
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец април годинава се карактеризира како многу топол и нормално врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од УХМР. Средномесечната температура изнесувала од 7,9°С во Лазарополе до 16,6°С во Гевгелија. Споредено со просечните априлски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната била ...
Деновиве започна реализацијата на проеетот за изградба на нов противпожарен дом во Битола. На локација во старата касарна се започна со рушење на стариот магацински простор. -Градоначалникот Коњановски, заедно со стручните служби од општината изврши увид на почетните активности, со кои теренот ќе биде подготвен, веднаш да започне изградбата на новиот објект кој согласно проектната документација предвидува 1600 м² новоизградена површина. Објектот ...
Деновиве започна реализацијата на проеетот за изградба на нов противпожарен дом во Битола. На локација во старата касарна се започна со рушење на стариот магацински простор. -Градоначалникот Коњановски, заедно со стручните служби од општината изврши увид на почетните активности, со кои теренот ќе биде подготвен, веднаш да започне изградбата на новиот објект кој согласно проектната документација предвидува 1600 м² новоизградена површина. Објектот ...
На централениот митинг во Струмица, д-р Венко Филипче како носител на листата на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во ИЕ 4, пред присутните граѓани порача дека и покрај сите предизвици, но и грешки кои ги направи партијата, СДСМ остана доследна да обезбеди иднина за своите граѓани. „Во многу работи успеавме, но и во некои потфрливме. Некаде го изодевме целиот пат, некаде стигнавме до пола. Но, вистината е дека наместо на ситни дневно ...
На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство. На претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 гласачи. Од нив, во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Во посебните изводи од Избирачкиот список за лица кои ...
Екипата на Фудбалскиот клуб Пелистер и донесе уште една радост на спортска Битола. Со денешната победа над ФК Башкими, битолскиот клуб, обезбеди сигурен пласман во Првата македонска фудбалска лига. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, испрати честитки до фудбалерите, навивачката група Чкембари и сите граѓани поддржувачи на клубот: Честитки за играчите, стручниот штаб, управата, верните Чкембари, нашиот 12 играч на теренот и сите ...
Пишува Иванчо Тошевски, поранешен советник во Советот на Општина Битола и член на ВМРО-ДПМНЕ Секое поголемо населено место во Македонија, во едно минато време, си имаше локација која граѓаните популарно ја нарекуваа ВПШ или „ваша последна шанса“ и воглавно, таквите локации беа збиралиште за повозрасните ергени. Тие локации останаа во сеќавање на повозрасните генерации, но помладите се сведоци на се поголем број на ВПШ политичари во Македонија. ...
ЈП Водовод Битола со соопштение Почитувани, Ве известуваме дека има дефект на водоводна мрежа во моментов се работи на поправка на дефект на Ф 400 железно лиена цевка. Со прекинато водоснабдување се корисниците од горниот дел на градот улиците: „Васко Каранѓелевски“, „Ремо“, „ЈНА“, дел од ул. „Партизанска“, „Михајло Андоновски“, улиците над Плодност, Лавчански пат, исто така и корисниците од горниот дек над ул. „Илинденска“ (Бадембалари). ...
„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“ Токму во оваа позната мисла на Петре М.Андреевски е содржана сета симболика на 6-децениското егзистирање, опстој и непокор на „Битолски весник“, битолскиот пиреј, како што многумина го нарекуваат. Оваа порака беше испратена ...
ОО на СДСМ Битола, вечерва на седница на Извршниот одбор ја исклучила Елена Спасеновска од член на Извршниот одбор. Чашата се прелила откако вчера Спасеновска физички нападнала вработена во Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ од Битола, каде директорува над 6 години. Спасеновска, од февруари е под истрага за злоупотреба на службата и нејзиното директорување по наредба на основен јавен обвинител го „чешлаат“ истражители од Економски криминал при ...
Интегрален текст од прес конференцијата на Никола Јовески од ВМРО ДПМНЕ, поврзана со вчерашиот скандал во Средношколскиот дом во Битола кога директорката физички нападна вработена. СДС пред заминување почнаа и да тепаат! Страшниот изборен пораз во првиот круг ги порази и основните норми на пристојно однесување и премина во насилство! Случајот на физички напад на директорката на Ученичкиот дом „Мирка Гинова“ Битола на вработена во установата е ...
Владе Атанасовски, поранешен директор на ЈП Пазари Битола ги демантира наводите за несовесно вршење во службата, за што денеска објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Демантот на Атанасовски ви го пренесуваме во целост. -На неколку дена пред гласањето за двојните избори, претседателски и парламентарни, што треба да се одражат на 8 мај, кривична пријава за несовесно работење во сложбата на ЈП Пазари ќе го наречам само ...
Носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче вечерва се обрати на централниот митинг во Изборната единица 4 што се одржа во Радовиш. Оттаму тој испрати порака дека СДСМ е исправена пред голем предизвик и одлучувачки момент за одредување на иднината на 8 мај. Тој потсети на досегашниот труд за приближување кон европската заедница и напредокот на државата и граѓаните. „Многу енергија ...
Јавното претпријатие за паркирање ЈП Паркинзи - Битола, продолжи со обележување на пешачките премини на повеќе сообраќајници во градот. Бележењето се врши со пластична маса и разликата може да се види на пешачките премени кај улицата „Димитар Илиевски Мурато“, кај Камен мост и на други локации. -Ваквиот начин на работа има за цел да обезбеди поголема трајност на обележаната хоризонтална сигнализација, а со тоа да придонесе и за зголемување на ...
Директорката од Средношколкиот дом во Битола, Елена Спасеновска, денеска претпладне физички нападнала вработена во домот пред очите на останатите вработени. Очевидци на настанот од Средношколскиот дом потврдуваат за Апла.мк дека директорката, која е под истрага на Основното јавно обвинителство, ја нападнала физички една од вработените, откако претходно и вербално се конфронтирала. Директорката е веќе два месеци под истрага на истражителите од ...
Врз основа на решение од Основен Суд Битола спроведено е лицето А.С.(44) од Битола , на релација од Основен Суд Битола до КПУ Затвор Битола за извршување мерка притвор во траење од 8 дена поради напад на полициски сужбеник, стои во извештајот од СВР Битола откако полицијата претходно објави дека битолчанец со сопругата физички нападнале полицаец а кон другите се однесувале агресивно. - На 01.05.2024 во 23.50 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, ...
Основното училиште „Гоце Делчев“ од Битола по 13 пат го освојува првото место на Регионалниот натпревар за училишни хорови каде учествуват основните училишта од Битола, Демир Хисар, Ресен, Крушево и Прилеп и се пласираат за такмичење на Државниот натпревар кој ќе се одржи во Скопје. Оваа учебна година ни беше посебно успешна за нашиот училишниот хор, имавме неколку настапи на културни манифестации, се спремавме доста напорно и дисциплинирано за ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на почетокот на активностите за реконструкција на спортските игралишта во Основното училиште „Елпида Караманди“. Проектот вклучува реконструкција на фудбалско игралиште на површина од 1484 м², игралиште за кошарка на површина од 151 м², за одбојка на 262 м², фитнес зона на 220 м² и патека за трчање на површина од 306 м². За оваа инвестиција насочена кон создавање подобри услови за ...
Врз основа на член 88 од Статутот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ Битола на синоќешната седница донесе одлука за разрешување од член на Извршниот одбор на Елена Спасеновска. Почитување на правата и на достоинството на човекот, како и изградба на правна држава во која секој поединец одговара за своето однесување и своето работење, се вредности за кои СДСМ за залага и кои ќе ги штити ...
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (01.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 34 меркa за возење под дејство на алкохол у тоа(15 на подрачје на Битола,11 на подрачје на Ресен,3 Македонски Брод,по 2 мерки во Прилеп и Крушево и 1 мерка на подрачје на Демир Хисар. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги ...
Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца. Првото јајце, божјаче, откако ќе се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“. Божјарчето се чува цела ...
СДСМ е единствена партија која и покрај сите грешки, секогаш за водилка го има интересот и развојот на државата. СДСМ е единствена партија која го исправа кормилото на бродот кога тој ќе биде повлечен во погрешен правец. Затоа СДСМ е потребен силен и достоинствен да продолжи да ја промовира идејата за напредна и слободна држава. Ова го истакна носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко ...
Актерката Маја Андоновска Илијевски и актуелна диркеторка на Културниот Центар во Битола, прослави 40 –ти роденден. Како што вели на 30 –тиот роденден павела свадбена фотосесија во Битолскиот Народен Театар, а 40-тиот го дочекала во Нови Сад, по претставата „Бакхи“ во Српското Народно позориште. „Со изненадување, насмевка, тортичка со неколку свеќи, после успешно изиграна претстава, и само една желба додека ги дував свеќите! - И следните 40, да ...
Доктор Венко Филипче, носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на вечерашниот митинг во Неготино ги повика граѓаните да не наседнуваат на лажниот патриотизам на ВМРО ДПМНЕ. Филипче истакна дека лажните патриоти од ВМРО ДПМНЕ имаат резервна татковина, и за нив како што рече, патриотизмот е единствено чукање во гради додека државата пропаѓа во изолација. Тоа не е патриотизам, тоа е алатка за ...
Општина Битола, согласно Програмите за работа и спроведените постапки, започна со реализација на проектот за уредување на паркинг просторот кај Декорпод. Градоначалникот Тони Коњановски и претставници од општинската администрација извршија увид на теренот каде што ќе се реализираат работните активности на два профили. Едниот профил е со површина од 1648,51 м², а вториот има површина од 487,5 м². Во овој дел, ќе се реши проблемот со атмосферските ...
Од јануари до април 2024 година, Здружението за развој на ромската заедница го имплементира проектот „Младите жени и девојки вклучени во заедницата“ кој е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност на Северна Македонија преку Еразмус + програмата на Европската унија. Целта на проектот е да им се обезбеди на младите девојки и жени со помали можности од општина Битола и пелагонискиот регион теоретско знаење кое ќе им ...
Пишува Димитар Пипилевски - професор по германски јазик и член на СДСМ По добиените резултати од претседателските избори, кои воедно се и показател за наредните парламентарни избори, ќе се осврнам на анализа на причините на добиениот резултат, односно ќе ја насочам кон анализа на мојата партија, СДСМ. Имено, добиените резултати на претседателските избори ја покажаа волјата на народот, но уште повеќе ја покажаа пораката (ч. казната) кон СДСМ. ...
ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола. „И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како ...
Ќе направиме повеќе за инфраструктурата, ќе го направиме патот Градско – Прилеп, за Битола повторно ќе има инвестиции. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи рамен терен за сите за да можат да се натпреваруваат. Ќе направиме спортски комплекс, рече Ѓорѓија Сајкоски, носител на листата на изборна единица 5 на вечерашниот митинг во Битола. Сајкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ планира да даде и за пензионерите, за сите категории граѓани, ќе има раст од 5 проценти, a ќе ...
Верувам во промени, во горда Македонија, рече Пеце Милевски кандидат за пратеник на ВМРО ДПМНЕ на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Битола, што се одржува на плоштадот Магнолија. . -Верувам во промени, верувам во човекот кој од партијата кои многу фактори посакуваа да ја снема, тој со мудрост и трпение направи партија која победува! Веруваме во вас Христијан Мицкоски! Нема сомнеж дека како што сега победува ВМРО-ДПМНЕ, ќе ...