Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Имплементирањето на ВАР системот целосно го промени фудбалот и донесе далеку помал број на неправди во светски рамки, но во ситуација кога не може целосно да се искоренат грешките, а се чека и по неколку минути да се признае гол, има поединци кои се уште сметаат дека оваа алатка не донесе позитивни нешта за фудбалот. Размислувањата се разликуваат и реалноста е дека модерниот фудбал не може да се замисли без употреба на ВАР системот, но Еден ...
Хет-трикот на Феде Валверде во осминафиналето против Манчестер Сити фрли во втор план голем број детали од дербито во Лигата на шампиони, но сепак еден дуел доби посебна анализа од респектабилен шпански медиум како „Марка“. Колку и да изгледаше неверојатно, Ерлинг Халанд при сите прекини и сите корнери на Сити беше чуван од Арда Ѓулер во првото полувреме, па во ситуација кога станува збор за двајца играчи кои исклучително многу се разликуваат ...
Пјер-Емерик Обамејанг дефинитивно е еден од играчите со доста интересна кариера, играч кој своевремено важеше за голем талент, очекувања кои не ги оправда до крај, но се избори за кариера на која можат да позавидат доста фудбалери. Тој сега е дел од Олимпик Марсеј, а во „патувањето“ беше дел и од Милан, Монако, Лил, Барселона, Арсенал, Челси, Борусија Дортмунд…екипи од највисок ранг во кој имаше можност да соработува со доста квалитетни ...
Тотенхем има очајна сезона на домашно тло, сезона која може да кулминира со нивно испаѓање од Премиер лигата што би било вистинска катастрофа за клубот од северен Лондон. „Петлите“ во моментов се над цртата со бод повеќе од градскиот ривал Вест Хем, тим кој е во зоната која води во Чемпионшип лигата во кампањата 2026/2027. Тотенхем на хартија е поквалитетен од доста екипи, но тоа што го покажува на теренот, однесување на теренот на играчите ...
Екипата на Баерн Минхен за која настапува Ненад Димитријевиќ забележа болен пораз од Анадолу Ефес на вечерашниот натпревар од 31. коло во Евролигата. Баварците имаа апсолутна контрола на играта и резултатот во првото полувреме, но по паузата се променија улогите, гостите почнаа да ја бришат негативата и на крајот се влезе во трилер завршница во која избраниците на Ласо го имаа последниот напад, топката дојде до Свајдер кој погоди тројка со ...
Од терминот 21 часот се одиграа осум натпревари од осминафиналната фаза во Лигата на Европа и Конференциската лига. Во ЛЕ, најинтересно беше на соочувањето меѓу Селта Виго и Олимпик Лион кое заврши без победник 1-1. Домаќините го добие првиот дел со погодокот на Руеда, но 55 минута домашниот напаѓач Иглесиас заработи втор жолт картон и тоа францускиот клуб го искористи и преку Ендрик се избори за реми кој е добар резултат пред реваншот во ...
Поранешниот светски рекет број еден, Јаник Синер со моќно издание избори пласман во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс. Италијанецот издоминира во соочувањето со домашниот тенисер Лернер Тиен на кого му препушти само три гејма во двата сета. Фаворитот славеше со 6-1 и 6-2 по еден час игра и со тоа закажан полуфинале со Александер Зверев. Синер води во меѓусебните дуели со 6-4, односно ги доби последните пет мечеви што јасно говори кој ...
Арманд Густав „Мондо“ Дуплантис, чудото од Шведска продолжува да поставува нови граници во дисциплината скок со стап. Овојпат 26-годишниот Швеѓанин испиша историја на свое тло во Упсала каде по 15. пат го сруши светскиот рекорд. Популарниот Мондо ја прескокна летвичката поставена на висина од 6,31 метар и повторно ги помести границите во својата дисциплина. WORLD RECORD!!!!!!! 👏👏👏 Watch Mondo Duplantis 🇸🇪 improve his pole vault world ...
Два дерби натпревари ни носи новото коло од плејофот во ракометната Суперлига, а едно од нив е соочувањето на ГРК Охрид и Алкалоид. Ова е соочување на екипите кои се наоѓаат на третата и четвртата позиција на табелата, битка за европските натпреварувања, соочување на кое искусниот Вуко Борозан гледа како финале во Суперлигата. -Ова е натпревар на сезоната. Влогот е Европска лига. Очекувам многу квалитетен натпревар, тврд, со одбрана и многу ...
Поранешниот тим на нашиот Столе Димитриевски, Рајо Валјекано оствари убедлив триумф над Самсунспор од 3-1 во првиот натпревар од осминафиналето на Конференциската лига. Шпанскиот прволигаш покажа дека е многу подобар, поквалитетен ривал од составот кој го претходната рунда ја елиминираше Шкендија, обезбеди сигурна победа во Турција и со една нога е веќе во наредната фаза. Три гола паднаа во првиот дел во Самсун, Мариус погоди за домаќините, ...
Болоња и Рома одиграа без победник 1-1 во првиот натпревар од осминафиналната рунда во Лига Европа. Ова беше соочување на кое „волчицата“ настапи без неколку важни играчи, но успеа да остане непоразена и на свој терен на „Олипико“ ќе има шанса да обезбеди билет за наредната фаза во натпреварувањето. Домаќините поведоа преку Бернардески во 50 минута, водство кое беше активно до 71 кога Пелегрини на асистенција на Мален го изедначи резултатот. ...
Барселона на крајот на оваа седмица ќе добие претседател, а во игра се досегашниот прв човек Жоан Лапорта и Виктор Фонт кој веќе долго време труди, ама не ја добива поддршката од навивачите. Секогаш кога има избори се ветуваат работи кои можат да бидат нереални што секако може да се каже за желбата на Фонт за Ерлинг Халанд. Фонт посочи дека неговиот тим се обидува да обезбеди клаузула според која Барселона би била во пол позиција за ...
Арсенал можеби не игра атрактивен, допадлив фудбал како што беше случај во минатото, но клубот од северен Лондон има моќен, квалитетен состав кој и тоа како знае да дојде до резултати и тоа што го посакува, а потврда за тоа е фактот дека во тековнава сезона се уште е во игра за сите четири титули. И покрај овие резултати, се критикува менаџерот, играчите, а последен кој се најде на мета е Виктор Ѓокереш. Швеѓанецот пристигна како огромно ...
Германската фудбалска легенда, Јирген Клинсман веќе некое време е без ангажман, но тоа не значи дека не би прифатил соодветен ангажман. Клинсман во досегашната тренерска кариера повеќе работеше како селектор и тоа Германија, САД, Јужна Кореја, меѓутоа сега би кажал „ДА“ за клупски предизвик и тоа во тимот во кој настапуваше двапати како играч, тим кој сега е во тешка позиција и може да испадне од Премиер лигата-Тотенхем. -Кој не би ја сакал ...
Екипата на Вардар 1961 со стил и убедлив триумф над Мелсунген ја заврши главната фаза во Лигата на Европа. „Црвено-црните“ во овој дел забележаа победи на три од четирите натпревари и го обезбедија првото место во групата кое води директно во четвртфиналето каде ќе ги одмерат силите со подобриот од Елверум и Монпелје. Еден од лидерите, може да се каже и главна сила на Вардар во досегашниот тек е Јака Малус кој едноставно блеска на европската ...
И понатаму останува дилема, знак прашалник дали Иран ќе учествува на престојното Светско првенство кое се игра во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Иран треба трите натпревари да ги одигра во САД, земја со која има затегнати односи по нападот кои Американеците го извршија врз нив, па иако дефинитивно се бара некое решение во кое фудбалот би победил се пореално е оваа азиска земја да не биде дел од собирот на најдобрите светски ...
Реал Мадрид оствари огрома победа над Манчестер Сити (3-0) и со една нога е веќе во четвртфиналето на Лигата на шампионите. И покрај многуте проблеми со играчкиот кадар, „кралевите“ успеаа да се надминат и за едно полувреме да го потопат премиерлигашот и да донесат голема радост на „Бернабеу“. Огромно беше задоволството кај навивачите кои по вчерашниот меч имаа блиска средба со стоперот Антонио Ридигер, па едноставно може да се каже дека беше ...
Македонскиот интернационалец, Љупче Дориев го постигна својот прв гол во новата сезона во шампионатот на Узбекистан. Тој и понатаму го носи дресот на Согдиана, тим за кој денеска реализираше носејќи ја капитенската лента на рака. Се играше судиското продолжение на првиот дел кога добие топка од Норматов по што се одлучи да шутира од прва и испрати неодбралив удар во аголот на голманот на ОКМК. Се чини при овој потег и се повреди затоа што ...
Даниел Мусовски треба да биде едно од засилувањата за македонската репрезентација во наредниов период почнувајќи со баражот за Светското првенство, но додека се чека списокот на Гоце Седлоски, офанзивецот со македонски корени потпиша нов договор со МЛС клубот-Сиетл Саундерс. Дени од 2024 година е дел од Сиетл, клуб во кој најдобрите изданија ги имаше во изминатава сезона каде постигна 18 голови во сите натпреварувања. Токму за ова беше ...
Нови натпревари се одиграа во НБА лигата, а од нив ги имаме најубавите, најдобрите моменти на денот. Најновата топ листа брои десет потези, листа која ја предводи ѕвездата на Кливленд Кавалирс, Донаван Мичел кој со мајсторски дриблинг го уништи младиот Ноа Пенда за да потоа со тројка ја комплетира соло акцијата. Нови натпревари се одиграа во НБА лигата, а од нив ги имаме најубавите, најдобрите моменти на денот. Најновата топ листа брои ...
Спортската сала наменета за универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ влегува во фаза на целосна реконструкција и со реализација на комплетниот проект, конечно ќе биде дадена на употреба на студентите на скопскиот универзитет. Во присуство на ректорот Билјана Ангелова и Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска официјално беше означен стартот на реконструкцијата, а Ристовски како претставник на владата најави конечно решавање на проблемот за ...
Антонио Касано е убеден дека Јувентус треба да го задржи Лучијано Спалети на тренерската позиција и за следната сезона, но има многу замерки за ростерот со кој располагаат „бјанконерите“. Поранешниот напаѓач смета дека на Јувентус му треба голема чистка и подобрување на квалитетот на екипата со нови имиња доведени наредниот период. – Јуве ќе има многу подобра сезона ако го задржат Спалети. – Но, тие се слаба екипа без топ фудбалери на ...
Виктор Фонт е еден од претседателските кандидати на претстојните избори во Барселона и човек кој ќе има уште еден обид да победи на изборите на кои фаворит е Жоан Лапорта. Досегашниот претседател има сериозна поддршка, но Фонт се обидува да собере доволно гласови со својот проект, во кој денеска вклучи интересна опција поврзана со Ерлинг Халанд. Фонт признал дека во моментов е невозможно да се доведе Халанд на „Камп Ноу“, посебно што ...
Фабио Капело во своето последно интервју повторно се обидел да ги лоцира главните проблеми на италијанскиот фудбал и причините зошто Серија А и нејзините клубови се потешко се носат со европската конкуренција. Искусниот стручњак потсетува дека до 2010 година сите квалитетни фудбалери сакале да играат во Серија А, а сега местата на младите италијански фудбалери се зафатени од просечни странски играчи. Капело смета дека на „чизмата“ се игра ...
Македонската машка ракометна репрезентација месецов ќе одигра контролен натпревар со селекцијата на Австрија, а селекторот Кире Лазаров денеска го објави списокот со играчи на кои ќе смета на овој дуел. Натпреварот е предвиден за време на мартовската ЕХФ недела и ќе биде добар тест за нашите репрезентативци, против ривал со кој често се среќаваме и на големите натпреварувања. Лазаров повика вкупно 19 ракометари, а единствен интернационалец е ...
УЕФА и КОНМЕБОЛ до последен момент тактизираа со домаќинот на „Финалисима“ натпреварот, но на крајот мораа да ја променат локацијата на одигрување на овој атрактивен натпревар. Наместо во Катар, соочувањето на европскиот и јужноамериканскиот шампион ќе се реализира на стадионот „Бернабеу“ во Мадрид, опција која оди во прилог и на голем број репрезентативци кои настапуваат во Европа. Шпанија и Аргентина ќе се соочат на 27. март, а покрај ...
Македонскиот атлетичар Јован Стојоски ќе биде наш единствен претставник на претстојното Светското првенство во сала, кое ќе се одржи од 20 до 22 март во Торун, Полска. Стојоски ќе настапи во дисциплината 400 метри, во која оваа сезона оствари одлични резултати во сала, потврдувајќи ја својата добра форма и подготвеност за настап на најголемата светска сцена. Неговиот настап е закажан на 20 март во 12:00 часот. Македонскиот атлетичар Јован ...
Антонин Кински се најде во несекојдневна ситуација, откако со неговите грешки на стартот на средбата меѓу Атлетико и Тотенхем му подари голови на противникот, па беше заменет од Игор Тудор среде прво полувреме. Потегот на менаџерот на Тотенхем му донесе многу критики, но и изјави за поддршка за чешкиот голман, кој сигурно никогаш нема да го заборави гостувањето на „Метрополитано“. Тибо Куртоа по вчерашниот дуел меѓу Реал и Манчестер Сити ...
Борусија Дортмунд реши да не ја продолжи соработката со Јулијан Брандт, но затоа не испушти можност да го продолжи договорот со Феликс Нмеча. Еден од најважните играчи во составот на Нико Ковач веќе ставил потпис на новиот договор, кој за него носи подобри финансиски услови, а за клубот мирно лето во кое ќе нема шпекулации за негово заминување. Нмеча се согласил на продолжување на договорот до 2030 година, две години повеќе од претходниот ...
Педро Нето призна дека погрешил со оттурнувањето на момчето кое беше еден од собирачите на топки на дуелот меѓу ПСЖ и Челси и јасно се извини за својот потег, потенцирајќи дека повеќе пати се извинил и на жртвата не неговото некоректно однесување. Инцидентот се случи пред крајот на дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите, а очекувано Португалецот предизвика и мешаница на теренот, бидејќи она што го направи ги испровоцира и домашните ...