
Скопје
4ᴼ /
4ᴼ



Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за просечната месечна плата во Македонија за јули 2025 година. Според објавените бројки, просечната исплатена нето плата изнесувала 45.276 денари, додека бруто платата достигнала 68.102 денари. Во споредба со истиот месец минатата година, има зголемување на платите, што се должи на зголемувањата во неколку клучни сектори. Во јули 2025 година, просечната исплатена нето месечна плата ...
Организацијата за економска соработка и развој (OECD) предупредува дека растечките увозни царини и трговски бариери ќе нанесат сериозен удар врз глобалната економија во 2026 година. Според најновите проекции, глобалниот економски раст се очекува да забави од 3,2% во 2025 година на 2,9% во 2026 година. Најголем дел од влијанието ќе дојде како резултат на новите трговски ограничувања и повисоките царини, кои веќе предизвикуваат неизвесност кај ...
Банката на Италија повика на законска транспарентност околу издавањето на идентични стабилкоини преку граници, предупредувајќи дека моделот на мулти-издавање носи правни, ликвидносни и ризици за финансиска стабилност. Според заменик-гувернерката Киара Скоти, корисниците ги сметаат токените за заменливи, што може да доведе до несогласување меѓу обврските и резервите. Европската централна банка веќе предупреди на ризици, додека Европската ...
Британската онлајн трејдинг платформа IG Group ја купи австралиската крипто-берза Independent Reserve за 178 милиони австралиски долари (117 милиони USD). Со оваа аквизиција IG го шири своето присуство на пазарот во Азија-Пацифик и ги зајакнува дигиталните услуги. Компанијата очекува зделката позитивно да влијае врз добивката по акција уште во првата финансиска година по затворањето. Овој потег претставува дел од стратегијата на IG за ...
На крајот на вториот квартал од 2025 година, Народната банка објави статистички податоци кои укажуваат на раст на нето надворешниот долг и на понатамошно влошување на меѓународната инвестициска позиција на државата. Според извештајот, нето надворешниот долг на 30 јуни 2025 година изнесува 4,595 милиони евра, што претставува 28,2% од проектираниот БДП. Ова е пораст од 44 милиони евра или 1% во однос на претходниот квартал. Структурно гледано, ...
Американските акции паднаа по една недела силни добивки на отворањето денес, поради растечките ризици од финансиско затворање од страна на федералната влада. Вредноста на берзанскиот индекс Dow Jones падна за 223 поени, или 0,5 проценти, S&P 500 изгуби 0,2 проценти, а Nasdaq се движеше околу 0,1 процент, објави CNN (CNBC). Овие бројки дојдоа откако растечкиот ризик од затворање на американската влада, кога финансирањето за активностите на ...
Цената на златото се зголеми за 0,22 проценти утрово достигнувајќи рекордно високо ниво од 3.184 евра (3.755 долари) за унца во 9.30 часот наутро по средноевропско време. Цената на златото се движеше помеѓу 2.150 евра (2.536,91 долари) и 3.184 евра (3.755 долари) за унца во текот на изминатите 12 месеци, што е зголемување од 42,8 процента. Пазарните очекувања за понатамошно намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД ...
Бродовите, на кинеската компанија „Си леџенд“ (Sea Legend) за карго транспорт, од неделава ќе пловат по директна рута до Европа преку Арктикот, со што речиси двојно ќе биде намален рокот за испорака. „Си леџенд“ ќе ја користи арктичката рута за да го намали времето на испорака и да ги преполови емисиите на јаглерод и првпат ќе пловат по Арктички Океан на својата рута од пристаништето Нингбо Жоушан. Брод „Истанбул бриџ“ (Istanbul Bridge) е ...
Овој историски максимум не е само моментална флуктуација Цената на златото од 3.712,48 долари за унца повторно достигна рекордни максимуми, потврдувајќи го својот статус како најбарано безбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња. Овој историски максимум не е само моментална флуктуација, туку јасен одраз на растечката глобална побарувачка за безбедни средства во услови на висока инфлација, слабеење на американскиот долар и зголемување ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2025 година изнесува 65 077 денари и е намалена за 430 денари споредено со август годинава, кога беше 65 507 денари. Со изнајмен стан од 60 метри квадратни, пак, изнесува 80 452 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23 394 денари или 35,9 отсто, ...
Во вториот квартал од 2025 година, во Европската Унија имало 13,3 милиони невработени лица на возраст од 15 до 74 години. Меѓутоа, кога ќе се вклучат и оние во „скриена невработеност“, бројката се зголемува на 26,8 милиони. Во просек, вишокот работна сила во ЕУ во вториот квартал од 2025 година изнесувал 11,7%. Во оваа категорија влегуваат луѓе кои би можеле да работат, но не бараат активно работа, работници со скратено работно време кои сакаат ...
Во тек е креирањето на мерките со кои Владата би им излегла во пресрет на граѓаните за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Kако што рече вчера премиерот Христијан Мицкоски, екипи на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Комисијата за заштита од конкуренција се постојано на терен, а покренати се дури и одредени постапки. -Мерките се во тек, а тоа што не правиме естрада од политиките што ги водиме не значи дека не се грижиме. ...
И покрај намалувањето на каматните стапки од страна на Федералните резерви и најавите за нови кратења, доларот бележи благо зајакнување на глобалните пазари. Дознајте зошто инвеститорите се уште веруваат во стабилноста на американската валута. На светските финансиски пазари, вредноста на американскиот долар оваа недела бележи благо зголемување, и покрај тоа што Федералните резерви (американската централна банка) ги намалија каматните стапки и ...
Просечните потрошувачките цени на кафето во Бразил се намалија за 1,01 процент во јули во однос на претходниот месец, и тоа е прв пад на цените за период од година и половина, соопшти Бразилскиот институт за географија и статистика (IBGE). Падот на малопродажните цени во најголемата земја во Јужна Америка е резултат на пониските цени што им се исплаќаат на земјоделците по бербата на овогодинешната реколта, која сега е во завршна фаза, објави ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги повика европските земји да престанат да купуваат нафта од Русија. Тој верува дека намалувањето на нејзината пазарна цена ќе го заврши конфликтот во Украина. „Европејците купуваат нафта од Русија, а тоа не треба да се случува, нели?“, рече Трамп на вечера во Маунт Вернон, Вирџинија. Тој се сврте кон Мет Витакер, постојаниот претставник на САД во НАТО, кој беше присутен во просторијата, и му ...
Лани растот на платите во Европската унија покажува драматични разлики меѓу земјите. Најголем скок е забележан во Бугарија, каде просечните плати пораснале за дури 13,2 проценти, додека Унгарија следи со раст од 10,9 проценти, а Романија заокружува врвот со 10,4 проценти. Овие бројки покажуваат дека земјите од Централна и Источна Европа бележат значително поголем раст на доходите отколку нивните западни соседи. На спротивната страна, Франција ...
Рудник за злато на североистокот од Брегот на Слоновата Коска е на пат да премине од гласини во реалност, откако компанијата „Резолут Мајнинг“ објави дека откриеното наоѓалиште содржи повеќе од 100 тони злато. За проектот е издаден еколошки сертификат, а процесот за добивање рударска лиценца е во тек. Изградбата на рудникот е планирана да започне на почетокот на 2026 година и ќе трае околу две години. Првото производство се очекува во 2028 ...
Европската централна банка (ЕЦБ) ја постигна својата цел за ограничување на цените, но сè уште постои неизвесност за идните случувања, и покрај трговскиот договор со Соединетите Американски Држави, изјави претседателката Кристин Лагард. „Каматните стапки мора да бидат насочени кон нивото на инфлација, што е нашата цел, а кое сега го достигнавме“, изјави Лагард за данската радиодифузна агенција DRTV во интервју емитувано во саботата, според ...
Според ССМ, месецов за 430 денари е намалена вредноста на синдикалната минимална кошница споредено со август годинава, кога беше 65.507 денари. Според ССМ, синдикалната минимална кошница месецов изнесува 65.077 денари. Намалена е за 430 денари споредено со август годинава, кога беше 65.507 денари. Со изнајмен стан од 60 метри квадратни, пак, изнесува 80.452 денари. Едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23.394 денари или ...
Вкупните депозити во август бележат зголемување од 12,4 проценти на годишно ниво, а кредитите раст од 12,9 проценти. Според податоците што денеска ги објави Народната банка, кај депозитите поизразен е растот во секторот домаќинства, а кај кредитите во корпоративниот сектор. Кај физичките лица најзастапени во август биле потрошувачките и станбените кредити кои бележат годишно зголемување од 9,9, проценти и 15,5 проценти, додека автомобилските ...
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски изјави дека Владата по спроведувањето на локалните избори ќе ги соопшти мерките за запирање на превисоките цени на становите во Скопје, но и во неколку други центри во државата. Тој посочи дека фокусот бил ставен на младите полесно да си обезбедат живелиште. Николоски истакна дека нема економска логика за тоа што се случува. „Јас познавам многу што продаваат, а малку коишто ...
Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија на нивото „BB+“ со стабилен изглед, препознавајќи стабилен економски раст и кредибилни политики. Во извештајот се нагласува дека макроекономската стабилност е поддржана од доследните политики, долгогодишниот фиксен девизен курс и подобрените показатели за управување. Во првата половина од 2025 година, реалниот БДП порасна за 3,2%, поттикнат од ...
За покривање на основните животни потреби, во септември на четиричлено семејство му се потребни 65.077 денари, пресмета Сојузот на синдикати на Македонија. Споредено со месец август, вредноста на синдикалната минимална кошница е намалена за 430 денари. Месецов за храна и пијалоци, како што стои во табелата, се потребни 23.394 денари, односно 670 денари помалку од август, кога требало да се потрошат 24.064 денари. Според пресметките на ...
Вкупните депозити во август бележат зголемување од 12,4 проценти на годишно ниво, а кредитите раст од 12,9 проценти. Според податоците што денеска ги објави Народната банка, кај депозитите поизразен е растот во секторот домаќинства, а кај кредитите во корпоративниот сектор. Кај физичките лица најзастапени остануваат потрошувачките и станбените кредити. Првите растат за 9,9 проценти на годишно ниво, што сугерира стабилна приватна потрошувачка ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средба со високи претставници на Банката на Америка, на која беа разгледани клучните економски движења, макроекономските показатели и тековните реформи во управувањето со јавните финансии. На средбата присуствуваа Милош Старовиќ, извршен директор и раководител на продажба и структурни решенија за пазарите во развој, Олег Петров, извршен директор за Централна и Источна Европа, Блискиот ...
Делегација од Банката на федералните резерви на Њујорк ја посети Народната банка на Република Северна Македонија заради размена на искуства и јакнење на соработката во областа на меѓународните банкарски услуги и управувањето со сметките на централните банки. Посетата е важна за соработката меѓу Народната банка и водечките централни банки во светот, истакнувајќи ја нејзината важна улога во стабилноста на регионалните и светските финансиски ...
Претставници на Федералните резерви на САД (ФЕД) ја намалија референтната каматна стапка за четвртина процентен поен, со најава за уште две можни намалувања до крајот на годината, а одлуката доаѓа по месеци притисок врз ФЕД од страна на Белата куќа. Со одлука од 11 спрема 1, Федералниот комитет за отворен пазар ги намали каматните стапки од 4,25 проценти на 4 проценти, поставувајќи го опсегот за референтната стапка на федералните фондови помеѓу ...
Недостигот на лекови со години е постојан проблем во Европската Унија, но и покрај тоа, ЕУ сè уште нема ефикасен систем за справување со овој предизвик, покажува нов извештај на Европскиот суд на ревизори (ЕСА). Според извештајот, кризата со недостиг на лекови се влошила и достигнала рекордни нивоа во 2023 и 2024 година. Причината, велат ревизорите, е отсуството на заедничка рамка и координирани механизми за следење и делување на ниво на цела ...
ПроКредит Банка потпиша договор со ЕБОР – European Bank for Reconstruction and Development (EBRD) во износ од 20 милиони евра за Програмата за споделување на ризикот. ПроКредит Банка е една од првите банки во земјата која се вклучи на оваа програма, која ќе овозможи полесен пристап до финансирање на поголеми проекти за локалните бизниси, придонесувајќи кон зајакнување и раст на локалните компании. Со овој финансиски инструмент ПроКредит Банка ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека економијата се опоравува и какви се макроекономските показатели во индустријата, изјави: „Државниот завод за статистика објави параметар вчера, во којшто вели дека трговијата во индустријата е зголемена за 13-14% во јули, споредено со истиот месец претходната година. И тоа е тренд кој што нѐ следи цела година, но она кое што за мене е забележливо, е ...