Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Македонскиот игран филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума ќе ја има својата светска премиера на престижниот Трибека фестивал во Њујорк, кој ќе се одржи од 3 до 14 јуни. Филмот е селектиран во категоријата International Narrative Competition, главната меѓународна натпреварувачка програма на фестивалот, со што ќе биде претставен пред светската филмска јавност, професионалците од индустријата и публиката во Њујорк. ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, гостуваше во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија, каде говореше за европската интеграција на државата, односите со Бугарија и очекувањата од претстојните разговори со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Во контекст на посетата на Кошта, министерот Муцунски изрази очекување во фокусот на разговорите да бидат реформската агенда и евроинтегративниот ...
Власта да распише Референдум, граѓаните да одлучат за европската иднина на Македонија, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, потенцирајќи дека власта има обврска да им овозможи на граѓаните да се изјаснат за европската иднина на државата. „Власта има обврска да распише референдум, затоа што нема право да го запре европскиот пат на земјата, затоа што излажаа дека ќе обезбедат подобра преговарачка позиција и никогаш не кажаа дека ќе го ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во официјална посета на Република Словачка. Утре во Братислава, претседателката ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини. Предвидено е претседателите да одржат тет-а-тет средба, по што следи пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на ...
На 31.05.2026 во 21:15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.П.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека од 23:00 часот на 29.05.2026 до 07:00 часот на 31.05.2026 без негова согласност и со употреба на сила држел негов 36-годишен познаник од Куманово во својот дом. Според пријавеното, во тој период Д.П. повеќе пати физички го напаѓал лицето, го принудувал орално да го задоволува и го принудувал да користи ...
Општина Чаир денеска официјално ќе го отвори новото издание на традиционалната манифестација „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма посветена на културата, уметноста, традицијата и промоцијата на општествените вредности. Отворањето на манифестацијата ќе биде одбележано со тридневната програма „Денови на децата“, која ќе се реализира од 1 до 3 јуни во Старата чаршија, на Плоштадот Скендербег и во дворот на Мурат-пашината џамија. ...
Централното собрание на ВЛЕН ја одржа првата седница по формирањето на партијата. На седницата се разговараше за актуелните политички случувања, приоритетите за наредниот период, како и за натамошното јакнење на партиската организација. Една од темите на дискусија беше и реконструкцијата на Владата. Во таа насока беше отворена дебата за перформансите на носителите на јавни функции, со цел евентуалните промени да придонесат за поголема ...
Градот Скопје ја реализираше втората авионска фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на територијата на градот. Активностите беа спроведени во раните утрински часови, согласно предвидената програма, законските обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје. Во текот на утрешниот ден ќе биде реализирана и третата фаза од авионската ...
Во Скопје беше отворен 4. Форум за културна дипломатија „Скопје 2026“, кој годинава се одржа на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се обрати на тематската сесија „Визија за иднината: Скопје 2028 и моќта на креативноста“, што се одржа во Музејот на Град Скопје, при што ја истакна улогата на културата како суштински двигател на современото ...
Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни. Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари ...
Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника за урологија и научен советник на Медицинскиот факултет во Скопје, апелира за подигнување на свесноста за значењето на органодарителството. Видео-обраќањето на д-р Ивановски е во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“. “Сакам да апелирам до целата македонска јавност, до сите етнички заедници, во ...
Министерството за здравство продолжува со интензивна реализација на стратешките капитални проекти кои ќе ја трансформираат здравствената инфраструктура во целата земја. Овие активности беа детално презентирани на 10-тиот состанок на секторската работна група за здравство. „Нашата визија е многу јасна, а тоа е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. Инвестицијата во ...
Претседателот на издавачката куќа TOENA и поранешен пратеник во Собранието на Република Албанија, Фатмир Точи, упати јавна покана до граѓаните да го посетат првиот Албански саем на книгата во Скопје, кој ќе се одржи од 4 до 7 јуни на Плоштадот Скендербег. Во својата порака, Точи ја оценува организацијата на овој саем како настан од особено значење за албанскиот културен живот во Северна Македонија, нагласувајќи дека книгата останува ...
Од страна на полициски службеници од Регионалниот центар Запад, приведени се четири лица од Република Албанија кои биле затекнати при вршење незаконит риболов во водите на Преспанското Езеро, во период кога е во сила активна забрана за риболов. Од извршените проверки било констатирано дека лицата нелегално ја преминале државната граница. На местото на настанот бил пронајден крап со вкупна тежина од околу 60 килограми. По целосното ...
Утре (29.05.2026) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Бутелска“, потоа лево по улицата „Александар ...
На 27.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје 51-годишна жена пријави дека на 26.05.2026 околу 00:30 часот во кругот на здравствена установа на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер С.Р.. На 27.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж пријави дека на 25.05.2026 околу 21:00 часот во домот на подрачјето на Центар со остар предмет бил нападнат од неговата сопруга С.С. со која биле во бракоразводна постапка. ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на први и втори јуни, понеделник и вторник, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за ...
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи упати две прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која и на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања не беше присутна да одговори на растечкото државно задолжување, динамиката на јавниот долг и најавите за нови кредитни аранжмани во услови кога долгот веќе се приближува до ниво од околу 11 милијарди евра. Битиќи потенцираше дека има дополнителни најави за нови ...
Општинските служби продолжија со акција на темелно чистење и уредување на јавниот (урбан) простор на плоштадот „Млечен“, во урбаната заедница „Владо Тасевски“. Во рамките на акцијата се посадија нови нискостеблести растенија, а ќе се изврши миење и дезинфекција на клупите, ќе се кастрат и дрвјата, сè со цел плоштадот „Млечен“ да добие подобар естетски изглед, нов сјај и подобра прегледност на амбиенталниот простор, но и ќе се исчисти целосно ...
По повод Денот на менструалната хигиена, 28 мај, dm drogerie markt го продолжува проектот „Никогаш повеќе сама“ со фокус на едукација, отворен разговор и директна поддршка за младите девојки и студентки. Во текот на мај, Бести, најдобрата другарка, поддршка и глас на младите девојки во рамки на проектот, заедно со прим. д-р Искра Дукова, специјалист по гинекологија и акушерство и дел од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека во Законот за правична застапеност не се важни процентите, туку квалитетот и затоа очекува поддршка од сите пратеници и посочи дека државата се гради кога се поддржуваме едни со други, додека во однос на правосудниот испит вели дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, но некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го ...
Вечерва на 28 мај, со почеток од 20 часот, во Македонската филхармонија како солист ќе настапи виолинистот Шкељзен Доли од Албанија, а диригент е Михаил Мачиашчек од Полска. Популарна програма со најпознатите дела од музичката класика! Ги слушаме “Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди кои ќе не поведат на живописно и колоритно музичко патување низ природата, и Симфонијата бр. 40, една од најпознтите во богатиот опус на неповторливиот ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија говореше за новиот правилник и ценовник на Јавното претпријатие за паркинзи на Општина Центар, истакнувајќи дека целта е подобрување на условите за паркирање, поголем ред и фер пристап за сите жители. Герасимовски посочи дека Центар е најфреквентната општина во државата, со огромен број возила кои секојдневно доаѓаат и транзитираат ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи. Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна ...
Во Никшиќ, од 16 до 20 мај 2026 година, се одржа основачкото собрание на меѓународната социјална задруга на визуелни уметници O.U.R. COOP, со што беше формализиран повеќегодишниот процес на развој на една од најамбициозните иницијативи за колективно организирање на уметници во регионот и Европа. Задругата е основана во рамките на проектот Shared Visions, поддржан од Европската Унија преку програмата Креативна Европа. Во текот на петдневната ...
Владата го одби предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче за организирање на референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за ЕУ интреграцијата. “Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада. ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вечерва беше гостин во студиото на Дневникот на Сител телевизија, каде информираше за состојбата по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде беше евидентирано свлечиште и оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат. Герасимовски истакна дека веднаш по инцидентот свикал итен кризен состанок, на кој ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски учествуваше на настанот „Мерење на иновациите за одржлив и паметен раст“, организиран од Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ) и Фондацијата Конрад Аденауер, каде во фокусот беше презентацијата на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан. Во рамки на панел-дискусијата посветена на иновациските политики и дигиталната трансформација, Андоновски истакна дека ...
На 26.05.2026 околу 21:00 часот во СВР Скопје, Н.Ѓ.(34) пријави дека во село во општина Зелениково, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот свекор В.Ѓ.(65). На 26.05.2026 во 21:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.К.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 33-годишна сестра и искршил дел од ...
Македонскиот национален ансамбл „Танец“ и хрватскиот ансамбл „Ладо“ ова лето ќе одржат два ексклузивни заеднички концерти под наслов „Една ноќ под ѕвездите“. Настапите ќе се реализираат на 8 јули на Античкиот локалитет Хераклеја во Битола и на 10 јули во Националната опера и балет во Скопје. Публиката ќе има ретка можност да ужива во спојот на македонскиот и хрватскиот фолклор, преку врвни изведби, традиционална музика, моќни вокали и ...