Обука на здравствени работници, набавка на амбулантни возила, но и опрема за реагирање при срцеви итни случаи. Ова е целта на проектот „Прекугранична област, безбедна за срцето“ што Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од Струмица ќе го реализира со болницата Ахепа од Солун но и Друштвото за итна претхоспитална нега од Грција. ,, Планирана е набавка на амбулантни возила за општините Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија. ...
Со финансиска поддршка од Европската Унија, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе работи на унапредување на системот за итна медицинска помош во Југоистокот од државата. Подобрување на условите за итна медицинска интервенција и зголемување на подготвеноста за справување со срцеви итни случаи е во фокусот на проектот „Прекугранична област, безбедна за срцето“. Проектот е дел од прекуграничната соработка помеѓу Македонија и ...

