Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Во Македонија се подготвува нов Закон за заштита и благосостојба на животните, чии одредби предвидуваат доколку некој напушти домашен миленик, трајно да добие забрана да чува нов миленик, објави „Телма“. Предлог законското решение исто така предвидува големо зголемување на глобите за физички лица. Несоодветно чување и шетање куче ќе го „чини“ сопственикот 400 евра, а предизвикување болка, страдање или повреди, мачење и сурово и нехумано ...
Италијанските пожарникари се обидуваат да го изгаснат големиот шумски пожар во Тоскана кој гори со денови, разгорен од силните ветрови, поради што околу 3.000 луѓе се евакуирани како мерка на претпазливост. Пожарот е активен од вторник и се проширил на повеќе од 800 хектари на планината Фаети, која се протега низ покраините Лука и Пиза, изјави градоначалникот на соседниот Сан Џулијано Терме. Пожарот веројатно е предизвикан од палење на ...
Дебатата за намалување на ограничувањето на брзината на австриските автопати повторно се загрева, со фокус на предлог за намалување на ограничувањето од 130 на 100 км/ч. Како што предупредува австрискиот автомобилски клуб ÖAMTC, очекуваните заштеди на гориво честопати се значително преценети во јавноста. Често се споменува во јавноста дека пониското ограничување на брзината би можело да ја намали вкупната потрошувачка на гориво до 25 ...
Маж застрелал жена во стан во Сараево, а потоа и нејзиниот брат, по што избегал. Полицијата е на терен и потрагата по напаѓачот е во тек. Припадници на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон (MUP KS) и тимот за итни случаи се на местото на несреќата. Според неофицијални информации, употребата на огнено оружје се случила кога маж застрелал жена во станот. Потоа дошол нејзиниот брат, кој исто така бил застрелан од напаѓачот. ...
Голем број припадници на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон (МВВК) се наоѓаат во областа Дарива. Станува збор за локација каде според информациите на полицијата се наоѓа маж осомничен за убиство во сараевската населба Добриња. Како што неофицијално објавуваат медиумите од БиХ, автомобилот што го користел за да избега бил виден на популарното шеталиште Дарива во Сараево. По убиството на жената во Добриња, мажот, според ...
По интензивна полициска потрага, Тарик Прусац е уапсен на Дарива, осомничен за убиство на неговата поранешна сопруга и ранување на нејзиниот брат, а потоа и за одведување на нивната петгодишна ќерка. Детето е пронајдено неповредено. – Во 16:15 часот, во Полициската управа Нови Град во населбата Добриња е пријавена употреба на огнено оружје. Во 16:30 часот, лекар од итната помош констатирал смрт на 41-годишна жена. Во 19:15 часот, полициски ...
На обичен набљудувач на политичките настани во Македонија се уште му е нејасно зошто и како сегашното раководство на СДСМ душмански ја растура сопствената партија. Дали е тоа за интерес на мафијата во партијата која се плаши од внатрешен преврат или се работи за досега невиден аматеризам и политичка неписменост?, прашува Вечер.мк Одговор на оваа дилема најверојатно е збир на двете варијанти. Венко Филипче и дојденците во партијата од врвот на ...
Први мај нека биде потсетник дека начинот на кој се однесуваме кон трудот – кажува каква држава градиме, напиша денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на нејзината Фејсбук-страница. – Први мај – за луѓето што ја движат државата. За оние што знаат дека вредноста не доаѓа преку ноќ, туку со знаење, труд и достоинство. За оние што со право очекуваат нивниот труд да биде виден, признаен и почитуван – ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, честитајќи го Меѓународниот ден на трудот, информира дека се интензивирани инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија. Среќен 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. На овој значаен ден, изразуваме длабока почит и благодарност до сите работници, кои со својата посветеност и труд, секојдневно придонесуваат за економскиот и ...
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, министерот за одбрана Владо Мисајловски упати искрени честитки до сите вработени во одбраната и сите припадници на Армијата. „Почитувани вработени во одбраната и припадници на Армијата, денешниот ден ја симболизира вредноста и важноста на трудот на секој еден вработен. Високо ја вреднувам вашата работа, вашата посветеност, мотивираноста која е видлива секој изминат ден, работејќи на процесите кои ...
Наводно проштално писмо на американскиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, чија смрт во 2019 година и натаму предизвикува бројни контроверзии, со години се наоѓа запечатено во судско досие во Њујорк, објави „Њујорк тајмс“. Според весникот, документот го открил поранешниот цимер на Епштајн во затворската ќелија, Николас Тартаљоне, кој подоцна бил осуден на повеќекратни доживотни казни во друг кривичен предмет. Тој тврдел ...
На 30.04.2026 во 08:55 часот во ОВР Кочани од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен А.Г.(43) од Кочани, кој, според пријавеното, самиот се повредил со воздушна пушка, информира МВР. Тој бил препратен во Клиничкиот центар Штип, а извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 30.04.2026 во 08:55 часот во ОВР Кочани од Итната медицинска помош било пријавено дека кај ...
Изгрaдбата на катната гаража во Охрид е директен ефект од законските измени што ги направивме на почетокот од оваа Влада и со тоа ги олеснивме постапките за изградба на училишта, болници, градинки, амбуланти и катни гаражa, истакна министерот за транспорт Александар Николоски денеска од Охрид. Тој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, го означија почетокот на изградба на катната ...
Поради семејно насилство, лишени од слобода биле три лица изминатото деноноќие на територија на државата. Како што денеска информираа од Министерството за внатрешни работи, вчера во 17:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР – Велес лишиле од слобода 36-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава, дека ѝ се заканувал на неговата 33-годишна вонбрачна партнерка пред домот каде таа престојувала, а истото се случило и неколку дена ...
Охридското Езеро е прогласено за најубаво место во Европа со порака дека станува збор за „место кое можеш финансиски да си го дозволиш“, пишуваат туристичките новинари на timeout.com, Додека италијанското езеро Комо привлекува и премиум посетители и толпи туристи, Охридското Езеро – едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа – нуди потивка, поприфатлива алтернатива без да штеди на пејзажот. Замислете стаклено сина вода, планински ...
Началникот на Здружениот генералштаб на американската армија, Ден Кејн, и командантот на Централната команда, адмирал Бред Купер, го информирале американскиот претседател Доналд Трамп за плановите за можни напади врз Иран, објави новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, на социјалната мрежа Икс. Повикувајќи се на изјави на двајца неименувани официјални лица, Равид наведува дека вчерашниот брифинг траел околу 45 минути. Примирјето меѓу САД и Иран, ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина – двајца во Кичево и тројца во Скопје, управувале возило без возачка дозвола, а двајца – по еден во Неготино и во Кичево, управувале возило под дејство на алкохол, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – По целосно документирање на случаите, ќе бидат ...
Честит 1 Мај – Меѓународен ден на трудот. По повод денешниот празник, упатувам искрени честитки до сите работници кои со своето знаење, вештини и посветеност, одговорно придонесуваат за функционирањето на нашето општество и за неговиот континуиран развој, напиша министерката за образование и наука Весна Јаневска на нејзината Фејсбук-страница. Како министерка задолжена за ресорот образование и наука, уверувам дека институцијата која ја ...
На 30.04.2026 во 10:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во туристичката населба во с.Отешево, ресенско, во водите на Преспанското езеро била пронајдена граната. -Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола, гранатата е безбедно подигната и утврдено е дека се работи за минофрлачка граната 75 мм од Првата светска војна, информира МВР. На 30.04.2026 во 10:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во туристичката ...
СВР – Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(36), С.Р.(38), М.Т.(42), С.О.(61) и Ѓ.М.(54), сите од Струмица, поради основано сомневање дека К.К., С.Р. и С.О. сториле кривичното дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в, М.Т. го сторила кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353, а Ѓ.М. сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244-а од ...
Агенцијата за национална безбедност согласно своите надлежности презеде оперативно-технички и аналитички мерки и активности со цел идентификување на мотивите и непосредните извршители на обидот за опожарување на објектот на Еврејска заедница во Скопје, објави Курир. Во таа насока од страна на Агенцијата се прибраа информации и беа идентификувани лица – најверојатни извршители и нивна логистичка мрежа, како и повеќе објекти во Скопје, кои ...
Населението на Европската Унија би можело до 2100 година да се намали за 53 милиони луѓе, односно за 11,7 проценти, покажуваат најновите проекции на Евростат. Според податоците, бројот на жители на ЕУ во 2025 година се проценува на 451,8 милиони, а во наредните три години се очекува благ раст и достигнување на врвот од 453,3 милиони во 2029 година. Потоа следува долг период на опаѓање, до 398,8 милиони жители на почетокот на 2100 година. ...
Под слоганот „За плата се бориме – не се молиме“ денеска во Скопје се одржа протест во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), на кој беа побарарани повисоки плати и подобри услови за работа. Протестот стартуваше од Работничкиот дом на Сојузот на синдикатите на Македонија, продолжи пред републичкото Собранието, до Стопанската комора и заврши пред Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов рече дека многу работници ...
Во овој момент остануваме на мерката намалено ДДВ на 10 отсто за бензините 95 и 98, како и на мерката намалени акцизи. Дизел горивото од понеделник очекувам да биде поевтино, а ДДВ за него ќе остане 18 проценти. По напорни и тешки преговори со „Окта“ успеавме да го продолжиме попустот што претходно беше договорен – дополнителни два денари по литар за бензините и три денари за литар дизел. И тоа ќе трае до 18 мај. Дотогаш имаме договор, а за ...
Словенија и минатата година остана меѓу земјите на Европската Унија со најнизок ризик од сиромаштија или социјална исклученост, со 15,5 проценти од населението во таа категорија, што е намалување за 0,1 процентен поен во споредба со претходната година, покажуваат податоците на Евростат. На ниво на ЕУ, вкупно 92,7 милиони луѓе, односно 20,9 проценти од населението, се изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, што исто така ...
Не само што нема застој, туку има напредок во реформската агенда на земјата. Од последно место, Македонија сега е рамо до рамо со т.н. фронт-ранери во групата. Би ги замолил граѓаните, сите пораки што доаѓаат од опозицијата да ги прифатат со резерва зашто целта на оваа опозиција не е да испрати точна порака или да биде конструктивна и да испрати решение, туку целта и е, со лаги и шпекулации да привлече внимание, изјави денеска премиерот ...
Началникот на Здружениот генералштаб на американската армија, Ден Кејн, и командантот на Централната команда, адмирал Бред Купер, го информирале американскиот претседател Доналд Трамп за плановите за можни напади врз Иран, објави новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, на социјалната мрежа Икс. Повикувајќи се на изјави на двајца неименувани официјални лица, Равид наведува дека вчерашниот брифинг траел околу 45 минути. Примирјето меѓу САД и Иран, ...
Дел од синдикатите што денеска протестираат беа со мене на прес-конференции кога заеднички постигнувавме договори за поголеми права за вработените и повисоки плати, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој го класифицира денешниот протест во групата, како што рече, традиционални првомајски протести кои синдикатите треба да ги прават. -Ова нивно протестирање денеска го класифицирам во групата традиционални првомајски протести кои, ...
Јас не би имал што да додадам повеќе од тоа што го кажаа и градоначалникот и потпретседателот на Влада и министер за транспорт, порача од Охрид претседателот на владата, Христијан Мицкоски. – Би сакал да само споменам дека дел од приоритетите коишто ги имаше општината и дел од проектите коишто ги предложија и пратениците се или реализирани или се во фаза на реализација или ќе отпочнат да се реализираат. Многу е важно кога патувате накај Охрид ...
ДУИ денес не ги брани граѓаните, туку брани приватни интереси и сомнителни договори преку кои со години се испумпуваа пари од граѓаните. Наместо да даде одговор зошто проектот за интерконекција со Албанија беше блокиран повеќе од половина деценија, ДУИ избира да напаѓа и да манипулира, обидувајќи се да го сокрие сопствениот неуспех и интересите што стојат зад него, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. ...