Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
На 11.05.2026 во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман. Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција. ...
Градоначалникот Сотир Лукровски се повлекува, затоа не сака да потпишува документи поврзани со бизнис интересите на Мицкоски и неговата група. Документи кои можат да значат лична кривична одговорност поврзана со сомнителни новоградби, легализација на дивоградби, финансиски трансфери и фаворизирање фирми. Градоначалникот Сотир Лукровски исчезна токму кога на граѓаните им е најпотребна одговорна и присутна локална власт, изјави денеска Панче ...
Оваа година ги одбележуваме 35 години независност од македонската држава. Јубилеј кој претставува историска точка што нè обврзува со достоинство, визија, но и одговорност да ја раскажеме приказната за државата низ културата, уметноста и современиот национален израз. Токму затоа, цениме дека на овој голем државен јубилеј му е потребен и голем, репрезентативен и долгорочно значаен проект. Проект кој за нас и за целата држава нема да биде само ...
Македонија ќе биде дел од програмата на „2. Филмски денови на Бејоглу“ (2. Beyoğlu Film Günleri) во Истанбул преку проекција на дигитално реставрираните филмови на браќата Манаки – првите сниматели на Балканот. Проекцијата ќе се одржи на 13 мај 2026 година, со почеток во 16 часот, во киното „Бејоглу“ (Beyoğlu Sineması) во Истанбул, во организација на Македонскиот културен центар во Истанбул и Кинотеката на Македонија. Публиката ќе има ...
Во рамките на годишната едукативна програма на Националната галерија на Македонија, од 11 мај до крајот на мај 2026 година во Даут-пашиниот амам ќе се одржи третото издание на наградната едукативна игра „Лавиринт на уметноста 3“ под мотото „Каменот на знаењето“. Преку интерактивен и современ пристап, проектот овозможува запознавање со уметноста и културното наследство преку игра, истражување и решавање едукативни задачи, наменети за ...
По спроведена едногодишна истражна постапка, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Од прибраните докази не се утврди дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаа на товар, ниту е утврдено постоење на друго кривично дело што се гони по службена ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика младите центарци да се пријават за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Тој посочи дека интересот за оваа мерка е зголемен и дека субвенциите претставуваат значајна поддршка за младите и нивните семејства. „Ме радува што годинава имаме зголемен интерес за оваа мерка. Субвенциите не се само олеснување за семејниот буџет, туку и вистински чекор кон ...
Од утре, 13 мај, Градскиот парк во Скопје, на локацијата „Школка“, повторно ќе биде центар на добрата енергија, врвното македонско вино, богатата гастрономија и квалитетната музика, со почетокот на јубилејното 15. издание на фестивалот „ВИНОСКОП 2026“. Фестивалот, кој се организира под покровителство на Град Скопје, ќе трае пет дена, до 17 мај 2026 година, и ќе понуди богата програма за сите љубители на виното, музиката и урбаното дружење. ...
Чаевите и препаратите за слабеење кои се продаваат преку интернет или со агресивен маркетинг често содржат непроверени состојки и можат да предизвикаат сериозни здравствени последици, особено доколку се користат без стручен совет. Ова беше потенцирано на вчерашната едукативна работилница за учениците од кратовското средно училиште Митко Пенџуклиски, на тема „Електронска трговија на храна, медиумска промоција и рекламирање на храна, додатоци ...
Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата што ќе важат од полноќ. Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 85,00 (денари/литар) Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 86,50 (денари/литар) Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 89,50 (денари/литар) Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 94,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС – 49,968 (денари/килограм) Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на ...
Учениците од ООУ „Дане Крапчев“ од Скопје постигнаа историски успех освојувајќи го второто место во светот на престижниот меѓународен натпревар „FIRST LEGO League“, во категоријата роботска игра. Тимот „Осетра“ ја претставуваше Македонија меѓу екипи од 55 држави и повеќе од 1.000 ученици од целиот свет, а со освоени 525 бода успеа да се искачи на самиот врв на светската сцена и да го привлече вниманието на присутните. “ЦЕЛ СВЕТ СОНУВА-НИЕ ...
Со блескаво отворање, во саботата започнаа 54. Мајски оперски вечери, претворајќи ја сцената на Националната опера и балет во место каде што музиката, емоцијата и уметноста зборуваат со најсилен глас. Традиционалното палење на фестивалскиот оган годинава го направи нашата светски реномирана оперска дива Ана Дурловски, со многу емоции на сцената, со бурни аплаузи и со воодушевување од публиката. Годинашното отворање ќе остане запаметено ...
Во текот на изминатите два дена (09/10.05.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1433 издадени платни налози, 861 прекршок се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишено од слобода за безобѕирно управување на возило е 21 лицe, од кои пет за возење под дејство на алкохол, 11 за ...
Во фокусот на работната средба беа клучните стратешки определби на компанијата: извозната ориентација, капиталните инвестиции, вложувањата во едукација, примената на ESG-стандардите, проектите за општествена одговорност и долгорочната посветеност на одржлив раст и глобална пазарна диференцијација. Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. Амбасадорот Метју Лосон, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД ...
Во градинките во општина Аеродром се одржа серија едукативни и креативни работилници за правилно селектирање отпад, наменети за деца од предучилишна возраст. Под мотото „Малите еко-херои за чиста иднина“, компанијата „Еуро-Екопак“ како колективен постапувач за отпад од пакување, преку игра, разговор и уметност ги доближи до најмалите основните навики за грижа кон природата и животната средина. Работилниците се одржуваа минатата недела, ...
Филипче во последно време стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии. Тој уште пред да се формира новата влада во Бугарија, се обидуваше да се продаде и почна отворено да говори дека е спремен да направи уставни измени без гаранции. Во континуитет се засилија неговите ставови за уставните измени, па откако се формираше новата влада уште истиот ден почна да коленичи пред Радев, се наведува во соопштението на ...
После распадот на ЗНАМ, напуштањето на претеникот Цеков и советничката во Прилеп, започнува распад и во самата ВМРО-ОКГ, се наведува во реакцијата на СДСМ. Криминалната организација на Христијан Мицкоски е зафатена од сериозни внатрешни конфликти, фракции поврзани со Никола Груевски, внатрешна чистка со отстранување на сите потпретседатели, заминување на градоначлникот Сотир Лукровски. Очигледно е дека Лукровски не сакал да биде дел од шеми ...
На 09.05.2026 во 22:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.С.(49) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата мајка. На 09.05.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(34) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата сопруга. На 09.05.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Б.(40), постапувајќи по претходна ...
Изложба КЕН ФРИДМАН 92 настани + 1 со Ѓоко Муратовски, во Музеј на современата уметност – Скопје, 13 мај – 10/07 2026 Куратор: Владимир Јанчевски, Продуцент: Љупчо Иљовски, Креативен директор: Ѓоко Муратовски Дизајн и подготовка за печат: Илиана Петрушевска. Технички соработник: Јордан Арсовски, Координатор: Бесник Емини Музејот на современа уметност во Скопјe организира значајна изложба на која ќе биде претставено творештвото на Кен ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Брисел учествува на Советот за надворешни работи на Европската Унија, со кој претседав високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Во изјава дадена пред почетокот на Советот, министерот Муцунски истакна дека проширувањето е императив и за Европската Унија и за земјите кандидати, нагласувајќи дека станува збор за тоа ...
ВЛЕН изразува разбирање за паниката во ДУИ, која произлегува од новата политичка реалност. На 9 мај се потврди спротивното од она што се пропагираше две години: ВЛЕН не само што не се распадна, туку се обедини во единствен политички субјект. Пет партии во заедничка структура претставуваат историско достигнување и нова, поконсолидирана политичка сила. Во овој контекст, и обидите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за обединување на партиите од ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод одбележувањето на националната и европската недела на медицински сестри и акушерки, ја истакна клучната улога на медицинските сестри, техничари и акушерки како јадро на здравствениот систем – од превенција и дијагностика, до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства. -Министерството за здравство е посветено на зајакнување на човечките ресурси во јавните здравствени установи, при ...
Над 2000 учесници од 16 земји беа дел од 10. јубилејно издание на трката, која уште еднаш го претвори главниот град во центар на спортот, енергијата и заедништвото. Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски од АК „Скопски маратон“ триумфираше со нов државен рекорд на 10 км на пат, постигнувајќи време од 29 минути и 34 секунди во машка конкуренција на 10. јубилејно издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10км, соборувајќи ...
Под мотото „Фолклорот како живо наследство“, Општина Центар организираше културно-едукативен настан во Паркот на Франкофонија, со настапи на Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“ и фолклорните групи од Детскиот културен центар – Карпош. Играорците, пред публиката, се претставија со богат репертоар од разновидни ора, народна музика и раскошни македонски носии, создавајќи атмосфера на поврзаност и заедништво. Градоначалникот Горан ...
Од 5 до 12 јуни 2026 година, Прилеп ќе биде домаќин на јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој годинава ќе се одржи под мотото „Храбриот нов театар“. Фестивалот ќе понуди десет претстави во официјалната и четири во придружната програма, како и работилници, изложби и тематски настани. Темата на годинашното издание е „Кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот“, а ...
Институтот за јавно здравје извести дека ја следи состојбата поврзана со пријавениот мултинационален кластер на случаи на инфекција со хантавирус поврзан со патување на крузерот MV Hondius во регионот на јужниот Атлантски Океан. „Според информациите објавени од Светската здравствена организација (WHO), Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) и националните здравствени власти на засегнатите земји, досега се регистрирани 8 ...
Со денешната прес-конференција официјално започна шестото издание на националната еко-акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026, која ќе се спроведува во 80 општини, на повеќе од 500 локации низ целата земја од 8 до 10 мај. Овие еко-акции се организирани од Мен енд Маунтен, со поддршка од нивните официјални партнери: Пивара Скопjе, Пакомак, Нула Отпад, Макстил, ЕВН, ИУТЕ, Заубермахер, КАЗ Груп и Шпаркасе Банка и во соработка со општините и Црвениот Крст. ...
„СДСМ му честита на Румен Радев за изборот за премиер на Република Бугарија. Се надеваме дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Северна Македонија, со цел градење добрососедски односи кои ќе бидат во интерес на граѓаните и на двете држави, без какво било загрозување на македонскиот национален идентитет, јазик и култура. Македонија е цврсто определена за европска иднина. Единствениот пат е патот на ЕУ ...
Народното собрание на Бугарија денеска ја изгласа новата влада на Румен Радев, со 124 гласа „за“, 70 „против“ и 36 „воздржани“. Румен Радев официјално го доби мандатот за составување нова бугарска влада. Мандатот денеска му го врачи потпретседателката Илијана Јотова. Владата положи заклетва, а потоа беа интонирани националните химни на Бугарија и на Европската Унија. Народното собрание на Бугарија денеска ја изгласа новата влада на Румен ...
Во недела Скопје повторно ќе живее во знакот на спортот, енергијата и натпреварувачкиот дух. На 10 мај, со почеток во 9.00 часот, ќе се одржи HalkEco Skopje Run 10К – меѓународна атлетска трка која и оваа година ќе ги обедини домашните и странските натпреварувачи, рекреативците и љубителите на активниот начин на живот. Стартот и целта на трката ќе бидат поставени на бул. Илинден, во близина на фонтаната „Лотус“, а трасата ќе се движи по бул. ...