Обемот на трансакции со недвижности во 2021 година значително го надмина претпандемичното ниво, а растот на цените на становите забрза и е над долгорочниот просек и долгорочниот тренд. Цените на становите во текот на 2021 година пораснаа за 6,1%, при што растот е позначителен од второто полугодие на годината. Стапката на раст на цената на становите во домашната економија е малку пониска од просекот за Европската Унија којшто изнесува 8,3%. ...

Во Охрид денеска ќе се одржи 21. Годишна берзанска конференција на која се очекува да присуствуваат домашни и меѓународни експерти, претставници од бизнис секторот, банки, брокерски куќи и акционерски друштва. Македонска берза веќе две децении години организира годишни конференции коишто претставуваат настан со препознатлив имиџ, како во однос на актуелноста на темите кои се предмет на дискусија, така и во однос на компетентноста на учесниците ...

По двата исклучително успешни циклуси за време на пандемијата, проектот на НЛБ Групацијата #РамкаЗаПомош започнува по третпат. Овојпат, со фонд од 100.000 евра, Групацијата ќе ја поддржи реализацијата на три најдобри идеи за одржлив бизнис од регионот. Во последните неколку години, НЛБ Групацијата посвети големо внимание на одржливото работење во регионот на Југоисточна Европа, на кој гледа како на свој дом и во кој е присутна со своите ...

Швајцарската централна банка ја зголеми референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени, што е второ зголемување во претходните 15 години. Со ова, швајцарската банка им се придружи на другите централни банки кои се обидуваат да го запрат растот на цените со заострување на монетарната политика, пренесува „AP”. Швајцарската централна банка соопшти дека не може да ја исклучи можноста за понатамошни зголемувања над три четвртини од процентниот ...

Федералните резерви (Фед), како што уште се нарекува централната банка на САД, ги покачи каматните стапки за 0,75 проценти со намера да се запре галопирачката инфлација. Ова е трет пат годинава со исто такво големо покачување по оние во јуни и јули. Во овој период, Фед ги зголемува трошоците за зајмување во САД со најбрзо темпо во изминатите децении. Сепак, чекорот засега не придонесе толку за намалување на цените. Инфлацијата во август беше ...

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. Визијата на Шпаркасе Банка е да биде најдобар избор за клиентите, да ја поддржува економијата и заедницата и да создава подобра иднина. Банката своето работење го темели на вредности, а успешниот тим делува во духот на извонредност, доверба, агилност, страст и партнерство. ...

Хуманост и висока граѓанска свест повторно покажаа вработените во Комерцијална банка кои даруваа 50 крвни единици во редовната крводарителска акција организирана во Банката. Дарувањето крв е традиционална хумана практика на вработени во Комерцијална банка, а дел од нив се и вистински рекордери поради што имаат добиено златна и сребрена плакета. Со ова помагаат во спасувањето човечки животи и за промовирање и поттикнување на оваа благородна ...

Со првото вработување основно нешто што треба да направите, доколку веќе немате, е да отворите трансакциска сметка во банка бидејќи преку неа во иднина ќе го добивате вашиот личен доход. Во денешно време трансакциска сметка вообичаено се отвора и порано бидејќи е неопходна за низа банкарски услуги и тогаш најчесто и не се води многу грижа за тоа во која банка е сметката. Но, кога се почнува да се остварува личен доход, тогаш станува важно чиј ...

Цените на нафтата на меѓународните берзи се намалија под 91 долар за барел поради стравувањата дека зголемувањето на каматните стапки во САД ќе предизвика рецесија, што ќе ја намали побарувачката на нафта. На лондонската берза цената на барел нафта за испорака во ноември се намали за 1,18 долари во споредба со претходниот ден и се тргуваше за 90,82 долари. На американската берза барел нафта за испорака во октомври поевтини за 1,31 долари и се ...

Со постпандемичното закрепнување на економијата, што придонесе за стабилизирање на пазарот на трудот и раст на расположливиот доход, ризиците кај секторот „домаќинства“ се задржаа во контролирани рамки, со благо намалување во текот на 2021 година. Притоа, финансискиот имот на македонските домаќинства минатата година бележи номинален раст, највисок во изминатите десет години. Вкупниот финансиски имот на домаќинствата, којшто покрај депозитите во ...

На 19.9.2022 година ТТК Банка АД Скопје ја исплати каматата за третата година на сопствениците на корпоративни обврзници – прва емисија со ISIN MKTTKS200012 и шифра TTKO. Пресметката на каматата е извршена по фиксна каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – прва емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со ...

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. Визијата на Шпаркасе Банка е да биде најдобар избор за клиентите, да ја поддржува економијата и заедницата и да создава подобра иднина. Банката своето работење го темели на вредности, а успешниот тим делува во духот на извонредност, доверба, агилност, страст и партнерство. ...

Граѓани и фирми од Скопје пријавиле осигурани штети во сите 11 осигурителни компании. Активно осигурување имот имаат речиси 51.000 скопјани, а 215 од нив пријавиле штети во силното невреме што на крај на август го зафати централното градско подрачје. Од сите 349 штети во една осигурителна компанија се пријавени дури 117. Осигуреници од скопскиот регион пријавија вкупно 349 штети врз имот во сите осигурителни компании по силното невреме што го ...

По една декада од ниска инфлација, од минатата година во глобални рамки постои тренд на значително забрзување на инфлацијата. Најнапред пандемијата, а оваа година и воениот конфликт во Украина, преку различни канали предизвикуваат зголемување на глобалните инфлациски притисоци. Инфлацијата расте во сите економии, а особено кај помалку развиените економии, при што повеќе од половината од нив имаат инфлацијата повисока од 10%. Во регионот на ...

Професорот Никола Поповски во интервју за МТВ објаснува дека во услови на висока инфлација, нашата централна банка, како и останатите централни банки, презема оправдани мерки за ублажување на инфлациските притисоци, а очекува дека во натамошниот период постепено ќе се стабилизира инфлацијата. Тој нагласува дека овие мерки позитивно ќе делуваат и на домашното штедење. Ја истакнува и важноста на мерката на Народната банка за поддршка на ...

ПроКредит Банка како прва целосно дигитална банка постојано развива нови иновативни дигитални банкарски услуги, со бројни предности и функционалности за клиентите. Електронското банкарство на ПроКредит Банка овозможува комплетна флексибилност и плаќања со 100% сигурност и безбедност при процесирање на плаќањата преку заштитена конекција. Дополнителна предност е користење на КИБС/ Телеком дигитален сертификат, како и можноста за со едно ...

Просечната инфлација во периодот јануари – август 2022 година изнесува 11,6% на годишно ниво и главно произлегува од надворешни фактори на страната на понудата, соопшти Народната банка. „Најголем придонес за растот на домашната инфлација има порастот на увозните цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електричната и топлинската енергија, коишто се под влијание на случувањата на глобалниот пазар на енергија. Но, нивниот ...

Трета година по ред на Македонска берза успешно се одржа „Инвеститорски ден“ на којшто сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи), во износ на остварен промет до 10.000 евра. На „Инвеститорскиот ден“ се тргуваше со 22 различни акции што е најмногу во еден ден оваа ...

ТТК Банка АД Скопје ја известува јавноста преку соопштение на Македонска берза дека г-н Бобан Гоговски, член на Надзорениот одбор на ТТК Банка АД Скопје, се стекна со 2.110 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје. „ТТК Банка АД Скопје известува дека Бобан Гоговски, именуван член на Надзорениот одбор на Банката на седницата на Собранието на акционери на Банката одржана на ден 06.09.2022 година, се стекна со 2.110 обични акции, издадени од ...

Одлични вести за сите спортисти, рекреативци и љубители на спортот! На 18 септември ќе има нова, шарена и возбудлива трка во Скопје, која Комерцијална банка со задоволство ја поддржува! Комерцијална банка и Debit Mastercard ќе наградуваат и ќе придонесат за добра дружба на новата трка KOLORRUN 2022. „Ние излегуваме на KOLORRUN 2022 со троен предизвик – да ги поддржиме нашите колеги кои ќе учествуваат, да ги наградиме најдобро пласираните на 2,5 ...

ТТК Банка АД Скопје известува дека ќе изврши исплата на годишната камата по каматна стапка од 3,5% на годишно ниво на имателите на корпоративна обврзница – прва емисија на обврзници со ИСИН MKTTKS200012 и шифра TTKO. Исплатата на камата ќе се изврши на 19.09.2022 година. Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – прва емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот ...

Г. Милан Дамчевски, долгогодишен член на тимот на ПроКредит Банка e назначен за нов Член на Управниот одбор, позиција на која ќе биде задолжен за менаџирање на следните оддели: Правни лица – средни клиенти, Управување со средства и ликвидност, Маркетинг, како и одделот за Деловна поддршка. Во текот на својот професионален развој во тимот на ПроКредит Банка, г. Дамчевски го градеше своето искуство на повеќе позиции, започнувајќи како дел од ...

Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува со воведување новитети и атрактивни услови во кредитната и депозитната понуда за население, во согласност со својата стратегиска определба за обезбедување континуирана финансиска поддршка на своите клиенти и излегување во пресрет на нивните потреби. До крајот на годината, клиентите можат да аплицираат за S Plus ненаменски потрошувачки кредит, со фиксна каматна стапка од 4,8% за првите 2 години, без ...

TTK Банка АД Скопје и оваа година се приклучи кон одржувањето на денешниот „Инвеститорски ден“ и на нејзините клиенти – индивидуални инвеститори им овозможи да тргуваат со акции на Македонската берза без трансакциски трошоци. На „Инвеститорскиот ден“ сите домашни физички лица ќе може да купат или да продадат акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што ...

И оваа година Комерцијална банка активно ќе се вклучи во настанот „Инвеститорски ден“ на Македонската берза на 13.09.2022 година (вторник) и на домашните физички лица им овозможи да купуваат или продаваат акции без плаќање провизија за брокерски услуги кон Банката. На „Инвеститорскиот ден“, кој оваа година се организира по трет пат, сите домашни физички лица ќе можат да купат или продадат кои било акции без да ги платат провизиите кон Берзата, ...

Македонската берза, денеска, го организира третиот по ред „Инвеститорски ден”, кога сите домашни физички лица можат да тргуваат на Берзата со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници. Како што информираат од Берзата, целта на настанот е промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на ...

Потребата за поголем пристап до финансии особено доаѓа до израз во услови на макроекономски и геополитички превирања коишто во глобални рамки повеќе ги погодуваат жените, младите, другите ранливи групи, микро и малите претпријатија и руралните заедници. Најновото истражување на Светската банка „Финдекс“ покажува дека во глобални рамки, вклучително и кај нас пристапот до финансии е олеснет. Овие прашања беа дел од светскиот форум на Алијансата ...

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 8 септември (четврток) 2022 година заради празнување на Денот на независноста. „Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата на готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка. За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени ...

И покрај предизвиците коишто ги донесе војната во Украина за глобалната и домашната економија, макроекономската и финансиската стабилност во земјава се задржаа. Ова беше заклучено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и новиот шеф за економски прашања во Амбасадата на САД во земјава, Рајан Милер. На средбата стана збор за тековните економски случувања и остварувања, како и за политиките и мерките коишто се ...

Започна со работа новата експозитура на Шпаркасе Банка АД Скопје во Тафталиџе. На нова атрактивна локација, опремена според највисоките стандарди и со професионален тим вработени кои ќе се потрудат да им обезбедат врвно корисничко искуство на клиентите. Новата експозитура е лоцирана на улица Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 96, и ќе работи секој работен ден од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот. На свеченото отворање присуствуваа ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
30%
1009
weather icon

Белград

27ᴼ / 24ᴼ
2.57
41%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
38%
1009
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
29%
1011
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.33
33%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
0.89
44%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.47
53%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
44%
1010
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1009
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
39%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
0.89
43%
1009
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
52%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52