Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Двократниот евроспки шампион РК Вардар ги информира навивачите дека има промени во распоредот за два натпревари од групната фаза во ЕХФ Лигата на шампионите. Домашниот натпревар од 2. коло против Нант, кој ќе се игра на 16 септември во СЦ „Јане Сандански“, наместо во 20.45 часот, ќе започне во 18.45 часот. Промена има и за гостувањето кај Висла Плоцк во 4. коло. Натпреварот, кој претходно беше закажан за 15 октомври, според новиот распоред ќе ...
Искусниот српски кошаркар Димитрије Николиќ (28 години, 211 см) е најновото летно засилување на МЗТ Скопје, откако денеска официјално стави потпис на договорот со скопскиот клуб. Станува збор за искусен центар, кој зад себе има богата кариера и настапи во голем број екипи, како во Србија, така и во регионот и пошироко. Кариерата ја почна во Раднички од родниот Крагуевац, по што четири сезони (2017-2021) беше дел од белградски Партизан. Потоа ...
Бразилскиот ас Нејмар ја заврши својата репрезентативна кариера на Светското првенство. Сепак, се уште не одлучил целосно да се повлече од фудбалот. Тој во февруари наполни 34 години. По елиминацијата на Бразил од Норвешка на Светското првенство, тој го објави крајот на својата репрезентативна кариера. Но, се уште игра фудбал на клупско ниво и нема намера да се пензионира. Барем не до декември, до кога има договор со Сантос. „Не размислувам ...
Кошаркарскиот клуб Монако би можел да го загуби и своето место во Еврокупот, откако му беше забрането да се натпреварува во професионалните лиги од француската кошарка поради финансиски проблеми. Според германскиот новинар Руперт Фабиг, местото на Монако во Еврокупот би можел да го заземе Хамбург Тауерс. Хамбург настапуваше во Еврокупот во изминатите пет години, додека Монако беше сместен во групата Д со Бахчешехир, Манреса, Улм, Рома, ...
Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовите на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски. Во разговор полн и многу емоции, Марко Митев неизбежно се потсети и на својот голем другар, негов брат како што вели, Марко Божиновски кој неочекувано почина пред точно пред пет години, како последица на миокардитис. Божиновски, заедно со Митев, играа за Бутел, ...
На самиот врв на светскиот фудбал се подготвува конфликт од институционални размери каков што досега не е виден, а кој би можел засекогаш да го промени изгледот на репрезентативните натпреварувања. Како што пренесува британскиот весник „Тајмс“, водечките фудбалски конфедерации предводени од УЕФА, северноамериканската КОНКАКАФ и азиската АФЦ размислуваат за покренување сопствено меѓународно натпреварување што би било директен конкурент на ...
Аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо би можел повторно да го облече дресот на Црвена звезда, пренесуваат шпанските медиуми. Оваа сензационална вест ја сподели познатиот новинар и уредник на шпанскиот медиум „Копе“, Нако Браво, кој преку социјалните мрежи откри дека добил сериозни сигнали од Србија за ваквиот трансфер-пресврт. „Црвено-белите“ се во активна потрага по квалитетен плејмејкер откако заминувањето на Коди Милер-Мекинтајер во ...
Само неколку дена по разделбата со бугарскиот прволигаш Спартак Варна, искусниот македонски стратег синоќа пристигна во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) каде веднаш ја започнува својата нова тренерска мисија. Станува збор за нисколигашки амбициозен клуб кој верува дека токму со огромното знаење и авторитет на Хаџиевски ќе ги оствари посакуваните резултати на долг рок. За поранешниот македонски селектор ова е добро позната средина бидејќи во ...
Алмиранте Браун, член на втората лига на Аргентина, излезе на натпреварот против Расинг Кордоба во дресови на кои пишуваше „Малвините се дел од Аргентина“. Тоа е продолжение на приказната од Светското првенство во САД, Канада и Мексико, кога по победата над Англија во полуфиналето, аргентинската репрезентација носеше транспарент со ист наслов. Затоа ФИФА ја истражува оваа политичка порака. Аргентина и Англија војуваа во 1982 година за ...
Гонзало Гарсија и официјално е нов фудбалер на Фулам. Дваесет и двегодишниот Шпанец пристигна во лондонскиот тим од Реал Мадрид на барање на тренерот Арбелоа, кој исто така премина од „кралскиот клуб“ во Фулам во претходниот преоден рок. Вкупната вредност на трансферот изнесува 40 милиони евра плус дополнителни два милиони евра, а Реал ќе задржи 30 проценти од наредната продажба. Гарсија е дел од Реал уште од својата десетта година, но немаше ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, во понеделникот разговараше со медиумите по завршувањето на подготовките на тимот во Англија. Германскиот стратег го оцени престојот во тренинг-кампот „Сент Џорџс Парк“, но зборуваше и за состојбата во екипата и плановите на клубот пред новата сезона 2026/27. Една од главните теми беше потенцијалното ангажирање на нов напаѓач. Флик призна дека ситуацијата не е едноставна и дека одлуката ќе зависи од повеќе ...
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, со триумф ја започна својата епизода во дресот на Погон Шчечин. Чурлинов веднаш дебитираше како стартер во својот нов тим на гостувањето во Краков, кај Краковија, и одигра 60 минути. На крајот неговиот тим успеа да слави победа со 0-2, со голови на стартот и на крајот од второто полувреме. Чурлинов се врати во Полска, откако играше една сезона во Кочаелиспор. Тој во Полска беше дел од Јагелонија. ...
Новото засилување на Реал Мадрид, Бернардо Силва, изјави дека воопшто не размислувал кога ја добил понудата од шпанскиот гигант, нагласувајќи дека ваква можност не се пропушта. „Беше невозможно да му кажам ‘не’ на Реал Мадрид. Кога ќе ве повика најголемиот клуб во светот, таква шанса едноставно не се одбива“, изјави португалскиот репрезентативец. Силва истакна дека е свесен за огромните очекувања кои ги носи дресот на „кралевите“, но токму ...
Тотенхем сериозно е заинтересиран за ангажманот на холандскиот репрезентативец Коди Гакпо, а според англиските медиуми Ливерпул е подготвен да го продаде доколку добие соодветна понуда. „Спарс“ наводно се подготвени да платат 47 милиони фунти за офанзивецот, иако засега сè уште не испратиле официјална понуда до „црвените“. Лондонскиот клуб е меѓу најактивните на летниот трансфер пазар. Тимот веќе ги засили своите редови со Маркос Сенеси, Јан ...
Турскиот гигант Фенербахче подготвува понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, кој се врати на „Олд Трафорд“ по едногодишната позајмица во Барселона. Интересот од Истанбул доаѓа откако каталонскиот клуб не ја искористи опцијата за целосен откуп на неговиот договор, па англискиот репрезентативец повторно е дел од составот на „црвените ѓаволи“. Според пишувањата на „САН“, Фенербахче е подготвен да вложи сериозна сума за да го ...
Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовите на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски. Низ повеќе од возбудливиот, интересен разговор Иван Галевски се потсети и на минатогодишното финале во ЕХФ Купот со Алкалоид кога беше освоен трофејот против грчки АЕК. Грците не сакаа да го играат реваншот во Скопје, па Алкалоид заслужено си ја освои титулата. ...
Арсенал внимателно ја следи ситуацијата околу Винисиус Жуниор, додека Реал Мадрид оваа недела ќе започне преговори со бразилската ѕвезда за продолжување на договорот. Актуелниот договор на Винисиус со „кралевите“ истекува за една година, а според информациите на „Дејли Мејл“, лондонскиот клуб ја разгледува можноста за негов трансфер пред почетокот на новата сезона. Претставниците на фудбалерот наскоро треба да одржат состанок со претседателот ...
Американскиот кошаркар Армони Брукс дефинитивно ја продолжува кариерата во Валенсија. Така, конечно, кошаркарската сага што траеше со денови поврзана со кошаркарот кој минатата сезона ја мина во Милано, за кого беа заинтересирани и Партизан и Реал Мадрид, заврши во АСВЕЛ. Сепак, тој нема да игра таму следната сезона. Францускиот клуб, како што е добро познато, не успеа да ја затвори планираната финансиска структура за следната сезона и мораше ...
По одличната сезона во домашниот шампионат, најдобриот играч на ТФТ и стандарден репрезентативец, Виктор Ташовски, за првпат во својата кариера ќе заигра во странство. Дваесет и четиригодишникот ја прифати понудата на хрватскиот Дубровник. Ташовски зад себе остава извонредна сезона во ТФТ, во која на 31 одигран натпревар бележеше просек од 15,8 поени, 3,3 асистенции и 1,3 украдени топки. Неговата одлична форма се пренесе и во македонскиот ...
Един Џеко ќе игра во Бундеслигата и на 41-годишна возраст. Искусниот босански напаѓач го продолжи договорот со Шалке за уште една сезона, откако минатата година беше еден од клучните играчи во враќањето на клубот од Гелзенкирхен во германската елита. Един Џеко пристигна во Шалке за време на зимскиот преоден рок и остави силен печат за само четири и пол месеци. На 11 настапи во вториот дел од минатата сезона, тој постигна шест гола и запиша ...
Барселона доби засилување, но не на теренот, туку во канцеларијата, откако Чави Пујол е нов директор на кошаркарскиот клуб Барселона. Тој потпиша тригодишен договор со повеќекратниот шампион на Шпанија и ќе го наследи клупскиот великан Хуан Карлос Наваро. Иако има само 36 години, тој е долго време присутен во оваа професија, со претходно искуство во Манреса и Басконија. Сега го очекува голем предизвик, бидејќи ќе ја извршува функцијата на ...
Искусниот играч за врска Џордан Хендерсон потпиша двегодишен договор со Челси. Хендерсон е второто засилување на „сините“ на возраст од 36 години во изминатата недела, по Дени Велбек. Новиот менаџер Чаби Алонсо одлучи да се потпре на искусни и прекалени фудбалери, па доаѓањето на двајцата ветерани значително ќе ја зголеми просечната возраст на играчкиот кадар на „Стемфорд бриџ“. Хендерсон ќе настапува за третиот клуб во кариерата што некогаш ...
Kошаркарскиот прволигаш на Македонија, ТФТ го потврди ангажманот на новиот кошаркар Тејшон Комер, кој доаѓа како огромно засилување за бековската линија. Станува збор за бек кој се одликува со исклучителна цврстина, лидерски квалитети и изразен натпреварувачки дух на теренот. Комер зад себе носи значајно искуство и е познат по одличниот преглед на играта, способноста за контрола на натпреварите и одржувањето високо темпо во нападот. ...
Луј ван Гал е подготвен по четврти пат да седне на клупата на холандската репрезентација, откако остана испразнето селекторското место по заминувањето на Роналд Куман. Според информациите на „Де Телеграф“, 74-годишниот стратег е расположен за нов камбек и смета дека е целосно подготвен за нов предизвик. Иако во 2022 година му беше дијагностициран рак на простата, здравствените проблеми сега се зад него. Холандската фудбалска федерација (КНВБ) ...
Македонскиот фудбалски прволигаш ГФК Тиквеш официјално го претстави своето најново засилување, младиот и талентиран фудбалер Октај Ракипи. Од таборот на кавадаречкиот тим со големо задоволство ја потврдија соработката со Ракипи, опишувајќи го како амбициозен и технички поткован играч кој совршено се вклопува во долгорочната визија на клубот. Од раководството на Тиквеш веруваат дека неговата работна етика и квалитет ќе донесат дополнителна ...
УЕФА се закани со правни дејствија против ФИФА и нејзиниот претседател Џани Инфантино поради планот, кој во меѓувреме е отфрлен, за продажба на удели во натпреварувањата организирани од ФИФА на приватни инвеститори. „Би-би-си спорт“ пренесува дека, покрај острата реакција од седиштето на УЕФА во Нион, и Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) се подготвува да ја повлече својата поддршка за Инфантино преку официјално писмо. Во меѓувреме, ...
Реал Мадрид се соочи со сериозни компликации во обидот да го доведе Јан Диоманде од Лајпциг. Иако личните услови со играчот наводно веќе се договорени, реализацијата на трансферот во моментов е блокирана поради правен спор во врска со претставувањето на фудбалерот. Според шпанските медиуми, „кралскиот клуб“ водел преговори исклучиво со агенцијата „Рок Нејшн“, која ја основа американскиот музичар Џеј-Зи, убеден дека има ексклузивни права да ги ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, побара поддршка од администрацијата на Трамп, во услови на зголемени критики по неговиот напуштен план за продажба на удел во комерцијалните права на Светското првенство, објави „Њујорк пост“, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање. „Пост“ објави дека Инфантино постојано се обидувал, но не успеал, да го контактира американскиот претседател Доналд Трамп по телефон откако предлогот пропадна во ...
Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски ја продолжува својата интернационална кариера во Индонезија, потпишувајќи договор со тамошниот прволигаш ПСС Слеман. По разделбата со иранскиот клуб Мес Рафсанјан, 34-годишниот дефанзивец брзо пронајде нов предизвик во Азија. Од неговиот нов клуб со големи почести го најавија доаѓањето на искусниот македонски фудбалер, претставувајќи го пред навивачите со моќниот епитет „Воинот од Македонија“. Од ...
Кадетската репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на Европското првенство што се одржува во Белград откако нашите млади ракометари попладнево лесно славеа над Италија со убедливи 33-23. Штета што групата во првата фаза беше исклучително тешка, па нашите кадети мора да разигруваат за пласман, на дуелот со Италија беше очигледна разликата во квалитет, избраниците на селекторот Кузманоски доминираа од секој аспект и не дозволија ...