Младо момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила викендов во Пробиштип. 18-годишник со „голф“ излетал од пат при што е тешко повреден. – На 23.05.2026 во 22:23 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Виничка“ во Пробиштип, патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од ,Ј.Ј.(18) од Пробиштип, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани ...

Земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 17:25 часот, во Хрватска. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати 43,8581 северна географска ширина и 16,4703 источна географска должина, во близина на Врлика. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под ...

Вчера во 12:25 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во с.Зајас, кичевско, на локален пат за „Нова населба“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.Џ. (32) од с.Горно Строгомиште, кичевско и електричен тротинет, управуван од 15-годишник од с.Зајас. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Кичево, соопшти МВР. За настанот ...

Македонската и тетовската одбојка денес се збогуваа со Владимир Ѓорчески – Ципа, првиот капитен на одбојкарската репрезентација на Македонија. Ѓорчески попладнево беше погребан во своето родно Тетово. Владимир Ѓорчески во својата богата одбојкарска кариера настапуваше за Југохром, Работнички и Вардар, а интернационална кариера градеше во Барселона и Арис. За репрезентацијата на поранешна Југославија настапи на 48 натпревари, а по независноста ...

Македонија денеска ќе ужива во вистинско летно време, но попладнето носи целосен пресврт. Метеоролозите предупредуваат на локална нестабилност, пороен дожд и грмежи во делови од земјата. Во текот на денот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а температурите ќе достигнат и до 30 степени. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој на одредени места повремено ќе засилува. Сепак, во попладневните часови атмосферата ќе ...

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, информираше дека во тек е голема координирана акција во Арачиново за одземање крадени огревни дрва. Според неговата објава, во акцијата учествуваат Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција – Скопје и Подружницата за шумско стопанство „Бабуна“ – Велес. „Имаме голема акција на МВР, Шумската полиција – Скопје и Подружница за шумско стопанство ‘Бабуна’ – Велес, во која се ...

Цените на енергенсите забележаа значителен пад на светските пазари, при што најголемо намалување е регистрирано кај суровата нафта и дериватите, додека природниот гас остана речиси стабилен. Според последните берзански податоци, цената на „Брент“ нафтата за августовските договори се намали за 4,86 проценти и се тргуваше по 95,34 долари за барел. Во текот на денот највисоката цена достигнала 99,59 долари, додека најниската била 94,22 долари. ...

Повреден планинар денеска бил успешно спасен на планината Кораб, откако преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава дека поради повреда не е во состојба да се движи, информира Центарот за управување со кризи. Како што соопшти ЦУК, веднаш по добиената пријава, Регионалниот центар за управување со кризи Тетово започнал координација со СВР Тетово, Полициската станица Маврово и Национален парк Маврово, со цел брза интервенција ...

Променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер – над 50 километри на час, најавува за денес УХМР. Локално, според најавите, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер – над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 9 до 16, а максималната да достигне од 21 до 28 ...

Во текот на ноќта меѓу 22 и 23 мај 2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(28), М.К.(30) и С.А.(30), сите од Скопје, поради поседување дрога. Како што информира полицијата, кај лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. Од МВР соопштија дека по целосно расчистување и документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. Во текот на ноќта меѓу 22 ...

Денеска(23.05.2026) околу 10:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од кружен тек од ул.”Христо Татарчев”, ул.”Марко Орешковиќ” и бул.”Србија” настанала сообраќајна незгода помеѓу товарно возило “фолкваген” со скопски регистарски ознаки кое било паркирано од М.Р.(34) од Скопје, кое само тргнало и удрило во пешак И.К.(25) од Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила И.К. констатирани во Ургентен центар при ...

„Креди Јес“ е финансиското друштво за брзи кредити на кое Министерството за финансии поради неправилности во работењето му ја одзеде лиценцата за работа, пишува „Фактор“. Финансиското друштво, зад кое стојат сопственици од Бугарија, ги затвора своите 40-тина филијали низ земјата, а исто така околу 120-тмина вработени добиле известување дека работењето е прекинато. Единствено „Креди Јес“ ќе има право како понатамошна активност да ги наплаќа ...

Тажната вест ја објавија од Градежен факултет: Денес, на 23 мај 2026 г. ненадејно почина проф. д-р Јован Јованов, професор во пензија на Катедрата за Виша Геодезија на Градежниот факултет Скопје при УКИМ. Посмртните останки ќе бидат изложени во 12ч во недела (24.05.2026г.) во капелата на гробиштата во с. Блатец, Виница, а погребот ќе биде во 14ч. Нека почива во мир. Тажната вест ја објавија од Градежен факултет: Денес, на 23 мај 2026 г. ...

Тешка сообраќајна несреќа кај Богатиќ во Србија однесе два млади животи, додека уште две лица се здобиле со тешки повреди. Според српските медиуми, трагедијата се случила во вечерните часови на патот Богатиќ–Белотиќ, во близина на локален ресторан. Во несреќата загинаа Даниел П. (19) и Лазар Е. (19). Во директниот судир учествувале два автомобили, а животот го загубиле двајца 19-годишници кои, според неофицијални информации, биле школски ...

Силното невреме и обилните дождови што ја зафатија Bulgaria предизвикаа сериозни поплави, евакуации и вонредна состојба во повеќе региони, додека спасувачките екипи денеска успеаја да спасат 17-годишно момче од надојдената река Јантра кај селото Шемшево, во близина на Veliko Tarnovo. Во спасувачката акција учествувале нуркачи, пожарникари и полицајци, а бугарските медиуми јавуваат дека момчето влегло во реката во момент кога водостојот нагло ...

Петгодишно дете од пехчевското село Црник се здобило со тешки телесни повреди откако во него удрил електричен тротинет управуван од 12-годишен малолетник. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 22 мај 2026 година околу 11:00 часот во ОВР Берово. Несреќата се случила во село Црник, кога малолетникот, управувајќи електричен тротинет, удрил во петгодишното дете од истото село. Повреденото дете било ...

Земјотрес со јачина од 3.5 степени според Рихтеровата скала попладнево беше почувствуван во Скопје и околината, предизвикувајќи вознемиреност и паника кај дел од граѓаните. Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот бил регистриран во 17 часот и 41 минута, а неговиот епицентар потекнува од скопското епицентрално подрачје. „Според податоците со кои располага Сеизмолошката ...

Македонците кои живеат и работат во Германија од 1 јуни ќе останат без една од најважните директни авионски линии кон татковината. Германската авиокомпанија „Луфтханза“ официјално го прекинува летот на релација Франкфурт – Скопје, кој беше меѓу најкористените од дијаспората. Во системот за резервации веќе нема достапни летови по 31 мај, ниту за летната сезона, ниту за зимскиот распоред што започнува наесен. Наместо директна врска, патниците ...

Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) од 1 јули повторно ја отвора темата за правата на работниците и финансиските можности на работодавачите. Додека законската обврска за исплата останува јасно утврдена со колективните договори, висината на К-15 зависи од просечнатат плата која постојано расте и годинава се очекува дополнително зголемување на износот. Сепак, економските предизвици и неизвесноста во дел од стопанството можат да ...

Летувањето во Грција е речиси незамисливо без гиро, а неговата цена варира од сезона во сезона. На страницата „Грција инфо“ е објавен нов ценовник од познат ресторан во Никити на Ситонија. Туристите кои веќе престојувале во Грција оваа година ги открија цените на гиросот и во други грчки летувалишта. Никити (Ситонија) Гирос пита: 5,30 евра Гирос порција: 12 евра Сендвич: од 4 евра Ханиоти Гирос пита (мала): 5 евра Гирос порција (голема): 10 ...

Во селото Скудриње, на локалитетот познат како „Мустана нива“, вчера се случила трагична несреќа во која животот го загубил 67-годишен жител со иницијали М.С. Настанот бил пријавен во Полициското одделение Ростуше, по што на терен реагирале надлежните служби. Според првичните сознанија што ги соопшти СВР Тетово, несреќата се случила додека починатиот управувал трактор со приколка. Во еден момент, од засега неутврдени причини, тој ја изгубил ...

На Јадранскиот пат, во близина на местото Каменово, се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 27-годишен возач на мотор од Србија, додека 28-годишен руски државјанин е повреден. Несреќата се случила кога, од засега непознати причини, дошло до судир меѓу моторот управуван од српскиот државјанин и автомобил управуван од рускиот државјанин. Мотоциклистот починал на самото место, а возачот на автомобилот е приведен, соопштија ...

Во Велико Трново е прогласена вонредна состојба откако невидени поројни дождови ги претворија улиците во реки, поплавија десетици домови и однесоа автомобили. Состојбата во градот и општината останува критична откако реката Јантра се излеа од коритото и достигна 6,93 метри на критични 6 метри. Огромниот бран од Габрово и Дрјаново продолжува да го зголемува нивото на реката и да ги загрозува ниските делови од градот, објави дописникот на БГНЕС ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 километри на час). На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од ...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гостивар против лице И.Ш., во својство на градоначалник на Општина Врапчиште, поради сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, согласно член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Според пријавата, И, објави 4news.mk Ш. во текот на 2025 година ги пречекорил ...

Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) од 1 јули повторно ја отвора темата за правата на работниците и финансиските можности на работодавачите. Додека законската обврска за исплата останува јасно утврдена со колективните договори, висината на К-15 зависи од просечнатат плата која постојано расте и годинава се очекува дополнително зголемување на износот. Сепак, економските предизвици и неизвесноста во дел од стопанството можат да ...

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, поднесе оставка од својата партиска функција. Оваа одлука доаѓа по низата жестоки реакции во јавноста поврзани со неговите неодамнешни активности. Преку статус на социјалната мрежа Фејсбук, Земон појасни дека се повлекува за да ја заштити партијата од политички напади кои, според него, го вклучиле и неговото семејство. „Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а ...

На Јадранскиот пат, во близина на местото Каменово, се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 27-годишен возач на мотор од Србија, додека 28-годишен руски државјанин е повреден. Несреќата се случила кога, од засега непознати причини, дошло до судир меѓу моторот управуван од српскиот државјанин и автомобил управуван од рускиот државјанин. Мотоциклистот починал на самото место, а возачот на автомобилот е приведен, соопштија ...

Во март 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија изнесуваше 48 433 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2026 година, изнесуваше 48 433 денари. Во март 2026 година, во однос на март 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8,2 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна ...

Вчера во 21:35 часот во ОВР Гостивар, И.М. од Гостивар пријавил дека од дома се оддалечил неговиот чичко А.И. (63) од село Форино, кој работел како овчар на бачило во атарот на село Врапчиште. – По преземени мерки и пребарување на теренот, И.М. со полициски службеници од ОВР Гостивар и екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар во атарот на село Врапчиште, во близина на пат кој го граделе приватни фирми, на 22.05.2026 околу 06:00 ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
71%
1018
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
6.5
60%
1015
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
76%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.27
65%
1018
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.0
86%
1015
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
59%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 19ᴼ
0.0
48%
1014
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
49%
1014
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 14ᴼ
4.02
75%
1019
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 17ᴼ
1.46
54%
1016
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
100%
1014
Currency

61.53

Currency

53.1364

Currency

71.9634

Currency

37.6482

Currency

38.3228

Currency

65.492

Currency

7.88626

Currency

0.63317

Currency

0.33382

Currency

0.52502

Currency

1.11186

Currency

0.55759

Сребро

2080.30

Паладиум

41731.67

Злато

140678.81

Цинк

0.00

Родиум

282926.57

Иридиум

252383.36

Калај

56.34

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.25

Кобалт

45.39

Бакар

13.28

Платина

56103.05