Експлозијата се случила во 9:10 часот, а од силната експлозија испукале стаклата на зградата на Спортскиот центар. Според неофицијалните информации на Вијести, убиени се припадници на озлогласениот криминален шкаљарски клан Петар Калуѓеровиќ и Драган Рогановиќ. Еден од нив починал на лице место. Според извор од полицијата, вториот подоцна им подлегнал на повредите. Според црногорскиот медиуми, еден од убиените неодамна излегол од затвор. Вијести ...

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко денеска повторно седна на обвинителна клупа, овојпат за незаконско поставување на директори во основни училишта во селата Подгорци, Лабуништа и Велешта и во „Браќа Миладиновци“ во Струга. Три предмети се споени, додека за училиштето во Велешта се води посебен предмет оти има повеќе обвинети, кои се товарат за „Несовесно работење во службата“, а дел од нив се гонат и за кривичното дело „Фалсификување ...

Група пратеници од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесе Предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка со којшто ќе нема зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, информира на прес-конференција во Собранието мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски. -Имајќи предвид дека како идна влада не сакаме да се мешаме во работата на независните ...

Болница од Германија во 2021 и 2022 поднела 12 тужби за плаќање за лекување против македонскиот Фонд за здравствено осигурување (ФЗО), а за дел од од тужбените барања, донесени се и пресуди од германски суд со кои Фондот е задолжен за плаќање на трошоците за лекување, покажа извештајот на Државниот завод за ревизија за работата на Фондот. Ревизорите велат дека во случај на доставени фактури од странските болници со повисок износ од дадениот ...

Сопружниците М.Х.(59) и М.Х.(56) од Ресен се двете лица кои вчера со возилото излетале во провалија на планината Галичица. Како што информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид, вчера околу 13 часот на патот Охрид – Отешево, полициски службеници со помош на параглајдеристи пронашле автомобил „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки, а починатите лица биле најдени во близина на возилото. Лекар од Итна медицинска помош ...

После шест години во затвор, денеска на слобода излегува Миле Јанакиески. Од 13.11.2018 година до 17.6 2024 неколкупат беше во притвор и куќен притвор. Во јули минатата година беше прво во Идризово а потоа во Шутка. Јанакиески доби условен отпус, одлука што ја донесе Апелација. Јанакиески го гонеа во неколку судски случаи. Тој секојдневно со полиција беше носен и враќан од суд. По бегството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски, ...

На седници закажани за денеска доцна попладне, Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги утврдат кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“ што пред партиските тела ќе ги претстави лидерот на партијата и мандатар за состав на новата влада, Христијан Мицкоски. Најавата за седниците, по кои се очекува да биде заокружен списокот на кадровските решенија што ќе ја сочинуваат идната владата, неделава во изјава за ...

„Обвинителството мината недела донесе одлука да се повлече од двете дела против Цветан Панделевски во случајот „Империја“. OJO со овој чин ги потврди сите аргументи кои Панделевски ги објаснуваше пред јавноста и судот односно дека не постои никаква злоупотреба на службена должност, дека не постои дело перење пари, исто така дека не постојат оштетени акционери и дека воопшто нема направена штета на држава по ниту еден основ. Од првиот момент на ...

Наставникот по физичко образование А.С. во основното училиште „Абдил Фрашери“ во Боговиње брутално го малтретирал својот син со аутизам, кој воедно бил и негов ученик. На видео снимката која е објавена на повеќе медиуми на албански јазик, се гледа како возрасен човек, за кој се тврди дека е наставникот го тепа ученикот, а потоа го соборува на земја. – На 08.06.2024 година во 20.30 часот, припадници на полицијата од ПС Камењане, во ...

Малата Василики Николопоулу(11) исчезна во неделата вечер во 21.10 часот, а семејството околу 3 часот утрината го пријавила нејзиното исчезнување. За жал девојчето вчера е пронајдено мртво, со убод во вратот. За убиството се сомничи нејзиниот чичко, кој и претходно бил осудуван за силување на малолетнички. Тој наводно во полиција го признал убиството. Ја одведов во нива и ја убив со штрафцигер, наводно рекол осомничениот чичко после апсењето. ...

Антикорупционерите едногласно се согласија за покренување на постапка против одлуките на Министерот за здравство Илир Демири да ги разреши на медицинските директори на Токсикологија Данил Петровски и Кардиохирургија Марјан Шокаровски, пристигнатите пријави до ДКСК се прифатија и дека до надлежните органи ќе покренат иницијатива за одговорност на министерот за здравство. Според нив не биле почитувани процедурите за разрешување од функцијата ...

Потпорниот ѕид на улицата која минува над Клиничкиот центар, над Детската клиника, се сруши, потврди ЦУК. „Неколку граѓани пријавија дека потпорниот ѕид над Клиниката за Детски болести е во лоша состојба. Од наша страна беа известени сите надлежни институции, за преземање на сите потребни мерки. После 1,5 година не е преземено нешто, и наутро добивме пријава дека дел од овој ѕид е срушен, а прашање е кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот. ...

Заменик министерката за здравство Маја Манолева денеска остварила средба со дел од стручниот колегиум и претставници на лекарскиот колегиум од Универзитетската клиника за токсикологија. На средбата, како што соопштија од Министерството за здравство, било дискутирано за состојбата и функционирањето на Клиниката. Заменик министерката Манолева побарала од стручниот и лекарскиот колегиум да дадат предлог за именување на медицински директор, кој ...

По тешкиот пораз од екстремно десничарскиот Национален фронт на Марин Ле Пен на изборите за Европскиот парламент и одлуката да распише предвремени парламентарни избори во земјата, францускиот претседател Емануел Макрон утрово во објава на социјалните мрежи порача дека има доверба во способноста на францускиот народ да го направи најправедниот избор за себе и за идните генерации. „Мојата единствена амбиција е да бидам од корист за нашата земја ...

На партиски конгрес, СДСМ денеска (9 јуни) ќе ги анализира причините за резултатите од парламентарните избори што се одржаа на 8 мај. Партијата која беше на власт во последните речиси седум години, на изборите доживеа пораз и освои само 18 пратенички мандати. Поранешниот премиер и сè уште актуелен лидер, Димитар Ковачевски на седница на Извршниот одбор на партијата на 22 мај официјално потврди дека се повлекува од претседателската функција во ...

Според информации во повеќе медиуми, веќе е направена конечната поделба на директорки и заменик директорски места во новата владина коалиција. Коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ ќе управува со МЕПСО, Пошта, Македонија Пат, Управата за финансиско разузнавање, Управа за водење на мМатичните книги, Државните резерви Но ВЛЕН ќе добие директорско место и во Филхармонија институција што до сега секогаш била раководена од кадри од најголемата партија во ...

Со 88 гласа “за” пред 3 часот ноќеска беше изгласан Законот за организација на работата на органите на државната управа, со кој бројот на министерствата на владата се зголемува за 25% односно од 16 на 20. Во двотретинското мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Знам, им се приклучи Европскиот фронт на ДУИ и ги обезбеди клучните гласови за промена на составот на владата. Пресвртот се случи претходно кога пратенички делегации на ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот ...

Во однос на прашањето за мојата татковина, свесен сум за обвинувањата и искривувањата од различни медиуми кои се обидуваат да привлечат внимание. Како претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија, сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е Северна Македонија, вели Африм Гаши во објавата на неговиот фејсбук-профил. Тој додаде дека неговата точна ...

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска на пладне, ќе му го врачи мандатот за состав на влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Тој вчера ги поднесе во собрание законските измени со кои треба да се реформираат министерствата и да се формираат нови. Очекува измените да бидат изгласани најдоцна во вторник. Собранието во петок, по скратена постапка, ќе расправа за законските измени што ги предложи Мицкоски. ...

Причините за изборните порази на СДСМ во 2021 г. на тогашните локални избори и на последните парламентарни и претседателски лежат во разлојувањето на членството и не надминатите внатрепартиски пропусти во меѓувреме. Ова денеска го изјави ексминистерката за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска по поднесувањето на кандидатурата за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во партиското седиште. Излезот од ваквата ...

Јавното претпријатие „Лајка“ објави повик за волонтери за разубавување на шелтерот и боксовите за кучиња. „Доколку сте љубители на кучиња и сакате да сте општествено одговорни и хумани придружете ни се заедно со нашите добро познати уметници Драш и Мачка!“, се вели во соопштението. Настанот на кој ќе се бојат боксовите на кучињата, оградите, и ќе се уредуваат зелените површини ќе се одржи на 15 јуни од 10 до 14 часот во ЈП „Лајка“. „Ние ќе ги ...

Почитувани членови и симпатизери на СДСМ, Почитувани граѓани, По долго размислување и низа разговори со голем број поддржувачи на СДСМ, решив да се кандидирам за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на престојните внатрепартиски избори. Нашата партија е соочена со голем предизвик и ги поминува веројатно најтешките моменти од нејзиното основање. Ова е време кога многумина се прашуваат дали СДСМ ќе опстане и каква е иднината на ...

Ниту уставниот судија Осман Кадриу не доби поддршка за претседател на Уставниот суд. И вториот круг гласање денеска пропадна. Кадриу беше единствен кандидат откако утринава Павловска – Данева се повлече од трката за да се деблокира процесот, а Васиќ – Бозаџиева и без противкандидата повторно доби само 5 гласа. Изминатите денови пропаднаа шесте обиди во кои ниту еден од кандидатите не успеа да собери двотретинска поддршка од своите колеги или ...

ЦУК ја пренесува информацијата од фирмата “Рапид Билд ДОО” дека заради безбедност, движењето на граѓаните во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар ќе биде регулирано и тоа во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, заради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод Делница Скопје – Тетово – Гостивар, во три последователни временски интервали од 30 мај до 22 јуни 2024 година: – на ...

Како што најави ТВ21, убиство утрово се случило во Боговиње. Според информациите, убиен е 47-годишен маж со иницијали А.Ј. Најпрво настанала вербална расправија, по што М.М. (50) го убил, а веднаш бил приведен од полицијата. „Денеска (02.06.2024 година) во 10.30 часот на улица „Цветан Димов“ припадници на полицијата од СВР-Тетово го лишиле од слобода лицето М.М.(50) од Боговиње, Тетово, кој управувал „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. Тој е ...

Поминаа повеќе од два месеци од исчезнувањето на малата Данка Илиќ, за која подоцна беше откриено дека е убиена. Данка ја усмртија Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, двајцата на возраст од 50 години, кои се вработени во ЈКП „Водовод“ во Бор. Тој ден биле на работна задача и со службеното возило ја удриле малата Данка, по што ја удавиле во автомобилот и ја фрлиле во блиската депонија. Еден од осомничените, најверојатно со нечија помош, два дена ...

Околу 15 илјади ученици што завршуваат средно образование денеска ги исполнија холовите и салите во училиштата и го полагаа првиот од двата екстерни испита од државната матура – Мајчин јазик и литература. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), кој е организатор на полагањето на државната матура, пријавени се 10 088 кандидати за испитот по Македонски јазик и литература, 4 189 за Албански јазик и литература и 315 кандидати за Турски ...

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица. Тројца од обвинетите се гонат за: – едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, – едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. ...

Во текот на вчерашниот ден Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од Парламентарните избори 2024 година со што мандатот на Панче Тошковски како министер за внатрешни работи во преодната Влада за спроведување на избори на пратеници официјално заврши, а согласно Законот за Влада досегашниот заменик министер за внатрешни работи, Назим Буши ја презема надлежноста, односно ќе ја врши функцијата министер за внатрешни работи до избор ...

Лидерот на Демократското движење и член на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити тврди дека другата коалиција од албанскиот блок, предводена од ДУИ, не се обединила на идеолошка основа, туку за да опстанат и да бидат дел од Владата. Во интервју за албанската телевизија „A2CNN“, Меџити порачал дека од 18 пратеници на Европскиот фронт во Собранието, 3-4 пратеници веќе се дел од новото мнозинство, без притоа да спомене кои се имињата. „Европскиот фронт не ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
83%
1014
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
49%
1014
weather icon

Загреб

27ᴼ / 26ᴼ
3.6
34%
1016
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
53%
1012
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
7.35
53%
1011
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
4.12
53%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
3.6
55%
1010
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
45%
1012
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
29%
1014
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
7.2
52%
1013
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
2.57
34%
1015
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
6.17
51%
1010
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.4012

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048