
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Заклучно со 31 декември не пристигнало продолжување на банкарска гаранција од избраниот понудувач кој беше избран со одлука на Влада и со самото тоа веќе не е активна понудата, а Владата на седница треба да донесе одлука за поништување на тендерот. – Додека беше активна гаранцијата понудувачот требаше да потпише договор за заедничко вложување, но бидејќи не добивме дополнителни информации од компанијата, банкарската гаранција не важи и не може ...
Судскиот совет незаконски и без образложение ја разрешил Весна Дамева од претседателската функција, пресуди Управниот суд по тужбата на Дамева, а пресудата ја објави интегрално на својата веб-страница. „Судот, имајќи ги во предвид наводите на тужителот изнесени во тужбата, одговорот на тужба, како и со увид во списите на предметот, најде дека: Тужбата е дозволена, со истата се оспорува Одлука на Судскиот совет на РСМ, со која е повредено право ...
Дрин Ахмеди, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети тврди дека пиротехниката која беше најдена во ѓепекот на неговиот џип била купена легално. -Во овој момент, нема да коментирам детали бидејќи во тек е истрага и постапка, а мојот правен тим работи на тоа. Можам да го кажам само ова, пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци, изјави Ахмеди во изјава за порталот „Скопје 1“. Од Обвинителството ...
Во рок од три дена собрани се околу 40,000 евра за Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван, момчето кое мора итно да замине на третман во Турција поради влошување на состојбата со неговата ретка болест. Тој се чувствува подобро од пред два дена, а во болницата каде што е сместен се грижат добро за него. Во моментов се чека опоравување за да се префрли во Турција на лекување. Претходно докторите одбиваа да потпишат трансфер за ...
Директорката на Клиниката за гинекологија Викторија Јовановска најави формирање посебна комисија на гинеколошкото одделение која темелно ќе го разгледа случајот со новороденчето на семејството Дамјановски и ќе ги испита причините како дошло до скршеницата на раката кај бебето. Родителите претходно во изјава за порталот „Скопје1“ тврдеа дека персоналот се обидувал да го прикрие случајот како и дека не им било дозволувано да го видат своето дете. ...
Воздухопловните сили на Украина соопштија дека повеќе проектили утринава биле упатени кон главниот град Киев, набргу откако националните воздушни тревоги беа подигнати поради закана од руски бомбардери. Украинските вооружени сили објавија дека Русија кренала во воздух 16 стратегиски бомбардери „ту-95МС“ од кои лансира ракети и дека е прогласена тревога за воздушен напад низ цела Украина. Украинските медиуми пренесуваат дека на ракетниот напад му ...
Вчера во цетинската населба Медовина по наредба на надлежен инспекциски надзор е срушена куќата на Вук Бориловиќ, масовен убиец од Црна Гора. Според образложението до кое имала пристап РТВ Цетиње, куќата е урната врз основа на инспекциско решение на Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот, бидејќи објектот на спорната катастарска парцела нема одобрение за градба. Барањето за уривање го поднел Милош Мартиновиќ, човек чија ...
Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот. Породувањето беше извршено по природен пат, информираа вечерва од ГАК. -Бебето е од машки пол, тешко е 3760 грама, долго е 52 сантиметар и е родено со Апгар 10/10. Дежурната екипа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од ...
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.145 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие, што е зголемен број од претходното кога имаше 2.020. Од нив, „реални“ повици биле 42,33%, а 57,67% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 56,14%, кон Итната медицинска помош 38,25%, а кон пожарникарите ...
Јапонија издаде предупредување за цунами на 1 јануари по серијата силни земјотреси во Јапонското Море, пренесе агенцијата Асошиејтед прес (АП). Јапонската метеролошка агенција извести за земјотреси во близина на брегот на префектурата Ишикава и блиските префектури, еден од нив со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала. Предупредување за цунами беше издадено за Ишикава и за остатокот од западниот брег на островот Хоншу, јави АП. ...
Полицијата вечерва го привела Дрин Ахмети, внук од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети и косопственик на трговскиот центар „Соравија“. Дрин Ахмети, кој има 25 години е притворен вечерва нешто пред 20 часот. Полицајци го запреле возилото „ренџ ровер“ со кое управувал Д.А и при преглед пронашле пиротехнички средства“, велат од Министерството за внатрешни работи. „Лицето Д.А, од село Зајас – Кичево, е приведено во полициска станица и по ...
Синоќа на скопското Кале беше уапсен Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Ахмети имал полн багажник со пиротехнички средства, при што полицијата запленила речиси 750 парчиња на пиротехника. МВР информира дека во џипот на внукот на Али Ахмети пронајдени се 749 пиротехнички средства. -Полициски службеници, синоќа во 19:50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје, запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, ...
За време на новогодишните празници, ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, потврдија за МИА од оваа установа. – На 31 декември, недела, во текот на денот и вечерта за новогодишната ноќ, како и на 1 јануари, дежурни и достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, ...
Јужноафриканската Република покрена постапка пред највисокиот суд на Обединетите нации, обвинувајќи го Израел за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа и бара од судот да ѝ нареди на земјата да ги запре нападите на палестинска територија. Како што е наведено во поднесокот до Меѓународниот суд на правдата, поднесен вчера (29 декември, 2023) актите на Израел се од „геноциден карактер“ затоа што се извршени со намера „да се уништат Палестинците ...
Русија беше остро критикувана во Советот за безбедност на ОН за нејзините масовни ракетни и беспилотни напади врз Украина, откако Киев и неговите поддржувачи повикаа на итен состанок на 15-членото тело поради нападите. Според официјални претставници, во руските напади ширум Украина – најлошите од почетокот на војната во февруари 2022 година – загинаа 31 цивил, а повредени се повеќе од 160. Полска соопшти дека руски проектил се чини дека влегол ...
Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и поднесе обвинение против 18 физички и едно правно лице за повеќе кривични дела, меѓу кои продолжено криумчарење, фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, спречување докажување и злоупотреба на лични податоци. Во периодот од август 2020 година до април 2022 година, обвинетите вршеле пренос преку царинска ...
Направена уште една трансплантација на срце и бубрези во земјава. Браво! Благодарение на хуманоста на едно семејство кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеа да собере храброст и да се одлучи да спаси не еден туку неколку животи, денес тројца пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот. „Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот, изразувам длабоко сочувство за нивната загуба, но и почит за нивната ...
Министерството за правда соопшти дека преку дописот од Републичкото Јавно Обвинителство Беликесир- Турција се информира дека на осомничениот за двојното убиство Љупчо Пелевски, му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена во „Затворена казнено -поправна установа Беликесир“ во Турција. Од Правда велат дека ова се прави согласно Законот 6706 член 14 , со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја ( РСМ), согласно член 16 ...
Во своето излагање, членот на Судскиот совет Миљазим Мустафа, кој ѝ го иницираше барањето за одговорност на Адеми, појаси дека се бара одговорност од претседателката на Врховниот суд по две точки. Првата е затоа што не се појавила на дури 21 седница на Судскиот совет, во периодот од мај до октомври годинава. Втората е затоа што не дошла на работниот состанок на 6 ноември, на кој ја повикале откако во медиумите зборуваше за политички притисоци во ...
Од вторник, 2 јануари, јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, односно по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст. Во недела, на 31 декември, и понеделник, на 1 јануари, билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат. Од вторник, тие ќе продолжат со вообичаено работно време. Жичарницата, на 31 декември, ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 1 јануари од 11 до 17 часот. ...
Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, јавија локалните медиуми. Во верижен судир учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и камион на автопатот Северна Мармара во провинцијата Сакарија. Причината за несреќата се уште не е утврдена. Медиумите јавуваат дека областа е покриена со густа магла, а видливоста е слаба. Гувернерот на Сакарија, Јашар Карадениз за локалните медиуми ...
Украина пред еден месец испратила ново барање за донација од Македонија. Се барала воена опрема. Но овој пат не сме во можност да одговориме позитивно. „Да има ново барање, но во моментов не можеме да одговориме позитивно на барањето“, рече на брифинг со новинарите министерката за одбрана Славјанка Петровска. Од одбрана додаваат дека опремата која ја барала Украина се уште се користи и е потребна на нашата држава. Претходно Македонија два пати ...
Во Скопје стапуваат на сила мерките и препораките поради зголеменото аерозагадување, односно поради зголемената концентрација на ПМ 10 честички во текот на два последователни дена, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Во двата дена, како што соопштуваат од Министерството, на 25 и 26 декември се измерени повеќе од 150 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички, со што се надминува прагот на алармирање. ...
Јавниот обвинител од ЈО на РСМ, Љупчо Коцески го пројде филтерот на Советот на јавни обвинители и доби позитивна оценка за можна замена на Љубомир Јовески. Членовите на Советот едногласно дадоа позитивно мислење за Коцевски. Сметат дека тој има големо искуство и ги познава состојбите во Обвинителството. -Се работи за најсериозен кандидат кој треба да добие апсолутна поддршка од Советот и треба да добие позитивно мислење. Посакувам тој да биде ...
Тетовско-гостиварска епархија денеска информираше дека добиле решение од Општина Тетово за отстранување на поставениот крст на црковниот имот на Попова Шапка. Најавија дека ќе биде поднесена жалба. -МПЦ ОА Тетовско-гостиварска епархија, своите права во насока на разрешување на даденото прашање ќе ги штити преку достапните правни механизми. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на зачестените провокации и да бидат посветени на мирот и добрите ...
42 лица се повредени во пожар во трговски центар во Лушња, Албанија, соопштија локалните властите. Пожарот избувнал вчера попладнето во комплекс згради во западниот град, 80 километри југозападно од главниот град Тирана. Во 12-катницата се сместени и станови за домување. Пожарникарите и специјалните полициски сили успеаја да ги евакуираат сите станари, вклучително и некои лица кои се хоспитализирани поради труење. На здравствени проблеми се ...
Со гордост, задоволство и чест во изминатите шест години ја извршував функцијата Јавен обвинител, вели Љубомир Јовески на крајот од својот мандат. „Во изминатите шест години, Јавното обвинителство го започна процесот на трансформација од целосно затворена, кон институција отчетна и достапна за граѓаните. Состојбите не се лесни, но сепак покажавме и покажуваме истрајност во реформите, а тоа веќе го препознаваат и сите меѓународни институции. Во ...
Претседателот на Србија Александар Вучиќ доцна синоќа свика итен состанок на Советот за национална безбедност. Тој соопшти дека во синоќешните протести двајца полицајци се потешко повредени а приведени се 35 демонстранти. „Никој нема право да ни ја уништува куќата, имотот на нашата земја и на нашите граѓани, а уште помалку има право да ги загрозува животите на нашите полицајци – рече Вучиќ. Според српскиот претседател синоќа бил направен обид ...
Потона сплавот „Картел“ на 23 декември во близина на Белградскиот саем. При инцидентот се евакуирани најмалку 30 лица, велат од итната служба за српската новинска агенција Бета. „Нашите екипи згрижија околу 30 млади луѓе кои беа на сплавот. не биле повредени, но морале да пливаат во ладна вода и доживеале голем стрес“, велат од белградската Итна помош. Службата изјавила дека ноќта била „тешка“ и дека имале 127 интервенции, од кои 28 на јавни ...
Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, на следните парламентарни избори ќе се кандидира во првата изборна единица, соопштија денеска од Левица. -Таче и Мицко ќе се кандидирале у кецот. Еве, да ги усреќам. И ја ќе се кандидирам у кецот, се вели во изјавата на Апасиев, пренесена во соопштението на Левица. Претходно, претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан ...