И годинава Општина Василево ќе доделува еднократна парична помош за секое прваче. Сите деца што во учебната 2025/2026 ќе се запошат и ќе тргнат во прво одделение во училиштата во Општина Василево ќе добијат по 2 500 денари. Ова е трета година по ред како општината доделува еднократна парична помош за семејствата што имаат првоодделенче. ,,Во екот на енормните поскапувања, кои пак посебно се изразени кај училишниот материјал и за кои секој ...

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Ч.(57) од село Ново Село, општина Ново Село, поради постоење на сомневање дека сторил кривично дело „насилство врз дете“ по член 201а од КЗ. Како што наведува полицијата која објави и ВИДЕО завчера во дворно место, пријавениот од Ново Село насилно се однесувал кон својата ќерка над која има стартелство по разводот со мајката. ,, Тој насилството го снимил со ...

Во рамките на активностите за заштита од комарци и спроведување на Програмата за дезинсекција, се известуваат граѓаните на општините од Југоисточниот плански регион дека на 11 и 17 јули 2025 година ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција, согласно следниот распоред: Петок, 11 јули 2025 година, на територијата на општините Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Валандово и Дојран во претпладневните часови ќе се спроведе ...

На 07.07.2025 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.П.(28) од с. Ангелци, струмичко. Имено, истиот ден во 15.00 часот Т.Р.(22) од с. Долно Српци во СВР Битола пријавил дека во с. Долно Српци тој и неговите другари забележале непознато лице со патничко моторно возило „форд” без регистарски ознаки, за кој се сомневале дека е можен извршител на кражби. Потоа лицето излегло од возилото, извадило пушка од багажникот и пукало кон ...

,,Нема Европа дома ако целата економија не се врти околу сите општини околу сите населени места, Денеска за жал сето она кое што го гледаме во најголема мера се врти околу еден град, а остатокот од државата живее со тешкотии,, Вака потенцираше премиерот Христијан Мицкоски на меѓународната конференција во Гевгелија посветена на регионалниот рамномерен развој Тој информираше дека Владата обезбедила 250 милиони евра за капитални проекти во ...

Повеќе од пет години Борче Боев преку ФК „Карпошово“ од Скопје тренира лица со аутизам и лесна попреченост кои се физички активни. Станува збор за 15 тина лица кои го сакаат фудбалот и веќе се тим кои освен на домашна се натпреваруваат и на меѓународна сцена. Ги има од Скопје, Кавадарци, Штип, Конче, Куманово – Македонија во мало и неретко кога настапуваат надвор од земјава ги нарекуваат македонскиот национален тим. ,, Нашата цел е да ...

Почна расчистувањето на теренот околу кулата Пирго кај населеното место Мокриево на планината Беласица. Таму стручни лица од Заводот и музеј Струмица ќе пристапат на арехеолошко доистражување на кулата но и конзервација и реставрација на објектот кој треба да даде туристичка валоризација на целиот локалитетот. Станува збор за доцноантичка кула изградена во периодот меѓу 5 и 6 век која се претпоставува дека била активна и во средниот век во ...

Со поддршка на Шведската агенција за заштита на животната средина ќе се изработува Студија за ревалоризација на Моноспитовското блато со цел да се носи закон за негово прогласување како заштитно подрачје. Ова мочуриште со богата флора и фауна со години се уништува со што се загрозува биодиверзитетот иако може да биде мека за алтернативен и научен туризам. „Моноспитовското Блато е едно од ретките непресушени мочуришта во Македонија, дом на ...

Вчера во 17.15 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода У.Б.(50) од Радовиш. Тој, истиот ден околу 15.40 часот во неговиот семеен дом физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивниот малолетен син, при што им нанел телесни повреди, констатирани од лекар од Здравен дом Радовиш. Како што соопштија од полицијата, лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен ...

„За помалку од една година исплативме повеќе од 9 милијарди денари субвенции. Направивме распределба на земјоделско земјиште. Имаме раст на извозот во првиот квартал од 5%. Вкупно се вклучени 2.109 договори на околу 6 илјади хектари. Беше распишан Јавен повик кој се однесува на Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ каде се доставени 254 апликации, истакна премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан ...

СДСМ во вториот турнус на кандидати за градоначалник за престојните локални избори, освен за Струмица ги објави имињата на кандидатите и за општините Василево и Босилово. Станува збор за Ванчо Новоселски и Мариче Кармазичева за кои од партијата соопштија дека се истакнати и докажани личности кои низ процесот на селекција добиле доверба и од граѓаните и од партиското членство. Ванчо Новоселски е вработен во Агенцијата за храна и ветеринарство во ...

На 02.07.2025 во 14 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода Р.И.(45) од Радовиш. Тој околу 13 часот на место викано „Градска река“, атар на Радовиш, извршувајќи градежни работи, користел апарат за заварување и со искрите предизвикал пожар на сува трева, кој брзо се проширил и зафатил сува трева и нискостеблеста шума. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил ...

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, објави дека од денеска го замрзнува членството во СДСМ, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче на 2о јуни ги објави кандидатите за градоначалници за 19 општини во земјава, а тој не е на листата. „Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ, не со ова раководство, не додека СДСМ не се врати таму каде што и е местото, најмалку каде што е сега. Ова не е крај… Во сегашната политичка слика, ...

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, која е поврзана со поле на висок воздушен притисок, следува долг период на стабилно,суво, сончево и многу топло време во Македонија. Што се донесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени, додека од викендот, како и во наредната седмица во Повардарието и Југоистокот температурата ќе се искачи до околу 42 степени. За време на овој многу топол бран ќе дува слаб до ...

Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез и една дополнителна за влез на товарни возила на граничниот премин Богородица на македонско грчката граница. Вака најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на на заедничка прес-конференција со неговиот литвански колега. Отворањето на дополнителни ленти на ГП Богородица кон соседна Грција се должи заради зголемениот притисок од патници секој летен период како од земјава така и од ...

Три лица се уапсени, а над 100 килограми марихуана се запленети во голема полициска акција во Струмица, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според него акцијата е резултат на темелна истрага и координација на струмичката полиција, а во неа биле разбиени организирани криминални структури поврзани со меѓународен канал за трговија со дрога коај беше разбиена вчера попладне. „ СВР Струмица разби меѓународен канал за трговија со ...

Жителите од населеното место Сушица добија чиста и здрава вода за пиење откако општинските власти на Ново Село изградија нова и современа филтер станица. Станува збор за инвестиција вредна над 4 милиони денари. Како што кажа градоначалникот Божинов, новиот систем е целосно автоматизиран, ја контролира работата на пумпите, нивото на вода во резервоарот и овозможува оптимизирано трошење на вода. Со тоа како што подвлече значително ќе ја зголемува ...

Општина Босилово ќе доделува еднократна парична помош во висина од 5 илјади денари на сите деца кои ќе се запишат во прво одделение во училиштата во ова Општина. Ова на ФБ го најави градоначалникот на Босилово Ристо Манчев „5000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ! Во овие тешки времиња секоја помош е добредојдена. Општина Босилово во рамките на своите можности секогаш со поддршка за граѓаните“, објави Манчев Во Општина Босилово функционираат три Основни ...

Попладнево на улицата „Климент Охридски“ во Струмица лишени се од слобода три лица осомничени за шверц на дрога. Како што пренесуваат медиумите кои објавија фотографии од настанот, станува збор за две лица од Скопје и едно од Струмица вмешани во транспорт на марихуана во автомобили. Според првичните неофицијални информации, станува збор за канал на меѓународна трговија со марихуана, на релација Скопје – Струмица, со крајна дестинација ...

На 29.06.2025 во 06.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Т.К.(19) од Радовиш. Taa на ул. „Самоилова“ во Радовиш, управувајќи моторно возило предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот. По преземени мерки било утврдено дека возилото го управувала под дејство на алкохол, односно дека има 2.23 промили во крвта. Т.К. е задржана во Полициската станица Радовиш, а по ...

Заморот претставува една од клучните причини за сообраќајни несреќи во текот на летниот период. Особено ризична е делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија, и во двата правци, каде секоја година се бележат повеќе сообраќајки со сериозни последици. Оваа состојба се должи на тоа што станува збор за дел од европскиот транспортен коридор, по кој секојдневно се движат илјадници возила. Возачите, изморени од долгите часови зад воланот, ...

Холанѓаните не сакаат многу елитен туризам, туку прошетки и запознавање со културата и обичаите на една нација. Преферираат локални тури, храна, историја, природни убавини, дружење со локалното население . Вака тврди брачниот пар Коцирови кој живее и работи во Холандија а со години носат туристи и посетители во подбеласичкиот регион во струмичко. Тие се меѓу првите кои подигнаа сместувачки капацитет во Габрово за да можат поситетелите да останат ...

На просторот на некогашната маларична кај Турското маало во Струмица изградено е ново спортско игралиште кое е оградено а паралелно поставено е и катче со детски реквизити за забава и рекрација на најмалите. Првиот човек на општината Костадин Костадинов на својот ФБ профил веќе објави фотографии како просторот е полн со деца кои уживаат на новите детски играчки иако игралиштето и детското катче официјално не се пуштени во употреба. ,,Не делиме ...

Советот на општина Струмица донесе одлука за подигање спомен обележје -биста во чест на музичарот Џоко Ѓеоргиев и трагично загинатитете жртви во пожарот во Кочани. Одлуката беше донесена едногласно од сите советници откако Комисијата за општествени дејности даде предлог за подигање на спомен обележје на катастарска парцела 62 89 а неговата изработка ќе биде од собраните донации покрената од Димитар Ѓоргиев. Претседателот на Советот Марјан ...

Жителите од Босилово и Радово ќе добијат канти за селекција на отпад конкретно за селекција на пластичниот отпад. Како што не информираше градоначалникот на Општина Босилово Ристо Манчев, набавени се околу 700 канти кои ќе бидат распоредени на домакинства од овие две населенио места кои во наредниот период ќе има каде да го депонираат пластичниот отпад, кој место да заврши на депонија ќе може да се рециклира. Станува збор за пластични канти со ...

Викендов на 28 и 29 јуни, ВК Актив од Струмица ќе го реализира јубилејниот 10 по ред настан насловен како ,,Мистериите на Беласица“. Станува збор за дводневен настан кој преставува предизвик за многу рекреативци и лубители на планинското пешачење и велосипедизам да ги запознаат и да уживаат во убавините на Беласица. Првиот ден (сабота 28 јуни), се тргнува од село Борисово и се пристига до кампинг зоната „ВК Актив“ (област Мело) на 1100 метри, ...

Поради зголемена опасност од појава на шумски пожари, од 1 јули се воведува забрана за движење по шумите која ќе трае до 31 август. По барање на ЈП Македонски шуми МЗШВ воведе забрана која е целосна односно 24 часовна. Тоа се должи поради зголемената опасност од појава на шумски пожари од високите температури кои минатата година направија големи штети. Од Македонски шуми тврдат дека со мерката ќе имат увид кој се влегува во шумските појаси ...

Во Градската галерија во Струмица во организација на амбасадата на Република Италија, Здружението на граѓани „Кво Вадис Ад Астра“ и општина Струмица, беше отворена изложба насловена како ,,„ПРЕДИЗВИК: Иновациите на италијанскиот дизајн во спортот“ на која можеа да се видат ретки, легендарни и современи спортски експонати. На показ на јавноста беа изложени оригиналните копачки на еден од најдобрите италијански и светски фудбалери, Роберто Баџо, ...

Едно малолетно лице од Гевгелија е тешко повредно откако паднал од предната хауба на возило Југо управувано од жител на Богданци. Инцидентот се случил во населеното место Стојаково синоќа пред полноќ. Три малолетни лица на возраст од 17 години се качиле на возило југо во Стојаково и се возеле. Двете биле на предната хауба на возилото додека третото стоело на задниот дел од возилото на куката. Во еден момент едното лице што било напред на хаубата ...

На 23.06.2025 во 14.40 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Д.С.(25) од Гевгелија. При претрес на патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое претходно било одземено од Д.С., била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
92%
1024
weather icon

Загреб

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1023
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.23
55%
1028
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
0.9
84%
1025
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1023
weather icon

Атина

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
56%
1023
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
71%
1025
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 5ᴼ
2.57
90%
1024
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
95%
1024
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1023
Currency

61.53

Currency

53.1337

Currency

69.7572

Currency

34.777

Currency

37.9478

Currency

66.5784

Currency

7.47219

Currency

0.65393

Currency

0.34328

Currency

0.52557

Currency

1.25874

Currency

0.599