Наместо нова заедничка средба, министерството за финансии ќе ги вика на поединечни состаноци секоја од банките за да ги убеди да се откажат од дел од огромните провизии и трошоци со цел бизнисот да добие што поевтини кредити. Овојпат, министерството за финансии ќе има поединчени средби со секоја од банките. Владата работи на две сценарија, најави премиерот Мицкоски, но не сакаше да открие кои се тие и на кој начин ќе се убедуваат банките да ...

Министерот за транспорт Александар Николоски рече дека проектот предвидува под одредени фискални поволности млади парови да се стекнат со куќа или стан… Владата планира да го активира проектот „Купи куќа за млади“ од следната година, изјави министерот за транспорт Александар Николоски. – Од следната година, практично за еден месец ќе почнеме да го развиваме проектот „Купи куќа за млади“ кој ќе треба да овозможи на голем број млади брачни двојки ...

Со предложениот буџет за 2025 година чекориме кон нови задолжувања, кои, кон крајот ќе стигнат за наплата кај секој граѓанин, без разлика на што и кој ќе го користи кредитот, каматата секако е наменета за граѓаните, порача опозицијата. Дестан Јонузи Власта со предлог Буџетот за 2025 година од 6,5 милијарди евра има големи проекции, но истите ако не се остварат ќе имаме влошување на фискалната консолидација во земјата, сметат економските ...

Двата најголеми државни фондови , ПИО и ФЗО , следната година ќе имаат зголемени буџети, повеќе пари за трошење, но очекуваат и зголемени приходи во фондовски каси по основ на наплата на придонесе. Само за исплата на пензии, следната година во однос на годинава, сумата се зголемува за 16,6%, пишува Порталб.мк. Расходите на ПИО по основ на исплата на социјални бенефиции во кои се вклучени и пензиите следната година се зголемува за 284 милиони ...

Предлог-буџетот се донесува во услови на благо интензивирана динамика на економската активност, но и во економија која сè уште функционира под својата потенцијална стапка на раст, како и во услови на смирувачка инфлација која сè уште е над нивото кое централните банки го поистоветуваат со стабилни цени, оценуваат од Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк во најновата анализа на предлог-буџетот за 2025 година кој проектира ...

Овоштарите и лозарите можат да поднесуваат барања за дополнителни субвенции доколку производство го продале на регистрирани откупувачи, преработувачи, на пазар или е користено за домашни потреби. Крајниот рок за поднесување на барањата е 25-ти декември 2024 година … Овоштарите кои имаат насади со праска, вишна, малина, капина и кајсија, и се корисници на директните плаќања за одржување на постоечки овошни насади, имаат право на дополнителни ...

Независноста на Народната банка е клучна за задржувањето на високиот кредибилитет којшто го ужива во јавноста, како и за спроведувањето на политиките за одржување на ценовната и финансиската стабилност. Народната банка постојано се стреми кон сè повисоко ниво на транспарентност во сите сегменти од своето работење, со цел да ја задржи високата доверба. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и Михалис Рокас, ...

Националното биро за осигурување во соопштение вели дека зелениот картон е сеуште неопходен документ за влез со моторни возила во било која држава во Европа, како и во соседните Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Молдавија. Од таму додаваат дека тоа е комплексно прашање и тој засега не може да биде укинат. „Прашањето за спојување на ЗК и вклучување на премијата од ЗК во полисата за осигурување од Автомобилска Одговорност е доста комплексно и ...

Процесот за кредитот од Унгарија наменет за фирмите е промашен уште од самиот старт. Според аналитичарот Бранимир Јовановиќ државата договори пари за компании од странска влада без притоа да се консултира со банкарите. Смета дека доколку не биде постигнат договор цената ќе ја плаќаат граѓаните односно ќе се трошат нивни пари за да се покриваат трошоци на профитабилни компании. Предупредува дека средствата може на крајот да зваршат кај фирми ...

Новиот државен буџет за 2025 година ќе ни донесе енергија и напредок во сите сектори на општеството, но особено за столбот на нашата економија – земјоделството, изјави Малиша Станковиќ, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. „Со гордост можам да кажам дека земјоделството ќе добие историска поддршка. За првпат, буџетот за земјоделство се зголемува за цели 13 отсто, а издвоените средства за програмата за земјоделство и рурален развој се ...

Во период од една година зеленчукот поскапел за фантастични 47.7 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според нив овошјето поскапело за 6,8%, а виното поскапело за 14,6%. Од друга страна, цените на житарките, како пченица и ориз, се намалиле за 11%, а на компирот за 3,9%. На страната на трошоците, најголемо зголемување е забележано кај ветеринарните услуги (9,5%) ...

Над 152 милиони фалсификувани предмети, во вредност од приближно 3,4 милијарди евра, биле пресретнати во Европската Унија (ЕУ) во 2023 година, се вели во заедничкиот извештај на Европската комисија (ЕК) и Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ, објави порталот Новините. Ова означува зголемување од 77% на бројот на запленети предмети во споредба со 86 милиони единици во 2022 година и зголемување на вредноста за 68%. Напливот во голема ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,06 % во однос на одлуката од 11.11.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,720%, кај дизелот за ...

На денешната (18 ноември) заедничка седница на двете влади во Приштина, косовскиот премиер Албин Курти и неговиот македонски колега Христијан Мицкоски ја пофалија соработката и односите меѓу двете земји. Курти рече дека Косово и Северна Македонија досега имаат потпишано 50 договори, но „она што треба да се направи сега е имплементација на договорите“. Тој најави дека Косово и Северна Македонија ќе потпишат два меморандуми и протокол во областа ...

Владата и банките продолжуваат со преговорите околу условите за пласманот на унгарскиот заем за македонските компании откако на првата средба во неделата успеаја само да ги приближат ставовите. Неофицијално, постои договор околу роковите за исплата, тоа да биде до три години грејс период и до 15 години рок на отплата затоа што некои компании сакаат и порано да го вратат кредитот. Но двете страни не можат да се договорат околу каматата што ќе ...

Кризата на автомобилската индустрија стигна и до Полска. Отпуштања во следната година предвидуваат 32 отсто од тамошните автомобилски компании, што е осум пати повеќе отколку што имало такви предвидувања за оваа година, се вели во објавениот извештај Мотобарометар 2024. Според полската асоцијација на дистрибутери и производители на автоделови, индустријата за автоделови во ЕУ во последните пет години отворила само 55.000 нови работни места, ...

Дополнителни субвенции можат да побараат градинарите кои своето производство го продале на регистрирани откупувачи, на пазар или е користено за домашни потреби. Услов е да имаат произведено минимални просечни приноси во зависност од културата… До 25-ти декември земјоделците можат да поднесуваат барања за дополнителни субвенции за градинарско производство на отворено и во пластеници. Оствареното производство треба да е предадено на регистриран ...

Од Lufthansa директно не ги коментираа најавите за отпуштања, но изјавија дека сакаат да ги намалат административните трошоци за 20 отсто до 2028 година и повеќе да ја користат автоматизацијата и новите дигитални технологии, како што е вештачката интелигенција Германската национална авиокомпанија Lufthansa ќе отпушти околу 400 вработени за да се справи со очекуваниот пад на заработката, пишува германскиот магазин Manager. „Авиокомпанијата ...

Амазон започнува конкуренција за Тема и Шеин со „неверојатно ниски“ цени Амазон лансираше нова платформа наречена Haul, која ја ограничува максималната цена на производот на 20 долари (15,79 фунти), со цел да се натпреварува со гигантите за шопинг со попуст како што се Temu и Shein. Гигантот за онлајн шопинг го претстави Haul како искуство само за мобилни телефони за американските купувачи во рамките на својата апликација за купување во ...

Германските шпедитерски здруженија предупредија на можен недостаток во предбожиќната сезона поради недостиг на возачи на камиони. „Апелираме до граѓаните да испратат пакети со подароци што е можно порано, бидејќи може да дојде до одложување на испораките во декември“, изјави за весникот „Билд“ Дирк Енгелхард, портпарол на Федералната асоцијација на шпедитери и логистика (BGL). Енгелхард објасни дека сè повеќе Германци купуваат преку Интернет и ...

Владата и банките продолжуваат со преговорите околу условите за пласманот на унгарскиот заем за македонските компании. Начелно постои договор околу роковите за исплата, но не и околу каматата што ќе треба да се исплаќа, за која од двете страни има волја за доближување на ставовите. Премиерот Христијан Мицкоски вчера (17 ноември) по средбата со Македонската банкарска асоцијација, на која требаше да се прецизираат условите под кои бизнис секторот ...

Има волја за учество и јасен став околу грејс периодот и рокот на отплата на унгарскиот кредит, ама останува нејасен делот околу каматата. Ваков е епилогот по денешната средба на премиерот Мицкоски со Македонската банкарска асоцијација. Под кои услови и со која каматна стапка банките ќе го нудат унгарскиот кредит на бизнисмените, се уште не е дефинирано, затоа што владата не постигна договор со Македонската банкарска асоцијација на денешната ...

Бројот на овци во последните десет години е намален на 250 илјади, а бројот на крави за преку 100 илјади. Според сточарите причината за ваквата состојба се скратените субвенции за оставено женско јагне и на субвенции за женско теле кој што досега беа исклучени. За да се подобри состојбата во сточарството, сточарите предлагаат да се воведат грантови за купување на високопродуктивни овци и крави. -Ако оваа власт има за цел да го подобри ...

Денеска во просториите на Министерството за финансии, имавме состанок со Македонската банкарска асоцијација, разговаравме околу средстава што се дел од заемот од унгарската Влада, изјави премиерот на Владата Христијан Мицкоски. -Состанокот би го поделил во три дела, и тоа првиот дел е оној што се однесуваше на рочноста, времетраењето и слично. Вториот дел е желбата да се учествува во проеткот и третиот дел е поврзан со каматнаата ставка, ...

Биткоинот го забележа првиот пад по десет дена раст на крилата по победата на Доналд Трамп на изборите во Соединетите Американски Држави. Неговата вредност падна за 0,73 отсто на 85.260,37 евра во 15 часот на најголемата светска берза за криптовалути, Binance. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 80,78 милијарди евра, што претставува висока вредност. Индексот на страв и алчност за Биткоин денес е на ниво од 80 во ...

Зелениот картон е само доказ дека сопствениците на автомобили веќе платиле осигурување за својот автомобил и не е посебен документ, туку само потврда дека сте платиле осигурување, но за него се издвојуваат одредена сума пари. Одлуката дали граѓаните на Македонија во иднина ќе треба да купуваат зелен картон за да влезат во Србија, Албанија и Молдавија најверојатно ќе се знае до крајот на годинава, односно кон средината на декември. Овој трошок ...

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието (АФПЗРР) Илија Стоилев во емисијата Студио 10 најави дека до крајот на оваа година ќе се исплатат сите заостанати субвенции и голем дел од 2024 година. – Со доаѓањето на Владата се доделија 600 милиони денари за подмирување на долгови за неисплатени субвенции за изминатите 2021, 2022 и дел од 2023 година, некои мерки воопшто не беа исплатени, некои половично па беа доплатени. Со ...

Вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна и минатата недела, вторпат по ред, бидејќи американската централна банка, според нејзиниот претседател, би можела да го забави темпото на намалување на каматните стапки. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела зајакна за 1,6 отсто, на 106,67 поени. Истовремено, курсот на еврото во однос на доларот падна за ...

Имајќи предвид дека се разгледуваат нови правила за употреба на ГМО техники во земјоделството, од ЕУ доаѓаат нови предупредувања за промените што овие правила ги носат за граѓаните и безбедноста на храната. Олеснувањето на прописите за ГМО храната е сериозна закана за безбедноста на храната и граѓаните кои ја консумираат, предупреди Билјана Борзан од Комитетот за заштита на потрошувачите во Европскиот парламент. Како што објасни таа, Европската ...

Златото се тргуваше во близина на најниското ниво во последните два месеци, на пат за најлоша недела од јуни 2021 година, бидејќи трговците ги намалија очекувањата за намалување на каматната стапка на Федералните резерви следниот месец. Златото паѓа шест дена по ред и е поставено на неделна загуба од повеќе од 4%. Трговците ги намалија очекувањата за пониски стапки во декември, а приносите на американските обврзници чувствителни на политиката ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
57%
1015
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
1.54
52%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1013
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
73%
1017
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.99
68%
1015
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
46%
1013
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
60%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
60%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
0.51
53%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
54%
1016
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
3.6
49%
1011
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
7.2
73%
1016
Currency

61.525

Currency

53.9615

Currency

73.041

Currency

35.0452

Currency

39.4174

Currency

65.6596

Currency

7.50805

Currency

0.68457

Currency

0.37246

Currency

0.52513

Currency

1.37421

Currency

0.62918

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63