
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Автор Анета Блажевска фото анонимни граѓани Старица од Битола на 80 години вчера во драматична ситуација била потисната и затрупана од ѓубрето што самата со години наназад го собирала во станот. И повторно ноќта ја поминала во домот. Старицата со иницијали А М.Т подолг период живеела сама во сопствениот стан во една од кулите на населбата „Стара Болница“ која се наоѓа во строгиот центар на Битола. Вчера најверојатно не можејќи веќе да се движи ...
Загрижени граѓани направиле видео снимка од маж кој ја руши оградата на дрвеното мовче во населба „Кланица“ во Битола. На снимката јасно се гледа ккао ја корни оградата и ја фрла во реката Драгор. Вчера АПЛА.мк објави фотографии од оштеттената ограда на дрвениот мост. Граѓани од околните куќи регираа дека е загрозена безбадонста на минувачите. Денеска на мостот беа поставени црвени ленти на оштетените делови, но повторно непознатиот маж се ...
Општина Битола е една од општините кои со својата ангажираност во изминатата година и половина забележаа значително подобрување во работењето во повеќе области, што беше потврдено и со сертификатот, кој од страна на УСАИД му беше врачен на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Во рамките на настанот „Партнерство за поефикасно управување во општините“, директорот на Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ...
По веста што ја објави АПЛА.мк за неправилно паркирани возила кај плоштатката пред подвозникот на Безистенот, веднаш интервенираше сообраќајната полиција при СВР Битола и Пајак службата на ЈП „Паркинзи“ и ги отстрани непрописно паркираните возила. Возилата беа паркирани на местата каде што претходно имаше времени објекти и зафаќаа дел од пешачката патека. Но сообраќајците веднаш излегоа на терен и постапија. Сега останува уште да се средат и ...
Несовесни возачи продолжуваат да паркираат каде ќе стигнат, а така е и денеска во центарот на Битола кај подвозникот кај Безистенот. На местото каде се отстранети времените објекти низ градот се паркираат возила и несовесните возачи просторот го претвораат во див паркинг. Во исто време го попречуваат минувањето на пешаците и го затвораат пристапот до дуќаните. Битолчани бараат поголема ажурност од сообраќајната полиција и ЈП Паркинзи. На овие ...
СДСМ ќе обезбеди вработување на 35.000 млади, преку програмата ,,Гаранција за млади", ова вчера го најави д-р Венко Филипче во Прилеп на средбата со младите. „Една од промените што ќе ја направиме е зголемување на програмата „Гаранција за млади" која ќе биде отворена за 35.000 млади кои ќе добијат многу можности за вработување“, истакна неврохирургот Филипче. Филипче презентираше и други младински политики предвидени во програмата на СДСМ. Во ...
Поетесите Даниела Андоновска-Трајковска и Весна Мундишевска-Велјановска на 30 март 2024 г. учествуваа на книжевна вечер и трибина со наслов „Жени, живот, книжевност“ во Смедерево, Република Србија. Двете авторки се претставија со избор од нивното творештво, додека реномираната српска писателка Билјана Миловановиќ Живак, која беше модератор на вечерта и автор на проектот, прочита преводи на нивната поезија на српски јазик. Андоновска-Трајковска ...
Носителот на листата на СДСМ во Изборната единица 4, неврохирургот д-р Венко Филипче денеска на средба со младите во Прилеп порача дека тој како пратеник ќе направи сè за реализирање на идеите и предлозите што ќе стигнат токму од нив. „Од вас ќе чекам конкретни предлог решенија. Не само констатирање дека нешто не чини. Вие мора да понудите сериозни решенија, а ние ќе најдеме начин да ги реализираме. Вие треба да сте креатори на политиките кои ...
Двајцата советници од Левица во битолкиот Совет се на листата за пратеници во „Петката“ Комплетната листа на “Левица“ за ИЕ 5: 1.Јована Мојсоска 2. Горан Велевски 3. Ристе Дојчиновски 4. Ивана Петковска 5. Гаврил Трајковски 6. Мирослав Чадевски 7. Слаѓана Арсовска 8. Славе Туџаровски 9. Бланислава Стојановиќ – Ибрајтер 10. Атанас Најдовски 11. Аца Наумовски 12. Ирена Цветковска 13. Георги Ристевски 14. Бојан Петревски 15. Љиљана Наумовска 16. ...
Вандали ја срушиле оградата на дрвениот мост на реката Драгор кај населба „Кланица“, па успеале да ја уништат на неколку позиции од двете страни и да причинат значителна штета која сериозно влијае врз безбедноста на минувачите. Граѓани од околните куќи, за Апла.мк, јавуваат дека дрвените столбови се срушени до половина од двете страни на оградата, и предупредуваат дека особено ќе биде ризично минувањето оваа вечер ако полицијата не преземе мерки ...
Заедно со претставници на фирмата за градежништво и услуги Рапид Билд, изведувач на топловодот, извршивме увид на состојбата на поставениот топловод на улицата „Македонски гемиџии“. Притоа, беше констатирана состојбата на терен, како и потребата од дополнителни санации на коловозот и јавните површини од двете страни на коловозот. Дополнително, разговараме и за планираната динамика со која ќе продолжи да се реализира поставувањето на топловодот, ...
Став на универзитетскиот професорот Дејан Трајковски Размислувајќи за партиската, но и која било друга корупција, доаѓаме до заклучок дека поставувањето партиски директори е мајка на сите корупции. Но, да одиме со ред. Доколку партиите искрено сакале да го решат проблемот со лепачите на плакати, едноставно би ангажирале млади луѓе за паричен надомест, кои подеднакво квалитетно би ја завршиле истата работа како и членовите. Веднаш би зеле по ...
Сериозно сум загрижен за слободата и демократијата, нешто на што многу работевме изминатите седум години, вредности кои денеска повторно се загрозени. Ова го истакна неврохирургот д-р Венко Филипче носител на листата на СДСМ во Изборната единица 4 при својата посета во Радовиш во врска со лажните предизборни анкети кои беа објавувани неодамна. „Слободата е повторно под закана. Денешниот скандал за спрегата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и државната ...
АПЛА.МК доделува на двајца наши читатели по две влезници за филмот „Најтешкото нешто“ - Режија: Сердар Акар. Филмот е снимен на локации во Битола со статисти од Битола. 05.04.2024, петок 18:00 „Духот од Кантервил“ - Режија: Ким Бардон, Роберт Чендлер (Влезница: 100 мкд) Анимиран / цртан, Семеен, Комедија 20:00 „Најтешкото нешто“ - Режија: Сердар Акар (Влезница: 100 мкд) (првиот македонски филм снимен на турски јазик, во режија на познатиот ...
Официјално почна изборната кампања за претстојните претседателски избори кои ќе се одржат на 24 април. Седум кандидати ќе бидат на гласачкото ливче. Под реден број 1 ќе биде кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, на второт место е Гордана Сиљановска Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска, кандидатката на Левица е на редното место број 3, на четвртото е Арбен Таравари од коалицијата Вреди, Бујар Османи од коалицијата Европски фронт ...
-Учениците од одделенска настава изработија пораки и ги прикачија на специјално дрво во холот на училиштето, создадено исклучиво за таа намена. Во придружба на учениците од седмо одделение и волонтерите од Црвениот крст, ги посетивме соседните институции, градинката "Вангел Мајорот" и Центарот за социјална работа. Веруваме во инклузивно образование каде што секое дете има право да се развива. Ние како училиште се обврзуваме да ги почитуваме ...
Општина Битола и здружението за развој на ромската заедница “Сумнал“ имаат чест и задоволство да Ве поканат на настанот „Ткаење нишки на вклучување низ таписеријата на уметноста и културата“ по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите 8-ми април. Настанот ќе се одржи на ден 08.04.2024 година (понеделник) во просториите на КИЦ (Офицерски дом) со почеток во 19 часот Заедно, ќе ја истражиме богатата таписерија на ромската уметност и ...
Почитувани читатели на АПЛА.МК, од денеска порталот кој седум години е со вас има нова Фејсбук страница. Следете не и контактирајте како и досега. АПЛА.МК е реномирана, професионална дигитална редакција со авторски и проверени новинарски содржини изработени од наградуван новинар и свои соработници. АПЛА.МК е препознатлива од 2017 година како ваш медиум од доверба. Главен и одговорен уредник Анета Блажевска ...
Битола-Најпознатата и најубавата амбиентална улица во Битола, во државата и пошироко на Балканот, битолски Широк Сокак, полека старее и се руинира иако е ставена под заштита на државата како културно наследство. Заедно со велелепните градби на Широк Сокак пропаѓаат и неколку десетици други објекти кои се во централното градско јадро, старите конзулати, објекти покрај реката Драгор, а да не зборуваме за голем број разурнати и оштетени дуќани во ...
Градоначалникот Коњановски, денес изрази благодарност до советниците за дадената иницијатива и донесената одлука од Советот, повикувајќи ги граѓаните да ги користат овие простори, притоа овозможувајќи им поддршка на оние на кои им е неопходна: „Со паркирањето на моето возило, на едно од 19 те хуманитарни паркинг места и регулирањето на обврската со испраќање СМС порака, постапка што редовно ја практикувам кога се возам со автомобил, сакам да ги ...
По финализирањето на локалните акциски планови за 15 општини од двата региона , активностите продолжуваат со детално планирање за нивна реализација. За таа цел, изработени се неколку битни анализи чии резултати беа презентирани во контекст на целите кон кои што се стреми проектот. На денешниот настан присуствуваа претставници од партнерите на проектот, градоначалници и соработници од општините во двата региона како и претставници на донаторската ...
Како и секоја година, така и оваа, во ОУ „Даме Груев“ – Битола, го обележа Денот на шегата. И денес дворот на централното ОУ ,,Даме Груев'' како и во ПУс.Долно Оризари и с.Карамани, беше најшарено и највесело место. - Денеска е 1 април, денот кога луѓето ширум светот прават разни шеги меѓу себе, а оние со кои се шегуваме најчесто велат: Априли-ли-ли! Светот се чини запре со сѐ останато, но барем малку денес да се обидеме да останеме позитивни. ...
Почина Билјана Василевска Трајкоска, член на управниот одбор на Сојузот за младинска работа (СМР) „Со неизмерна тага ве известуваме дека денес нѐ напушти нашата Билјана Василевска Трајкоска. Со нејзината професионалност, посветеност и компетенција, Биле остави неизбришлива трага врз развојот на младинската работа во нашата земја и пошироко. Како член на Управниот одбор на Сојузот за младинска работа, а подоцна и како дел од Секретаријатот и ...
ТРЕТО НАСТАВНО ТРИМЕСЕЧИЕ Една моја, повеќе пати повторувана фраза, гласи: ученик кој си учи, си учи и успешни резултати ќе има. На почетокот сме, пред третото тримесечие кога учениците треба да добијат оценка за изминатиов период од почетокот на второто полугодие. Период, исполнет со многу активности, како училиштни, така и вонучилиштни... Тие се одраз на интересот, волјата, и секако, желбата на учениците да постигнат некаков резултат. ...
Советникот од независната листа Поинаку во битолскиот Совет Иван Чулакоски, денеска објави видео дека со костум се спуштил на штица за сноубординг од врвот на Пелистер, барајќи од градоначалникот Тони Коњановски и општина Битола да ја започне постапката за изградба на гондола на Пелистер, проект кој според него ќе го раздвижи туризмот и економијата на Пелистер и Битола. -Оваа година за Гондола на Пелистер која е едногласно изгласана од сите ...
ЕСМ топлификација Битола инфорормира дека заврши со изведување на проектот топлификација во делот на обиколницата во должина од еден километар, каде што се вршеше изведба на главната разделна шахта. Сега обиколницата е пуштена за сообраќај. Од понеделник како што информираат од топлификација, согласно градежната дозвола и сообраќајните решенија, следната делница на која ќе се работи е од кај кафе барот „Триангл“ до ресторанот „Ловец“. Обајвено ...
Продолжија активностите од втората фаза на проектот за комплетна реконструкција на улицата „Солунска“. Од оваа фаза, во досегашниот период изведени се канализација и приклучоци во должина од 152 метри и коловоз во должина од 138 метри. Со продолжувањето на работата на терен, ќе се изврши реконструкција на мешовита канализациона мрежа во должина од 554,2 метри, водоводна мрежа во должина од 223,25 метри и реконструкција на коловоз во должина од ...
Градоначалникот Тони Коњановски, најави дека продолжуваат активностите за реконструкција на улицата „Захарија Шумљанска“, кај Светонеделските гробишта во Битола. -Активно се работи на поставување ивичници, доградба на тротоар и поставување на нов коловоз. Согласно предвидената динамика, асфалтирањето се одвива постапно, така што дел од трасата е асфалтиран, а следните денови се продолжува и на другите делови од двата краци на улицата. Со ...
БИТОЛА – Основното јавно обвинителство од Битола отвора предмет за наводен криминал во Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ во Битола. Од денеска ќе се „чешла“ работење на оваа државна установа која е под капата на МОН. Како се трошел секој денар државни пари и како се користеле државните ресурси, законски или за приватни цели? „Независен“ и „Апла“ во изминатите денови објавија неколку текстови поврзани со работењето на раководството во ...
Не се точни тврдењата дека Европската Унија не ја сака Северна Македонија за членка на ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, на настанот со кој започнаа Деновите на НАТО во земјава, по повод одбележување четири години од членството на Северна Македонија во Алијансата и 75 години од нејзиното формирање. -Вообичаено е да се слушнат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да и’ пристапи на Европската Унија дали затоа што ...