Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Питер Бејнарт Уредник (editor-at-large) во Jewish Currents Кога Доналд Трамп ја објави американската воена акција против Иран, изјави дека „заканувачките активности“ на Исламската Република директно ги загрозуваат Соединетите Американски Држави, американските трупи, базите во странство и сојузниците. Водечки демократи реагираа со критики дека Трамп не се консултирал со Конгресот и не објаснил што точно сака да постигне со војната. Но, притоа ...
Џабир Дерала Во соработка со тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани (ЦХТМ) ЛИНК до првиот дел Наслов на оригиналот, објавен на CIVIL Today: Slovenia’s Elections and the Balkan Disinformation Corridor: Inside the Network Shaping Europe’s New Political Warfare „Скопскиот хаб“ Наративите се само половина од приказната. Другата половина е инфраструктурата. „Технологијата“ на пропагандата што во моментов ги таргетира словенечките избори ...
Движењето Нема кралеви (No Kings) во Соединетите Американски Држави најави масовни протести во сабота, 28 март 2026 година. Организаторите ги оценуваат овие протести како потенцијално најголема граѓанска мобилизација во современата историја на земјата. Станува збор за трета национална акција насочена против политиките на втората администрација на претседателот Доналд Трамп, со повеќе од 3.000 најавени настани низ целата земја. Движењето ја ...
Франција денеска (22 март) го одржува вториот круг од локалните избори, со кои се избираат општински и заеднички советници во околу 35.000 општини низ земјата. Изборниот процес се одвива во два круга, при што вториот круг се организира во оние општини каде што ниту една листа не освоила апсолутно мнозинство во првиот круг одржан на 15 март. Овие избори имаат силно политичко значење и на национално ниво. Првиот круг откри неколку клучни ...
Денеска се одржа вториот круг од локалните (општински) избори во Франција, кои веќе се сметаат за клучен политички тест пред претседателските избори во 2027 година. Иако официјалните резултати сè уште се финализираат, првичните проекции и победничките говори во големите градови ја нацртаа новата, сè пофрагментирана политичка сцена во земјата. Овие избори покажуваат Франција во која традиционалните партии од левицата и десницата се борат да го ...
Граѓаните на Словенија денеска (22 март) излегуваат на парламентарни избори кои се оценуваат како клучен тест за идната политичка насока на земјата и нејзината демократска стабилност. На изборите, 10-ти по ред, се избираат сите 90 пратеници во Државниот збор, која потоа ја гласа новата влада со мандат од четири години. Главната изборна битка се води меѓу актуелниот премиер Роберт Голоб и неговото либерално движење „Слобода“, и лидерот на ...
Словенија денеска ги одржа парламентарните избори за состав на Државниот збор, со 90 пратенички места и праг од 46 пратеници за парламентарно мнозинство. Според прелиминарните извештаи на Државната изборна комисија на Словенија, излезноста е 55,53% што претставува пад во однос на изборите во 2022 година кога излезноста беше 71%. Според првичните изборни резултати (проекции), во водство е либералното движење „Слобода“ на премиерот Роберт ...
Александар Иванов Иако модерната форма на организација на државите, каква што ја познаваме, најчесто се врзува за Вестфалскиот мир од 1648 година, потребата од организирано живеење, одбрана и колективна заштита е стара колку и самата цивилизација. Уште од првите трајни населби, човекот разбрал една едноставна вистина: без ред, без структура и без моќ што ќе го брани заедничкото, нема ниту сигурност, ниту просперитет. Формите се менувале низ ...
Џабир Дерала Во едно не толку далечно минато, директна поддршка од странски лидер за кандидат во туѓи избори ќе предизвикаше дипломатски скандал. Денес, тоа е вообичаено. Поддршката од актуелни или поранешни државни лидери во предизборните кампањи на други држави добива аплаузи на сцена, се емитува како политички спектакл и се споделува како доказ за кредибилитет и политички капацитет. Така, видео пораката на американскиот претседател Доналд ...
Црна Гора го затвори Поглавјето 21 (трансевропски мрежи) во пристапните преговори со Европската Унија, со што го зголеми бројот на привремено затворени поглавја на 14 од вкупно 33. Од Европската комисија оценуваат дека станува збор за важен чекор во процесот на пристапување. Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека напредокот е резултат на спроведени реформи и континуирана политичка посветеност. Поглавјето 21 се однесува на ...
Џабир Дерала Во соработка со тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани (ЦХТМ) Анализата во целост е објавена на CIVIL Today: Slovenia’s Elections and the Balkan Disinformation Corridor: Inside the Network Shaping Europe’s New Political Warfare Како што Словенија се приближува кон парламентарните избори на 22 март 2026 година, земјата стана цел на сложен и длабоко координиран систем на странски манипулации и мешање преку информации ...
Оливер Андонов Еднаш ви пишував за мајтапот кој врз сите нас го прават македонските политиканти. Но едно е кога со граѓаните се мајтапи власта, впрочем нејзе ѝ се може, нели, власт е. А сосема различно е кога со граѓаните се мајтапи божем опозицијата. И ајде што се божем опозиција, а се всушност СДС умрено, уште со своите постапки го бранат и возвеличуваат Мицкоски. Ако тоа не е намерно, тогаш се работи за изразито антиталенти и приглупи луѓе ...
Војната со Иран, која започна на 28 февруари по заедничките напади на САД и Израел во кои беа убиени повеќе високи ирански лидери, влезе во својот 20-ти ден. Конфликтот веќе прерасна во широка регионална криза, со директни удари врз енергетската инфраструктура во Персискиот Залив и сериозни последици за глобалната економија и безбедност. Ескалација во Персискиот Залив Во текот на последните денови, судирите се интензивираа со напади врз ...
Џабир Дерала Во интервју за Fox News на 13 март, американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша војната во Украина со јазик впечатливо близок до линијата на Москва — уште еднаш и по којзнае кој пат. Тој самиот коментираше, од ведро небо, при самиот крај на интервјуто, дури и го изненади благонаклонетиот водител. Кога некој политички наратив се појавува повторно и повторно — дури и кога не е дел од темата на разговор, како во овој случај — ...
Собранието на Северна Македонија го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител, со што тој со денешната свечена изјава, официјално го започнува својот шестгодишен мандат и ја презема една од клучните позиции во правосудниот систем во земјата. Изборот на Савески доаѓа во период на зголемен притисок од јавноста и меѓународната заедница за реформи во обвинителството, особено во делот на ефикасноста, независноста и борбата против високата ...
Љубомир Костовски Во три балкански земји во наредните неколку недели треба да се случат значајни избори. Најпрво во недела, на 22 март, ќе има парламентарни избори кои треба да поминат во обидот десничарот Јанез Јанша по трет пат да се врати на власт. На 30 март во Србија, во десет локални заедници, треба да се изберат советници во општинските раководства, што е битно заради одмерувањето на силите меѓу власта и студентскиот отпор кон ...
Граѓанките и граѓаните кои ја следат работата на ЦИВИЛ имаат можност да коментираат, да споделат искуства и информации, или да постават прашање или барање од институциите и политичарите. Еден таков пример е и прашањето поставено во коментари на редовното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ што го поставува ЦИВИЛ на својата медиумска платформа секој работен ден. Прашањето што го постави една граѓанка во коментарите на ФБ страницата на ЦИВИЛ е нешто што сите ги ...
Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да поведе постапка за исклучување на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, по неговите јавни настапи во кои побара оставка од партиското раководство. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес -конференција изјави дека одлуката е донесена едногласно и дека не станува збор за различно мислење, туку за, како што рече, „процесно одработување“ за ВМРО-ДПМНЕ и обид за внатрешна поделба ...
Внатрепартиските превирања во СДСМ отворија лавина реакции на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за внатрепартиските превирања во СДСМ?. Коментарите на граѓаните откриваат длабоко разочарување, недоверба во раководството, но и спротивставени ставови за тоа дали кризата е знак на демократија или на распад. Реакциите се движат од остри критики до повици за целосна реформа на партијата, при што дел од коментаторите ја опишуваат состојбата во СДСМ ...
На 26 декември 2025 година, ЦИВИЛ го објави овој извештај за рано предупредување на англиски јазик: THE FRACTURE LINE: Russia and the Battle for Democracy in the Western Balkans — Early 2026 EARLY WARNING REPORT Series | Q1 2026 Outlook (January–March 2026) Овој извештај е продолжение на анализата објавена на 19 ноември: THE FRACTURE LINE: Russia’s Hybrid Strategy in the Western Balkans EARLY WARNING REPORT Series: Mapping Vulnerabilities, ...
Џабир Дерала Помина една година. Но ноќта од 16 март 2025 не поминува. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 луѓе – најмногу млади. Тоа не беа бројки. Тоа беа животи што штотуку почнуваа. Кочани е трагедија. Но и предупредување. И пресуда! Пресуда за еден систем, а уште повеќе, пресуда за власта која се обиде одговорноста да ја префрли на апстрактното поимање на системот – како тие да немаат ништо со тоа. Не постои пи-ар што ...
Во време кога сè повеќе жени се соочуваат со семејни кризи, психолошки притисоци и насилство, граѓанската иницијатива создадена од организацијата „Amaro Drom“ отвора нов простор за поддршка, совет и солидарност меѓу жените. Преку Facebook група „Мрежа за поддршка на жени – Заедно сме посилни“ што функционира како безбеден дигитален простор, жените можат да побараат помош, да споделат искуства и да добијат совет од други жени и од стручни ...
Европската унија ќе продолжи да ја зголемува поддршката за Украина и притисокот врз Русија, порача високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, по состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел. „Поддршката за Украина чини пари, тоа е јасно. Но ако Украина падне, цената за Европа ќе биде многу поголема,“ изјави Калас на прес-конференцијата. Според неа, европските земји оваа година обезбедиле ...
Џабир Дерала во соработка со тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани (ЦХТМ) Според извештаи објавени на почетокот на март 2026 година, Кремљ започнал тајна и повеќеслојна дигитална операција насочена кон влијание врз парламентарните избори во Унгарија закажани за 12 април 2026 година. Операцијата, која аналитичарите ја опишуваат како дел од пошироката стратегија на хибридно влијание, има за цел да ја зајакне позицијата на премиерот ...
Оливер Андонов Кога министерот за надворешни работи по повод еден „настан“ ќе ви даде изјава дека „Е разочаран од бугарската дипломатија“, прво следно прашање е: „А кога министер си бил очаран, за да сега бидеш разочаран“? Веројатно за да некој не разочара, најпрво треба да не очара. Односно, антипод на воодушевувањето е разочарување од тоа дека сме си создале погрешна слика за тој – некој. Е сега, тоа што Муцунски и пишуваше писма на Нејска ...
Европскиот парламент на 11 март 2026 усвои Извештај/Резолуција за политиката на проширување на ЕУ, во кој повторно се нагласува дека процесот на пристапување мора да остане строго базиран на заслуги и реформи, без политички „брзи решенија“. Резолуцијата беше усвоена со 385 гласа „за“, 147 „против“ и 98 воздржани. Во документот европратениците нагласуваат дека нема кратки патишта кога станува збор за вредностите и основните принципи на ЕУ и ...
Во ноќта меѓу 13 и 14 март 2026 година, Русија изврши масовен комбиниран воздушен напад врз Украина, користејќи речиси 500 дронови и ракети. Главни цели на нападот биле енергетската инфраструктура и цивилните области, при што во регионот на Кијив загинаа најмалку четири лица, а 15 се повредени. Според украинската противвоздушна одбрана, биле детектирани вкупно 498 воздушни цели: 430 ударни дронови, меѓу кои типови Shahed, Gerbera и Italmas и ...
На 5 март 2026 година, од страна на безбедносните структури на Унгарија, на обиколницата на градот Будимпешта беа задржани 7 вработени и 2 возила на инкасациската служба на АД “State Savings Bank of Ukraine” кои вршеа превоз на вреден товар од градот Виена кон Украина во рамки на исполнување на меѓународен договор меѓу Raiffeisen Bank International AG (Австрија) и АД „Ощадбанк“. Товарот што се превезуваше од Австрија во Украина беше оформен ...
Говорот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, на комеморативната седница по повод годишнината од трагедијата во Кочани беше изграден како комбинација од емотивно обраќање и институционална порака. Иако формално се работеше за комеморација посветена на жртвите, во говорот може да се препознаат и елементи на политички наратив поврзан со јавните реакции и тековниот судски процес. Воведниот дел од говорот беше емотивен, со формулации како ...
Кремљ одобрил тајна онлајн кампања чија цел е да му помогне на унгарскиот премиер Виктор Орбан да ја зајакне својата политичка позиција пред парламентарните избори следниот месец, објави лондонски „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со планот. Откритието доаѓа во чувствителен момент за Унгарија, додека Орбан – кој со години одржува блиски политички и економски врски со Москва – продолжува да се судира со Украина околу ...