
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



По финализирањето на локалните акциски планови за 15 општини од двата региона , активностите продолжуваат со детално планирање за нивна реализација. За таа цел, изработени се неколку битни анализи чии резултати беа презентирани во контекст на целите кон кои што се стреми проектот. На денешниот настан присуствуваа претставници од партнерите на проектот, градоначалници и соработници од општините во двата региона како и претставници на донаторската ...
Како и секоја година, така и оваа, во ОУ „Даме Груев“ – Битола, го обележа Денот на шегата. И денес дворот на централното ОУ ,,Даме Груев'' како и во ПУс.Долно Оризари и с.Карамани, беше најшарено и највесело место. - Денеска е 1 април, денот кога луѓето ширум светот прават разни шеги меѓу себе, а оние со кои се шегуваме најчесто велат: Априли-ли-ли! Светот се чини запре со сѐ останато, но барем малку денес да се обидеме да останеме позитивни. ...
Почина Билјана Василевска Трајкоска, член на управниот одбор на Сојузот за младинска работа (СМР) „Со неизмерна тага ве известуваме дека денес нѐ напушти нашата Билјана Василевска Трајкоска. Со нејзината професионалност, посветеност и компетенција, Биле остави неизбришлива трага врз развојот на младинската работа во нашата земја и пошироко. Како член на Управниот одбор на Сојузот за младинска работа, а подоцна и како дел од Секретаријатот и ...
ТРЕТО НАСТАВНО ТРИМЕСЕЧИЕ Една моја, повеќе пати повторувана фраза, гласи: ученик кој си учи, си учи и успешни резултати ќе има. На почетокот сме, пред третото тримесечие кога учениците треба да добијат оценка за изминатиов период од почетокот на второто полугодие. Период, исполнет со многу активности, како училиштни, така и вонучилиштни... Тие се одраз на интересот, волјата, и секако, желбата на учениците да постигнат некаков резултат. ...
Советникот од независната листа Поинаку во битолскиот Совет Иван Чулакоски, денеска објави видео дека со костум се спуштил на штица за сноубординг од врвот на Пелистер, барајќи од градоначалникот Тони Коњановски и општина Битола да ја започне постапката за изградба на гондола на Пелистер, проект кој според него ќе го раздвижи туризмот и економијата на Пелистер и Битола. -Оваа година за Гондола на Пелистер која е едногласно изгласана од сите ...
ЕСМ топлификација Битола инфорормира дека заврши со изведување на проектот топлификација во делот на обиколницата во должина од еден километар, каде што се вршеше изведба на главната разделна шахта. Сега обиколницата е пуштена за сообраќај. Од понеделник како што информираат од топлификација, согласно градежната дозвола и сообраќајните решенија, следната делница на која ќе се работи е од кај кафе барот „Триангл“ до ресторанот „Ловец“. Обајвено ...
Продолжија активностите од втората фаза на проектот за комплетна реконструкција на улицата „Солунска“. Од оваа фаза, во досегашниот период изведени се канализација и приклучоци во должина од 152 метри и коловоз во должина од 138 метри. Со продолжувањето на работата на терен, ќе се изврши реконструкција на мешовита канализациона мрежа во должина од 554,2 метри, водоводна мрежа во должина од 223,25 метри и реконструкција на коловоз во должина од ...
Градоначалникот Тони Коњановски, најави дека продолжуваат активностите за реконструкција на улицата „Захарија Шумљанска“, кај Светонеделските гробишта во Битола. -Активно се работи на поставување ивичници, доградба на тротоар и поставување на нов коловоз. Согласно предвидената динамика, асфалтирањето се одвива постапно, така што дел од трасата е асфалтиран, а следните денови се продолжува и на другите делови од двата краци на улицата. Со ...
БИТОЛА – Основното јавно обвинителство од Битола отвора предмет за наводен криминал во Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ во Битола. Од денеска ќе се „чешла“ работење на оваа државна установа која е под капата на МОН. Како се трошел секој денар државни пари и како се користеле државните ресурси, законски или за приватни цели? „Независен“ и „Апла“ во изминатите денови објавија неколку текстови поврзани со работењето на раководството во ...
Не се точни тврдењата дека Европската Унија не ја сака Северна Македонија за членка на ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, на настанот со кој започнаа Деновите на НАТО во земјава, по повод одбележување четири години од членството на Северна Македонија во Алијансата и 75 години од нејзиното формирање. -Вообичаено е да се слушнат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да и’ пристапи на Европската Унија дали затоа што ...
Државното музичко училиште од Битола, годинава повторно организира целодневна прослава по повод „Денот на пијаното“ кој се прославува на 88 ден во годината, колку што има и дирки на клавијатурата. Училиштето има дадено голем придонес како за развојот на културата во градот, така и за издигнување на класичната музика на повисоко ниво. На 28 март се организираат 5 концерти од кои 4 се во текот на денот и тоа во 10, 11, 12, и 13 часот и еден Свечен ...
Како од загуба се постигнува одлична добивка. Одговорот го има една битолска фабрика која произведува квасец, а тој гласи – инвестиции, објави faktor.mk Ако претходната 2022 година оваа компанија ја завршила со негативен финансиски резултат од дури 777 илјади евра, што пак се случувало втора година по ред, веќе во 2023 година тој влегува во зоната на позитивата. Или, Битолска квасара ланската година ја затворила со сосема солидна нето добивка од ...
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е избран, и ќе учествува во официјалната конкуренција за награди на меѓународниот театарски фестивал Стеријино позорје во Нови Сад. Македонските актери, на 69. фестивалско издание во Нови Сад ќе ја одиграат претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ. -Драмскиот текст „Брод за кукли“ на фестивалот Стеријино позорје досега бил два пати изведуван. На сцената во Нови Сад оваа ...
Автор Анета Блажевска БИТОЛА – Битола досега немаше ни еден, а сега во исто време се градат два мега трговски комплекси во градот, што значи дека ова лето градот на конзулите ќе прерасне во нов трговски центар на југозападна Македонија. Градилишта на две локации, едното на влезот на Битола од кај Дулие, каде се гради новиот продажен центар на „Лидл“ и новиот трговски центар „Блис“ и градилиште на „Партизанска“ каде се гради новиот трговски ...
Новиот трговски центар „Блис“ што се гради во Битола на Дулие е во напредна фаза и треба да биде готов до почетокот на летото. Новиот трговскиот комплекс „Блис“ е инвестиција на локалната битолска фирма „Беком“ и ќе се простира на површина од 22.000 квадратни метри. „Трговскиот центар ‘Блис’ ќе биде готов до крајот на јуни. Во Битола ги носиме големите брендови со продажни салони, на големи површини, како ‘Нјујоркер’, ‘Де факто’, ‘Котон, и многу ...
Министерката за култура Бисера Костадиновска–Стојчевска во интервју на ТВ „Слободен печат“, говореше за значењето на Старото училиште во Љубојно и негово прераснување во Центар за промоција на македонскиот јазик. Таа рече дека овој објект не само што е важен поради тоа што претставува едно училиште каде што се образувало голем дел од населението, туку таму се школувале дури и некои од денешните лекари, наставници кои живеат не само во тој регион ...
Универзитетската библиотека „Св. Клиемнт Охридски“ одбележува 79 години од своето постоење! Почитувани наши читатели, Додека ја славиме 79-годишнината од постоењето на нашата сакана библиотека, ги упатуваме нашите најтопли поздрави до сите вас кои најдовте утеха, инспирација и радост на страниците на нашата огромна колекција книги. Вашата страст за читање е крвотокот на нашата библиотека, поттикнувајќи го нејзиниот раст и збогатувајќи го ...
На гласачкото ливче за претседателски избори под број еден е кандидатот на СДСМ – Стево Пендаровски. Број два е кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ- Гордана Силјановска-Давкова, број три е кандидатот на ГРОМ – Стевчо Јакимовски. Под број четири е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, под број пет е Билјана Ванковска-Цветковска, кандидат на Левица. Под број шест е Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и под број седум е кандидатот на ЗНАМ – ...
Левица ги објави носители на пратеничките листи во шестте изборни единици, а во „Петката“ носител е Јована Мојсоска секретар на партијата. Носител во ИЕ 1: Проф. д-р Димитар Апасиев, претседател на Левица, пратеник во Собранието на Република Македонија, доктор на правни науки, професор на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Носител во ИЕ 2: Амар Мециновиќ, портпарол на Левица, член на Президиумот на Партијата и член ...
На 24.03.2024 во 00.50 часот во СВР Битола, М.А.(43) од с.Кравари, битолско, пријавил дека на 23.03.2024 околу 23.30 часот пред Центарот за култура во Битола неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.А.(20) од Битола. Во врска со истиот настан, на 24.03.2024 во 02.00 часот во СВР Битола, С.А. пријавил дека пред Центарот за култура во Битола бил физички нападнат од едно лице. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна ...
На 23.03.2024 во СВР Битола, од Казнено - поправната установа Затвор Битола било пријавено дека во 20.30 часот, при претрес на торба на осуденикот В.У.(35) од Битола, кој се враќал од викенд отсуство, вработен во затворот пронашол две пакувања со прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Битола извршиле увид, а пронајденото било одземено за понатамошна постапка. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. Објавено ...
Методија Илиевски е вториот кандидат за пратеник од Битола на листата на СДСМ и коалицијата за Петтата изборна единица. Илиевски е на седмото место на листата која ја предводи актуелниот собраниски спикер Јован Митрески, а коносител ќе биде потпретседателката на СДСМ и министер за култура, битолчанката Бисера Костадиновска-Стојчевска. Илиевски е во Социјалдемократскиот сојуз уште како младинец, во три мандати советник во битолскиот Совет, а во ...
Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски ги потврди имињата на носители на денешниот Конгрес во Скопје. Во првата изборна единица предводник е лично тој, во втората изборна единица на првото место е Оливер Спасовски, тројката ќе ја предводи директорката на УЈП Сања Лукаревска, четворката екс министерот за здравство Венко Филипче, петката е резервирана за Јован Митрески кој е нов собраниски спикер, и во шестата изборна единица е министерката за одбрана ...
Во рамките на „Неделата на пролетта“, која ја реализира општината во соработка со јавните претпријатија, попладнево започна со редовна работа кугланата во спортската сала „Боро Чурлевски“. Од денес, кугланата е отворена за сите граѓани кои сакаат рекреативно да куглаат, за разлика од досегашниот период, кога функционираше како затворен тип, односно се користше само за професионалните спортисти. Слободните термини за користење на салата ќе бидат ...
ВМРО-ДПМНЕ ја разреши и последната дилема, со одлуката генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски да ја предводи кандидатската листа во петтата изборна единица на опозициската партија. Веста ја соопшти потпретседателот на партијата, Александар Николоски на денешната прес-конференција. „Во однос на носител во петтата Изборна единица можам да го потврдам Ѓорѓија Сајкоски генералниот секретар на партијата ВМРО-ДПМНЕ за носител во Петтата изборна ...
Фантастичната вечер на отворањето на изложбата на Ивона Кочов, за која со посебна гордост кажуваме дека е член на Фото Кино Клуб Битола, објави клубот на Фејзбук за синоќешната изложба „Монохроматска меланхолија“ на Ивона Кочов. -Фотографиите на Ивона Кочов навистина блескаа, одразувајќи ја нејзината единствена перспектива и неверојатен талент. Посебна благодарност до Културен и информативен центар - Битола, каде се одржа изложбата и до ...
ВМРО-ДПМНЕ ја разреши и последната дилема, со одлуката генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски да ја предводи кандидатската листа во петтата изборна единица на опозициската партија. Од претходно е познато дека носители ќе бидат Христијан Мицкоски во кецот, Владо Мисајловски во двојката, Драган Ковачки во 3 ИЕ, Александар Николоски во четвртта и Дафина Стојаноска во шестката. Партиската програма, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира веќе в недела.. Објавено ...
Движење ЗНАМ – За наша Македонија в недела во Скопје ќе ги претстави кандидатите за носители на листи за пратеници во шесте изборни единици за Парламентарните избори. Според Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ органите на партијата, нејзините извршен и централен одбор, вчера со акламација ја донеле одлуката - Листата во Петтата изборна единица ќе ја предводи битолчанката Весна Бендевска, поранешна пратеничка и член на КСЗД, по професија психолог. ...
Размислувате да бидете физички поактивни? Сакате да ги промените вашите навики во исхраната на подобро? Можеби започнавте со сето ова, но ви е тешко да продолжите? Не се загрижувајте и не се откажувајте. Познато е дека старите навики умираат бавно, а нивното менување е процес кој има неколку фази. Потребно e време за промените да прераснат во долгорочни навики, а на патот сигурно ќе се соочите и со пречки. Но, ако се држите до нив доволно ...
Стопанска банка Битола станува прилично интересна за инвеститорите, но засега не е познато дали е тоа поврзано со од поодамна најавеното нејзино потенцијално присоединување кон Комерцијална банка, нешто што го објавија своевремено двете банки, и што требаше да почне да се преговара и реализира многу скоро, или поточно по усвојувањето на завршните сметки на банките, кои се предвидени за акционерските собранија токму за следните денови, објави ...