
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ги потсвила колениците на групната фотографија на која со своите сопартијци се сликале во населбата Ушици каде бараат глас повеќе за претстојните двојни избори, претседателски и парламентарни. Ваквото позирање на министерката која е претендент за нов мандат во македонското Собрание, многумина што ја видоа фотографијата ја толкуваат како понизност пред гласачи, а други пак како неумесно ...
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ги потсвила колениците на групната фотографија на која со своите сопартијци се сликале во населбата Ушици каде бараат глас повеќе за претстојните двојни избори, претседателски и парламентарни. Ваквото позирање на министерката која е претендент за нов мандат во македонското Собрание, многумина што ја видоа фотографијата ја толкуваат како понизност пред гласачи, а други пак како неумесно ...
„На дното“ во режија на Ќендрим Ријани, а по текст на Максим Горки енајновата премиера на Битолскиот театар која ќе биде изведена вечерва во 20 часот. Ова е трета премиера за оваа година. Во претставата играат: Никола Пројчевски, Илина Чоревска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Александар Стефановски, Иван Јерчиќ, Никола Стефанов, Стефан Спировски, Елена Моше, Марија Стефановска, Сандра Грибовска-Илиевска, Мартин Мирчевски, Валентина Грамосли, ...
Ви пренесуваме интегрално соопштение од ЗПСК „Пелистер“ за обновата и враќањето во функција на Планинарскиот дом „Копанки“ Почитувани битолчани, ЗПСК „Пелистер“ со целосна ангажираност и поддршка од Општина Битола, работи на обнова на Планинарскиот дом „Копанки“. Со обновата и враќањето во функција на Планинарскиот дом „Копанки“, срцето на Пелистер повторно ќе се врати, зошто тоа е еден од симболите на Битола. Кога во 2021 година после ...
Специјализантите подолго време преку јавни настапи, протести и генерален штрајк, што го започнаа денеска, бараат да бидат исполнети нивните барања за регулирање на работниот статус, покачување на месечниот надоместок и здравствено осигурување за сите специјализанти. Како што најавија, штрајкот ќе трае се додека не добијат писмени гаранции дека ќе им се исполнат барањата. Прв кој обезбеди специјализантите да бидат платени за нивната работа ...
Шеесетина ученици од Македонија и Франција заедно со нивните професори изработија изложба посветена на 80 години од завршувањето на Втората светска војна во Франција и Македонија. Гимназијата „Јосип Броз –Тито“ од Битола има плодна соработка и размени со повеќе училишта од неколку европски држави, но најдолга е соработката со училиштата од Нормандија – Франција. Како и досега овие во изминатите 15 години, средношколските размени се поврзани со ...
Автор Анета Блажевска БИТОЛА – Во Битола се чини дека претседателските се во длабока сенка на парламентарните избори. Впечатокот е дека партиите предвреме ја започнаа кампањата за парламентарните избори, а многу малку посветуваат внимание на претседателските кандидати. Широк Сокак врие од народ во секој час од денот, а кафето не поминува без политика, објави nezavisen.mk „Во Битола одамна не доаѓа циркус под шатор, откако политичките партии ...
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец восоработкасоОпштинаБитола,започнасопоставувањенарефлекторинафасадитенизШирокСокак, а фотографите кои ја доловија ноќната атмосфера, ја опишаа со зборовите „Битола како Виена“. Активностите се насочени кон ...
297 санкционирани возачи викендот на подрачје на СВР Битола, 162 за брзо возење Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (12/13/14.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 297 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 162 санкции, 20 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 мерки за зборување на мобилен телефон, 27 мерки за возење без возачка дозвола ...
Повеќе од половина век, поконкретно цели 57 години жителите на поширокиот регион на Преспа, како во Северна Македонија, така и во Грција чекаат граничниот премин Лемос-Маркова нога одново да биде отворен, нешто што се очекува да се случи за околу две години, како што открива за МИА градоначалникот на грчката општина Преспа Јоргос Стергиу. Во разговор со дописничката на МИА од Атина, Стергиу говори за важноста на овој граничен премин за ...
На 12.04.2024 од страна на полициски службеници од СВР Битола лишени се од слобода О.П. и О.Н.(38), двајцата од Битола. Имено, со наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошните простории кои ги користи лицето О.П. од Битола, при што се пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка и пет опаковки со прашкаста материја. Лицето е лишено од слобода при што ќе следува соодветна пријава за сторено кривично дело по чл.215 од ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во вторник во текот на ноќта, а особено во среда под ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претставници од општинската администрација, извршија увид на работните активности во Горно Оризари, каде се врши реконструкција на 10 краци, со вкупна должина над 2 километри. Проектот за реконструкција, покрај нов коловоз, вклучува и реконструкција на канализационата мрежа и нови водоводни приклучоци. Еден од инфраструктурните проекти за оваа градежна сезона е и реконструкцијата на водовод, ...
Пишува Димитар Пипилевски - професор по германски јазик и член на СДСМ Пред да започнам со анализата и моите лични ставови кон темата, да напоменам дека ова е чиста генерализација и се однесува на официјалните политики на ДПМНЕ, а не на чесните членови и поддржувачи на партијата и идеологијата (ако воопшто постои). НЕДОСТАТОК НА ВИЗИЈА ИЛИ ЧИСТ ПОПУЛИЗАМ Над триесеттина години од осамостојувањето, сме аспиранти кон евроатланските структури и ...
Неплаќачите на паркинг го сотреа зеленилото зад зградата Пелагонка 2 во строгиот центар на Битола, се жалат станарите од околните згради. Наместо на асфалтот и определените места за паркирање на паркингот што е непосредно и позади Градската библиотека, несовесни возачи паркираат на зелениот појас и од фотографиите јасно се гледа во која состојба е зелениот појас, не само ова утро, туку секој ден. -Тревниците се уништуваат само од несовесни ...
Општина Битола, продолжува со имплементација на активности, кои значат поттик за афирмирање на младинското учество во општината. Со ваква цел, со финансиска поддршка од УНДП, Општина Битола го реализира и проектот кој е насочен кон зајакнување на улогата на младите во борба против говорот на омраза и врсничко насилство и разбирање на улогата на локалниот младински совет и младинското учество во промоција на конструктивни наративи. Во оваа насока ...
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам, на овој ден им помагаат на сиромашните, на децата без родители и на осамените. Верниците од муслиманска вероисповед во земјава денеска го слават празникот Рамазан Бајрам. Овој празник муслиманите го слават по завршување на постите кои траеја цел месец, а во кој тие не јадеа и не пиеја ништо од изгрејсонце до зајдисонце. Месецот Рамазан е деветтиот месец во исламскиот календар, а воедно се смета за месец на ...
- Под мотото „28 години пееме заедно“ СИ ДО звездичките на голем музички концерт собраа огромен број вљубеници на детската музика и покажаа дека детската песна е бесценета. Младите музички таленти заслужуваат вистинска поддршка која ќе им овозможи да се усовршат во светот на музиката и оние кои се навистина талентирани да имаат добри услови да градат музичка кариера. Ова го истакнуваат од СН Осигурителен Брокер АД Битола, општествено одговорна ...
Спортското здружение БОРИ СЕ ЗА ЦЕЛТА ја организира по втор пат Ноќната женска трка “Биди своја” на 15.06.2024 година со почеток во 19:30ч.На првото издание кое броеше повеќе од 250 учеснички учествуваа од најмала до највозрасна учесничка. На пет километарската трка најбрза беше Марија Пеликон. Второто место и припадна на Мери Шешо, а трета беше битолчанката Јана Стефановска . „Мотивирани од првото издание каде професионалните тркачки и ...
СВР Битола лиши од слобода двајца жители на Демирхисарското село Слоештица за нелегална сеча на дрва, односно за делото „пустошење на шума“. Кај дрвокрадците се откриени вкупно нелегално стекнати 27 кубни метри дрва и 220 вреќи ќумур или околу 3 тони ќумур. Според информации од СВР Битола, при претрес во селото Слоештица кај лице родено 1966 година, најдени се поголеми количини од ќумурот, односно околу 3 тони ќумур, и 7 кубика дрва нелегално ...
GENERALKA WEEKEND 24 е најголемата еколошка акција во нашата земја и на Западен Балкан, што ќе се одржи годинава по четврт пат на 17, 18 и 19 Мај. Во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД досега учествуваа над 25.000 волонтери и се собрани над 600 тони отпад, и засадени (со Министерство за земјоделство и национални Шуми) над 95.000 дрвја во Петровец и околу Велешкото езеро Младост. Годинава во GENERALKA WEEKEND 24 на 17, 18 и 19 Мај се вклучуваат: Четири ...
Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 4, д-р Венко Филипче вчера беше во Радовиш каде што оствари средби со пензионери и со лица со дијабетес со коишто разговараше за мерките предвидени во новата „Програма за европска иднина“. На средбата со пензионерите, д-р Филипче потсети на досегашните заложби на Владата предводена од СДСМ за подигнување на стандардот на пензионерите. Тој ...
На средба со лицата со дијабетес од Радовиш и околните региони, д-р Венко Филипче информираше за плановите предвидени за оваа важна категорија на пациенти во насока на подигнување на квалитетот на нивниот живот преку подобрување на терапијата што ја добиваат. Д-р Филипче е носител на листата на кандидати за пратеници од СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 4 и пред лицата со дијабетес ги презентираше мерките предвидени во ...
Во Демирхисарско се апсат дрвокрадци кои пустош ја направиле демирхисарската коријата, неофицијално дознаваме од жители на овој крај. Во акција на МВР и Шумската полиција од утрово фатени биле дрвокрадци на повеќе локации во Демир Хисар, а едно од селата каде се вршел претрес било и Слоештица, тврдат наши извори. Дрвокрадците од Слошетица според првичните информации биле фатени со над 20 кубици дрва, нелегално стекнати. Полицијата, според нашите ...
Вчера во просториите на КИЦ Битола се одржа настанот „Ткаење нишки на вклучување низ таписеријата на уметноста и културата“ во организација на општина Битола и Сумнал. Во преполнетата сала говор одржа м-р Фатма Бајрам Аземовска, претседателката на „Сумнал“ во кој истакна дека новите генерации Роми со силна мотивација и желба го прифатија предизвикот да бидат носители на прогресот, на промените. -Денес ги промовираме новите вредности на ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, советникот од Советот на општината, Бојан Бојкоски и претставници од општинската администрација, денес извршија увид на воведните активности за отпочнување на проектот за „Реконструкција на улица „Бурса“ (Индустриска)“. „Започнуваме со реконструкција на коловозот на уште една важна сообраќајница за градот која значително ќе го олесни функционирањето и ќе придонесе за растоварување на ...
Анксиозноста претставува природна реакција на вашето тело на стрес, која се манифестира на различни начини. На пример, едно лице може да доживее чувство на немир, друго лице може да има напади на паника, кошмари или пак лоши мисли. Анксиозноста се третира со когнитивна бихевиорална терапија, одредени лекови како редовна терапика, но постојат и неколку начини како самите можете да си помогнете во борбата против истата. 1. Бидете активни Редовното ...
“Денес, се наоѓаме на една посебна локација, која за сите нас битолчани значи многу, особено со почетокот на топлите денови, во кои многу сограѓани имаат навика да пешачат во овој дел на градот. Токму затоа, почетокот на градежната сезона го користиме за реализација на овој важен проект, кој градот го заслужува, а се однесува на Изградба на пешачка патека на потегот Тумбе кафе - Смолево, проект кој локалната самоуправа го реализира во соработка ...
Изборот е помеѓу Стево Педнаровски и Гордана Силјановска Дафков. Пендаровски е арогантен. И треба да добиеме впечаток дека е сега дојден нов во политиката, а не 5 години претходно и место претседател тој стана коментатор кој по ниедно дело нема да го запаметиме. Тој е едноставно како турист во сопствената земја, порача Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во општина Битола. Мицкоски праша што направил Пендаровски ...
Од партиски послушници и партиски војници корист немате, рече на митингот во Битола кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска. Гледам тука како „китки“ многу жени, рече Силјановска и се осврна на женските права. -Женските права се човечки права, демократијата се мери по улогата на жените, не само во институциите туку и на највисоките политички функции. Признавам, ќе се опкружам со жени не за да покажам дека сум ...