
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Џејми Димон предвидува дека вештачката интелигенција (AI) ќе ја скрати работната недела на 3,5 дена, додека животниот век на вработените би можел да се продолжи до 100 години, но предупредува на потенцијалните ризици. Генералниот директор на JPMorgan, Џејми Димон, ги отфрла катастрофалните прогнози за влијанието на вештачката интелигенција врз човештвото, истакнувајќи дека оваа технологија значително ќе го подобри бизнисот и рамнотежата меѓу ...
Министерството за трговија брза да финализира што е можно повеќе такви договори пред крајот на мандатот на Бајден Американското Министерство за трговија објави дека ја финализираше владината субвенција од 1,5 милијарди долари. за GlobalFoundries да го прошири производството на полупроводници во Малта, Њујорк и Вермонт. Обврзувачкиот договор за GlobalFoundries со седиште во Њујорк, третиот најголем светски производител на договорни чипови, ја ...
Зголемениот број нови енергетски возила во Кина и зголемениот број на автомобили кои се враќаат на замена го поттикнуваат растот на пазарот за рециклирање батерии. Според извештајот на кинеската централна телевизија (CCTV), статистиката покажува дека бројот на електрични автомобили во Кина веќе надмина 28 милиони. Вкупниот волумен на отповиканите батерии за напојување во земјата достигна 580.000 тони, а пазарот за рециклирање се очекува да ...
Просечната камата за новоодобрени кредити за компании за прв пат падна под 5%, додека побарувачката за кредити, како од компании, така и од домаќинства, значително расте. Заклучно со октомври, вкупната задолженост изнесува 7,7 милијарди евра, при што банкарите најавуваат олеснување на кредитните услови до крајот на годината. Крајот на годината носи олеснување во кредитирањето Банкарската 2024 година ќе заврши со намалени каматни стапки и ...
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе високи царини за Мексико и Канада, два од најблиските сојузници на Америка, како и за Кина веднаш по преземањето на функцијата, што е најјасен показател од неговата изборна победа дека планира да ги следи строгите мерки. Објавувајќи на својата платформа Truth Social, Трамп рече дека на првиот ден од неговото претседателствување, ќе воведе царина од 25% за сите производи кои доаѓаат во ...
Реформите имаат за цел да го стимулираат растот во клучните деловни области LG Electronics најави серија организациски промени и извршни назначувања по одобрението од одборот на директори. Ова преструктуирање има за цел да ја забрза имплементацијата на среднорочната и долгорочната стратегија на компанијата, „Визија за иднината 2030“, насочена кон подобрување на внатрешната организациска синергија и воведување иновации во деловното портфолио. ...
Со трговска отвореност од над 150% од БДП и извоз на стоки и услуги од над 70% од БДП, нашата економија е пример за мала и отворена економија успешно интегрирана во глобалните трговски текови. Притоа, извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст и поддршка на платнобилансната позиција на економијата со позитивно влијание врз девизните резерви. „Во периодот по 2020 година се забележува раст на извозот на услужниот сектор, ...
Автопатот Кичево-Охрид, нема да заврши само со 600 милиони евра, колку што досега чини неговата изградба. За неговото завршување најверојатно ќе бидат потребни уште пари, најави денес, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, кој заедно со министерот за транспорт Николоски извршија увид на градежните работи. „Можеби ќе бидат потребни, бидејки овој проект е правен уште 2014 година. Тогаш стандардите биле други, а ...
„Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем да бидат поделени на македонското стопанство“, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. Ценам дека е ова историски договор со историска најниска каматна ...
Високата цена на струјата закана за нов бран поскапувања. Од производствената индустрија велат дека за еден месец цената на електричната енергија на отворен пазар е зголемена за над 200 проценти и ако продолжи тој тренд не се сигурни дали ќе можат да ги задржат цените. Поради ова минатата недела имале и средба со министерот за економија на која истакнале дека поради цените на електричната енергија можеби сега не е време за креирање на т.н. ...
Европската централна банка (ЕЦБ) предупреди на „балон“ во акциите на компаниите за вештачка интелигенција (АИ), кој може ненадејно да пукне доколку „розовите очекувања“ на инвеститорите не се остварат. Предупредувањето беше издадено како дел од два годишниот преглед на финансиската стабилност на ЕЦБ, објави „Bloomberg“. Централната банка на 20-те земји кои го делат еврото забележа дека берзите, особено оние во САД, стануваат сè позависни од ...
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград. Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските ...
Преговорите со банките за условите под кои бизнис секторот ќе може да искористи 250 милиони евра од унгарскиот кредит продолжуваат викендов и по постигнатиот договор за рокот на отплата, Владата очекува резултат со најниска можна каматна стапка за ризикот кредит за стопанството. По одвоените средби на Министерството за финансии со банките во изминатите денови, како и вчерашниот заеднички состанок на банките, има нов став од банкарскиот сектор, ...
Платите на дел од вработените во Владата и државните институции следната година ќе се зголемат значително, покажува предлог-буџетот за 2025 година, кој моментално е во собраниска процедура. Просечната бруто плата за вработените во Владата ќе се зголеми за 51,65% и ќе достигне 137.226 денари (околу 2.231 евра). Ова значи дека нето платите ќе бидат околу 89.877 денари (1.500 евра), што е раст од речиси 50% во споредба со оваа година. Најголеми ...
Руската рубља денеска го достигна најниското ниво од 24 март 2022 година, покажуваат официјалните податоци на руската Централна банка. Официјалниот курс на руската Централна банка денеска изнесуваше 102,58 рубљи за долар, односно над симболичниот праг од 100, додека еврото се менуваше за 107,43 рубљи. На падот на вредноста на рубљата влијае вчерашниот напад врз Украина со хиперсонична ракета и новите американски санкции насочени кон ...
Неодамнешните ниски температури го зголемија повлекувањето на гас од складиштата во Европа во првите две недели во ноември Зголемените цени на природниот гас и се поголемата неизвесност ќе доминираат со енергетските изгледи на Европа за претстојната зима. Референтните цени на природниот гас во Европа се во пораст, што ја означува несигурноста за доволно залихи и зголемена побарувачка бидејќи Европа се приближува кон третата зима откако Русија ...
Еврото во моментов е на најниско ниво во последните две години во однос на доларот, бидејќи единствената валута е зафатена од сеништето на американските царини и слабеењето на економијата. Еврото падна за повеќе од еден процент на 1,033 долари во петокот, повлечено од послабите од очекуваните податоци за деловната активност за еврозоната, за да го достигне најслабото ниво во однос на доларот од европската енергетска криза кон крајот на 2022 ...
Финансиската писменост е основа за успешна иднина и клучен фактор за личен развој. Во светот во кој живееме, каде што економските услови постојано се менуваат, за младите генерации е особено важно да бидат добро подготвени и информирани. Кога поединците разбираат како функционираат финансиските инструменти и концепти, тие можат подобро да управуваат со своите ресурси. Ова се пораките коишто ги упатија гувернерката на Народната банка, Анита ...
Иако разликата во бројките за јавниот долг, кој според Фискалниот совет е над 70 отсто од бруто домашниот производ, а според Министерството за финансии до 62 отсто од БДП, е голема, сепак ова не ги скара двете институции. И самата министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска призна дека голем дел до државните и локалните институции имаат долгови, кои не ги пријавуваат, па затоа не се дел од официјалните податоци. „Имаше заклучок на влада ...
Заклучно до вчера Управата за јавни приходи собрала речиси 350 милиони евра. Без малку 200 милиони во државната каса легнале по основ на даници, а за социјалните придонеси се собрани околу 155 милиони евра. Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова вели дека со собраните придонеси од даноците, наплата била 98 проценти од планираното. „Од аспект на УЈП ефективното собирање на даночните приходи, значи да обезбедиме ефикасни ...
ДЕМАНТ на текстот на 24инфо.мк: “Брзите кредити: Привремено решение или долготрајна финансиска замка за граѓаните” Со цел коректно и прецизно информирање на јавноста Групацијата на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија, која ги обединува и застапува интересите на најголемите 20 финансиски друштва од вкупно 27, ги посочува следните факти: Финансиските друштва работат по законска регулатива исто како и сите ...
Во текот на изминатите 15 години, Бугарија бележи исчезнување на 401.871 фарми, како што информира проф. Божидар Иванов, директор на Институтот за аграрна економија при Земјоделската академија во Софија. Наодите, засновани на последниот земјоделски попис спроведен во 2020 година, откриваат значителен пад, особено кај помалите фарми. Целокупното намалување се проценува на 75%, со јасен тренд на најсилна погодениост на најмалите фарми. Најголема ...
Пратеничката Моника Зајкова денес објави дека поднесува предлог измени на Законот за платежни услуги и платни системи,со кои ќе треба да се намалат трошоците за банкарските услуги. Претседателката на ЛДП најави дека ќе лобира кај сите пратенички групи за да се заштити стандардот на граѓаните. Таа смета дека овие трошоци треба да бидат регулирани законски, а не со интерни банкарски прописи и побара да се гласа во најбрзо можно време. – Граѓаните ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска соопшти дека во рамките на програмата „Младите во бизнисот“ ќе додели 100 милиони евра за младите претприемачи од Западен Балкан. На конференцијата на ЕБОР во Херцег Нови учествуваат партнерските банки, донатори, партнери на екосистемот и други заинтересирани страни за зајакнување на поддршката за микро, малите и средните претпријатија во Западен Балкан, кои се во сопственост или управувани од ...
Повеќето луѓе што живеат во Германија не само што имаат редовна сметка, туку имаат и штедна книшка, а за тоа треба да платат големи такси. Ова вклучува, на пример, месечни надоместоци за сметката. Мора да ги почитувате и условите за плаќање на соодветната банка или штедилница. Затоа многу луѓе веќе најдоа алтернатива за себе: сметка во странство. Ова обично не само што е многу поевтино, туку може да понуди и даночни бенефиции, пренесува ...
Од народната банка информираат дека граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити. Во октомври, вкупните кредити остварија раст од 1,8% и 9,2% на месечна и на годишна основа. Годишниот раст на вкупните депозити во октомври изнесува 11%, а произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Вкупните кредити, пак, на годишна основа се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото ...
Министерството за финансии имаше состаноци со секоја банка поединечно и денеска тие ќе имаат завршен состанок да ги додефинираат работите, за парите од унгарскиот заем, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, појаснувајќи дека се чека конечен одговор од банките за каматата што ќе биде понизок од 3,25 проценти, додека рокот останува и оти голем дел од банките кажале дека нема проблем за давање до три години грејс период и до ...
Вработените во германскиот гигант „Бош“ се принудени да се подготвуваат за тешки времиња и мерки за штедење како пократко работно време и помали плати, пишува германски „Билд“. Почнувајќи од 1 март следната година, 450 вработени во компанијата на повеќе локации во Германија ќе работат само 35 часа неделно, а соодветно на тоа ќе им се намали и платата, објави портпаролката на компанијата. Огромното мнозинство од работната сила на „Бош“ работи во ...
Додека гувернерот на ТЦМБ, Фатих Карахан изјави дека се подобрени инфлаторните очекувања во Турција се подобрени, што во иднина би можело да доведе до намалување на каматата. Годишната стапка на инфлација во Турција во октомври се спушти под 49 отсто, што е најниска од јули 2023 година. Блумберг очекува референтната каматна стапка на Турција да се намали од сегашните 50 отсто на 47,5 отсто до крајот на 2024 година и на 25 проценти до крајот на ...
Работниците од Македонија (55 отсто) и од Србија (54 отсто) се најподготвени да се преселат заради работа, додека испитаниците од Словенија (33 отсто) и од Хрватска (38 отсто) се нешто порезервирани, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Алма кариера Хрватска, меѓународна компанија најпозната по брендот МојаРабота. Колку работници од регионот се подготвени да се преселат на работа во странство? Кои се причините што не ...