Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Цело СДС, вмровски град. Ова е најкусата шегобијна констатација по денешната изјава на поранешниот скопски градоначалник ПШ, пишува Курир. Имено, ВМРО-ДПМНЕ испадна најголем работодавец и стопан на сите во СДС. Ова е факт кој произлегува по најновата изјава на Петре Шилегов, кој откако Венко Филипче вчера го исклучи од партијата посочувајќи дека Петре работи за ВМРО-ДПМНЕ, сега Шилегов обвини дена не ТОЈ, туку ВЕНКО одработувал за кој друг – ...
Дебаклот на протестот организиран од СДС и ССМ докажа кој реално мисли и помага на граѓаните. Таканаречениот синдикален протест организиран од ССМ, а технички и логистички од СДС, граѓаните не го поддржаа затоа што на сите им е јасно дека ова е само еден очаен обид за спас на СДС и политичко профилирање на Трендафилов, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ која МИА го обавува интегрално. Протестот во саботата ...
Поранешниот скопски градоначалник и пратеник од редовите на СДСМ, Петре Шилегов, денеска изјави дека во согласност со партискиот статут, исклучување на член извршува општинската организација вго која тој припаѓа и го повика лидерот на партијата Венко Филипче, доколку сака да спроведат таква иницијатива, да дојде во организацијата во Карпош за да разговараат со членството за кое рече дека ќе се потруди да биде многубројно како за неговото ...
Во контекст на злоупотребата на психотропни супстанци и обелоденувањето на ликовите од СДС кои ги конзумирале чие обелоденување најави токму Петре Шилегов, денеска „лидерот“ на партијата во распад настапи со една, за него веќе позната небулоза, пишува во својата анализа Курир. По којзнае кој пат во неговата куса кариера како прв човек на СДС, Венко денеска пак ги стави во погон лажните анкети. Ова е лоша навика на Филипче, кој во неколку ...
Додека целата македонска јавност е сведок на модернизацијата во одбраната, а буџетот во овој сектор го достигна историскиот максимум, се чини дека само на поединци не им одговара оваареалност. Пред неколку дена министерот за одбрана Владо Мисајловски направи увид во тековните градежни активности во касарната „Јане Сандански“ во Штип, кои се реализираат со цел подобрување на условите за припадниците на Армијата. Проектот опфаќа сеопфатна ...
Регионалната сензација Јаков Јозиновиќ ја најави својата турнеја за 2026 година „Ја за чуда летим“, во чии рамки тој за првпат ќе настапи во Скопје – на 9 април во Арена „Јане Сандански“! Неодамна Јаков ги објави и своите први два сингла „Поље ружа“ и веќе најслушаниот хит во целиот регион „Ја волим“ кој само за нешто повеќе од еден месец на YouTube оствари скоро 11 милиони прегледи. Со овие изданија Јаков го најави новото поглавје во ...
Повеќе од 30 часа горела главната пералница на американскиот носач на авиони „Џералд Р. Форд“, пренесува весникот „Њујорк тајмс“ изјави на морнари од екипажот и официјални претставници на американската власт. Според весникот, повеќе од 600 члена на екипажот останале без кревети во спалните одаи на бродот, двајца морнари биле хоспитализирани поради полесни повреди, а десетици имале проблеми поради вдишување чад. Официјалните информации говорат ...
Клубовите за врескање, каде што луѓето се собираат за да врескаат како вид терапија за ослободување од стрес, стануваат сè попопуларни во САД, пренесуваат тамошните медиуми. Ограноците од „Клубот за вресок“ (Scream Club) во Сиетл и Чикаго споделија дел од своите сесии. Имено, групата луѓе којашто се собира во Западен Сиетл велат дека врескањето ги ослободува од нивните фрустрации, на пр. поради неодамнешно губење на работата, или стресот од ...
Она што го предупредуваше ДУИ веќе се случува. Нема никаква интервенција од Владата за да се заштити животниот стандард на граѓаните, оставајќи ги на милост и немилост на случувањата. РС Македонија во моментов функционира без функционално Министерство за економија, во време кога се очекува значително зголемување на цените на основните производи, на трошоците за транспорт и, воопшто, поскапување на животот за граѓаните, се вели во соопштението ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска најави дека во Собранието ќе поднесат пакет-закони со цел грѓаните полесно да ја надминат кризата по последните случувања на Блискиот Исток. Тој денеска на прес-конференција најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе закон за намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 5 отсто за горивата, закон за намалување на акцизата за четири денари, закон за укинување, односно нула отсто ДДВ за основните ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција во партиското седиште, појаснувајќи ја одлуката на Извршниот одбор за иницирање постапка за исклучување на Петре Шилегов од членство во партијата, изјави дека таа е донесена со консензус откога, по сите нивни проверки и информации, заклучиле дека станува збор за процес за одработување за ВМРО-ДПМНЕ и обид за внатрешна поделба на партијата. – Точно е дека се почитувало и се ...
Американската армија синоќа соопшти дека од почетокот на конфликтот со Иран досега има околу двесте ранети војници од своите редови, од кои десеттина со тешки повреди. Портпаролот на американската воена команда во регионот, Тим Хокинс, изјави дека десет од повредените се категоризирани како „тешко ранети“. Тој во објавата на платформата „Икс“ посочи уште дека повеќе од 180 од повредените имале лесни повреди и дека веќе се вратени назад на ...
Законските процедури за добивање лиценца, обврските при склучување договори за обезбедување, како и овластувањата на работниците при контрола на влез и присуство на малолетници во објекти, се во фокусот на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, на кое во својство на сведок – технички советник, сведочеше Верица Милевска-Стефановска, претседател на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување. На прашања на ...
Албанскиот парламент, со 79 гласови „за“ од владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници. Документот, како што претходно изјави премиерот Еди Рама, предвидува дека по одобрувањето во Парламентот, албанската Влада ќе преземе итни чекори за да ги прогласи Иранската револуционерна ...
Не се согласувам со колегите што го предложија куќниот притвор за Груби затоа што сметам дека не е доволен за осигурување непречено водење на кривичната постапка, а за предлагање притвор по другата законска основа сè уште не е доцна, вели во интервјуто за МИА обвинителката од Хрватска, Јулијана Кенинг, која има 32-годишно искуство. Таа има неколку клучни совети и за новиот државен обвинител Ненад Савески за тоа како да почне да ги решава ...
Запален е автомобилот кој го управувал градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, а во сопственост на неговата сопруга Фатима Османовска. Полицијата рано утрово добила пријава за опожарено возило на подрачјето на Шуто Оризари. -На 17.03.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.О.(37) од Скопје. Според пријавеното, ...
Откако СДСМ вчера на торжествен ден на жалост во кој Макеоднија се сеќаваше на 63-те ангели од Кочани синоќа соопшти дека Извршниот одбор на партијата донел одлука да почне постапка за исклучување на Петре Шилегов, поранешниот скопски градоначалник, пратеник и екс висок функционер на СДСМ. Тој за ова слушна во емисија во живо. Шилегов рече дека од почит кон денот на трагедијата во Кочани синоќа нема да дава политички изјави. „Утре ќе го имам ...
Во гостување во емисијата „За или Против“, министерот за одбрана Владо Мисајловски посочи дека државата е во постојана координација со сојузниците во НАТО и дека безбедносните служби редовно разменуваат информации со партнерските земји. Според него, во моментов нема индикации за директна закана по безбедноста на државата, но институциите остануваат внимателни и подготвени да реагираат доколку се појават ризици. „Членството во НАТО претставува ...
Од денеска граѓаните ќе можат директно да летаат од охридскиот аеродром до Братислава, а веќе од 29 март од Охрид до Милано. Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Од денеска, 17-ти март, граѓаните директно можат да летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава. Веќе од 29-ти март ...
Уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје се очекува да се реализира денеска. Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати во неделата ги извести сите македонски држајани кои во моментов се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, дека во вторник ќе се реализира уште еден лет. – Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна ...
Собранието утре треба да се изјасни за предлогот Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител. Савески, кој моментно е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, а за да ја добие функцијата, потребни му се најмалку 61 пратенички глас. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски, а по спроведената постапка, во која учествуваа петмина кандидати. Ненад ...
Полицајците од Килкис уапсија едно лице кое беше фатено како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 110 километри на час, информираа од регионалната полициска дирекција на северна Грција, а според грчките медиуми станува збор за македонски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, уапсениот 49-годишен македонски државјанин бил запрен на автопатот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека мисли дека ќе има „чест да ја окупира Куба“ и дека со оваа островска земја „може да прави што сака“. „Верувам дека ќе имам чест, чест да ја окупирам Куба. Тоа би било добро. Тоа е голема чест“, рече Трамп за време на потпишувањето на извршна наредба во Белата куќа. Американскиот претседател со недели повторува дека Куба е на работ на колапс. „Без разлика дали ќе ја ослободам, ќе ја ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната од 11 до 15 степени. Во Скопје, претпладне облачно, а попладне со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната ...
Во 2025 година, 71,9% од луѓето во ЕУ на возраст од 16 до 74 години користеле веб-страници или апликации на јавни органи, што претставува зголемување од 1,9 процентни поени во споредба со 2024 година, покажуваат податоците на Евростат. Во Македонија 32,32 проценти од граѓаните користеле услуги на е-влада. Најчести услуги на е-влада што ги користеле македонските граѓани се преземање или печатење официјални обрасци (17,11%), барање официјални ...
Демократска обнова на Македонија – ДОМ во текот на вчерашниот ден достави официјален допис до Министерството за животна средина и просторно планирање, во очекување на објавата за јавна расправа по поднесувањето на новото барање за обновување на А-интегрираната еколошка дозвола на цементарата „Титан Усје“, се вели во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Во дописот, ДОМ уште еднаш ги истакна своите барања за јасни, ...
Европската унија треба да се подготви за можни разговори со Русија, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, пренесе ДПА. Засега, Европската унија не треба да се меша во напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина, рече Кошта во интервју за мрежата на новински агенции „European Newsroom“ (enr). – Но, доколку преговорите бидат прекинати или неуспешни, тогаш треба да бидеме подготвени да ги продолжиме ...
Можно е долгоочекуваната средба на претседателот на САД, Доналд Трамп, со неговиот кинески колега Си Џинпинг да биде одложена, бидејќи вниманието на американскиот претседател е насочено кон војната против Иран, соопшти денеска Белата куќа. – Претседателот со нетрпение очекува да ја посети Кина – изјави портпаролката на Трамп, Каролин Ливит. – Датумот може да биде променет. Како врховен командант, негов главен приоритет во моментов е да го ...
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку својот фејсбук профил, порача дека загинатите во трагедијата во Кочани засекогаш ќе останат во нашето сеќавање. -63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 приказни што прерано запреа, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање. Засекогаш ќе останат дел од нашите мисли, нашата тишина и нашето сеќавање, напиша премиерот. Во Фејсбук објавата, Мицкоски сподели и видео од поменот – една ...
Денеска во Кочани се одбележува годишнината од трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“, каде што животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На одбележувањето беше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која положи свежо цвеќе, се потпиша во книгата на жалоста и присуствуваше на комеморативниот настан, како што пренесуваат медиумите. Според објавите на МТВ, по завршувањето на настанот претседателката се упатила во спомен-собата ...