Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Шампионот на Македонија во ракомет, Еурофарм Пелистер од Битола отпочнува нова акција во која ќе ги обедини на едно место своите легенди. -Ги повикуваме сите битолчани и поранешни ракометари на РК Пелистер, РК Пелагонија, РК Работник, РК Еурофарм Работник и РК Еурофарм Пелистер со најмалку 101 натпревар за битолските клубови да бидат дел од нашите натпревари во сезоната 2025/26. На секој ракометар од Битола со најмалку 101 натпревар клубот ...
-Моќни визуализации, неверојатни визуелни ефекти, ласерски шоуа, пиротехника и публика обединета од ритамот, Битола за прв пат во својата историја доби настан со “А“ класа светски музички артист и продукција според сите светски фестивалски стандарди.Синоќа на Градскиот стадион “Петар Милошевски” под Тумбе кафе во Битола харизматичниот Armin Van Buuren приреди спектакл на кој емоциите се среќаваа со енергијата на музиката, при што публиката ...
Основата на конфликтите кои настануваат помеѓу родителите и децата е кога родителот сака да ја промени природата и структурата на личноста на детето посакувајќи да биде како што тој би сакал да биде. За мајката родител, воопшто е важно да знае нешто повеќе за себеси за својот карактер (природа) “заради тоа мајката мора да го разбере своето дете.“Со тоа и комуникацијата родител – дете ќе биде подобра. Научни модели на однесување нема, ни ...
Денес, понеделник, 4 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно. Температурата во Битола до 29 степени. Утре, вторник, 5 август, во Битола времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 27 ...
-Со цел да се сочува богатиот архивски материјал, фонд на музика овековечен на ленти, касети и бројни грамофонски плочи на првата локална станица на Балканот Радио Битола, која веќе не постои, Државниот Архив на РМ – одделение Битола и Здружението на граѓани Архивист 2, организатори на изложбата посветена токму на ова радио, започна со своите сечавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство и автор на последната ...
Денес, недела, 3 август, кралот на електронската и транс музика, Armin Van Buuren доаѓа во Македонија, во Битола на БИТ ФЕСТ. Музичкиот спектакл од светски ранг, ќе се одржи на Стадионот „Петар Милошевски“, со почеток од 22:00 часот. За големиот концерт на ARMIN VAN BUREEN на Стадион ,,Петар Милошевски” очекувана e масовна посетеност како од сите градови низ Македонија, така и од сите соседи во регионот и Европа! -Со целовечерна програма, ...
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење според член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот раководител во општинскиот инспекторат во Битола, во временскиот период од октомври 2013 година до март 2016 година, во атарот на селото Дихово, надвор од градежен реон, односно во местото викано „Трновски ливади“, на ...
По повод големиот државен празник Илинден, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со делегација од Советот на општина Битола, претставници на Сојузот на борци и политичките партии, положија свежо цвеќе пред споменикот на двата Илиндена кај Центарот за култура и пред Споменикот на илинденците во храмот „Света Недела“.Со овој чин беше оддадена почит на сите кои со својата жртва ја извојуваа слободата што ја живееме денес.По ...
Во Охрид се одржа 5. меѓународен пливачки митинг “Охрид Опен 2025“ на отворениот пливачки базен „Атина Бојаџи“ во Охрид на кој учество зедоа над 220 пливачи од 25 клубови од земајва и странство. Пливачите се натпреваруваат во 9 пливачки дисциплини и 5 возрасни категории, за вкупно 246 медали и 12 пехари за најдобрите пливачи.Пливачкиот клу Југ од Битола настапи по водство на тренерот Михајло Трампевски, со 5 кои се бореа за пласман во 7 ...
Фестивалот “Илинденски денови“ во Битола е препознатлив и по првото оро кое традиционално се игра на почетокот пред свеченото отворање, а тоа е во избедба на најстарото играорно друштво од Битола “Илинден“, во кореографија на Валентин Соклевски, кој потекнува од Гени Мале во Битола. На сцената на “Илинденски денови“ во Битола изминатите години многу нивни членови и членки го одиграле ова оро и сигурно со гордост се сеќаваат на тој наста. За ...
Екипата на ОК Пелистер Волеј од Битола промовира ново интернационално засилување, тоа е Алина Жевлакова од Мозир, Белорусија, и клубот ќе го засили на позицијата техничар. Алина Жевлакова последната сезона настапуваше во шампионатот на Албанија во екипата на Поградец. -Нејзината енергичност и борбеност на теренот сигурни сме дека ќе бидат одлично решение за составување и докомплетирање на екипата која полека но сигурно го добива својот нов ...
Свадбената торта претставува едно од најзначајните обележја на свадбената церемонија. Младенците отсекуваат парче и со љубов си даваат од истата и затоа свадбената торта ја пренесува магијата и вкусот на љубовта. Во секоја свадба се крие посебна љубовна приказна – а во слаткарници “ГТ“, таа приказна ја претвораме во торта која плени и со изглед и со вкус. Нашите свадбени торти се создадени со љубов, страст и чувство за детали, за да бидат ...
“By Marieli“ кафетерии од Битола и “Food republic“ од Битола синоќа на уличката кај “Стаклната зграда“ им приредија изненадување на битолчани, на нивните постојани гости и наметниците.-Поводи многу, голем празник Илинден, убави гости, убаво време, задоволни муштерии… па зошто да не направиме една поинаква вечер. Без разлика чија е идејата, дали наша или на комшиите од “Food republic“, се случи различва вечер, сите беа задоволни, се направи ...
На 02.08.2025 во 01.40 часот во СВР Битола, ЖТ.И. од Битола пријавила дека во „Комплекс Нов Пазар“ во Битола нејзината малолетна ќерка била физички нападната од повозрасен човек. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 30.07.2025 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Битола при вршење на увид поради кражба во куќа во Битола, кај лице на возраст од 39 години од Битола била пронајдена марихуана и две непознати таблетки во бела ...
Со д-р Васил Чипуровски информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност. Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за хијатус хернија, за што вели: -Желудникот е шуплив мускулен орган во кој се лачат значајни ензими ...
“АБЦ Дојчиновски“ од Битола компанија која е етаблирана и реномирана за продажба на пелети започнува со продажба на пелети рати. На потрошувачите “АБЦ Дојчиновски“ им нуди голем избор, десетина типови на пелети, сите сертифицирани со сертификатот N+A2 или N+A1. Пелтите се со висок квалитет и прифатливи цени, секако со бесплатно чување до идната грејна сезона и транспорт на пелетите. “АБЦ Дојчиновски“ веќе работи за идната грејна сезона, а ...
-Со вечер на интернационална музика и игра исполнета со прекрасна музика и изведби, на Платото пред Офицерскиот дом во Битола, синоќа свечено беше затворено 55. издание на фестивалот „Илинденски денови“, кој како значајна традиционална манифестација и оваа година беше дел од програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ. -Синоќа, со аплауз и достоинство, заврши јубилејното издание на најстариот фолклорен фестивал во земјата – под слоганот ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателот на Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј, Марјан Митковски, денес го потпишаа договорот со кој општина Битола обезбедува финансиска поддршка за клубот, со цел поддршка на активностите, развојот и промоцијата на одбојкарскиот спорт во Општина Битола.Општината со овој договор се обврзува да исплати финансиска поддршка на клубот во две еднакви рати по 2.000.000 денари од сезона. ...
3 АВГУСТ – НЕДЕЛА, СТАДИОН “ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ“ Претходниот викенд, Armin Van Buuren го помина со B2B сет со David Guetta во Ibiza и со специјален сет на main stage на Tomorrowland – овој викенд, во недела, кралот на електронската и транс музика, Armin Van Buuren доаѓа во МАКЕДОНИЈА! Влезниците се во продажба онлајн на avalonbooking.mk, сите ДИМПО тобака, Јагода, Кај Аждер и Ариес Травел. Се гледаме во недела во Битола! Ваша, АП Линк: ...
Во пресрет на еден од најголемите музички настани ова лето на подрачјето на Битола, кој ќе се одржи во недела на 3 август на стадионот „Петар Милошевски “во Битола, каде се очекуваат илјадници фанови да уживаат во електронската магија на светската музичка икона – Армин Ван Бјурен, СВР Битола упатува апел до возачите : -Заради големата фреквенција на луѓе и возила на подрачјето на Битола, ги замолуваме граѓаните на Битола да се воздржат од ...
Заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски и секретарот на општината Борче Димитровски, денес организираа прием на гостите и учесници на фестивалот „Илинденски денови“.Гостите од Мексико, Грузија, Хрватска, Полска, Индонезија и Швајцарија, ги пренесоа своите прекрасни искуства од учеството на 55 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, заблагодарувајќи се на гостопримството, прекрасната ...
Во бутикот “Multi brand’s“ на едно место ќе најдете оригинална облека и обувки од различни светски брендови.Евтини цени за асортиманот на женска и машка облека, кој е за сечиј вкус.Облека од разни стилови, дали е “кежуал“ стил, спортска облека или елегантен стил.Посетете не и изберете парче облека од вашиот омилен бренд, по пристапни цени за празниците кои ни доаѓаат велат од “Multi brand’s“.Бутикот се наоѓа на улица “Рузвелтова“ бр. 10 над ...
Денес, петок, 1 август, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 24 степени. Утре, сабота, 2 август, во Битола времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 32 ...
Ново музичко дело „Зошто (Why)“, кое е дел од првиот авторски албум „Гласот од невидливиот свет“ на Горан Мицевски од Битола, за што кратко ќе каже: -Овој албум и ова дело за мене не се само музика – тие се тивка молитва, внатрешна слобода и начин да останам поврзан со суштината на себеси и со вистината која ја носам во срцето.Мицевски за создавањето на оваа песна додава: -Процесот на создавање на „Зошто“ беше долг и длабок, со многу лични ...
-Во Битола се отвори нова игротека наменета за деца на возраст 1 до 12 години, игротека “Happy Heights“ кое веќе е местото каде децата ќе се забавуваат, ќе учат и ќе се дружат.Од игротеката “Happy Heights“, односно сопствениците Александар и Мартина Миладинови велат:-Игротека“Happy Heights“ е место каде децата ќе се забавуваат, ќе учат и ќе се дружат. Кај нас има весела атмосфера и насмевки за сите! На простор од 310 квадрати располагаме со ...
Денес, четврток, 31 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно, посвежо и со локален дожд. Температурата во Битола до 26 степени. Утре, петок, 1 август, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне можност за нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата во ...
Кај луѓето кои боледуваат од одредени хронични заболувања како што се: спондилоза, дископатија, дискусхернија, сколиоза многу е важно да се внесува редовна и одредена храна. Треба да се знае кај заболувањето како што е спондилозата, кај оние со одредени израстоци – калцификати дека најважно е да го намалат внесот на калциум, храната која содржи високо количество на калциум како сирење, млеко, кашкавал, јогурт. Кај овие лица погодно е да се ...
-Со Камерен оркестар Битола пред 3.000 битолчани и гости од други граодови и странство настапи и хрватската виолончелистка со светско реноме, Ана Руцнер како и Виолета Арсовска, Јаворка Витанова и гостинката од Косово Зана Абази Рамадани. Камерниот оркестар од Битола вечерва одржа величествен концерт во античкиот локалитет Хераклеја во Битола, на кој за прв пат во Македонија настапи како специјална гостинка и хрватската виолончелистка со ...
На 29.07.2025 во 18.20 часот во СВР Битола, С.Б. (36) од Битола пријавил дека на работното место во Казнено – поправната установа Затвор Битола во пијалокот кој го пиел му била истурена непозната течност, при што почуствувал јак и непријатен мирис и вкус. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 29.07.2025 во 08.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на место викано „Мост“ на река Лажечка, полициски службеници од Полициската ...
На улицата „8 ми Септември“ се изведува асфалтирањето со втор слој асфалт, во должина од околу 800 метри, од левата коловозна лента. Градоначалникот Тони Коњановски, советникот Бојан Бојкоски и дел од општинската администрација задолжена за реализацијата на проектот, извршија увид во завршната фаза од асфалтирањето на терен.Со завршувањето на комплетниот слој од асфалтирањето на оваа делница, во наредните денови се очекува нов времен режим. ...