Две противпожарни возила целосно опремени со капацитет од 5 и 2 тони литра вода како и теренско возило за брза интервенција доби Општина Василево како донација со што и официјално ја почна постапката за формирање на Доброволно поротивпожарно друштво. Како што кажа градоначалникот Славе Андонов потребата од противпожарно друштво е голема бидејки Општина Василево територијално е огромна и контуинирано има пожари на на отворен и затоврен простор ...

Регионалниот проект „Зајакнување на одговорноста и родово чувствителните одговори на локалните власти на кризи во 3 земји“ беше имплементиран од 3 граѓански организации: Здружение на жени Природа-Братунац, Босна и Херцеговина и Младинско здружение Бечеј-Бечеј, Србија и Новинари за човекови права, Скопје-Северна Македонија. Проектот беше спроведен во 24 локални заедници/општини или 8 општини восекоја проектна земја. Општата цел на проектот е да ...

ООУ „Никола Карев“ од Радовиш доби биста на својот патрон – револуционерот и македонски војвода Никола Карев. Станува збор за дело изработено од академскиот вајар Далибор Николовски Дачо, кој заедно со директорот на училиштето Кире Јанковски , градоначалникот на Радовиш Ацо Ристов ја открија бистата на Никола Карев во рамките на одбележување на патрониот празник. На церемонијата за октривање на бистата, ученици го прочитаа Крушевскиот Манифест а ...

Гевгелискиот бизнисмен Томица Главчев ќе биде новиот претседател на КФМ – Кошаркарската федерација на Македонија, објавија дел од спортските портали. Неговиот избор се очекува да биде потврден идната недела на закажаното вонредно собрание на КФМ на 30 ти април на кое се очекува да му биде изгласана недоберба на актулениот претседател Перо Антиќ. Иако за оваа позиција се споменуваше името на Младен Ѓуроски, спортските портали пренесоа дека тоа ќе ...

Струмица и Кочани ќе соработуваат откако денеска градоначалниците на овие две Костадин Костадинов и Венко Крстевски потпишаа Меморандум за соработка, кој треба да биде потврден и од Советите со официјален Договор за меѓуопштинска соработка. Со истиот се очекува Општина Струмица да дава помош и поддршка на општина Кочани, бидејки после големата трагедија на ова општина и е потребна институционална поддршка. ,, Секторот за инспекциски служби на ...

Општина Струмица организира јавна презентација и јавна расправа за План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струмица за период 2025 -2029 година. Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струмица за период 2025 -2029 година. План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струмица за период 2025 -2029 е ...

На 22.04.2025 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.А.(26) од Радовиш. Тој се сомничи дека на 07.04.2025 извршил кражба на подрачје на Струмица, а на 22.04.2025 извршил кражба на подрачје на Радовиш. Во службен разговор, тој ги признал делата и кај него биле пронајдени пари, кои ги одзел при кражбата во Радовиш и ќе бидат вратени на сопственичката. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно ...

По повод Денот на македонската полиција – 7 Мај, Локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица во соработка со Секторот за внатрешни работи – Струмица, распишува Конкурс за литературна творба или илустрација на тема: „Хероите носат униформа – но и срце“. Преку пишан збор или цртеж, сите учесници ќе имаат можност преку креативно и уметничко изразување да покажат што значи за нив храброста, како изгледа еден херој, како ...

Различно го празнуваат Велигден, жителите од подбеласичкото село Колешино во општина Ново Село. Едни вапсаат велигденски јајца, други не.. Едни Христовото воскресение го најавуваат и пречекуваат во сабота вечер, други во недела а трети воопшто не одат на црква и за нив Велигден е обичен ден. Во Колешино има повеќе верски заедници и секој Велигден го слават според своите религиозни верувања. Во ова село има православни верници, методисти, ...

Денеска (19.04.2025) околу 04 часот во ОВР Гевгелија, било пријавено дека на регионален пат с.Миравци- с.Давидово, патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(19) од с.Миравци, гевгелиско, излетало надвор од коловозот. На местото на настанот починал Т.П., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Гевгелија. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гевгелија, а по наредба на јавен ...

Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи Александар Јанев присуствуваше на Граничниот премин Дојран каде се поставени, оспособени и од денеска функционираат две нови контролни точки, а истовремено се отворени и две нови линии за премин. Со двете нови линии за премин – влез и излез од земјава, драстично ќе се забрза протокот на возила и патници на граничниот премин Дојран на македонско грчката ...

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Е.(38) од Радовиш поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот закон.На 17.04.2025 врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш извршиле претрес во стан и помошни простории ...

На 17.04.2025 во 20.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Х.(43) од село Просениково, струмичко. Тој, околу 17.00 часот со неговиот трактор насилно влегол во шумски склад на ЈП „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица и оштетил возило, кое претходно било одземено и паркирано во складот. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од ...

Велики петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден ...

ООУ „Мануш Турновски“ од Ново Село денеска во паркот пред Домот на културата организираше Велигденски базар на кој доминираше детската креативност, позитивната енергија но и хуманоста. Имено учениците и наставниците од одделенска настава од сите подрачни училишта на ООУ „Мануш Турновски“ се собраа на едно место и во пресрет на големиот христијански празник Велигден другаруваа, играа, бојадисуваа велигденски јајца, правеа уметнички изработки и со ...

Почна да се гради паркот во населбата Карпош во Струмица кој треба да биде на површина од околу 40 илјади квадратни метри i и ќе преставува место за одмор и релаксација наспроти првичната идеја на тааа локација да се гради трговски. Првиот дел од паркот ќе се гради со пари од ЕУ од Програмата за прекугранична соработка со Бугарија за што ќе бидат инвестирани околу 350 илјади евра пари кои граѓаните на Струмица немаат обврски да ги враќат, оти се ...

24 правни лица во Струмица ќе добијат забрана за користење на јавна површина и најверојатно ќе мора да ја ослободат истата од евентуални платформи или објекти на свој трошок. Станува збор за угостители и дуќани кои користат јавен простор а кои не постапиле според законските одредби кои се на сила изречени од страна на инспекциските органи на општина Струмица откако градоначалникот на Струмица на 21 март донесе наредба за вонредни надзори. ,, За ...

На 15.04.2025 во 20.20 часот во село Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Т.Г.(28) од село Колешино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени околу 120 грама марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на ...

Во близина на мостот на Серменинска река во гевгелиското село Мрзенци, синоќа во 20.00 часот на земјен пат полициски службеници од полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица лишиле од слобода малолетник од Скопје. При контрола во возило хјундаи, кое тој го управувал, а на кое имало скопски регистарски таблички кои припаѓале на друго возило, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени седум лица мигранти од Египет. ...

Подрачното училиште „Гоце Делчев“ во селото Ангелци каде се школуваат ученици од прво до петто одделение од Ангелци и Градашорци доби целосно опремена библиотека. Станува збор за школо кое функционира во рамките на ООУ „Гоце Делчев“ од Василево а библиотеката која е сместена во една од просториите на објектоте ќе даде дополнителен инпут за нови знаења и љубов кон книгата. Како што објави градоначалникот на Василево Славе Андовно, библиотеката е ...

Во пресрет на големиот христијански празник, Фондацијата ,,Елеуса“ од Струмица подготви и дистрибуираше 200 пакети до семејства кои што тешко доаѓаат до пристојна трпеза и секој месец едвај врзуваат крај со крај. Како што не информираше Наташа Василевска Трајчевска станува збор за пакети подготвени со помош на фирми кои донираа прехрамбени производи. ,, За разлика од изминатите години, ова година испративме директни барања до фирми и комапнии и ...

Лицата со попреченост и вработените во ТППЕ Струмица се ослободуваат од плаќање на јавен превоз, ваква одлука донесоа членовите на Советот на општина Струмица на редовната 50-та седница. Оваа одлука е само една од усвоените предлог одлуки од повеќе области, програми, решенија и извештаји. Меѓу нив се одлуките за проширување и измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Струмица за 2025 година, за давање на користење деловни ...

Околу 30 милиони евра ќе се слеат во струмичко од годинашново производство на пролетна зелка кое се очекува да тежи околу 40 илјади тони. Сето тоа се должи на добрата откупна цена но и разговорите што се водеа со откупувачите и земјоделците за и околу откупната цена кажа министерот за земјоделство Цветан Трипуновски кој денеска беше во струмичко во посета на неколку откупни пунктови. ,, Волкав девизен прилив во струмичко досега се нема случено. ...

Жителите но и учениците од подрачното училиште Гоце Делчев во Радичево добија ново катче за спорт и рекреација. Општина Василево со сопствени средства изврши асфалтирање на повеженаменското игралиште кои се наоѓа во дворот на училиштето. Откако ќе биде завршен овој проект, жителите и учениците од ова населено место ќе добија можност за спортување, рекреација но и за организирање на спортски турнири ,, Радичево добива квалитетно место за ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави јавниот повик за млади земјоделци од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој. Право да аплицираат имаат земјоделци на возраст од 18 до 40 години кои се занимаваат со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или преку воспоставување на ново земјоделско стопанство. ,,Доделената финансиска поддршка е неповратен грант од ...

Низ населените места во струмичко денеска повторно се слушаа лазарски песни. Девојчиња облечени во бело или народни носии пееа песни и носеа цвеќиња или зелени гранчиња најавувајки го големиот христијански празник Велигден. Според православниот календар денеска Лазаровден или Лазарева сабота. На овој ден обичај е да се носат гранчиња од зелени дрвца што симболично го преставува свечното Христово влегување во Ерусалим каде што го пречекале ...

Лицата со интелектуална попреченост од Струмица членови на ЦПЛИП ,,Порака“ од Струмица денеска излегоа во центарот на градот за да ги продаваат велигденските експонати што ги изработувале со своите родители изминатиот период. Повеќе од стотина украси изработени до текстил, метал, хартија, трева беа изложени на штандот каде струмичани можеа да купат експонати во пресрет на Велигденските празници. „Претставени се ракотворби, украси, велигденски ...

51-годишен маж од Струмица е приведен откако бил фатен како управува возило под дејство на алкохол со шокантни 2,19 промили во крвта. Настанот се случил синоќа, на улицата Гоце Делчев во Штип, околу 19:45 часот. Полицијата соопшти дека струмичанецот, со иницијали Р.П., управувал патничко возило марка „фолксваген пасат“ со струмички регистарски таблички, кога бил запрен од сообраќајна патрола на СВР Штип. При извршената контрола, било утврдено ...

На 10.04.2025 во 15.45 часот во село Црничани, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ј.(21) од село Црничани. Тој се сомничи дека од почетокот на април 2025 година извршил две кражби во објект во изградба и во дворно место од куќа во Дојран. Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени предметите кои ги одзел и тие ќе бидат вратени на ...

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, ги демантира информациите за еколошки инцидент откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од бела пена и мртви риби на брегот на Езерото од Нов до Стар Дојран. ,, Станува збор за мрест на рибата и тоа е нормална појава. Во овој период рибата се мрести и они кои не можат да се измрестат, едоноставно угинуваат. Квалитетот на водата постојано се испитува и е со добар квалитет,, вели градоначалникот ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1015
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
3.09
89%
1017
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
80%
1018
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
1017
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.68
77%
1018
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
92%
1019
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
3.09
69%
1014
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1013
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
72%
1014
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
4.47
57%
1017
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
60%
1018
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.69
63%
1015
Currency

61.595

Currency

52.6462

Currency

70.4748

Currency

34.4361

Currency

37.7541

Currency

65.9917

Currency

7.37879

Currency

0.62866

Currency

0.35213

Currency

0.52552

Currency

1.26622

Currency

0.59374