
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



УНИ Банка нуди можност за вработување на искусни и мотивирани кредитни аналитичари со желба за работа во динамична атмосфера и одлични услови за развој. Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци! УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на: Кредитен аналитичар во дирекција корпоративно банкарство Потребни квалификации: ...
Во време кога сме сведоци на постојан раст на цената на енергијата, станува сосема јасно дека примената на мерки на енергетска ефикасност е најевтиниот и честопати најнепосредниот начин за намалување на потрошувачката на енергија. Но, подобра енергетска ефикасност не придонесува само за намалување на потрошувачката на енергија и обезбедување на пониски трошоци во домаќинствата, туку придонесува и за помали емисии на стакленички гасови во ...
Стопанска банка АД – Скопје е прогласена за најдобра банка во земјава на престижните награди Euromoney Awards for Excellence, 2022. Прогласување на најдобрите банки се одржа на гала вечера во Лондoн каде што на претставниците на Стопанска банка им беше врачено признанието кое е едно од најзначајните во светската банкарска индустрија. Наградата секоја година ја доделува реномираниот британски магазин „Еуромани“ кој ја оценува работата на банките ...
Во глобални рамки, централните банки забрзано работат на истражување за воведување сопствени дигитални валути. Во следниот период, централните банки веројатно ќе му се посветат на развојот на целокупниот екосистем потребен за поддршка на националните дигитални валути. Народната банка им се приклучува на овие трендови преку веќе најавените првични активности за истражување на потребата и можностите за воведување дигитален денар, пишува ...
Човек на одмор може целосно да се опушти, а таа ситуација лесно може да доведе до заборавање на провизиите и каматите за плаќање со кредитни картички. За платежните картички да не ви прават главоболки понатаму, прочитајте ги следниве корисни совети како најдобро да ги користите додека сте на одмор. Ако имате повеќе од дваесет години, сигурно се сеќавате, барем малку, на времето кога платежните картички сè уште не се користеа насекаде. Тие ...
Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка и сте љубопитни за другите земји и култури ПроКредит Банка вработува: Стручен во оддел за управување со информативен систем Потребни вештини/знаења/одговорности: АПЛИЦИРАЈТЕ! Аплицирајте со испраќање на кратка биографија и мотивационо писмо на следнава емаил адреса: mkd.job@procredit-group.com, не подоцна од 15.08.2022 година. Вашата апликација треба јасно да покаже, зошто ...
„Галичка свадба“ е вистинска прослава на младоста, љубовта и плодноста, која се одржува стотици години наназад и во која се собрани традицијата и нашата култура. Токму затоа, Комерцијална банка со задоволство и годинава ќе биде спонзор на „Галичката свадба“, која ќе се одржи од 15 до 17 јули во Галичник. Годинашните среќни младенци ќе бидат Елена Дуровска и Илчо Димитров, а илјадници гости и посетители ќе уживаат во секој миг од ова ...
Вкупниот берзански промет по сите основи во H1 2022 година изнесува околу 75 милиони евра, што претставува намалување од 13,6% наспроти истиот период лани. Во тие рамки, прометот со акции во БЕСТ системот во првото полугодие оваа година изнесува околу 44 милиони евра и е за 2% поголем во однос на истиот период 2021 година. Просечниот дневен промет во првото полугодие од 2022 година изнесува 25,4 милиони денари и бележи намалување од 7% во однос ...
„Галичка свадба“ е вистинска прослава на младоста, љубовта и плодноста, која се одржува стотици години наназад и во која се собрани традицијата и нашата култура. Токму затоа, Комерцијална банка со задоволство и годинава ќе биде спонзор на „Галичката свадба“, која ќе се одржи од 15 до 17 јули во Галичник. Годинашните среќни младенци ќе бидат Елена Дуровска и Илчо Димитров, а илјадници гости и посетители ќе уживаат во секој миг од ова ...
На 12 јули 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и за глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари. Поради растот на цените на примарните производи на светските берзи и застоите во синџирите за снабдување, коишто влијаат и на останатите видови производи, ...
На пазарот на валути во моментов едно евро вреди колку еден долар, што е најслаба вредност на европската валута во изминатите 20 години, а тоа е одраз на внимателноста на светскиот пазар на капитал, кога станува збор за состојбата во еврозоната, бидејќи Европа е многу потешко погодена со тешкотиите при снабдување енергија од САД, објави германската медиумска куќа „Deutsche welle”. Како што се прецизира, за нијанса еврото и понатаму е минимално ...
Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.06.-30.06.2022 година вкупниот промет изнесува 426.407.266 денари и е намален за високи 26,17% во однос на претходниот месец мај. Класичното тргување изнесува 339.514.850 денари и бележи намалување во однос на мај за високи 31,82%. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 244.570.048 денари и обврзници во вредност од 94.944.802 денари, додека пак нема забележано ...
ПроКредит Банка е првата целосно дигитализирана банка во земјата, која постојано воведува иновативни продукти за своите бројни клиенти, физички и правни лица. Најновата промотивна понуда за физички лица, за орочен денарски депозит за 2 години, со фиксна каматна стапка од 2%, е одлична можност за сигурна, безбедна и стабилна заштеда. Една од главните предности на промотивната кампања е тоа што новите и постојните клиенти на Банката аплицираат ...
Петте компании за животно осигурување, во првиот квартал, склучиле нови 14.000 договори со кои животите ги осигурале над 20.000 граѓани. Од вложените 8 милиони евра во класичните осигурителни производи: ризико и осигурување со штедна компонента се вложени 6,3 милиони евра, а останатите се инвестирани во „јунит линкд“ осигурување. Нови 20.000 граѓани го осигурале животот во првите три месеци годинава со што вкупниот број на граѓани кои имаат ...
Силната ценовна криза услови Централна банка на Албанија повторно да ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 проценти и таа сега изнесува 1,25 проценти, што е втора интервенција годинава, за да ги ублажи нагорните ценовни притисоци преку монетарната политика. Гувернерот на централната банка, Гент Сејко изјави дека последиците од војната во Украина веќе се материјализирале со зголемување на инфлацијата, забавувајќи ги стапките на раст на ...
Стопанска Банка а.д. Битола, за своите потреби од ангажирање стручен кадар, објавува оглас за вработување на извршител/и на работното место стручен соработник за проценки за потребите на Службата за управување со имот. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови: Работни задачи и одговорности на работното место: Потребата за ангажирање на извршител/и на ова работно место се однесува за Битола или Скопје и за определено ...
Со важност од 8.7.2022 година, ТТК Банка ги зголеми пасивните каматни стапки на штедните влогови на физички лица. Каматните стапки на штедните влогови на физички лица во денари, со рочност од 6 до 60 месеци, од производните категории: стандардно штедење, скалесто штедење и детско штедење се зголемени од 0,20 п.п. до 0,25 п.п. Промената се однесува на сите постојни и новосклучени договори со важност од 8.7.2022 година. Каматните стапки се ...
Силк Роуд Банка воведе промотивен период за електронско и/или мобилно банкарство без надомест за активирање. Имено, сите нови корисници, физички и правни лица резиденти, ќе можат да ја активираат услугата електронско и/или мобилно банкарство со привилегија за плаќање, без надомест, промотивно до 31.08.2022 година. Електронското и мобилно банкарство на Силк Роуд Банка ви овозможува 24/7 преглед во состојба на Вашата трансакциска или штедна ...
Европската централна банка (ЕЦБ) истражува начини да ги спречи банките да прават дополнителни милијарди евра од ултра евтината шема за кредити, започната за време на пандемијата, кога ќе почне да ги зголемува каматните стапки подоцна овој месец, пишува „Financial Times“. Субвенционираните кредити за 2,2 трилиони евра што ЕЦБ им ги обезбеди на банките помогнаа да се избегне кредитна криза кога се појави кризата со Ковид-19. Но, бидејќи ...
Шпаркасе Банка АД Скопје, во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје како стратешки долгорочен партнер и инвестицискиот фонд WVP, го збогатува своето портфолио на осигурителни производи, преку воведување на нов производ – Unit Linked, кој нуди животно осигурување со инвестирање. УНИТ Линкед е производ наменет за клиенти кои сакаат да бидат животно осигурани, но истовремено и да инвестираат во инвестициски фондови и да остварат ...
Во изминатите 30 години Народната банка ја одржа својата репутација на независна, стручна и кредибилна институција, која е столб на финансиската и макроекономска стабилност и дава поддршка во економскиот развој на земјата. Ова беше посочено од страна на поранешниот шеф на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава за време на транзицискиот период, Бишваџит Банерџи. Во рамки на неговата посета, организирана како дел од активностите за ...
Во животот секогаш е важно да се најде здрава, правилна и одговорна мерка помеѓу потрошувачката и редовното штедење. Има безброј причини зошто е добро да штедиме пари – тргнувајќи од заштита во случај на финансиска криза, избегнување долгови, намалување на финанскиските стресови, па сè до обезбедување финансиско наследство за нашите најмили. Штедењето е начин да се придонесе за финансиска сигурност и подобро да се планираат идните трошоци или ...
ТТК Банка АД Скопје е универзална банка-партнер за малите и средните претпријатија, која креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето на долгорочно партнерство. Банката има моментална потреба за вработување на нови лица во рамки на Дирекцијата деловна мрежа, кои ќе целат кон усовршување на благајничките операции, грижа на ...
Генералниот извршен директор на „Deutsche bank”, Кристијан Севинг, ја опишува високата инфлација како отров за општеството и предупредува дека континуираното зголемување на цените на сите производи се заканува да предизвика рецесија. „Кога 40 отсто од граѓаните велат дека на крајот на месецот не можат ниту едно евро да го остават настрана, тоа значи дека е загрозен социјалниот мир во Германија”, изјави Севинг во понеделникот на банкарска ...
Цената на суровата нафта би можела да падне на 65 долари за барел до крајот на оваа година и да продолжи да паѓа на 45 долари до крајот на 2023 година доколку дојде до рецесија, која по дефиниција ја поткопува побарувачката, проценува американската банка „Citigroup”. Ова сценарио се заснова на претпоставката за отсуство на каква било интервенција од страна на производителите од нафтената група ОПЕК+ и пад на инвестициите во нафта, наведуваат ...
Широката мрежа на cash-in банкомати на Комерцијална банка ги прави вашите финансиски трансакции брзи и ефикасни. Сега, корисниците на дебитни и кредитни картички од Комерцијална банка имаат можност за уплата на готовина на својата сметка на 48 cash-in банкомати распоредени низ земјата. Со овие технолошко современи уреди Комерцијална банка им овозможува на своите клиенти да уплатат пари на своите дебитни или кредитни картичка секогаш кога имаат ...
УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: Референт во Служба за небанкарски дејности Потребни квалификации: Основни работни активности: Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на ...
НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за кредитите за физички лица, при што сите клиенти кои ќе аплицираат за некој од НЛБ кредитите, ќе имаат можност да искористат низа промотивни поволности. Клиентите кои овој јули ќе се одлучат за купување на нов дом, но и оние кои во текот на летото имаат потреба од финансиски средства за реализација на своите планови, добиваат единствена можност, подигнувањето на кредитот да го добијат без трошоци ...
Делегација на Народната банка предводена од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во периодот од 29 до 30 јуни, оствари работна посета на централната банка на Црна Гора, при што се сретна со гувернерот Радоје Жугиќ и неговиот тим. Најголемо внимание им беше посветено на предизвиците со коишто се соочуваат носителите на политиките веќе подолг временски период, во услови на продолжена глобална криза. Посебен акцент беше ставен и на сѐ повисоката ...
Инфлацијата во еврозоната достигна нов рекорд во јуни, непосредно пред првото зголемување на каматните стапки на Европската централна банка (ЕЦБ) во последните 11 години. Стапката на инфлација во еврозоната минатиот месец изнесуваше 8,6 проценти на годишно ниво, во однос на 8,1 проценти во мај, според денешната прелиминарна проценка на европската канцеларија за статистика, „Евростат”. Ова е над прогнозите на економистите, кои во анкетата на ...