориле, но Обрадовиќ не дал согласност и го стопирал трансферот. Грант е член на Панатинаикос од 2023 година, а во Турција ...

Руди Гарсија кој ја водеше Белгија на Светското првенство, вели дека напорите на тимот на турнирот во Канада, Мексико и САД биле попречени од работата на медицинскиот тим. Договорот на Гарсија не беше продолжен по Светското првенство, а во своето прво интервју по настанот, тој го обвини медицинскиот персонал на репрезентацијата за пропусти кои, според него, довеле до неубедлив настап на турнирот, иако Белгија стигна до четвртфиналето. „Го ...

Хари Кејн и Баерн Минхен наскоро ќе седнат на преговарачка маса. Капитенот на англиската репрезентација потврди дека разговорите за нов договор треба да започнат во следните две недели, а германскиот шампион сака што поскоро да ја реши иднината на својот најдобар стрелец. Кејн влезе во последната година од договорот со Баварците, поради што претстојниот период ќе биде многу важен за двете страни. Доколку не се постигне договор до јануари, ...

Цеск Фабрегас испиша историја внесувајќи го Комо во Лигата на шампионите, но на младиот стратег му е јасно дека мора да доведе врвни засилувања ако сака неговиот тим да продолжи со добри игри и во следната сезона. Главен приоритеет е носење на нов врвен голгетер, а Фабрегас има јасна цел – во Комо да го доведе италијанскиот репрезентативец Моисес Кеан од Фиорентина. Шансата да заигра во ЛШ е голем мотив за Кеан, кој веќе ги договори личните ...

На Серхио Бускетс експресно му здодеа фудбалската пензија, па само девет месеци откако легендарниот плејмејкер ја заврши професионалната кариера тој е подготвен да се врати на најважната споредна работа на светот, и тоа како тренер. Очекувано, Барселона е клубот каде Бускетс ќе почне да го пече тренерскиот занает, тој беше именуван за помошен тренер во младинската школа на екипата што ја предводи неговиот поранешен тимски колега Хулијан ...

Манчестер јунајтед дефинитивно нема да дозволи Бруно Фернандеш да си замине од „Олд Трафорд“ летово откако англискиот гигант експресно ја одби понудата од Турција за мегатрансфер на капитенот на „црвените ѓаволи“. Галатасарај е клубот што тргна во офанзива во последните денови, испраќајќи понуда од 50 милиони евра до Јунајтед, но и одлични услови за четиригодишен договор за самиот фудбалер. Имено, Бруно во Истанбул би добивал двојно повисока ...

Куманово продолжува со формирањето на ростерот за наредната сезона откако финалистот во Купот на Македонија од годинава осигура уште еден домашен потпис. По искусните Стајиќ и Крстевски, кумановци го осигураа и потписот на Алек Петкоски, борбениот бек кој доаѓа од редовите на вицешампионот Маџари. „Со големо задоволство го пречекуваме Алек Петкоски во семејството на МKK Куманово! 💪 Алек е роден на 16 октомври 2004 година, висок е 190 см и ...

Јувентус конечно ја заврши потрагата по нов голман, и тоа со ангажман на изненадувачко име – Гилјермо Викарио од Тотенхем ќе биде новиот стартен чувар на мрежата на „старата дама“. Најтрофејниот италијански клуб на почетокот од летово имаше неуспешен обид да дојде до Алисон Бекер, потоа се интересирашше и за Зион Сузуки, а најголема шанса да дојде меѓу „црно-белите“ му се даваше на Емилијано Мартинез, особено откако Сузуки го договори својот ...

Навивачите на Барселона имаат причина за задоволство откако каталонскиот гигант го договори трансферот на Родри, крадејќи го големиот ас пред носот на големиот ривал Реал Мадрид. Преговорите со Манчестер Сити вродија со плод, Барса плати 60 милиони евра (плус 11 врзани со неколку клаузули), по што Родри доби зелено светло и шпанскиот плејмејкер попладнево слета во каталонската престолнина. „Сонот ми се исполни со тоа што сум овде, едвај чекам ...

Тренерот Васко Атанасов попладнево го одржа првиот тренинг, со што беше означен стартот на подготовките на МЗТ Скопје за новата натпреварувачка сезона. Аеродромци не ја кријат желбата да стигнат до нова двојна круна во мак-баскетот, a сезонава „сино-белите“ ќе ја почнат на три фронта, па покрај домашното првенство и АБА2 лигата ќе ја претставуваат македонската кошарка во ФИБА Еврокупот. „Амбициите, како и секогаш, се највисоки – освојување на ...

Милан продолжува со сериозни инвестиции во играчкиот кадар, па „росонерите“ по рекордниот трансфер на Гонсало Рамош од ПСЖ, повторно тргнаа на шопинг во францускиот шампионат. Диего Мореира од Стразбур ќе биде најново засилување на тимот на Рубен Аморим, откако пресудна се покажа желбата на самиот фудбалер да заигра за Милан, а не за Рома, која исто така покажа сериозен интерес. Стразбур одби 40 милиони евра од „волчицата“ за белгискиот ...

Поранешниот српски репрезентативец Бобан Марјановиќ ова лето, по завршувањето на сезоната во Словенија, замина за Филипините, каде што настапува за тимот на СГА на традиционалниот тајвански турнир. Марјановиќ пристигна во Илирија во декември како големо засилување и во текот на сезоната покажа дека, иако е на прагот на 38-та година, се уште може да биде значаен фактор на теренот. Во АБА-лигата, тој имаше просек од 13,9 поени и 8,6 скока. По ...

Францускиот кошаркар Еван Фурние се врати во националниот тим по две години. Фурние немаше настапено за репрезентацијата на триколорите уште од Олимписките игри во Париз во 2024 година. Бекот на Олимпијакос се појави на тренингот на Франција пред претстојните натпревари. Најпрво, тие ќе гостуваат во Белград кај Србија со која ќе одиграат две контролни средби. Потоа, тие ќе се соочат со Словенија (27.8) и Шведска (30.8) во квалификациите за ...

Реал Мадрид го заврши контролниот натпревар против Шалке со убедлива победа од 3–0, но главна тема на разговор по натпреварот беше Жозе Мурињо. Тренерот на Реал се појави со голема модринка под десното око, што не остана незабележано. По натпреварот, Мурињо се сретна со тренерот на Шалке, Мирон Муслиќ, и двајцата позираа за фотографија. Муслиќ му подари на португалскиот тренер дрес од Шалке со натписот „Special One“ (Посебниот), неговиот ...

Шкотската фудбалска асоцијација ја загуби довербата во претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и нема да го поддржи неговиот реизбор на почетокот на 2027 година, потврди извршниот директор на асоцијацијата, Иан Максвел. Инфантино се најде под зголемен притисок поради идејата за формирање нова компанија која би управувала со комерцијалните права и продажбата на билети за сите натпреварувања на ФИФА, вклучително и Светското првенство. Планот ...

Двократниот европски шампион Вардар стигна до премиерната победа во новото натпреварување на Балканот, Регионалната лига откако денеска во меч кој се играше во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид славеше над Војводина со 36-30. Откако гостите од Србија беа во егал на стартот на мечот, вардарци во последните десет минути од првиот дел заиграа подобро, па сето тоа доведе на пауза меѓу двете полувремиња да заминат со позитива од пет гола 20-15. Во ...

Српскиот кошаркар Никола Калиниќ одлучи да ја заврши кариерата. Веста дека 34-годишниот кошаркар се повлекува од играчката кариера дојде како гром од ведро небо. „Луѓе, ја завршувам кариерата. Станувам помошник-тренер во Звезда. Поради животните околности, сакам да бидам блиску до Белград. Ви благодарам на сите што бевте дел од оваа луда авантура“, напиша Калиниќ на социјалните мрежи. Калиниќ ги мина изминатите две сезони во Црвена ѕвезда, ...

Аргентинскиот стратег Кристијан Фабијани веќе не е шеф на стручниот штаб на Вардар. Неговата епизода на клупата на најтрофејниот македонски фудбалски клуб заврши неславно, по раната елиминација во европските квалификации и поразот во големото дерби против Шкендија. По прекинот на соработката, Фабијани се огласи во јавноста преку емотивно писмо. Во него тој изрази огромна благодарност до своите соработници и порача дека е горд што имал можност ...

Ракометната федерација на Македонија ќе има свој претставник на претстојните Медитерански игри, кои ќе се одржат во Италија во периодот од 20 август до 3 септември. Македонија ќе настапи со женска младинска селекција, составена од комбинација на младинки и кадетки, односно ракометарки од генерациите У18 и У20. Поради краткиот временски период за формирање на составот, селекцијата беше комплетирана во најбрз можен рок, со репрезентативки кои ...

Челси постави изненадувачки висока цена за својот португалски репрезентативец Педро Нето. Лондонскиот клуб, наводно, бара дури 100 милиони фунти за 26-годишното крило, кое се најде на радарот на саудискиот Ал-Хилал. Според информациите на „Би-Би-Си“, „Дејли Мејл“ и новинарот Бен Џејкобс, Нето веќе ги договорил личните услови со Ал-Хилал, но саудискиот клуб сè уште нема испратено официјална понуда до Челси. Преговорите меѓу двата клуба веќе ...

Фудбалската репрезентација на Шкотска има нов селектор. Фудбалската асоцијација на Шкотска официјално го потврди назначувањето на 39-годишниот Белгиец Себастијан Поконоли на функцијата селектор на машката национална репрезентација. Поконоли потпиша договор на две години и ќе ја предводи Шкотска во претстојното издание на Лигата на нации. Тој на селекторската позиција го наследува Стив Кларк, кој си замина по настапот на Шкотска на Светското ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58