По повод 24 мај – Денот на Светите Кирил и Методиј, Претседателот на Собранието Африм Гаши го честиташе Денот на Св.Кирил и Методиј. “Изразувам почит и благодарност кон двајцата просветители, кои со својата мисија ги поставија темелите на писменоста, образованието и духовниот и културниот развој на словенските народи. Наследството на Светите Кирил и Методиј останува трајна инспирација за зачувување на универзалните вредности на знаењето, ...

На 28 мај 2026 година, во просториите на кино салата “Мис Стон”, со почеток од 19 часот, ќе се одржи Настан во чест на ликот и делото на големиот актер Дарко Дамески. Поводот за овој настан е одбележувањето на јубилејни 55 години од добивањето на престижната награда „Златна арена“. На настанот свое обраќање ќе имаат Престедателот на Ротари клубот г-дин Орде Ѓоргијоски, раководителот на НТП ,,Војдан Чернодрински“, г-дин Михајло Миленкоски и ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, изјави дека нивното благословено и благородно дело и денес има обединувачка моќ и се смета за заедничко историско и цивилизациско наследство. “Малкумина луѓе во историјата имале чест да бидат перцепирани од многу народи и држави како апостоли и заштитници на Европа! Такви се солунските браќа, творците на глаголицата, објавувачите на ...

Државно-црковната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во чиј состав се пратениците Мицевски, Спасовски, Ќоку и Стојчевски, како и генералната секретарка Димовска, во рамки на традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“, учествуваше на Молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим. Во словото со кое заврши Молебенот, со кој чиноначалствуваше ...

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин беа утврдени сериозни повреди на законски обврски. Надзорот утврди грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги, информираат од ...

На 22.05.2026 околу 22:25 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријави дека околу 21 часот во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг. На 22.05.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.И.(50) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека околу 8 часот во семејниот дом, по претходна расправија, ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по поводот 23 Мај, Националниот ден на Власите упати честитка, во која вели дека Власите оставија и продолжуваат да оставаат небришливи траги на секое поле. “Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за јазикот, меморијата и свеста за посебниот влашки идентитет. Во влашкиот јазик, традиција и култура се вткаени вековната ...

На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Во таа насока министерот Муцунски ја нагласи потребата од изнаоѓање решение ...

Во рамки на националната кампања под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!”, научниот соработник Александар Гавриловска Брзанов, заменик национален координатор за трансплантација, упатува силна порака за поддршка на органодарителството. – Со едно „Да“ можеме да спасиме повеќе човечки животи – органодарителството не е само медицински чин, туку и морална и етичка одговорност на секој поединец. Трансплантацијата на ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши по повод Денот на Власите, во име на Собранието на РС Македонија и во негово лично име, упати најискрени честитки до сите припадници на влашката заедница. “Овој ден претставува посебна можност за афирмирање на вредностите на соживотот, меѓусебното почитување и зачувувањето на културниот и јазичниот идентитет на сите заедници. Влашката заедница била и останува важен дел од културниот мозаик на нашата ...

Светскиот ден на фудбалот на Обединетите нации, кој се одбележува на 25 мај, потсетува на една важна вистина: ФИФА Светското првенство 2026та е доказ за тоа што државите можат да постигнат преку долгорочна меѓународна соработка. Канада, Соединетите Американски Држави и Мексико заеднички ќе бидат домаќини на најголемото и најамбициозно Светско првенство во историјата, проект што ја отсликува силата на партнерството, координацијата и ...

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на биолошката разновидност под мотото „Делување локално за глобално влијание“, беше потпишан трипартитен Меморандум за соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и зоолошките градини во Скопје и Битола. Овој стратешки документ е клучниот чекор од денешниот настан, со кој се дефинира петгодишната рамка за воведување на европските стандарди. Во своето обраќање, ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши предводи државно–црковна делегација во посетата на Ватикан по повод традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“. Делегацијата предводена од Гаши која присуствуваше на Аудиенција кај папата е во состав: координатори на пратеничките Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку; Зоран Љутков, министер за култура; Марина Димовска, генерална секретарка на ...

На 21.05.2026 во 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“, со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишна осомничена за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 20 мај таа се обидела неовластено да внесе наркотична дрога – марихуана и кокаин во КПУ Затвор Идризово во Скопје додека била во посета на нејзиниот сопруг кој издржува казна во ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Баграт Тунјан, претставник на СИГМА – заедничката иницијатива на OECD и Европската Унија, посветена на тековните активности и реформски процеси во областа на јавната администрација. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на системот за Проценка на влијанието на регулативата (ПВР), подобрувањето на квалитетот на креирањето политики, јавните консултации и ...

Општина Центар го реализираше настанот „Носталгија за корзо-сеќавање за едно убаво време“, вечер исполнета со музика, игра, емоции и спомени што го вратија шармот на некогашно Скопје. Настанот започна со симболично корзо низ централното градско подрачје, а продолжи со игранка во ООУ „Димитар Миладинов“, каде граѓаните повторно ја почувствуваа атмосферата на незаборавните скопски прошетки и вечерите исполнети со музика и танцување. Во топла ...

Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид и Охридскиот театар ве покануваат на премиерата на детската претстава „Кловн“, во режија на Ѓорги Ризески, по текст на Кристина Тодороска Петреска, инспириран од „Се бара стар Кловн“ од Матеј Висниек. Претставата ќе се одигра на 24 мај 2026 година (недела) со почеток во 12:00 часот. Во претставата настапуваат актерите Андријана Тодороска Билаловиќ, Павел Маслов и Билјана ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ информираше дека изминатиот викенд државната инфраструктура била цел на сериозен и софистициран сајбер напад. Станува збор за DDoS напад насочен кон веб-страниците на Владата, министерствата и националниот портал uslugi.gov.mk, при што преку милиони барања, распределени во подолг временски период, бил направен обид да се предизвика ...

Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа. Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Македонската опера и балет и во македонската музичка култура. Ристе Велков беше еден од водечките македонски ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков е дел од македонската државно-црковна делегација која, предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши, деновиве, по повод чествувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, престојува во официјална посета на Рим и Ватикан. Според програмата, денеска делегацијата во Ватикан ќе има аудиенција кај папата Лав XIV и средба со кардиналот Пјетро Паролин, државен ...

ДУИ продолжува да го открива скриениот имот на Недим Рама, десната рака на Изет Меџити. За потсетување, иако има законска обврска, тој не пријавил никаков имот во Државната комисија за спречување на корупцијата. Во денешниот случај откриваме дека до неодамна, Недим Рама со лицето Џелал Зендели беа сопственици на компанијата ХОСТМК ЛТД ДОО Скопје, која се занимава со ИТ услуги и хостинг на веб страници. Низ годините, оваа фирма има десетици ...

НУ Албански театар за деца и млади – Скопје на 22 мај 2026 година со почеток во 19:00 часот премиерно ќе ја изведе детската претстава „Пиратот на времето“. Претставата носи авантура исполнета со хумор, музика и фантазија, отворајќи ја темата за влијанието на технологијата и виртуелниот свет врз секојдневието на децата. Преку магијата на театарот, публиката ќе ужива во интерактивна приказна за имагинацијата, пријателството и вистинската ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ЕСМ ќе вложи жалба за скандалот со мазутот во РЕК и Васко Ковачевски, изјави: „Да, ЕСМ поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и очекуваме сега Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи ...

ВЛЕН целосно застанува зад Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој за да избегне блокирање на државата заради дневна политика е принуден да влече непопуларни потези кои му ги овозможуваат Уставот и Деловникот. Без да се мешаме во состојбите во македонскиот политички блок, изразуваме жалење што СДСМ во обидот да ја врати изгубената доверба од граѓаните на дневна основа создава нови и нови политички соперници. Ваквата анти народна ...

Процесот на проширување повторно е високо на приоритетната листа на Европската Унија, доколку не се качиме на овој воз, можно е вратите со децении натаму да бидат затворени за Македонија, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната панел-дискусија во Собранието, на тема: „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации за Западен Балкан“. Филипче повика на заедничко и одговорно дејствување за продолжување на ...

На 20.05.2026 во 13:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.Д.(33) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:00 часот по расправија во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга. На 20.05.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, 38-годишен маж од Скопје пријавил дека на 18.05.2026 околу 17:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево му биле упатувани закани од неговата ...

На отворената седница на Програмскиот совет на МРТ, на која претставници на медиумската заедница и институциите разговараа за иднината на јавниот сервис, неговите развојни приоритети и потребата од суштински реформи, беше отворено и сериозно прашање поврзано со финансирањето на МРТ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од страна на претставник на медиумскиот регулатор беше посочено дека Владата, на ...

Општина Центар во соработка со Здружението на пензионери на Општина Центар вечерва, со почеток од 19:00 часот, го организира настанот „Носталгија за корзо – сеќавање на едно убаво време“. Настанот ќе започне од Плоштадот „Македонија“ со симболична прошетка низ старото скопско корзо, а потоа продолжува во салата на ООУ „Димитар Миладинов“ каде ќе се одржи свечена игранка. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати покана до ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа работен појадок со амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, и амбасадорите на земјите членки на Европската Унија акредитирани во Република Северна Македонија. На средбата, министерот Муцунски ги информираше присутните за актуелните политички и реформски процеси во државата, со посебен осврт на напредокот во исполнувањето на обврските ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.4
42%
1018
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
2.68
46%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.92
41%
1019
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.97
41%
1018
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.15
47%
1018
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
54%
1019
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
4.02
41%
1016
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.27
55%
1017
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.17
51%
1017
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
4.02
55%
1017
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
3.58
33%
1019
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 27ᴼ
4.68
41%
1017
Currency

61.6317

Currency

53.4817

Currency

71.3492

Currency

37.7153

Currency

38.3863

Currency

67.1515

Currency

7.90489

Currency

0.72592

Currency

0.33652

Currency

0.52505

Currency

1.16107

Currency

0.56326

Иридиум

253540.09

Калај

54.25

Алуминиум

3.60

Кобалт

45.39

Паладиум

38805.95

Сребро

2181.05

Рутениум

49769.36

Цинк

0.00

Родиум

258813.51

Злато

139164.58

Бакар

12.61

Платина

57067.58