Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Утре во дворот на ООУ Гоце Делчев во Вељуса за првпат ќе се одржи првото издание на манифестацијата „Црешијада“ за што организациониот одбор изминативе денови интензивно работеше за негова реализациј. Според најавите на самата манфиестација ќе има многу музика, забава но и специјалитети од цреши. Паралелно посетителите ќе имаат можност да купат од прва рака и вкусни ,,вељушки цреши“ чии квалитет надалеку е познат. ,, Ќе биде доста интересно ...
На 28.05.2026 во 23:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Н.М.(23) од Струмица. При преглед кај него била пронајдена марихуана. На 29.05.2026 година, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени две најлонски пакувања со марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...
Во присуство на државниот врв, претставници на локалната самоуправа, бизнис заедницата и бројни гости, денес официјално беше отворен МЕГА Шопинг Парк во Гевгелија. Со површина од над 20.000 квадратни метри и повеќе од 50 светски и домашни брендови, овој комплекс претставува најголемиот ритејл парк на Балканот од овој тип. Генералниот директор на МЕГА Шопинг Парк, господин Сотирис Јанакудакис, со свечено обраќање пред присутните го прогласи ...
Компјутерскиот томограф од наредната недела ќе биде инсталиран согласно сите стандарди, а граѓаните од овој регион ќе можат да ја користат оваа дијагностичка услуга, истакна министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за состојбите со болницата во Струмица. Осврнувајќи се на конкретните состојби во струмичката болница, министерот Алиу напомена дека установата била затекната со значителни финансиски ...
Учениците од VII г со одделенскиот раководител Маја Годева и тим наставници, стручните соработници и родители денес ја имаа завршната активност од повеќемесечната работа по предметот Општествено –хуманитарна работа . „Зелена заедница – наша одговорност“ имаше за цел активно вклучување на учениците во раззеленување и уредување на јавни површини – парк .Целта беше да се развие еколошка свест и одговорен однос кон животната средина кај учениците ...
Заврши 39 тото издание на Фестивалот на новoкомпонирана македонска фолк песна Фолк Фест Валандово на кој победи Христијан Божинов Кико со песната „Градче мое убаво“. Оваа песна доби најмногу гласови од публиката и жирито со што ја понесе првата награда. Втората награда и припадна на Благица Калева која ја отпеа баладата „Солзи немам“ додека третата им припадна на Анета Љумаковска со Јане Динев и Анета Бенд кои ја отпеа песната ,,После се“. ...
Во Струмица се одржаа петите Спортски игри за млади кои за првпат оваа година се одржуваат во Македонија. На струмичкиот плоштад се собраа околу 700 дечиња кои се докажуваа во повеќе спортски формални и нефромални дисциплини. Поттикнување на спортскиот начин на живот, инклузија, толеранција и другарство меѓу децата и младите е главната мисија на најголемиот спортско-аматерски настан во Европа – Плазма Спортските игри за млади, веќе цели 30 ...
На Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица се одржува манифестацијата „Саемот на книга – Струмица 2026“ која на посетителите им нуди можност да се запознаат со најновите наслови. На повеќе штандови се преставвуаат неколку издавачки куќи кои по симболични суми нудат книги кои се од различни области. „Книгата не учи да сонуваме, размислуваме, да создаваме и да бидеме подобри луѓе. Токму затоа како локална самоуправа со големо задоволство ...
Џајковски, Северина, Иви Адаму се само дел од музичките ѕвезди кои ќе настапат на отворањето на Мега Шопинг Парк во Гевгелија, а кое ќе трае четири дена. Утре вечер (четврток) е првата вечер, а ќе ја отвори Тамара Тодевска. Концертот на Тамара е закажан за 20.30 часот, а ќе трае до 22 часот. По неа ќе настапи грчката ѕвезда Иви Адаму, а нејзиниот концерт ќе трае до полноќ. Вториот ден прославата ќе започне во 11 часот со програми за деца. Во ...
На 30 мај 2026 година, сите патишта во Македонија ќе водат кон Радовиш. Додека градот се подготвува за 50-тото, јубилејно издание на меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“, низ улиците и во реновираната сала на БК Бучим веќе се чувствува препознатливата „позитивна трема“. Ова не е само уште еден спортски настан – ова е прослава на еден од најтрофејните спортови во државата. Традиција што создава шампиони Борењето не е само спорт во ...
Општина Босилово и КПУ Затвор Струмица потпишаа Меморандум за сорабока што ќе значи и партнерство за подобра заедница. Меморандумот го потпишаа градоначалникот Ристо Манчев и директорот на затворот Зоран Риство . Ова партнерство значи имплементација на повеќе активности кои ќе значат работен ангажман и општокорисна работа на осудените лица кои издржуваат казна затвор во КПУ Затвор Струмица а со тоа ресоцијализација и стекнување на работни ...
На 28 мај 2026 година (четврток), со почеток од 12 часот, dm ги отвора вратите на својата нова продавница во Гевгелија, во Mega Shopping Park на улица Васил Главинов бр. 9. Во новата продавница, покрај СЕКОГАШ ПОВОЛНО цените, купувачите ќе може да уживаат и во попуст од -15% на АПСОЛУТНО СЀ, кој ќе трае од 28 до 31 мај! Покрај ова, на денот на отворањето, купувачите ќе може да уживаат и во дополнителни изненадувања: со секоја сметка над 499 ...
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните дека на 28 до 29 мај 2026 година ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција – прскање против комарци на територијата на општините во Југоисточниот плански регион. Активностите ќе се реализираат согласно следниот распоред: 28.05.2026 година (четврток) Општина Радовиш – со почеток во 09:00 часот Општина Конче – со почеток во 12:00 часот Општина Струмица – со почеток во 10:00 ...
Вкупно четири екипи ќе се борат за двете места во елитното фудбалско друштво во Македонија за следната сезона. Тоа се струмичка Брера и Пелистер од Битола како прволигаши и Скопје и Шкендија Арачиново как второлигаши Брера Струмица за противник го доби тимот на Скопје кој заврши како второпласиран во Втората лиа. Мечот за опстанок во Првата лига струмичани ќе гп играат во Битола. Струмичкиот состав ќе се обиде да избегне преселба во понизок ...
Пожарот кој избувна во поранешен Декортекс во Радовиш е изгаснат соопштија радовишките пожарникари. Засега не се знаат причините како настанал пожарот кој зафати производствен погон, дел од машините и магацински простор каде имало лесно запаливи материи. Во гаснењето на пожарот освен екипи од ТППЕ Радовиш учествувале и екипи од ТППЕ Струмица како и едно возило со пожарникари од ДПД Мантово од Конче. „Сите пожарникари пожртвувано влегоа во ...
На 24.05.2026 во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Т.С.(21) од село Негорци, гевгелиско. Тој околу 03:30 часот на раскрсница од ул. „Маршал Тито“ и ул. „Ванчо Прке“ во Гевгелија управувајќи патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, учествувал во сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот. Од страна на полициски службеници лицето и возилото се пронајдени и по ...
Компанијата „Лајон Трајлерс“ од Гевгелија ja промовираше првата македонска полуприколка за транспорт на опасни материи како дел од сопственото производство. Станува збор за најлесната полуприколка од овој ранг на пазарот, изработена според најстрогите европски стандарди и најновата ЕУ Регулатива 858/2018 со што се овозможува поголема носивост. Како што соопштија од „Лајон Трајлерс“ од Гевгелија оваа полуприколка во моментот е најлесната во ...
Екипите на Огражден од Ново Село и Интер Кукла од Куклиш во меѓусебна пресметка ќе одлучуваат за титулата ШАМПИОН на лигата на ОФС Струмица чија завеса ќе се спушти наредниот викенд. Првакот на општинската лига на Струмица ќе се дознае во Ново Село каде овие два тима ќе поделат мегдан како најдобри. Двете екипи денеска славеа победи. Огражден Ново Село кај Дрвош со 3:0 додека екипата на Интер Кукла дома против Единство од Пиперево со 6:2. ...
Младинците на Брера Струмица без пораз го завршија првенството и го кренаа шампионскиот пехар. Апсолутна доминација на домашен но и на гостински терен. Во конкуренција на 16 екипи младите струмичани беа најдобри. Во првенството прокнижаа дури 29 победи а смо еднаш ремизираа. Постигнаа фантастични 164 гола а примија само 16. Тое е епилогот на младите на Брера Струмица кои пред вотропласираниот Вардар имаат дури 18 бодови разлика. „Академија ...
Ноќеска (24.05.2026) во 02:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Н.Џ. од село Двориште, беровско. Во близина на угостителски објект во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над лицето и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во кое бил затекнат. Притоа, кај него била пронајдена бела прашкаста материја, за која тој во службен разговор изјавил дека е кокаин. Додека, ...
Деновиве на Youtube платформата Јордан Митев објави нова песна посветена на радовишкото населено место Калуѓерица. Станува збор за песна која е псоветена за сите оние што од Калуѓерица заминале на печалба во Швајцарија. Токму Јордан Митев се јавува како комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот додека во спотот има видеа од Калуѓерица и Швајцарија како симболика на двете места во кои се наоѓаат иселениците. „Судбина ме однесе во ...
Кошаркарскиот клуб Струмица 2001 преку соопштение реагираше на иницијативата и предлогот на одделни политички субјекти за доделување на парични средства за клубовите. Реакцијата доаѓа откако на Седница на Совет на Општина Струмица опозициската СДСМ предложи КК Струмица и ЖФК Тиверија да добијат пари. Првите за пласманот во Супер лигата додека фудбалерките за КУП титулата „ Сакаме јасно да истакнеме дека се оградуваме од било какви ...
Вкупно 15 вработени во Основни и средни училишта во Струмица но и во двете детски градинки добија признанија по побод празникот „Свети Кирил и Методиј“. Станува збор за признанија кои го дбоиваат поединци за постигнување исклучителни резултати во воспитно-образовната работа и за афирмација на училиштето и професијата на предлог од стамите училишта и градинки. Градоначалникот Петар Јанков им ги врачи признанијата за учебната 2025/2026 година. ...
Главното прашање за производителите на тутун во изминатите три месеци од завршувањето на откупот е кога ќе ги добијат субвенциите. Напнатоста кај тутунарите е голема особено што се во фаза на расадување на тутунот и парите од субвенциите им се потребни за новата реколата. Директорката на Платежната агенција, Даниела Иротова-Лазаревска за „Независен“ најави дека субвенциите ќе бидат исплатени во јуни. „Во текот на првата недела од јуни 2026 ...
Браќата Ѓорѓи и Љупче Џекови од Струмица го кренаа КУП пехарот на Македонија…..Во дресот на Силекс од Кратово славеа против тетовска Шкендија со 1:0 ….. Џекови дадоa голем придонес во победата, Љупче со неговите одбрани и одличната игра на Ѓорѓи во дефанзива….. Со освоената титула Џекови и оваа сезона ќе бидат дел од Европската фудбалска сцена Браќата Ѓорѓи и Љупче Џекови од Струмица го кренаа КУП пехарот на Македонија…..Во дресот на Силекс ...
Состојбата со чадот од градската депонија во Радовиш се стабилизира но препораките за заштита на граѓаните остануваат во сила. Општинскитие власти уверуваат дека за два до три дена целосно ќе биде затрупана депонијата со песок и земја за да се спречи ширење на чадот. Таму денеска работеа десетици камиони кипери багери. Се затрупува секој дел каде имало пожар и излегува чад. Речиси една недела се интервенира со градежна оператива како ...
Кикбоксерот од Василево Пепи Велков член на КБК „Арена“ Струмица, по освоеното прво место на Светскиот куп во кик-бокс што се одржа во Турција, денеска беше примен од градоначалникот на Василево Славе Андонов. Првиот човек на општината упати честитки за постигнатиот резултат и за достојното претставување на општината и државата на меѓународната сцена. „Пепи е гордост за Василево и вистински пример за младите генерации. Овој успех покажува ...
Општина Струмица ќе продолжи да набавува соодветна опрема за да можат нашите пожарникари да делуваат навремено.Вака кажа првиот човекна општина Струмица Петар Јанков на денешната тактичко показна вежба на ТППЕ Струмица. На оваа ежба каде струмичките пожарникари ги демонстрираа вештините за спасување имот и лица при пожар, беше презентирано и новото возило-скала што го доби единицата донација од струмичка компанија. „ На последната седница на ...
Иако денешниот ден нуди сончеви периоди, метеоролозите предупредуваат дека стабилноста нема долго да трае. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), веќе од четврток се очекува локална нестабилност, која ќе прерасне во невреме за време на претстојниот продолжен викенд. Според УХМР наредните денови ќе се задржи променливо облачно и ветровито време, а во четврток локално се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поголема ...
Браќата Џекови од Струмица кои настапуваат за кратовски Силекс утревечер на националната арена во Скопје против Шкендија ќе играат за КУП титула. Голманот Љупче и дефанзивецот Ѓорѓи се очекува да бидат дел од тимот на Васоски за утрешната пресметка со тетовчани и преку Купот да се најдат повторно на европската сцена. Младите струмичани во Силекс се веќе трета сезона. Стандардни играчи во првиот тим и стандардни во младинската фудбалска ...