Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
И оваа година, ЈП Комунална хигиена-Скопје зема активно учество во масовната акција за чистење „Генералка викенд“, што се одржа на 8 мај. Акцијата започна на Кејот на реката Вардар, опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата собираа најразлични видови на непрописно одложен отпад од брегот и пешачките патеки. Воедно, акцијата се одвиваше и во сите скопски општини каде што учесниците во посебно одредени ...
Денеска, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе ...
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најостро реагира на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри и бара истиот веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. “Донесувањето на ваков закон е ништо друго туку обид за затворање на легалните приредувачи на игри на среќа, монополизација на оваа гранка од страна на власта и поединци кои од тоа имаат голема корист и отворање на нелегалното обложување ...
„По вчерашната изјава на Тимчо Муцунски дека НАТО е феноменална работа (иако ВМРО не сакаше да гласа за тоа), сега и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека Преспанскиот договор го потврдува македонскиот национален идентитет! Дали е ова доволен доказ дека СДСМ е најдржавотворната партија? Дали сега е јасно кој се предавниците? “ – прашува лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Линк до објавата: „По вчерашната изјава на Тимчо Муцунски ...
На 13.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Х. (22) и М.И. (22) од с.Сарај, скопско, постапувајќи по пријава од А.С. на 12.05.2026 дека пред теретана во Скопје му бил одземен велосипед. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите с е идентификувани и приведени во полициска станица, а велосипедот е вратен на сопственикот. По документирање ...
На 18 мај со почеток во 20 часот на големата сцена во МНТ ќе гостува претставата „Татко“, работена според текст од францускиот писател Флоријан Зелер, во режија на Наташа Поплавска, а во продукција на Никшиќко позориште. Претставата „Татко“ е едно од најпознатите дела на Зелер и има освоено престижни награди. По истиот текст е снимен и актуелниот филм, кој освои „оскар“. Актерската екипа е: Владан Гајовиќ, Ања Дрљевиќ, Никола Васиљевиќ, Маја ...
Во врска со објавите со наслов „Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за хематологија“, Министерството за здравство најостро ги демантира изнесените наводи како целосно невистинити и неосновани. “Според информациите од стручниот колегиум на Клиниката нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту пак е утврден застој во обезбедувањето на неопходниот медицински третман. Клиниката за хематологија останува целосно посветена на ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејствија врз три девојчиња кои не наполните 15 години, со што се исполнети елементи на кривичното дело од член 188 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Последователно, од септември 2023 година до 11.05.2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата на ...
На 15 мај 2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, во Ликовната галерија при НУ ЦК „Марко Цепенков-Прилеп“ ќе биде отворена изложбата на фотографии „Маркукуле – живо“ од Ивана Темелкоска. Ова е прва самостојна изложба на авторката, реализирана со поддршка од Министерството за култура и туризам. Изложбата претставува фотографски записи од Маркукуле, создадени низ различни временски периоди и атмосфери, како резултат на долгогодишно и ...
За да им се олесни изборот на деветтоодделенците при уписите во средно образование, Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование со поддршка од Швајцарската амбасада подготвија онлајн водич за квалификации – www.kvalifikacii.crso.gov.mk , кој ќе им овозможи да донесат информирана и правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат и понатаму да работат. На денешната промоција на водичот, ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ја посетија Градската општа болница „8 Септември“ по повод завршени градежните работи за реновирање седум операциони сали со вкупна површина од 2 илјади квадратни метри. Операционите сали се наменети за повеќе различни специјалности, како што се: абдоменална хирургија, урологија, ОРЛ и очна хирургија. -Денес зборуваме за проект кој ...
На 14 мај (четврток) 2026 година, со почеток во 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот културно-информативниот центар во Софија ќе биде отворена самостојната ликовна изложба „Дамки“ од македонскиот уметник Перо Кованцалиев. Изложбата „Дамки“ е составена од серија цртежи и објекти од проектите „Капиталистичка авантура“, реализиран во 2020 година во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје (галерија „КО-РА“), и „Политичка лиричност“, ...
Додека НАТО и Европската Унија отворено предупредуваат за хибридни закани, руско влијание и „српски свет“ во Западен Балкан, Мицкоски и неговата криминална група продолжуваат да ја туркаат Македонија во изолација и странски агенди, реагираат од СДСМ. Вицепремиерот Стоиљковиќ, прв соработник на Мицкоски, јавно се фали со врските со Русија и „Ноќните волци“ на Путин. Главниот уредник на Орбановите медиуми во Македонија, Драган Павловиќ Латас, ...
Утре, на 14 мај, со почеток од 18.30 часот, во бистрото Комедија ќе се одржи промоција на романот „Јета“ од Ивана Трајаноска. Романот низ разговор со авторката ќе го промовира Олгица Крстеска. „Јета“ е објавен кон средината на април како книга бр. 249 во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или. Дизајнот на корицата е на Соња Станковска. Јета е роман што длабоко навлегува во прашањата на мултикултурализмот, интеркултурализмот, ...
Во услови кога цените секојдневно растат, платите не стигнуваат ни до половина од месец, а народот сѐ потешко го поминува месецот, најновите податоци за инфлацијата уште еднаш покажуваат дека економската состојба воопшто не изгледа на “четврта економска сила во Европа”, како што се обидува да прикаже Мицкоски. Наместо состојбата де се стабилизира, граѓаните повторно се соочуваат со нов бран поскапувања, особено кај храната и основните ...
По повод 25-годишнината од СОС Детско село, во соработка со театрите низ Македонија се реализира хуманитарната иницијатива „Театрите за СОС Детско село“, под мотото „Сцената што менува животи“, преку која, секој купен билет претставува директна поддршка за децата и младите. Македонскиот народен театар со особена чест се приклучува кон оваа значајна акција, а на 19 мај, на малата сцена во МНТ ќе биде изведена претставата „Торонто експрес“, ...
Службите на Општина Центар спроведуваат интензивна пролетна акција за косење трева со цел да се обезбедат чисти, уредени и прегледни зелени површини на подрачјето на целата општина. Екипите на ПОЦ денови косеа во Капиштец, Дебар Маало, Пролет, спроти Веро, парк Франкофонија, кај „Агромеханика“, Градски ѕид, Водно, и општинските училишта. Денеска службите се на терен на Кале, а во наредните денови активностите продолжуваат во населбата ...
Владата на вчерашната седница го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри кој ќе биде испратен до собрание. “Со ова се започнува нова, посериозна и поодлучна фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите кои со години нанесуваат штета врз граѓаните, особено врз младите, децата и семејствата. Фокусот на овој закон е јасен заштита на децата, ...
Вечеравечер во населбата Козле бил забележан волк кој бил чуван како домашен миленик и на себе имал синџир и каивче, објавија од ЗОО Скопје. По пријава од загрижени граѓани, на местото интервенирале од МВР, а веднаш потоа пристигнале и од стручната служба од ЗОО Скопје и претставници од градот Скопје, па волкот бил успешно и безбедно заловен. “Во моментов волкот е безбедно транспортиран до градината, а ЗОО Скопје ќе го згрижи и ќе му ...
Поминаа 48 часа од скандалозната изјава на пратеникот на ДУИ, со која директно беа навредени нашите стратешки меѓународни партнери, а од ДУИ нема ниту дистанцирање, ниту извинување, ниту било какво појаснување. Овој молк не е случаен. Молкот на ДУИ е политичка потврда на нивниот антизападен менталитет, реагираат од ВЛЕН. Кога се напаѓаат Соединетите Американски Држави и Европската Унија, секој политички субјект што тврди дека е прозападен би ...
На 11.05.2026 во 19:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички. Настанот во полициска станица го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Јавната установа – ...
На 12.05.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријави дека на 07.05.2026 околу 02:00 часот на подрачјето на општина Гази Баба, нејзиниот сопруг Д.Ј. од скопско, со кого не живеат заедно, физички го нападнал нивниот 13-годишен син, додека бил кај него. На 11.05.2026 во 10:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.Д.(52) од Скопје, по претходна пријава дека на 10.05.2026 околу 02:30 ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на СОС Детско село Македонија по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и работата на организацијата. Таа упати честитки по повод значајниот јубилеј до вработените, соработниците и поддржувачите на организацијата, посакувајќи им понатамошен успех во остварувањето на стратешките приоритети. Соговорниците ја запознаа претседателката со досегашните ...
Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Азби Агуши, анестезиолог од ТОАРИЛУЦ и болнички координатор за трансплантација, апелира за важноста на донирањето органи. -Говорејќи за трансплантацијата на органи, мојата порака е да се поддржи овој процес, не поради фактот што има потреба здравствениот систем, туку пораката е да ја поддржиме трансплантацијата, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека секојдневно се разобличуваат лагите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ. „Апсолутно не им се верува, секој ден се гледа како ги разобличуваме нивните лаги. Едно збореа до изборите 2024 година, друго зборуваат сега. Како викаше, на Никола Груевски судските процеси биле местени, сега треба да иде у затвор. Па кој е Христијан, вистинскиот Христијан? Тој што го збореше тоа или ова сега?“ ...
Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија. Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од ...
На денешната јавна расправа за Предлог-законот за пробација, министерот за правда Игор Филков истакна дека новото законско решение претставува значаен чекор кон воспоставување современ, поефикасен и поправеден систем за извршување на санкциите и примена на пробациските мерки. Со законот се зајакнува улогата на пробациската служба и се унапредува организациската поставеност на системот за извршување на санкции. „Со ова законско решение ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за Euronews вели дека Северна Македонија останува цврсто посветена на европскиот пат и покрај предизвиците и застојот во процесот на европска интеграција. Во интервјуто, министерот Муцунски нагласи дека државата не ја гради својата проевропска ориентација само преку политичка реторика, туку преку конкретни политики и вредности што се спроведуваат во ...
Шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој одработува за Филипче, Заев и Ахмети, односно за СДС и ДУИ, донесе контраверзна наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вреден 167 милиони евра. Ислам Абази, соседот на Али Ахмети од Зајас, си ја одработува добиената функција шеф на ОЈО ГОКК, и по насока на триото Филипче, Ахмети и Заев, донесе одлука да се запре судска постапка во која ...
На 11.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Д. (27) од Скопје, затоа што на 11.05.2026 околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во движење пукал во воздух со сигнален пиштол. Со Ф.Д. е извршен службен разговор и од него е одземен сигнален пиштол со една рамка во која имало 11 парчиња муниција за сигнален пиштол со калибар 9 мм, за кој не ...