Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Евротип започнува нова промотивна кампања наменета за сите нови корисници кои сакаат да станат дел од најпопуларната платформа за спортско обложување во Македонија. Почнувајќи од сабота, 16 август 2025 година, секој ново-регистриран корисник ќе добие ваучер во вредност од 200 денари, кој може да го искористи веднаш по регистрацијата. Како да добиеш ваучер? Зошто да ја имате Евротип Клуб картичката: За сите детали и дополнителни информации и ...
На 15.08.2025 во 19:36 часот на ул. „Македонска фаланга“ во Битола, полициски службеници од ПС за БПС Битола лишија од слобода 41 годишник од село Средно Егри, битолско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола запреле патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски таблици, кое тој го управувал, и констатирале дека го управувал возилото под дејство на ...
Денес 16.08.2025 (сабота) и во текот на утрешниот ден 17.08.2025(недела), две екипи на ЈКП Водовод Битола засилено работат на крајната фаза од проектот Битола – Логоварди – Поешево. Со овој проект граѓаните од овај регион ќе добијат комплетно нова водоводна мрежа од 6 км полиетилен со нови приклучоци. Овие активности се со цел подобрување на квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето за сите корисници. Ве молиме за разбирање и трпение за ...
Од д-р Васил Чипуровски добиваме стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност. Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за цистинурична нефролитијаза текст, за што вели: -Цистинурија е вродено нарушување во метаболизмот на аминокиселините (цистин лизин, аргинин и орнитин) и има две форми хомозиготен тип каде има обилна цистинурија над 600 мг ...
Возачите на автомобили и лицата кои се возат со нив, знаат колку е нервозно да се биде во автомобил кој нема исправен клима уред. Токму затоа за да излезе во престер на сите битолчани, специјализираниот сервис за одржување и поправка на авто клими, “Плинмонт“, набави нови машини, за што велат: -За да им излеземе во престер на нашите муштерии од Битола и од околните градови, и да не се задржуваат по горештините во сервисот подолго работиме ...
Денес, сабота, 16 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, во текот на денот променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во Битола до 32 степени. Утре, недела, 17 август, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на ...
Во фоајето на НУ Центар за култура свечено беше отворено на тринаесеттото издание на фотографската изложба „Со љубов од Битола“. Оваа година, објективите беа насочени кон битолските порти, како симболи на минатото и чувари на градската душа, како дел од фестивалот „Бит-Фест 2025“.Оваа година изложбата прикажува 33 фотографии кои ја доловуваат магијата на битолските порти. Од нив, 30 се креации на учесниците на конкурсот – секоја фотографија ...
ЈКП “Вододов“ Битола ги изестува граѓаните дека, во текот на следните денови: 16.08. 2025 год. (сабота) и 17.08. 2025 год. (недела), поради работни активности околу новата водоводна мрежа на потегот село Логоварди – село Поешево (поставување на нови приклучоци) во прекин ќе биди водоснабдувањето за корисниците од овие населени места. Ве информираме дека поради овие активности ќе биди во прекин патниот правец во овие населени места. Прекинот ...
На 14.08.2025 во 23:51 часот, полициски службеници од ПС за БПС Битола лишиле од слобода 50 годишник од Битола. При вршење увид на сообраќајна незгода во која учествувал приведениот управувајќи патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе ...
Општина Битола продолжува да инвестира во подобрување на условите во oпштинските училишта. Денес секретарот на Општина Битола Борче Димитровски, заедно со директорката на СОЕУ „Јане Сандански“, Билјана Јанкуловска, извршија увид во реализираните проекти со финансиски средства издвоени од буџетот на Општина Битола. Се работело или се работи на реконструкција на училници во подрумскиот простор, опремување на училниците со школски клупи и ...
Денес, петок, 15 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во Битола до 31 степен. Утре, сабота, 16 свгуст, во Битола времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на ...
Портите не се само дрвени или железни премини — тие се неми сведоци на времето, чувари на сеќавањата, граничник меѓу јавното и личното, надворешното и внатрешното. Секоја порта крие приказна – за домот, за семејството, за минатото кое живее зад неа. Оваа година изложбата на фотографии СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА која ЦЕРИ ја реализира по тринаесетти пат е посветена на битолските порти. 13-то издание на изложбата е дел од годишната програма на НУ ...
Бројните и чести дефекти на водоводната линија од Неолица до Битола, позната како “Дванаесет Кладенци“ денеска по тридневна активност беа отстранети од екипа на ЈКП “Водовод“ од Битола.-Во прашање беа технички проблеми кои се од постар датум, а кои треба да се контролираат редовно, рече Пеце Петковски – раководител на екипата.Во екипата на ЈКП “Водовод“ – Битола покрај Петковски беше во состав, Стевче Стефановски, мајстор, Горги Нонкуловски ...
На 13.08.2025 во 21:30 часот во Битола од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола е лишен од слобода 71 годишник од Битола, врз основа на претходно пријавена кражба. Кај лицето се пронајдени предметите од извршеното кривично дело и вратени на оштетената. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава. На 13.08.2025 од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола при извршен преглед кај три лица на ...
Во Офицерски дом во Битола свечено беше отворено второто меѓународно биенале на минијатурна уметност ИМБМ Битола 2025. Биеналето е организирано и реализирано од нејзиниот раководител Владо Ѓорески, кустос и графичар кој што воедно е и раководител на Меѓународното графичко триенале Битола.Оваа година застапени се околу 600 автори, со околу 800 дела од повеќе од осумдесет држави, а според уметничкиот израз на пристигнатите дела, станува збор ...
Јајцата се дел од ихраната на човекот на повеќе начини, а за тоа дали се штетни или корисни за човекот има голем број на дилеми. Ќе се обидеме преку некои факти за јајцата да појасниме некои работи. Јајца од кокошки се многу корисни за ншсето здравје, содржат холин и се важен извор на протеини. Холинот има битна улога на развојот на мозокот и негова функција, тој е многу вазен за бремени жени и помага за развојот на фетусот. Две големи ...
Денес, четврток, 14 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Температурата во Битола до 32 степени. Утре, петок, 15 август, во Битола времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во Битола ...
ЈКП “Водовод“ Битола ги информира граѓаните за рационално користење на водата за пиење. Екипите на ЈКП Водовод –Битола покрај редовните теренски проверки и работни активности, ќе вршат контрола на водоснабдувањето и ќе интервенираат кај оние корисници кои енормно и бесправно ја користат водата за пиење, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување на корисниците. Во овој период се планираат исклучувања на бесправно поврзаните корисници на ...
На 5 август 2025 за прв пат од постоењето на култниот центар за културни настани и независна уметност “Loft 7” за јавноста се отвори изложбата на македонските уметници Гаврил Докулески од Битола и Елена Елче Димова од Велес насловена “Цената на Разумот“ – “The Price of Reason“.“Loft 7” е еден од најпознатите мултифункционални центри во Сиднеј, кој се наоѓа во историската Hibernian House, 342 Elizabeth Street, Surry Hills. Можеби најпознат по ...
Со претставата на Театарот за деца и млади „Колибри“ од Унгарија заврши официјалната програма на ИДТФ „Битолино“ а во чест на наградените премиерно беше изведена претставата „Аудиција“ на Театарската школа „Бабец“. Фестивалот традиционално доделува единствена награда Гран-при за најдобра претстава во целина а за која оваа година одлучуваше жири во состав од: бугарската актерка и режисерка Ефимија Павлова и македонските актери со ...
На 12.08.2025 во 14:41 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната од Република Албанија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, на возраст од 47 години, додека со телесни повреди се здобиле возачот сопатничката (44) и уште една 15-годишна девојка, сите од Република Албанија, констатирани ...
Викендов ќе се одржи традиционалниот фестивал на староградска музика Битола во Старата чаршија, кој е еден он настаните кои повеќе години се организира во Битола и е дел од годинашниот Бит фест. Фестивалот ќе се одржи петок и сабота на плоштадот во Старата чаршија кај Детското студио “Монмартр“. Според програмата која ја соопшти организаторот предвидена е забава за битолчани и нивните гости и пријатна атмосфера како и изминатите години. ...
Денес, среда, 13 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јуоисточен правец. Температурата во Битола до 35 степени. Утре, четврток, 14 август, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. ...
Утринските часови се најпродуктивни. А кога се споени со совршено подготвен појадок – добивате рецептот за успешен ден. Во AURUM Kitchen & Bar, појадокот е повеќе од оброк – тој е искуство што се памети, и простор што инспирира.Ако барате место за утрински состанок, вип просторија, тишина за работа или едноставно начин да си го започнете денот убаво – AURUM го има сето тоа.На менито ќе најдете внимателно избрани комбинации за енергија и ...
Управата на Пелистер Волеј од Битола продолжува со официјализирање на новите засилувања на тимот за следната сезона. Најновото засилување е во името на Мартина Николова од кое се очекуваат одлични партии во зелено-белиот дрес. Мартина Николова доаѓа од редовите на Работнички Скопје и има блескава клупска и репрезентативна кариера, дури 3 двојни круни и вкупно 4 шампионски титули -Мартина игра на позицијата среден блокер и со своето големо ...
Во Битола и околината попладнево е почувствуван земјотрес. -Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, наведува Сеизмолошката опсерваторија. Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 13:07 часот на границата меѓу Грција и Албанија. Епицентарот се наоѓал на ...
-Под мотото „Од збор до свет: фестивал што гради уметност“, тринаесеттото издание на овој препознатлив настан ќе се одвива од 11 до 13 август 2025, на повеќе културни локации во Битола. Овој фестивал е единствен по својот формат – комбинација на книжевни промоции, визуелни уметности, кратки филмови, изложби и дијалози со автори. „300 Работи, Триста“ не е само фестивал – тој е културна иницијатива што ја постави Битола на мапата на ...
На 12 август во 19 часот во КИЦ -Офицерски во Битола ќе биде отворено второто меѓународно биенале на минијатурна уметност-графики, слики и цртежи. Застапени се над 400 автори од повеќе од осумдесет држави. Според бројот на истакнати автори станува збор за една од позначајните ликовни манифестации во меѓународни размери. Во рамките на манифестацијата, ќе биде претставена изложба на Ранко Струмениковски и постхумно ќе биде доделена специјална ...
“Шабачки делфини“, меѓународен маратон во пливање на 5 км на реката Сава се одржа на 10 август оваа година. На истиот учествуваа пливачи од 34 земји од регионот Србија, Хрватска, Унгарија, Босна и Херцеговина. Единствен учесник од Македонија е Анабела Диневска од Битола. Маратонот е во органзиција на Пливачкиот клуб „Шабачки делфини“ од Шабац Србија, кој секоја година се случува во август. Анабела Диневска од Битола е член на пливачкиот клуб ...
Овој четврток, Битола нема да спие! Tropico Band пристигнува во Голд Фелиција за најжешката летна ноќ – со хитови што ќе ве кренат од место и ќе ве држат на нозе до самиот крај! Од 21:00 до 01:00 – четири часа чиста музичка еуфорија, со атмосфера што ќе ја паметите долго. Карти – 800 денари Продажни места: Голд Фелиција – Битола, Евротип Битола – Широк Сокак, Евротип Битола – Партизанска и Евротип Прилеп – Катна. Инфо и резервации: +389 75 ...