Интер се дистанцираше на пет бода од Милан кој во овој момент изгледа како најсериозен ривал за титулата во Серија А, но според Фабио Капело, главна цел за „росонерите“ до крајот на сезоната треба да остане обезбедување на топ четири пласман, а не битка за Скудетото. Легендарниот стручњак смета дека Интер има подобар тим и далеку подобри ресурси да мине прв низ целта, но во своето обраќање, ја посочи и „ахиловата пета“ која ја има актуелниот ...

Андреј Јакимовски и неговите соиграчи покажуваат дека поседуваат потенцијал да се надигруваат со најдобрите екипи во Европкупот, а денеска на домашен терен го победија тимот со најдобар учинок во ова натперварување. До вечерва Бешикташ беше првопласиран тим на табелата, но по сигурниот пораз кој го претрпе во Тренто, турскиот великан падна на третата позиција со скор 11-5. Од друга страна, Тренто ја искористи победата од 87:74 да го поправи ...

Шведска и Унгарија одиграа исклучително изедначен натпревар кој заслужи да заврши со реми, но во последните секунди, мечот можеше лесно да заврши во двата правци. При резултат 32:32, Унгарците добија зицер и Сита се обиде да постигна победнички гол, но во дадената ситуација беше досуден фаул во напад, па Паличка доби шанса да постигне погодок од гол на гол. Искусниот шведски голман беше непрецизен и со тоа кулминираше драмата во арената во ...

Тами Ејбрахам се врати во препознатлива форма во Бешикташ и постигна 13 погодоци од стартот на сезоната, а тоа беше доволно добра препорака за да се врати во најквалитетната лига во светот. После лошиот период од завршната фаза во Рома и сериозниот пад кој го имаше во формата, англискиот напаѓач реши својата среќа да си ја бара во турската Суперлигата, но импресивните бројки зад неговото име направија повторно да биде атрактивен за ...

Германскиот тениски ас, Александер Зверев успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на првиот грен слем во 2026 година-Аустралијан Опен. Зверев во првото четвртфинале кај мажите ја доби пресметката со Лернер Тиен и сега мирно ќе може да го проследи дуелот меѓу Карлос Алкарас и Алекс Де Минор од каде победникот ќе биде негов нареден ривал. Повеќе од три часа траеше соочувањето на Германецот и Американецот кој во претходноата рунда убедливо го ...

Сите оние кои подолго време ги пратат тениските возбудувања многу добро знаат кој е Марат Сафан, некогашен светски рекет број еден, ас кој освојуваше трофеи на големата сцена меѓу кои и оние на Аустралијан Опен и Ју-Ес Опен. Русинот долго време е во пензија, но со внимание ги следи тениските настани, возбудувања. Ова веќе станува ера во која доминираат Јаник Синер и Карлос Алкарас, има тенисери кои се обидуваат да ги предизвикаат, а меѓу нив ...

Најдобриот тенисер на АТП листата, Карлос Алкарас за првпат во неговата кариера ќе игра во завршницата на Аустралијан Опен или поточно во полуфиналната рунда во која ќе ги одмери силите со Александер Зверев. Шпанскиот рекет денеска излезе на крајот со домашниот фаворит Алекс Де Минор кого го совлада со 3-0 во сетови. Де Минор е „редовен пациент“ на Алкарас и потврда за тоа е резултатот од 6-0 во меѓусебните дуели. Во првиот сет имаше жестока ...

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа имаше успешен старт на ИТФ фјучерсот во Порто (Португалија) што се игра на тврда подлога за награден фонд од 60.000 долари. Ѓорческа го доби соочувањето со Ралука Ралука Џорџијана Шербан од Кипар со 2-0 во сетови. Мечот на теренот број еден траеше нешто повеќе од еден ипол час, борба во која Македонката ги доби двата сета со идентични 6-4. Тетовката освои вкупно 69 поени или 14 повеќе од ривалката. За ...

Португалија и Норвешна одиграа драматично реми (35-35) на Европското првенство, резултат кој не го посакуваа двете репрезентации и со кој се отпишаа од борбата за медали на турнирот. Ова соочување во Хернинг воедно донесе и еден момент, потег кој експресно стани хит, а за истиот се погрижи репрезентативецот на Португалија, Мигел Невеш. Невеш беше забележан од камерите како го прислушкува тајм-аутот на Норвешка и тоа во самата завршница на ...

Исланѓаните пропуштија голема шанса да се приближат до полуфиналето на Европското првенство, а од ова попладне, математиките и шансите за пласман во оваа фаза ќе им зависат и од резултатите на другите репрезентации. „Рибарите“ не ја оправдаа фаворитската улога против Швајцарија во еден крајно изедначен натпревар, дуел на кој на крајот се спасуваа од пораз (38:38). Швајцарците го почнаа натпреварот без никакви шанси за место меѓу најдобрите ...

Хрватската ракометна репрезентација ја победи Словенија со 29:25 и направи важен исчекор кон пласман во полуфиналето, фаза која може да биде обезбедена со било каква победа на утрешниот меч со Унгарија. „Коцкестите“ кои се предводени од Дагур Сигурдсон покажаа континуитет во текот на сите 60 минути и во ниту еден момент не губеа од Словенија, но дури и во моментите кога не одеше се најтечно, на висина на задачата беа голманите. Матеј Мандиќ ...

НБА лигата ни донесе нови натпревари, а со тоа автоматски и потези кои ги кренаа на нозе фановите во арените и ширум светот. Најновата топ листа брои десет моменти и сосема заслужено број еден е мајсторијата на Џексон Хејс од редовите на Лос Анџелес Лејкерс. Хејс се сам направи, одигра одлична одбрана и му ја одзема топката на Гиди по што тргна во контра каде се одлучи да изведе атракција, ол-стар забивање низ нозе, потег со кој го остави ...

Кенан Јилдиз е убедливо најдобриот играч на Јувентус во тековнава сезона, а тоа носи реакција од калчолигашот кој ќе го награди Турчинот за овие изданија. Јилдиз има само 20 години и допрва се очекува најдоброто од него, па Јувентус сака да се заштити со оглед на тоа што имаше шпекулации за иднината на офанзивецот. Тој е „врзан“ со „бјанконерите“ до 2029 година, но планот на италијанскиот тим е Кенан да потпише нов договор, нешто што е многу ...

Манчестер Јунајтед оствари два импресивни резултати под водство на Мајкл Керик, легендата која одлучи да го прифати повикот и да се врати на „Олд Тарфорд“ за да му помогне на клубот макар до крајот на оваа сезона. Керик дојде како замена за Рубен Аморим кој требаше да биде долго решение за Јунајтед, човек кој со години ќе го предводи проектото, враќањето на великанот на победнички патеки, но Португалецот не се снајде и по само нешто повеќе од ...

Андреј Аршавин со години важеше за најдобар руски фудбалер и имаше чест да биде дел од англиската фудбалска елита, период во кој беше стандареден првотимец во редовите на Арсенал. Русинот се задржа во Северен Лондон околу четири години и потоа повторно се врати во Зенит, па така заврши неговото единствено позначајно искуство во топ пет лигите во Европа. Аршавин не си го исполни сонот и не успеа да заигра за својот омилен клуб Барселона, но по ...

Утрешната програма во Лигата на шампионите ќе биде навистина богата и ќе ги понуди сите 18 натпревари од последната рунда во лигашката фаза, а еден од најинтересните се очекува да биде оној на „Диего Армандо Марадона“. Наполи како домаќин ќе го пречека Челси пред своите навивачи и ќе се обиде да се избори за влезе во плејофот во најелитното натпреваруавње, а голем императив на италијанскиот првак ќе биде да се освојат три бода. Скот ...

Хари Мегваер се врати во тимот на Манчестер Јунајтед во вистинско време и одигра докторски добро во дефанзива на последните две дерби пресметки, дуели на кои „црвените ѓаволи“ славеа против двата најдобри тимови во Премиер лигата. По победата над Манчестер Сити на домашен терен, Јунајтед успеа да слави и на „Емирејтс“ по пауза од неколку години, а иако гостите постигнаа три гола и победија со 2:3, за играч на мечот беше избран Хари Мегваер. ...

Дро Фернандез беше предодреден да биде новата голема ѕвезда во првиот тим на Барселона која доаѓа од „Ла Масија“, но наместо да се реши за традиционалниот чекор кој го следеа играчи како Педри, Гави, Фермин, Касадо, Јамал, Бернал и многу други, тинејџерот реши да фати друг пат. Непосредно откако наполни 18 години на стартот на месец јануари, играчот за врска реши да побара од раководството да му издаде дозвола за трансфер, па иако Барселона ...

Алваро Арбелоа самиот се прогласи како човек кој ја негува фудбалската филозофија на Жозе Мурињо и се етаблираше како „Мурињист“, а набрзо по најголемиот предизвик кој го доби во кариерата, добива шанса да ги вкрсти копјата со својот ментор. Новиот тренер на Реал Мадрид ќе му биде гостин на Мурињо во Лисабон, и тоа на натпревар на кој Бенфика мора да брка победа по секоја цена доколку сака да има најмали шанси за пласман меѓу 24-те најдобри ...

Хрватска го презема првото место во групата 2 на Европското првенство во ракомет, откако вечерва успеа да го добие балканското дерби со Словенија во Малме. Избраниците на Дагур Сигурдсон покажаа повеќе нерви и континуитет во текот на сите 60 минути, па во ситуација кога постојано ги контролираа случувањата на теренот, на крајот заслужено стигнаа до круцијална победа. Со исклучок на почетните 0:0, Словенија само уште во два наврати имаше егал ...

Адријано последно беше доста популарен во периодот кога ја раскажуваше цела својата животна и професионална приказна во интервјуто за „The Players’ Tribune“, но како човек кој веќе некое време води тивок и скромен живот, сега повторно привлече внимание со заканата која ја испрати преку социјалните мрежи. После сите лудувања и долгогодишни проблеми со алкохолот, Адријано се обиде да се дистанцира од проблемите, но очигледно истите често знаат ...

Ханси Флик знае повремено да го измеша составот и да им даде шанса на играчи кои имаат помала минутажа, но се чини дека тоа е преретко за играчи со квалитет како оној што го поседува Рони Бардакчи. Летното засилување покажа дека неслучајно се нашол на радарот на Барселона и при секое свое излегување на теренот остава добар впечаток, но во период кога добива навистина симболична минутажа, добра шанса за него се Куп натпреварите, како и оној ...

Карлос Алкарас без загубен сет се пласираше во полуфиналето на Аустралијан Опен, а по денешниот успех над домашниот миленик Алекс Де Минор, Шпанецот доби и едно невообичаено барање од Џим Куриер. Легендарниот тенисер беше задолжен да го интервјуира Шпанецот по крајот на четвртфиналето кое понуди само еден возбудлив сет (првиот кој заврши 7:5), а во опуштената атмосфера, се реши да исполни едно барање кое му го доставиле млади момчиња во ...

Антонио Конте и Лучијано Спалети пријателски се прегрнаа и поздравија пред дербито и по крајот на истото во Торино, но додека двајцата тренери извлекуваа заклучоци од виденото на теренот, поискусниот стручњак излезе и со една невнимателна изјава. Сакајќи или не, Спалети го нарече Наполи „поранешен шампион“, а фактот што не употреби фраза во која говори за актуелен италијански шампион беше окарактеризирано како намерен вид на провокација. ...

Составот на Лос Анџелес Лејкерс издвојува победа над Чикаго Булс од 129:118 во еден од натпреварите кои рано утрово се одиграа во НБА лигата. „Езерџиите“ посакуваа победа за задржување на позитивниот тренд на резултати, цел која ја остварија пред се поради нестварниот Лука Дончиќ. Словенецот блескаше во „Јунајтед Центарот“ во Чикаго, постигна осум тројки или вкупно 46 поени на кои придодаде 7 скока и 11 асистенции. Со овие 46 поени Лука стана ...

Калчолигашот Рома има доста предизвици во наредниов период, а во истите ќе мора да влезе без улугите на стандардниот првотимец Ману Коне. Коне е незаменлив во почетната постава на Гасперини, меѓутоа сега има посериозна повреда на мускулот на десната нога и ќе мора да паузира околу еден месец. foto:x.com/OfficialASRoma Тој се повреди на дербито со Милан кое го напушти по еден час игра, а деталните медицински прегледи покажаа дека одредено ...

Барселона се подготвува за завршниот меч со ФК Копенхаген во Лигата на шампионите, но пред тоа соочување закажано за в среда во Каталонија, шпанскиот првак успеа да заврши една важна работа и обезбеди со нов договор играч кој минатото лето беше на излезни врати од „Камп Ноу“. Последните информации кои доаѓаат од Шпанија како и најдобрите инсајдери на светот кога е во прашање фудбалот се дека Фермин Лопез кажал „ДА“ за понудата од Барселона и ...

Марк Андре Тер Штеген навистина е чудно да се гледа во тим кој е во долниот дел од табелата во било кое првенство, но недостатокот на минутажа во редовите на Барселона го натера искусниот Германец да се пресели во Џирона. Тер Штеген остана во Каталонија и потпиша со соседскиот клуб до крајот на сезоната, а уште на дебито на „Монтиливи“ ја потсети јавноста дека станува збор за голман кој е светска класа. Џирона најпрво се спасуваше против ...

Емануел Пети добар дел од кариерата мина на островот каде настапуваше за Арсенал и Челси со таа разлика што далеку поуспешна беше епизодата во таборот на „топчиите“ со кои освои четири титули во сите натпреварувања во Англија. Французинот и денеска со внимание ги следи настаните во Премиер лигата, па како сите фанови го испрати дербито Арсенал-Манчестер Јунајтед каде го потврдил своето мислење за една ѕвезда на гостите од „Олд Трафорд“, ...

Манчестер Јунајтед по се изгледа го одигра најдобриот натпревар во сезоната на дерби пресметката со Манчестер Сити, но осум дена подоцна, повторно успеа да го најде патот до победата и покрај тоа што прими два гола. Тешкото гостување на „Емирејтс“ требаше да претставува уште поголем залак за избраниците на Мајкл Карик, а истиот беше успешно положен со освоени три бода, но и со три постигнати гола во мрежата на Раја. Јунајтед славеше со 2:3 и ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1002
weather icon

Белград

2ᴼ / 2ᴼ
10.29
74%
1000
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
3.09
92%
995
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
4.63
93%
1007
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.41
99%
1008
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
97%
995
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
6.69
73%
1006
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
81%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
87%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
91%
1008
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
96%
1002
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
76%
1011
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Родиум

339994.14

Алуминиум

3.09

Бакар

12.12

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Цинк

3.29

Иридиум

221848.72

Злато

157561.16

Калај

48.78

Паладиум

55781.55

Сребро

2733.78