Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Тутунски комбинат АД Прилеп, по што на новинарско прашање, каков е планот за капитални инвестиции за наредната година, изјави дека Владата е фокусирана на вистински капитални инвестиции, пример се вложувањата за општините, реализацијата на Коридорот 10д. За следната година во Буџетот се предвидени 50,5 милијарди денари, тоа значи вложувања во инфраструктура, автопати, водоводи, канализации. „Што се ...

На девизните пазари доларот се зголеми до однос на останатите валути. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста кон другите шест најважни светски валути, утрово се движи со 105,5 поени, додека во вторникот навечер изнесуваше 104,95 поени. Истовремено курсот на доларот во однос на јапонската валута поразна за околу 0,5 %. Американската валута зајакна во однос на еврото, па цената на еврото падна на 1,0715 долари, додека во петокот вечерта ...

На глобалните пазари минатата недела цените на нафтата пораснаа за околу 1 отсто, бидејќи тие се поддржани од надежта на трговците за побрз раст на американската економија, но повисокиот раст на цените е спречен од слабоста на кинеската економија. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 1,05 отсто, на 73,87 долари, додека барелот на американскиот пазар поскапе за 1,2 отсто, на 70,35 долари. По падот за повеќе од 2,5 ...

Народната банка ги потсетува младите истражувачи дека е распишан Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Крајниот рок за доставување на трудовите за Конкурсот за Годишната награда за 2025 година е 1 февруари 2025 година. Сите заинтересирани млади истражувачи можат да поднесат свој труд, во согласност со условите и критериумите на јавниот повик. Право на учество имаат сите ...

АД МЕПСО денеска соопшти дека ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година. Одлуката беше донесена едногласно, на седница на Управниот одбор на АД МЕПСО, предводен од генералниот директор Бурим Љатифи. Заеднички заклучок е дека трошоците и издатоците по оваа основа треба да се стопираат до следната 2025 година, кога овој процес ќе продолжи и понатаму да функционира, но на транспарентен начин и со детално почитување ...

Биткоинот достигна нов историски максимум близу 81.000 долари, а фјучерсите се зголемија, јасен знак дека инвеститорите веруваат дека рекордната цена на најголемата криптовалута во светот е подготвена за повеќе добивки благодарение на изборите во САД на кои беше забележан успехот на про-крипто кандидатите кои ја освоија функцијата. Отворениот интерес за цената на биткоинот кој надминува 90.000 долари се искачи на повеќе од 2,8 милијарди долари ...

Почнуваат подготовките за стартот на откупот на тутунот од новата реколта. Првичните проценки покажуваат дека ќе има помал род од договорените 26.000 тони. Тутунарите очекуваат поволен откуп и повисоки цени од ланските… Се прават завршните подготовки за почетокот на откупот на тутунот на 15-ти ноември, велат од Министерството за земјоделство. Последниот ден за заверување на мострите е 15-ти ноември, а потоа монополите ќе можат да ги отворат ...

Од 1 јануари 2026 година е предвидено да почне да се применува декарбонизацијата: РЕК „Битола“ Без финансиска и техничка поддршка, многу бизниси – особено малите и средните претпријатија – се соочуваат со проблем при исполнувањето на климатските цели. На нешто повеќе од една година, кога треба да почне да се применува новата давачка за емисиите на јаглероден диоксид, во нашата земја како да се крена нивото на тревога на највисоко ниво. Владата ...

Годишната стапка на инфлација во Грција падна во октомври од септемвриските 2,7 на 2,4 отсто и сега е најниска во последните четири месеци, објави грчкиот статистички институт ЕЛСТАТ. Во октомври цените на храната и безалкохолните пијалоци во Грција се зголемени за 1,5 отсто на годишно ниво, алкохолните пијалоци и тутунот за 1,2 отсто, домувањето и комуналните услуги за 3 отсто, здравството за 3,6 отсто и образованието за 2,8 отсто. но во сите ...

Оптималните рокови поминаа а во нашата најголема житница поради сушата од планираните 12.000 хектари со пченица досега е засеано само една третина. Земјоделците велат доколку заврне може да се сее и до крајот на месецов но задоцнетата сеидба ги носи ризиците од правилна вегетација на посевите, заболувањето на растенијата но пред сè есенската сеидба ја прави далеку поскапа… Состојбата со есенската сеидба во најголемата житница станува ...

Напролет следната година Владата повторно ќе распише повик за ваучери за инвертeри, по големиот интерес годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Велес. -Да, апсолутно. Пред да дојдам во Велес имав состанок со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и бев информиран дека за помалку од два дена се поделени повеќе од 85 отсто од ваучерите. Тоа зборува дека интересот е голем и правиме сè да го ...

На седница на Управниот одбор на АД МЕПСО, предводен од Генералниот директор Бурим Љатифи, едногласно била донесена одлука да се прекинат сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година. „Заеднички заклучок е дека трошоците и издатоците по оваа основа треба да се стопираат до следната 2025 година, кога овој процес ќе продолжи и понатаму да функционира, но на транспарентен начин и со детално почитување на критериумите предвидени за ...

Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска вели дека Левица го поддржа укинувањето на економските директори на клиниките, за подоцна законот да биде изигран од власта и економските директори да станат советници. „Имаше закон за укинување на економските директори на клиниките, којшто Левица го поддржа. За после да видиме како истите тие економски директори стануваат советници на директорите“, рече Мојсоска на дебата на Клан. Мојсоска ...

Цената на криптовалутата Биткоин достигна нов рекорд – синоќа достигна ново рекордно ниво од 79.654 долари. Вредноста на најпознатата криптовалута претходно „скокна“ за повеќе од 10 отсто веднаш откако Трамп обезбеди втор мандат во Белата куќа, а републиканците го освоија Сенатот, со големи шанси да победат во Претставничкиот дом, пренесуваат странските медиуми. Зголемувањето е најголемо од претходниот скок во март, кога инвеститорите беа ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во втората половина од идната недела да се одржи состанок со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот заем. Тој, како што изјави денеска, ќе настојува да присуствува на состанокот „за да го каже тоа што мисли дека треба да го каже“. Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на три делници кај Велес, Мицкоски нагласи дека компаниите нема да имаат поголем трошок од оној што веќе ...

Германскиот производител на автомобили „БМВ“ објави пад на оперативната добивка од 61 отсто во третиот квартал од годинава, поради слабата продажба во Кина и проблемите со системите за сопирање кај некои возила, што доведе до доцнење на испораките. Истовремено, приходите на компанијата се намалени за 15,7 отсто на годишно ниво – на 32,4 милијарди евра. Аналитичарите очекуваа таа сума да биде околу 34,3 милијарди евра. Во третиот квартал, ...

Веќе се дефинирани производите што ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што изјави Мицкоски, дефинирани се и цените. Според премиерот, есенската кошничка даде резултат. Граѓаните може да ги почувствуваат ефектите, а тоа го потврдуваат и бројките. -Продолжуваме понатаму. Од тоа што сум информиран од минстерот за економија, остварена е комуникација со комроите, дефиниран е списокот на ...

Економските реформи во Европската унија станаа „уште поитни“ по изборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави. На ова предупреди поранешниот претседател на Европската централна банка и италијански премиер, политичар и економист Марио Драги, кој дојде на неформалниот самит на Европската унија во Будимпешта да ги претстави своите предлози. Драги на почетокот на септември објави извештај за поттикнување на растот во ...

И ние се грижиме за твоите лични финансии и затоа те советуваме: Личните финансиски податоци треба да ги знаеш само ти и затоа не ги споделувај со никого! За безбедно користење електронско банкарство секогаш имај ги на ум следниве корисни совети: Еден од приоритетите на Комерцијална банката е грижата за твоите лични податоци. При користење на Интернет банка, внимателно прочитај ги сигурносните препораки. Сподели ја информацијата на сите на кои ...

Просечната инфлацијата годинава значително ќе забави и од 9,4 отсто минатата година ќе се сведе на 3,5 отсто, а трендот на намалување ќе биде карактеристичен и за следните години, додека економскиот раст постепено ќе забрзува, при претежно стабилна платнобилансна позиција, посочила гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, која ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2024 ‒ 2027 година пред дипломатскиот кор и ...

Вредноста на златните резерви на Русија во октомври за прв пат надмина 200 милијарди долари, покажуваат објавените податоци на Банката на Русија. На крајот на октомври Русија имаше златни резерви во вредност од рекордни 207,7 милијарди долари, а руските инвестиции во злато минатиот месец се зголемија за речиси четири отсто. Учеството на златото во вкупните руски меѓународни резерви се зголеми на 32,9 отсто во октомври, што претставува рекорден ...

Цената на биткоинот достигна нов рекорд, па во 20:59 часот цената на оваа криптовалута изнесуваше 77.276 долари. Најпознатата криптовалута претходно порасна за повеќе од 10 отсто веднаш откако Трамп обезбеди втор мандат во Белата куќа, а републиканците го освоија Сенатот, со големи шанси да победат во Претставничкиот дом, пренесува Танјуг. Зголемувањето е најголемо од претходниот скок во март, кога инвеститорите беа израдувани од приливите во ...

Кредитната агенција „Мудис“ вчера соопшти дека го зголемува кредитниот рејтинг на Хрватска за две нивоа, од „Баа2“ на „А3“, со стабилна перспектива, пренесе „Блумберг“. Во соопштението се истакнува наглото намалување на јавниот долг и континуираното „подобрување на силата на хрватската економија“ благодарение на реформите и инвестициите и имиграцијата на работната сила. Агенцијата лани најави дека може да го подигне рејтингот на хрватските ...

Земјите во регионот имаат пониски стапки за придонеси, а во некои држави не се плаќа персонален данок на плати до 800 евра, велат работодавачите. Така на пример во Црна Гора компаниите не плаќаат придонеси за здравство и делот од нето приходот кој останува за работниците е поголем. Исто така не се плаќа персонален данок на плати до 800 евра, а ние плаќаме персонален данок дури и на минимална плата. Во Србија на пример вкупните стапки за ...

Институтот за економски истражувања во Хале соопшти дека во октомври 1.530 компании во Германија прогласиле банкрот, што е највисока бројка во изминатите 20 години. Банкротот на компаниите се должи на постојаниот економски пад, зголемувањето на зголемувањето на расходите за плати и енергија и дополнителните ефекти од времето на пандемијата, посебно компаниите со помала финансиска состојба кои добиваа државна помош. Сегашниот бран банкротства е ...

Има поскапувње на ДИЗЕЛ со новите цени на горивата кои стапуваат на сила вечерва на полноќ. Така дизел горивото од утре ќе се продава поскапо за 2 денари, и ќе изнесува 70,5 денари. Цената на бензините останува иста, односно БЕНЗИН 95 ќе се продава по цена од 75,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по цена од 77,5 денари по литар. Иста останува и цената на екстралесното масло 68 денари, додека мазутот ќе се продава по непроменета цена ...

ПроКредит Банка успешно го затвори годинешниот Startup Weekend Skopje, организиран во соработка со Solveo, кој се одржа во Централната управа на банката. Овој настан, кој стана традиционален за стартап заедницата, беше поддржан од страна на ПроКредит Банка, која и оваа година беше главен спонзор, заедно со Мастеркард Македонија. За банката, поддршката на иновациите и развојот на стартапите е важен дел од нејзината стратегија, и тие ја делат и ...

На Волстрит во четвртокот индексот S&P 500 значително порасна втор ден по ред, како и Nasdaq, откако американската централна банка ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени. Индексот Dow Jones остана речиси непроменет, на 43.729 поени, додека S&P 500 порасна за 0,74 отсто, на 5.973 поени, а Nasdaq индексот порасна за 1,51 отсто, на 19.269 поени. Нови рекорди за S&P 500 и Nasdaq индексот следеа откако челниците на Fed ...

Централна банка на Албанија одлучи да ја намали за 0,5 проценти основната каматна стапка, со што овој показател сега е на ниво од 2,75 отсто. „Надзорниот одбор одлучи да ја намали основната каматна стапка, од нивото од 3% на ниво од 2,75%; каматната стапка на еднодневните депозити од 2% на 1,75% и каматната стапка на еднодневен кредит од 4% на 3,75%“, изјави гувернерот Гент Сејко. Нагласи дека Надзорниот одбор смета дека со овој потег ќе се ...

Македонската економија годинава ќе испорача раст на Бруто домашниот производ за 2,3 отсто, прогнозира Народната Банка. Поголем оптимизам во проекциите имаат за следната година, кога се очекува растот да достигне 3,3 отсто. Од Централната банка очекуваат инфлацијата годинава да се задржи на ниво од 3,5 отсто. Овие проекции гувернерката Анита Ангеловска Бежоска вели дека би биле остварливи замо доколку се спровеува фискалната стратегија на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
82%
1016
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
75%
1014
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
72%
1014
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
88%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.22
80%
1015
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.51
80%
1014
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
64%
1014
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
72%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.0
64%
1016
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
2.68
78%
1016
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
74%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
77%
1015
Currency

61.53

Currency

53.9615

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63