Народната банка ги информира граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на лажни профили, апликации и лица кои, електронски или преку телефонско јавување, се претставуваат како дел од реномирани компании коишто нудат некаков вид помош, посредување, па дури и парични награди, а притоа бараат лични податоци и уплата на средства. Народната банка апелира до граѓаните да не откриваат лични податоци, ниту, пак, да преземаат активности на ...

Редовно тече исплатата на субвенциите во земјоделството Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека редовно тече исплатата на субвенциите во земјоделството. – Што се однесува до тој дел од општеството, катастрофална и алармантна беше состојбата. Се консолидира. Не велам дека е идеална. Ќе треба да се продолжи со консолидирање. Знам дека редовно тече исплатата, да не речам и пред време – рече Мицкоски посочувајќи дека интервентно се исплатени ...

Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници кои не го платиле долгот по основ на ДДВ за месец октомври 2024 година, да го сторат тоа во најкраток можен рок, за да не се соочат со мерки на опомена и блокирање на трансакциските сметки. Според обработката на ДДВ пријавите, вкупниот износ на ДДВ долгот за октомври 2024 година изнесува 2,99 милијарди денари, пријавени од страна на 3,949 даночни обврзници. Управата за јавни приходи им ...

Започна откупот на тутунот од годинашната реколта на целата територија на Македонија. Сите 10 откупувачи започнаа со откуп на жолтото злато. Од Сојузот на тутунски здруженија велат дека денеска тутунот се ценел во прва класа по просечна цена од 375 денари. -Проценката на тутунот денеска се врши во прва класа. Квалитетот на тутунот е одличен и годинава од тутунопроизводители се очекува да се преземат од 15 до 17 милиони килограми тутун. Се уште ...

Новак со претседателот на Мали разговараше за трговско-економската соработка Вицепремиерот на Руската Федерација Александар Новак во име на рускиот претседател го посети Мали и одржа преговори за трговско-економска соработка и интеракција во областа на енергетиката, транспортот и земјоделството. „Партиите разговараа за трговско-економската соработка, интеракцијата во областа на енергетиката, транспортот, инфраструктурата, земјоделството и ...

Севернокорејските хакери украдоа милијарди во криптовалути претставувајќи се како ризични капиталисти, регрутери и ИТ работници. Безбедносните експерти изјавија на конференцијата Cyberwarcon дека севернокорејските хакери се претставувале како вработени кои бараат работа во мултинационалните корпорации. Нивната цел беше да соберат пари за режимот на Северна Кореја и да украдат корпоративни тајни за да ја поддржат нуклеарната програма на земјата. ...

Инфлацијата во еврозоната ја надмина целта на Европската централна банка од 2% годишно, што веројатно нема да ги одврати монетарните стратези на банката да ги намалат каматните стапки во декември и во 2025 година. Ноемвриските потрошувачки цени се зголемија за 2,3% на годишно ниво по растот од 2% во октомври, што беше во рамките на прогнозите на економистите. И покрај малото намалување, трошоците во услужниот сектор остануваат покачени – 3,9% ...

Вработените во Амазон во 20 земји, вклучувајќи ги САД, Германија, Јапонија и Индија, ќе одржат тридневен штрајк од 29 ноември до 2 декември, кој ќе го покрие периодот од кампањата „црн петок“ до „Сајбер понеделник“ ( 29 ноември – 2 декември 2024 година – забелешка ед )“, пишува The Hill. Протестната кампања наречена „направи Амазон да плати“ е организирана од синдикатите UNI Global Union и Progressive International. Целта на протестот е ...

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска остварија средба со делегација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), предводена од Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР во нашата земја. Поводот за состанокот беше консултативната мисија на делегацијата за финализирање на новата Стратегија за земјата за периодот од 2025-2030 година. Целта на состанокот беше да се споделат видувањата и разменат ...

Анализата на норвешкиот информативен и финансиски портал Finansplassen, кој користеше јавно достапни податоци од повеќе институции, покажа дека нордиските земји се најподготвени за иднина без готовина во споредба со остатокот од Европа. Меѓу другото, во анализата се користени податоци за бројот на банкомати и бројот на терминали за плаќање со картички на 100.000 луѓе, лимитот што може да се потроши при плаќање со картичка и бројот на оние кои ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се условите што треба да ги исполнуваат компаниите за банкарски кредити за стопанството обезбедени од страна на Владата и како ќе се врши исплатата, изјави: „Ја поминавме на владина седница одлука, во вторникот. Со тоа практично го овластивме Министерството за финансии да ги префрли средствата на сметка на ...

Франција за првпат ги изедначи трошоците за задолжување на Грција, со висок јавен долг и слабо балансирање на владата меѓу незадоволството на граѓаните и крајниот рок за усвојување на буџетот за следната година. Во екот на должничката криза во еврозоната во 2012 година, трошоците за задолжување на Грција, мерени преку приносот на 10-годишните државни обврзници, беа за 37 процентни поени повисоки од приносот на француските обврзници со таа ...

Германската автомобилска индустрија е во трескавичен пад: платите се намалуваат, фабриките се затвораат и работниците се отпуштаат. Но, тука не е крајот на проблемот: луѓето едноставно престанаа да купуваат германски автомобили. Илјадници нови возила седат во магацини и до една година и чекаат купувачи, пишува Билд. Речиси шест илјади нови скапи автомобили се паркирани на огромен простор на северот на Есен. Оваа област веднаш до пристаништето ...

Државниот пазарен инспекторат ќе врши редовни и вонредни надзори за време на викендот, а посебно внимание ќе биде посветено на продажните акции за „Black Friday“ со цел спречување на доведување во заблуда на потрошувачите и примена на измамнички трговски дејства. Од Пазарниот инспекторат информираат дека до нив во континуитет пристигнуваат поплаки за пушење во угостителските објекти поради што ќе се вршат и надзори согласно Законот за заштита ...

Пад на индустриското производство од 1,1 процент во октомври во однос на истиот период лани бележи Државниот завод за статистика. Според денеска објавените податоци, пад од 20,9 проценти е забележано во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и од 8,2 проценти во секторот Рударство и вадење на камен. Во секторот Преработувачка индустрија е забележан раст од 3,1 процент и тоа е резултат, пред сѐ, на зголеменото ...

Податоците на Народната банка покажуваат дека просечната каматна стапка на вкупните депозити во октомври бележи годишен пораст од 0,40 процентни поени, додека кај вкупните кредити има пад од 0,11 процентни поени. Според податоците на централната банка, просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,07 проценти, а на вкупните кредити 5,38 проценти. Кај корпоративниот сектор, забележан е месечен пад на каматната стапка на ...

Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот Николоски во поткастот Бизнис Муабети. – Пошта мора да преживее. Тоа ми е огромна битка иако многумина не сакаат. Пошта има околу 1900 вработени, планираме да ја рационализираме на 1400 вработени со еден план што го работиме, но мора да преживее затоа што има големи приватни интереси кои сакаат Пошта да ...

Победата на Доналд Трамп, чија крипто-пријателска администрација ја придвижи цената на биткоинот близу до 100.000 долари, но сепак ќе ѝ бидат потребни нови вести за да се скрши таа психолошка бариера. Цената на биткоинот падна во последните 24 часа, за повеќе од пет отсто, а во вторник наутро, по средноевропско време, се тргуваше за околу 93.000 американски долари. Се чини дека инвеститорите одлучија да ги заработат своите добивки, имајќи ...

Комерцијална банка со голема чест и задоволство го прими признанието од АмЧам за донациите во јавното здравство како најдобри практики за корпоративна филантропија. Проектот на Банката, „Донираме за подобро јавно здравство“ во 2023 година беше избран од страна на АмЧам и Конект меѓу шесте најдобри практики за корпоративна филантропија во рамките на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“. Со своите значајни и вредни донации Комерцијална ...

Комерцијална банка започнa со исплата на пензиите за ноември од денес (петок, 29.11.2024 година). Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија може да располагаат од петок, 29.11.2024 година, и можат да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 29.11.2024 година ќе може да ја подигнат во експозитурите и филијалите на ...

Советот на Народната банка на својата редовна седница го разгледа Извештајот за учеството, препораките и активностите на Народната банка во процесите на интеграција во ЕУ, во периодот ноември 2023 – октомври 2024 година. Во Извештајот се дава осврт кон препораките од Програмата за економски реформи 2024 – 2026 година, наодите од поткомитетите во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација во кои учествува Народната банка, проектите на ...

Објавен е јавениот повик за давање под концесија на Охридско езеро за стопански риболов. Концесијата го опфаќа риболовното подрачје на езерото во 7 зони. Стопанисувањето со рибниот фонд ќе биде за период во траење од 12 години … Право на учество на јавниот повик за доделување на концесии за стопански риболов на Охридското езеро имаат правни лица кои ги исполнуваат условите и се регистрирани за дејноста рибарство, а странските правни лица треба ...

Британија има намера да воведе специфична рамка за криптовалути до 2026-та година, објави Управата за финансиско однесување на земјата, цитирана од АФП. Во својот нов патоказ, регулаторот што го надгледува секторот планира да објави различни работни документи, особено за злоупотреба на пазарот, пред конечните правила кои треба да се појават на почетокот на 2026-та година. Британската управа за финансиско однесување, исто така, има намера да ...

Раст на финансискиот пазар и диверзификација на понудата се клучните придобивки од зголеменото преземање на нефункционалните пласмани во земјава. Во развој на овој сегмент од финансискиот пазар клучна улога има усогласувањето на регулативата со новата директива на Европската унија за нефункционалните пласмани. Како резултат на солидната експертиза од повеќе европски пазари, ЕОС Матрикс во 2023 и во текот на 2024 година инвестираше 5 милиони ...

Нема да отстапиме од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра, бидејќи тоа е прагот под кој не смее да се отиде. Плата во висина од 450 евра не треба да добие никој од вработените во јавниот и приватниот сектор, тоа е социјална помош која државата ја дава на вработените, истакна денеска на прес-конференција претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски. Како пример, Деаноски ја посочи Босна и Херцеговина која неодамна ја ...

Стратегијата 2025–2030 предвидува нови средства и поддршка за зелени проекти – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја зајакнува соработката со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) Министерката за енергетика и рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржа продуктивна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и ...

Наскоро околу 600 производи низ маркетите ќе чинат поевтино. Во изјава за медиумите министерот за економија Бесим Дурмиши посочи дека и новогодишната кошничка, исто како есенската, ќе трае еден месец, а ќе биде прецизирана веќе кон крајот на следната недела. „Цело време сме во контакт со стопанските комори, синдикалците, трговците и производителите. Идната недела ќе бидете известени. При крај е со подготовката за новогодишната кошничка, ...

Имплементацијата на буџетот на Грција за периодот јануари – октомври 2024 година. покажа примарен суфицит од 13,528 милијарди евра, наспроти целта за примарен резултат од 12,930 милијарди евра и примарен суфицит од 6,080 милијарди евра за истиот период од 2023 година, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Соопштението на Министерството за национална економија и финансии гласи: Според расположливите податоци за реализација на државниот буџет ...

Бразил, најголемиот светски производител на кафе, оваа година се соочи со рекордна суша. Половина килограм арабика со која се тргува во Њујорк достигна 320,10 американски центи. Порастот на цената на стоките континуирано продолжи во текот на минатата година. Највисокото ниво на сите времиња беше 337,50 американски центи од 1977 година. Бразил, најголемиот светски производител на кафе, се соочи со рекордна суша оваа година, што предизвикува ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска во Охрид присустуваше на стартот на третата инвестициска фаза во компанијата „Костал Македонија“, за производство на полначи за електрични и хибридни возила во вкупна вредност од речиси 50 милиони евра. Како што беше истакнато, со неа се планирани отворање на нови производствени линии, како и над 250 нови работни места. – Импресивни се досегашните вложувања тука. Импресивни се плановите и за ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
44%
1018
weather icon

Белград

30ᴼ / 26ᴼ
2.06
63%
1016
weather icon

Загреб

28ᴼ / 26ᴼ
4.63
50%
1015
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
64%
1019
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
1.4
56%
1018
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
1.03
54%
1014
weather icon

Атина

32ᴼ / 31ᴼ
5.14
38%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
32%
1017
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
0.51
34%
1017
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 27ᴼ
1.34
51%
1018
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
5.66
49%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
47%
1017
Currency

61.525

Currency

53.9615

Currency

73.041

Currency

35.0452

Currency

39.4174

Currency

65.6596

Currency

7.50805

Currency

0.68457

Currency

0.37246

Currency

0.52513

Currency

1.37421

Currency

0.62918

Алуминиум

2.48

Кобалт

42.99

Никел

15281.50

Рутениум

19708.41

Калај

32.14

Сребро

1156.61

Злато

107167.78

Бакар

9.84

Паладиум

33340.32

Платина

37340.87

Родиум

179240.41

Цинк

2.65