Златото се движеше во тесен опсег, бидејќи спротивставените сигнали за напредокот на разговорите за прекин на огнот меѓу САД и Иран продолжија да ги тераат трговците да се прашуваат дали централните банки можеби ќе треба да ги одржуваат каматните стапки повисоки подолго време за борба против инфлацијата. Златото се тргуваше за околу 4.540 долари за унца, што е малку променето во однос на претходната недела. Техеран е во процес на одговарање ...

Затворањето на Ормускиот Теснец до август го зголемува ризикот од економски пад кој е блиску до обемот на Големата рецесија во 2008 година, според „Рапидан енерџи груп“. Основниот случај на консултантската фирма претпоставува дека водниот пат повторно ќе се отвори во јули, што ќе резултира со просечно намалување на побарувачката за нафта од 2,6 милиони барели дневно и максимална цена на спот пазарот за референтната сурова нафта од типот ...

Европската Унија ќе предложи привремено укинување на санкциите врз голем кинески снабдувач на полупроводници откако производителите на автомобили предупредија за претстоен хаос во синџирот на снабдување доколку забраната не се отстрани. Европската комисија, извршната власт на ЕУ, ќе предложи исклучок за производителот на чипови „Јангџоу Јанџие Електроник Технолоџи Ко.“ уште оваа недела, според луѓе запознаени со ова прашање. ...

Растот на цените на нафтата и енергенсите поради војната со Иран повторно ги засили стравувањата од нов глобален енергетски шок и дополнителен инфлациски притисок врз економиите. Европските влади веќе бараат начини како да го ублажат ударот врз домаќинствата и компаниите, а Франција најави нов пакет помош од 710 милиони евра, покрај веќе обезбедените стотици милиони евра за најпогодените индустрии. Добро утро, ви пишува Анита С. Буховски ...

Секоја генерација има свој однос кон работата - и сленг што оди со тоа. Бебибумерите го измислија воркохолизмот, а трката со стаорци беше нивна реалност, заедно со искачувањето по корпоративната скала и лојалноста кон компанијата. Сепак, не е сè црно-бело - тука се и термини како „голдбрикинг“, кога се преправате дека многу работите, а всушност ретко што завршувате. Милениумците дојдоа со поинаков речник: „хасл култура“, „сајд хасл“ и ...

Податоците од почетокот на 2026 година укажуваат дека македонската економија го губи позитивниот замав од минатата година, кога бруто-домашниот производ се зголеми за 3,5 проценти, што беше најголем раст за четири години, забележуваат аналитичарите од австриската „Ерсте груп“ (Erste Group) во новиот извештај за макроекономските изгледи за Македонија. Спорд нив, одлучувачки сигнал е пресвртот кај инфлацијата. Во извештајот се посочува дека ...

Конфликтот на Блискиот Исток значително ја промени глобалната економска слика, стои во пролетната прогноза на Европската комисија. Пред почетокот на војната со Иран, глобалната економија земаше замав. Притисокот што го создаваа царинските политики на Трамп беше амортизиран од намалувањето на инфлацијата и силниот инвестициски циклус поврзан со развојот на вештачката интелигенција. Но, од крајот на февруари светот влезе во едно од ...

Иран од почетокот на војната уништил повеќе од дваесетина дронови M-ку 9 „Рипер“ управувани од американските сили, што претставува значителна загуба вредна речиси милијарда долари и околу 20 отсто од предвоениот арсенал на Пентагон за овој тешко заменлив беспилотен систем. Иран од почетокот на војната уништил повеќе од дваесетина дронови M-ку 9 „Рипер“ што ги користат американските сили, што претставува значителна загуба вредна речиси ...

Францускиот министер за буџет Давид Амиел вети нови мерки во вредност од 710 милиони евра, односно 823 милиони долари, за поддршка на домаќинствата и компаниите погодени од растот на цените на енергијата поради војната со Иран. Оваа помош доаѓа покрај веќе предвидените 470 милиони евра за таргетирана поддршка на индустриите, вклучително и патниот транспорт и рибарството. Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно. ...

Иран разговара со Оман за воспоставување некаков вид постојан систем на такси, со кој формално би се регулирала неговата контрола врз поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец. „Иран и Оман мора да ги мобилизираат сите свои ресурси и за обезбедување безбедносни услуги и за управување со пловидбата на најсоодветен начин“, изјави во средата во Париз, во интервју за „Блумберг“, иранскиот амбасадор во Франција, Мохамад Амин-Неџад. „Тоа ќе ...

Додека „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs Group) ја водел кампањата за преземање на водечката улога во иницијалната јавна понуда на „Спејс Икс“ (SpaceX), извршниот директор на банката Дејвид Соломон отворил нов канал за комуникација со милијардерот и сопственик на ракетната компанија, испраќајќи му директна порака на Илон Маск. Додека банките се натпреварувале која ќе ја добие водечката улога во ова ИПО, Соломон со својот тим директно му ...

„Стелантис“ ќе ги фокусира инвестициите на четири клучни брендови во рамки на широкото реструктурирање насочено кон зголемување на профитабилноста, додека легендарните брендови како „Крајслер“ (Chrysler), „Алфа Ромео“ (Alfa Romeo) и „Опел“ (Opel) ќе имаат значително помала улога. Тоа, заедно со новите цели за намалување на трошоците, треба да ја зголеми профитабилноста во Северна Америка на дури 10 отсто до 2030 година, додека во Европа би ...

Четири главни четботови со вештачка интелигенција: ЧетГПТ (ChatGPT) на „Опен еј-ај“ (OpenAI), „Гугл Џеминај“ (Google Gemini) на „Алфабет“ (Alphabet), „Клод“ (Claude) на „Антропик“ (Anthropic) и „Грок“ (Grok) на „Екс еј-ај“ (xAI) имаат проблем точно да одговорат на прашања за избори и геополитика, според нова студија на ВИ Форум (AI Forum). Истражувачи им поставиле повеќе од 3.100 прашања за широк спектар на вести, како политика, здравство и ...

Обидот за закрепнување на американските акции згасна, додека нафтата и приносите на обврзниците пораснаа поради неизвесноста околу договорот меѓу САД и Иран Фјучерсите на S&P 500 паднаа 0,3 отсто, откако резултатите на „Енвидија“ (Nvidia Corp.) не успеаја дополнително да го поттикнат растот поврзан со трговијата со вештачка интелигенција. Брент поскапе 1,9 отсто на околу 107 долари за барел. Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хаменеи ...

Бизнис активноста во еврозоната се намали најбрзо во последните две и пол години, што дополнително ги зголемува грижите дека последиците од војната со Иран и растот на трошоците за енергија, како последица на војната, ќе нанесат сериозен удар врз економијата. Композитниот индекс на менаџери за набавка (PMI), кој го подготвува S&P Global, падна во мај на 47,5 поени од 48,8 во април, и со тоа втор месец по ред остана под прагот од 50 ...

„Енвидија“ (Nvidia Corporation), највредната компанија во светот, објави прогноза за продажба што предизвика млака реакција кај инвеститорите, иако приходите од операторите на центри за податоци продолжија силно да растат. Компанијата доцна вечерта во средата соопшти дека продажбата во кварталот што завршува во јули ќе изнесува 91 милијарда долари. Иако аналитичарите во просек проценуваа 87 милијарди долари, некои прогнози одеа и до 96 ...

Помалите производители на автомобили и преработувачи во Европа сè потешко опстануваат поради прописите за емисии. Поголемите групации со познати имиња бараат нови сегменти во кои можат да продаваат поскапи и попрофитабилни автомобили. „Мерцедес-Бенц“ (Mercedes-Benz) во 2014 година повторно го оживеа луксузниот бренд „Мајбах“ (Maybach). „Порше“ (Porsche) пред неколку години го презеде „Ментеј рејсинг“ (Manthey Racing). Купувачите од петтата ...

Соосновачите на стартапот „Манус“ (Manus) разгледуваат опции за да го исполнат барањето на Пекинг за поништување на контроверзното преземање од страна на „Мета“ (Meta Platforms Inc.), вклучително и план за прибирање околу милијарда долари од надворешни инвеститори со цел повторно откупување на кинескиот ВИ-бизнис. Тројцата соосновачи на Manus - Шијао Хонг, Џи Јичао и Жанг Тао - водат разговори за инвестициски круг со проценка на вредност ...

Во текот на поголемиот дел од својата историја, цената на биткоинот ја движеше разновидна група купувачи: идеалисти, шпекуланти, рани усвојувачи и, во поново време, институционални инвеститори кои бараа нова заштита за своите портфолија. Побарувачката беше фрагментирана и тешко предвидлива. Во 2026 година таа не е ни едното ни другото. Со биткоин се тргува по цена од нешто над 77.500 долари, што е пад од речиси 30 проценти во однос на пред ...

„Спејс екс“ (SpaceX) јавно поднесе документација за она што би можело да стане најголемата иницијална јавна понуда (ИПО) во историјата, откривајќи милијарди загуби и структура на акции што ќе му овозможи на Илон Маск да ја задржи целосната контрола врз компанијата. Компанијата за ракети, сателити и вештачка интелигенција (ВИ) му дава на милијардерот право на надгласување на сите останати акционери, а воедно му ветува и огромни дополнителни ...

Главниот извршен директор на „ЏП Морган Чејс“, Џејми Дајмон, изјави дека гигантот од Волстрит веројатно ќе вработи повеќе специјалисти за вештачка интелигенција и помалку традиционални банкари, бидејќи усвојувањето на технологијата се забрзува. „Мислам дека тоа ќе ги намали нашите работни места во иднина“, рече Дајмон во интервју за „Блумберг ТВ“ на Самитот на банката за Кина во Шангај. „Ќе има најразлични видови работни места и мислам дека ...

Јужнокорејските акции пораснаа откако „Самсунг“ (Samsung Electronics Co) постигна привремен договор со својот синдикат, со што се отстрани заканата од непосреден штрајк кај најголемиот производител на мемориски чипови во светот. Главниот индекс Kospi скокна за дури 7,5 проценти во четвртокот, а акциите на „Самсунг“ накратко пораснаа за повеќе од 7 проценти. Споредбената компанија „СК Хиникс“ (SK Hynix Inc) доби дури 12 проценти. Корејската ...

Учесниците на пазарот на нафта сè повеќе ја позиционираат цената на суровата нафта на близу 100 долари за барел во текот на следната година, бидејќи побарувачката е принудена да се забави за да се спротивстави на милионите барели загуби во снабдувањето предизвикани од војната меѓу САД и Иран. Тоа е еден од заклучоците од анкетата на „Блумберг интелиџенс“ која овој месец доби 126 одговори од менаџери на средства и други специјалисти за ...

Иран предупреди дека ќе возврати подалеку од Блискиот Исток ако САД или Израел ги обноват нападите врз Исламската Република. Предупредувањето доаѓа по новите закани од претседателот Доналд Трамп. Добро утро, ова се петте вести што се важни за почеток на денот. Македонците рекордери: Трошиме милиони за недвижности во Грција Македонски резиденти лани инвестирале 21 милион евра во недвижности во Грција, што е убедлив рекорд во изминативе ...

Тимот „Алпин“ од Формула 1 во моментов е во преговори со „Гучи“ за можен спонзорски договор што би вклучувал присуство на овој луксузен бренд, во сопственост на „Керинг“, на нивните болиди. „Алпин“ истражува партнерства со повеќе брендови, вклучувајќи го и „Гучио Гучи“ (Guccio Gucci S.p.A.), но преговорите сè уште се во тек и конечна одлука сè уште не е донесена, наведуваат извори запознаени со ситуацијата. Портпаролот на „Алпин“ изјави ...

Македонски резиденти лани инвестирале 21 милион евра во недвижности во Грција, што е убедлив рекорд во изминативе години. Податоците на Банката на Грција покажуваат дека од 2019 година наваму речиси секоја година има зголемување на директните инвестиции од Македонија во грчкиот недвижен сектор. Статистиката открива дека всушност Македонија се најде на 20-то место на листата најголеми инвеститори во недвижности во Грција во минатата година. ...

„Опен- еј-ај“ се подготвува да поднесе барање за иницијална јавна понуда (ИПО) во наредните недели и има за цел јавен повик некаде на есен, според лице запознаено со планот. Создавачот на Чет ГПТ работи со „Голдман“ и „Морган Стенли“ за да поднесе доверливо ИПО барање уште во петок, но точниот тајминг останува неизвесен, рече лицето, кое побара да остане анонимно бидејќи информацијата не е јавна. „Опен-еј-ај“ соопшти: „Редовно ги оценуваме ...

Американските залихи со сурова нафта, вклучувајќи ги и стратешките резерви, паднаа на рекордно ниво, бидејќи растечкиот извоз почна да ја намалува домашната заштита на снабдувањето. Падот од 17.8 милиони барели ги донесе залихите на сурова нафта на најниско ниво во речиси една година, според податоците на Американската енергетска администрација. Исклучувајќи ги стратешките резерви, националните залихи на нафта сепак се намалија за околу 9 ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека сојузниците неофицијално разговараат за можната улога на воениот сојуз во Ормускиот Теснец, додека економските грижи растат поради блокираниот морски пат. „Ова се неформални дискусии, но, еј, ситуацијата е динамична,“ рече Руте пред новинарите во Брисел во средата, додавајќи дека секогаш размислува „дали НАТО може да има позитивна улога.“ Изјавите ја одразуваат променливата позиција на ...

Акциите на производителите на чипови поголемиот дел од годината го туркаа пазарот нагоре. Сега резултатите на компанијата „Енвидија“ (Nvidia) имаат шанса или да го потврдат продолжувањето на тој раст или дополнително да ја зголемат загриженоста на инвеститорите. Лидерот во областа на полупроводници за вештачка интелигенција (ВИ) ќе ги објави резултатите по затворањето на пазарот в среда. Волстрит очекува уште еден во низата силни извештаи ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07