Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, во своето обраќање на денешната собраниска седница за реконструкција на Владата оцени дека не станува збор за суштински кадровски промени, туку за политички пазар и подготовка за предвремени парламентарни избори. Според него, реконструкцијата не е насочена кон подобрување на работата на институциите, туку кон прераспределба на функциите и коалициски калкулации. „Целиот процес најдобро може да се опише со ...
На 12.07.2026 околу 06:45 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека починал лице (56) од с.Миладиновци, скопско, кој на 08.07.2026 бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од терасата од куќа. По насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција. На 12.07.2026 околу 06:45 часот во СВР Скопје од ...
На 12.07.2026 околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Џ.(31) од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје. Според пријавеното, на 12.07.2026 околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга (мајка на Б.Џ.), по што Б.Џ. му нанел убодни ...
Џулиан Шабани е именуван за заменик-директор на Македонската радио-телевизија (МРТ), по повеќе од 20 години професионално искуство во областа на медиумите, телевизијата, комуникациите и менаџментот. Шабани има изградено долга професионална кариера во неколку од најпознатите медиуми во земјата, меѓу кои TV HANA, TV ERA, ALSAT-M, МРТ, A1 Телевизија и TV21, каде извршувал функции во телевизиска режија, продукција, менаџмент и комуникации. Од ...
„Во парламентарната демократија, реконструкција на влада е редовен демократски механизам преку кој се зајакнува капацитетот на институциите и се обезбедува нова енергија таму каде што е потребно. Затоа денешната расправа треба да биде насочена кон програмите, приоритетите и одговорноста што секој предложен министер ја презема пред граѓаните и пред ова Собрание, а не дискусија со празни демагогии,” истакна Мартин Стојановски, пратеник од ...
„Треба да имате дигнитет за да зборувате за кадровите решенија коишто се случуваат во Владата, бидејќи вие доаѓате како поранешни министри, поранешни директори, сега сте пратеници од страна на СДС и секојпат кога зборуваме за политиките за мене најздраво е да се споредиме бидејќи само така можеме да видиме дали нешто правиме позитивно или правиме негативно и сè додека сме тука ќе слушате споредби“, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ...
Александар Велјановски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се обрати на денешната седница во Собранието каде што истакна дека кандидатите за министри се силно докажани секој во својот ресор и нагласи дека со нивната умешност, образование и искуство ќе дадат голем придонес во унапредувањето на политиките на владата. „Се јавив на реплика на говорот на пратеничката и поранешна министерка за труд и социјална политика Јована Тренческа затоа што, ...
На 12.07.2026 во 17:35 часот во СВР Тетово, Е.Н. (63) од Тетово пријави дека на регионалниот пат Тетово- Јажинце, во близина на с. Порој, од залутан проектил било оштетено неговото паркирано патничко возило „фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки. Нема повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 12.07.2026 во 17:35 часот во СВР Тетово, Е.Н. (63) од Тетово пријави дека на регионалниот пат Тетово- Јажинце, во близина ...
Прес конференција на Катерина Димитровска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Спортот и инвестирањето во здравјето и развојот на младите, повторно е дел од врвните национални приоритетии и тоа го прави токму Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи Владата, започна силното вложување во капитални инвестиции и спортска инфраструктура. Се реализираа отпочнатите и незавршени проекти, се отпочнаа многу нови и ...
Прес конференција на Валентин Манасиевски: Најголема штета од блокирањето на Изборниот законик од страна на СДС, Левица и ДУИ нема да претрпи ВМРО-ДПМНЕ, туку македонските граѓани кои живеат надвор од државата. Со месеци се бараше заедничко решение, но наместо процесот да заврши со политички консензус, СДС, Левица и ДУИ избраа да го блокираат законот и да ги стават сопствените партиски интереси пред интересите на десетици илјади македонски ...
Интегрално обраќање на премиерот Христијан Мицкоски денес во Собранието: „Почитуван претседател на Собранието, Почитувани пратеници, Почитувани граѓани, Пред вас стои предлог за разрешување на дел од министрите. Веднаш да ви кажам, сите до еден се луѓе со достоинство, луѓе со своја чест и пред се чесни луѓе. Сите ние и перцепцијата за нас ја градиме од одлуките кои ги носиме. Тоа сме ние со сите свои предности, маани, и со своето разбирање за ...
Соопштение на СДСМ: ВМРО-ОКГ обвинува дека опозицијата се повлекува од преговорите за Изборниот законик затоа што се плаши од избори и пораз. Но оваа теза е нелогична и лесно разоткриена. Ако ВМРО-ОКГ и Мицкоски се толку силни како што тврдат, зошто толку инсистираат на закон кој овозможува неконтролирана кражба на гласовите од дијаспората? Ако се толку убедени во својата победа, зошто им е потребна изборна манипулација? Фактите се јасни: ...
Соопштение на СДСМ: ВМРО-ОКГ повторно се обидува да ја претстави својата изолација како „достоинство“. Но достоинството не се гради со празни фрижидери, со реформи кои не постојат и со европски пат кој е целосно запрен. Мицкоски ветуваше подобри преговарачки позиции со Европа. Две години подоцна, резултатот е јасен: целосна блокада, нула поместување и длабока изолација. Ова не е подобра позиција. Ова претставува национален пораз за сите ...
Во текот на ноќта, Украина нападна магацин за нафта во јужната руска покраина Ставропол, а експлозиите одекнаа и во Московската област, каде што беше активирана воздушната одбрана, пишува The Kiev Independent. По нападот, избувна пожар во магацинот за нафта на Лукоил-Југнефтепродукт, објави каналот Exilenova Plus на Telegram. Во исто време, независниот руски медиум Astra објави, повикувајќи се на локалните жители, дека нападите се случиле во ...
Патријархот на Руската православна црква Кирил и основачот на Лукоил Вагит Алекперов се отстранети од нацртот на 21-от пакет санкции против Русија од страна на Европската Унија. Нивното исклучување, според дипломатски извори од неколку земји-членки, го побарала Бугарија, пишува Европска правда. Покрај тоа, познато е дека најспорните прашања во пакетот санкции веќе се решени, главно во насока на ублажување. Забраната за влез во ЕУ за руски ...
Италијанските разузнавачки служби се обидуваат да утврдат кој стои зад весникот во Техеран кој ѝ се закани на премиерката Џорџија Мелони и ја прогласи неа, заедно со други западни лидери, за одговорна за атентатот врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, објави „Ла Република“. Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, вети одмазда за смртта на неговиот татко Али, кој беше убиен во американско-израелски напад на почетокот на војната. ...
Американците и Иранците продолжија да се напаѓаат меѓусебно и денес, при што Вашингтон објави дека бомбардирал десетици цели, додека Техеран рече дека нападнал бази што ги користат САД во Јордан, Бахреин и Кувајт. Американските сили „ги нападнаа иранските системи за воздушна одбрана, крајбрежните радари, ракетите и беспилотните летала, како и малите бродови“, напиша американската Централна команда на X, наведувајќи „десетици цели“. Исламската ...
Два противпожарни авиони беа итно испратени во регионот на Париз вчера откако голем пожар избувна јужно од француската престолнина, нарушувајќи го сообраќајот за време на летниот викенд за патувања и дополнително влошувајќи ја ситуацијата во регионот погоден од топлотен бран, објави France24. Пожар од големи размери Пожарот, опишан од властите како „многу насилен“ и „од вонредни размери“, избувна доцна попладнето во огромната шума Фонтенбло, ...
Преговорите за пристапување на Албанија во ЕУ се загрозени поради плановите за изградба на луксузен одморалиште поддржано од Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп, предупредија европратениците. Европратениците ѝ порачаа на албанската влада дека мора да „го промени курсот“ бидејќи предложениот проект на заштитените крајбрежни и диви подрачја ги крши политиките на ЕУ за животна средина. Противењето на проектот предизвика бран протести познат како ...
Две лица се уапсени под сомнение дека извршиле убиство на маж чие исчезнување претходно било пријавено, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Според информациите, полицијата постапувала по пријава за исчезнато лице, а со оперативна работа било утврдено дека осомничените во првата половина на април физички го малтретирале мажот во изнајмен стан во Рума. Како последица на здобиените повреди, тој починал. По смртта, осомничените ...
Градот Скопје започнува со реализација на проектот за изградба на нов мега-парк во општина Карпош, на површина од 72.000 квадратни метри, со што долгогодишно запуштениот простор, кој со години беше претворен во дива депонија, ќе биде целосно уреден и ставен во функција на граѓаните, соопштија од Град Скопје. Проектот предвидува целосно хортикултурно уредување на просторот, изградба на парк за миленици, детски игралишта, спортски содржини, ...
Соопштение на СДСМ: Мицкоски нема никаков резултат зад себе па денеска ќе прави нов политички театар. Стариот кабинет со нов распоред односно козметичка промена на фотелји во истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, доаѓаат неколку нови имиња, но клучните ресори и клучниот центар на моќ останува во истите раце – на Христијан Мицкоски. Кога економијата стагнира, кога граѓаните живеат сè потешко, кога цените растат, кога ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Иран јавно да потврди дека Ормутскиот Теснец е отворен за меѓународен поморски сообраќај и да се обврзе дека ќе престане со нападите врз трговските бродови. Според тројца американски претставници, Вашингтон ова барање му го пренел на Техеран директно, но и преку регионални посредници, обвинувајќи го Иран дека го прекршил меморандумот за разбирање потпишан пред три недели со ...
Северна Кореја во саботата ги осуди САД и нивните сојузници, обвинувајќи ги дека го засилуваат военото блоковско поврзување и го забрзуваат вооружувањето по самитот на НАТО одржан оваа недела. Пјонгјанг ги повика западните земји наместо тоа да ги насочат напорите кон ограничување на сопственото нуклеарно оружје. Обвинувања против НАТО Севернокорејското Министерство за надворешни работи ги обвини лидерите на НАТО дека легитимното користење на ...
Најмалку 23 лица и натаму се водат како исчезнати во големиот шумски пожар што го зафати регионот Леванте Алмериенсе во шпанската покраина Андалузија. Во пожарот досега загинаа 12 лица, а пожарникарите и понатаму се борат со огнената стихија. Според локалните власти, пожарот продолжува да се шири поради неповолните временски услови и силниот ветер. До петокот вечерта огнот зафатил околу 4.000 хектари вегетација, пренесуваат шпанските медиуми. ...
Жителите на градовите Пакдаш и Чиамдаш, источно од иранската престолнина Техеран, пријавиле дека слушнале силни експлозии, објавија локалните медиуми. Медиумите подоцна известија дека експлозијата била резултат на контролирано уништување муниција спроведено од надлежните органи. Официјален претставник изјавил за иранската новинска агенција Фарс дека операцијата не претставувала опасност за жителите./Извор:Makfax Жителите на градовите Пакдаш ...
„Мојот сопруг седеше до прозорецот. Беше врзан со безбедносен појас, но половина од неговото тело заврши надвор од авионот. Маските за кислород паднаа, никој не знаеше што да прави. Сите плачеа. Мојот сопруг трипати се онесвести“, раскажа сопругата на 61-годишниот српски државјанин кој преживеа хорор во авион на летот од Солун кон Минхен. Инцидентот се случил откако во текот на летот дошло до дефект на моторот на авионот на компанијата ...
Европските земји разгледуваат предлози со кои би се овозможила наплата на надоместоци за навигациски услуги во Ормутскиот Теснец, но само доколку тие не бидат задолжителни и бидат поддржани од агенцијата на Обединетите нации задолжена за регулирање на поморскиот сообраќај. Иницијативата доаѓа во период на зголемени тензии меѓу САД и Иран, а целта е да се најде долгорочно решение за управувањето со еден од најважните светски поморски коридори. ...
Мал авион се урна на Бахамите, западно од главниот град Насау, при што загинаа сите 10 лица кои се наоѓале во леталото, соопштија локалните власти. Леталото во петокот полетало од меѓународниот аеродром „Линден Пиндлинг“ во Насау кон аеродромот Сан Андрос. Според првичните информации, авионот за време на летот наишол на проблеми и се урнал во грмушки непосредно пред слетувањето, пренесуваат медиумите. Премиерот на Бахамите, Филип Дејвис, ...
Најмалку 27 лица загинаа, а осум се во критична состојба откако пожар зафати бар во популарниот кварт Чатучак во Бангкок, ноќта кон понеделник. Повеќе од 60 лица се однесени во болница со повреди. Пожарникарите беа повикани на местото на настанот кратко по полноќ. Тие затекнаа ужасна сцена на местото на настанот, а посетителите бегаа низ влезната врата зафатена од пламен. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат луѓе како врескаат и ...