Фестивалот на забавна музика „Макфест 2021“ годинава повторно ќе се одржи на отворено, поради здравствените протоколи. Дваесет и шест песни ќе бидат изведени на сцената на Аква бела ресорт на 17 и 18 септември. Публиката во шоу програмата ќе ја забавуваат „Тумбао салса бенд“, првата вечер, а втората вечер ќе настапат Дац и Александар. Инаку штипјани синоќа на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ уживаа во макфестовските хитови. По повод ...

Национална галерија на Македонија на 9 септември 2021 година, во објектот Даут пашин амам, во 20 часот ќе се отвори изложбата со наслов „70 години од првата Национална поставка” (1951-2021), изложба организирана по повод 70 години од свеченото отворање на првата Поставка во Националната галерија. На изложбата ќе бидат застапени повеќе од 100 автори со околу 150 ликовни дела (слики, акварели, цртежи, графики и скулптури) подарени и откупени во ...

Македонскиот автор Александар Прокопиев е еден од почесните гости на 14. Саем на книгата и фестивал на автори „Врисак“, што од 1-24 септември се одржува во Риека (Хрватска). Во книжарите, но и во различни простори низ градот ќе се продаваат со голем саемски попуст книгите на хрватските и домашни издавачи. Средишниот, фестивалски дел ќе се одржи од 12-19 септември во прекрасната Гувернерова палата, каде на посебни вечери ќе бидат претставени ...

На овогодинешниот Саем на книга од 8ми до 14ти септември со своја понуда ќе се појави Оливера Ќирковиќ, авторката на бестселерот „Пинк Пантер“. Оливера Ќирковиќ е добропозната на македонската читателска публика по својата книга „Пинк Пантер“. Засега се издадени два дела од трилогијата „Пинк Пантер“ кои воедно се преведени на македонски јазик. Првиот дел „Исповед“ и вториот дел „Архондиса“ се издадени на македонски јазик неодамна, а авторката ...

Ретроспективна изложба на слики, објекти, инсталации, видео арт и експериментални филмови на македонската уметница Тања Балаќ по повод 30 години творештво ќе биде отворена во 20 часот, во вторник, 31 август 2021 година, во Национална галерија на Македонија, објект „Чифте амам“. На отворањето ќе биде промовирана и монографија со наслов „Tanja Balac – 30 Years – ArtWorks“ со текстови на историчарите на уметност и ликовни критичари, Кирил ...

Празникот по својата смисла и значење за човечкиот род е еден од централните христијански празници. Се базира на настанот на Христовото преобразување, т.е. покажување на неговата божественост пред најблиските ученици Петар, Јаков и Јован на Таворската Гора кратко време пред неговото страдање во Ерусалим. Важноста на овој настан за човечкиот род е одлично искажана во зборовите што апостол Петар ги кажува во некакво изумување, а кои сведочат за ...

Управниот суд ја поништил одлуката на Министерство за култура за избор на директор на НУЦК „Антон Панов“. Судот ја уважил тужбата на двете одбиени кандидатки, Јасмина Пијанманова и Оливера Аризанова Мансбарт и според образложението на пресудата тужбата е основана, а тужениот, Министерството за култура, донело неправилна и незаконита одлука. Одлуката на Управниот суд е донесена на 8ми минатиот месец, а ја објави Иницијативата „Култура или ...

Методија Андонов Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп во типично работничко Македонско семејство кое живее под жезлото на заедничката држава Кралството СХС. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Ченто е олицетворение на цела една генерација Македонци кои не престанале да живеат и работат за независна, смаостојна и обединета Македонија во нејзините етнографски граници. Роден е ...

Во Скопје на 10.08.2021 г., на 59 годишна возраст почина проф. д-р Владимир Давчев, редовен професор на Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Беше роден на 03.11.1962 година во Скопје. Основно училиште и гимназија завршил во Скопје. По завршувањето на гимназијата се запишува на Филозофскиот факултет во Скопје на групата за филозофија. На Филозофскиот факултет почнува да работи на ...

На 75 годишна возраст, почина актерката Сабина Ајрула Тозија. Истакнатата македонска актерка Сабина Ајрула-Тозија, почина по долго боледување. Сабина Ајрула Тозија е родена на 17 април 1946 година во Скопје, и е дел од златната генерација на македонски актери. Позначајни улоги на Ајрула-Тозија се: Олга („Чехов“); Гертруда („Хамлет“); Фатима („Солунски патрдии“); Лисијен („Болва во уво“); Костадинка („Јане Задрогаз“); Џеси („Добра ноќ мајко“); ...

Несуденото име, пробниот балон кој траеше само некој ден, пред да ни се смести за целосна употреба Северната, географската одредница. Илинденска ќе беше историско идеолошка, но ќе не легитимираше како 40тина години постар народ. Како и да е, главниот проблем е во тоа што актуелната власт се согласи да даде се’! Да смени име за целосна употреба, да го релативизира идентитетот, јазикот, историјата. Целосна капитулација. И што добиваме неколку ...

На 30-те територијални противпожарни единици во земјава им недостигаат најмалку 536 пожарникари за да имаат барем толку вработени колку што е законски пропишаниот минимум. 17/02/2020 Противпожарнивозила на општините декември 2019 Само четири од сите 30 противпожарни единици имаат повеќе пожарникари од законскиот минимум (и тоа само по еден или двајца), додека шест други единици имаат токму толку колку што бара минимумот. На останатите 20 единици ...

Викендов, од 5 до 8 август 2021 година, со поддршка од Агенцијата за филм и Делегацијата на Европската Унија Скопје, ќе се одржи второто издание на Галичник Филм Фестивал. Амфитеатарот Упија во Галичник на 1.500 метри надморска височина ќе биде домаќин на филмските проекции под отворено небо, а доцните часови се резервирани за концерти со филмска музика. Овој млад културен настан ја промовира уметноста на краткометражниот филм, но и нови филмски ...

Државниот архив во соработка со Агенцијата за иселеништво, ги повикува сите индивидуалци и претставници на иселенички организации кои поседуваат материјали, списанија, признаници, резолуции, статути и други важни документи што сведочат за постоењето, дејствувањето и заложбите на иселениците во негувањето на културата, традицијата, обичаите и други белези од национално значење, да ги достават до Државниот архив, за нивна трајна заштита и чување. ...

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва (среда, 28 јули) организира хуманитарен концерт со ансамблите на народни игри и песни „Танец“ од Македонија и „Ладо“ од Хрватска. Концертот ќе се одржи на Античкиот театар со почеток во 22 часот. Како што информираат од фестивалската дирекција, средствата собрани од продажбата на билети ќе бидат донирани за потребите на здравствениот систем, како благодарност за се она што го прават медицинските лица при ...

На денешен ден (недела, 28 јули 2019 година) почина македонскиот актер Гоце Влахов, на 70-годишна возраст. Неговата сопруга и ќерката преку социјалните мрежи соопштија дека Влахов починал по храбра шестгодишна борба со рак. Гоце Влахов е роден на 12 мај, 1949 година. Ќе остане запаметен по улогите во Македонските народни приказни, од раните 70-ти до 90-тите години. Влахов остварил и низа филмски и телевизиски улоги во текот на неговата ...

Господинот Бин (Mr. Bean), ликот на актерот Роуан Аткинсон, е еден од најпознатите карактери во светската комедија. Тој е себичен, анархист, чуден, интровертен човек кој секојдневните работи ги извршува на необичен, смешен и само нему типичен начин. Живее во мала куќа во Хајбури, Лондон и секогаш е облечен исто (со црвена граватa и твид сако). Никогаш не може озбилно да сфати некоја работа и не ги познава аспектите на животот. На почетокот на ...

И вториот дел од комедијата „Борат“ на британскиот комичар Саша Барон Коен, слично како и првиот од пред 15-на години, уште неиздаден предизвикува контроверзии…  Правните застапници на Џудит Дим Еванс – преживеана од Холокаустот ги тужат продуцентите на „Борат 2“ затоа што, како што тие велат, нејзе ѝ било кажано дека нејзината снимена приказна би била наменета за документарец. „Борат 2“ е сатирична комедија, а не документарен филм. Жената, во ...

Тоа што го мислиме за храната, било само мит: Слабокрвноста не се лечи со цвекло, а јајцата не го креваат холестеролот? Нутриционизмот е област која е подложна на ширење на на погрешни информации и митови за исхраната. Причините за ова се бројни, но повеќето се сведуваат или на нестручност или на тоа што луѓето намерно ги искривуваат фактите за да остварат некоја своја цел (на пример, за да продадат книга или суплемент или за да ја промовираат ...

Куркурмата е еден од најпопуларните зачини во светот, кој не се користи премногу во нашата кујна. Има единствен вкус, но може да се користи и не само за приготвување јадења туку и за проблеми со варењето, рани, проблеми со желудникот, исекотини и повреда на мускулите. Многу истражувања ја потврдуваат улогата која куркумата ја има за нашето здравје. Зачинот содржи куркумин, кој ги намалува воспаленијата, но лечи и многу заболувања. Тој помага и ...

Кивито изобилува со висока хранлива содржина, и е еден од најздравите производи на природата… Еве зошто треба да јадете киви почесто: Содржи големо количество на витамин Ц Кивито содржат два пати повеќе витамин Ц отколку лимонот и портокалот. Витаминот Ц делува како моќен антиоксидант, елиминирајќи ги слободните радикали кои можат да предизвикаат воспаление или рак. Исто така помага за подобрување на имунитетот. Го подобрува спиењето Бројните ...

Ако постојано се чувствувате уморно и тешко, без оглед на тоа дали работите напорно или не, тогаш време е за промени во вашите навики. На вашето тело му е потребна детоксикација за да се чувствува свежо и одморено, а и вие да бидете подобро расположени. Но, што треба да направите? Помалку кафе Иако е одличен напиток за почеток на денот, сепак прекумерното конзумирање на кафето има негативен ефект на нашето здравје, расположение и начин на ...

Зголемените количини на шеќер се штетни за организмот, тоа е нешто кое го знаеме. Но, она што не знаеме е дека повеќето намирници и продукти кои ги јадеме во текот на денот, содржат шеќер. Нашето тело го трансформира шеќерот во енергија, а неискористените делови ги претвора во масти, што предизвикува зголемување на телесната тежина. Иако е речиси невозможно да се заобиколи шеќерот во секојдневната исхрана, обидете се да издржите тридневна ...

Научниците од „Американ харт асосиејшн“ во неодамнешно истражување откриле дека честото консумирање јаткасти плодови е поврзано со помал ризик од развој на хипертензија, кардиоваскуларни болести, па дури и карцином. Ова се четирите позитивни придобивки од секојдневното консумирање бадеми, пишува порталот „Брајт сајд“. Смирување на акните: бадемот се смета за традиционален лек на Блискиот Исток, за што има и научни докази. Бадемите имаат витамин ...

Родителите во денешното живеење се под се’поголем стрес поради работата, пари, недостиг на слободно време и се потешко ја контролираат нервозата. Но, нивниот стрес се пренесува на децата… За да се избегне тоа психолозите предлагаат неколку начини. 1. Важно е родителите да го насочат вниманието на себе, да научат да се релаксираат на кратко. Кога родителите се опуштени ги штитат и децата од стрес. 2. Децата го копираат однесувањето на родителите. ...

Психолозите тврдат дека со помош на цртежите вашето дете ги искажува своите емоции, својата душевност, својот начин на кој го доживува светот околу себе. Мислите на детето се скриени во цртежите. Ако сакате да погледнете во неговата душа изберете момент во кој тоа ќе изрази желба да црта и предложете да го нацрта своето семејство. Не го прекинувајте и не го поправајте додека црта. Тивко следете го. Ве очекуваат интересни откритија… Мама, тато и ...

Иако BBC е телевизиска куќа, тие не ги повикуваат децата да ја гледаат нивната програма, особено најмалите. Во оваа статија ‘Long-term” harm of too much TV for toddlers ,се вели дека, децата кои седат прекумерно пред ТВ екраните, имаат лош успех на училиште, недостиг од концентрација… Освен слабите оценки, стручњаците гледаат тесна врска, помеѓу гледањето телевизија и сколноста кон нездрава исхрана и прекумерна дебелина во детската возраст. Тие ...

Сопствениците на кучиња се поотпорни на кардиоваскуларни заболувања, а поседувањето на таков миленик е добро за здравјето и расположението, открива неодамнешно истражување спроведено во Шведска. Во истражувањето учествувале речиси четири милиони лица на возраст меѓу 40 и 80 години. Претходните истражувања потврдија дека сопствениците на кучиња не страдаат од депресија и оти нивните пријатели на четири нозе им помагаат доколку одлучат да се ...

Бебињата не ја задржуваат температурата како возрасните затоа кога претстојуваат надвор во текот на зимата облеката треба да биде прилагодена на временските услови – тоа да не биде ни премалку, но и ниту премногу облечено. Кожа Кожата на бебето е склона кон сушење и пукање во зимските месеци, па затоа се препорачува редовно мачкање со крема за навлажнување. Слоеви алишта Според стручните лица, бебето треба да носи еден слој алишта повеќе отколку ...

Родителите постојано „им одржуваат лекции“ на своите деца – не се тепај со брат ти, работете напорно, говорете ја вистината, не јадете жолт снег, облечете се во чиста облека… Но, кои поуки навистина ќе им послужат во животот? Што е она што се издвојува од останатото? Порталот „Патеос“ објави топ 4 листа поврзана со тоа. Одмерени и правилни постапки, дури и ако тие не се „популарни“ Прифаќањето на лудориите на „популарните“ другарчиња заради ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
7.72
37%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
7.72
47%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
2.06
48%
1023
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
42%
1016
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
5.26
29%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
2.57
54%
1022
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
7.6
39%
1010
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.12
26%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
13.38
27%
1016
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
48%
1014
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
5.14
40%
1021
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
7.72
100%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74