Семејна живинарска фарма во населбата Мезез во Тирана е жариште на птичји грип(Х5Н1). Извршена е контрола и се преземат соодветни мерки, објавија медиумите во албанскиот главен град. Во меѓувреме се врши проверка и во други фарми во поблиските места за да се потврди дали има и други случаи. – Надлежните издадоа забрана за продажба и тргување на отворен простор и пазари за жива живина, како и за движење на жива живина од фарма до фарма и од фарма ...

Стотици милиони деца и адолесценти ширум светот секојдневно се соочуваат со насилство во нивните домови, училишта и на други места, што може да има доживотни последици, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Насилството вклучува удирање од членови на семејството, малтретирање на училиште, како и физичко, емоционално и сексуално насилство, соопшти СЗО. Во повеќето случаи насилството се случува зад затворени врати. Според СЗО, ...

Бакингемската палата во Лондон се затвора и нема да прими државни посети следниве три години, поради реновирање и обемни работи коишто ќе чинат 369 милиони фунти, т.е. повеќе од 444 милиони евра. Реновирањето на британската кралска Бакингемска палата почна во 2017 година, со цел промена на старите кабли и водоводот, коишто не биле сменети од 1950-тите и може да предизвикаат пожар или поплави. Резиденцијата на монарсите последен во декември ќе ја ...

Од DHL денеска соопштија дека товарен авион управуван од нивниот партнер Свифтер извршил „принудно слетување“ во Литванија, каде локалните власти објавија дека едно лице загинало во несреќа. „Можеме да потврдиме дека денес, околу 4:30 часот по средноевропско време, авион на Swiftair, управуван од сервисен партнер во име на DHL, изврши принудно слетување на околу еден километар од аеродромот VNO (Вилнус, Литванија) додека беше на пат од ...

Во Италија од 1 јануари до 18 ноември годинава се убиени 99 жени, се наведува во извештајот на Институтот за економски и социјални истражувања „Еурес“. Во извештајот се наведува дека повеќе од една третина од овие жени, 37 отсто, имале над 65 години и дека во повеќето случаи тие биле убиени од брачниот другар или некое од нивните деца, пренесе италијанската новинска агенција АНСА. Според извештајот, бројот на странски жртви на фемицид во Италија ...

Италијанската тениска репрезентација втора година по ред го освои Дејвис купот. Во финалето во Малага, „азурите“ ја совладаа Холандија со 2:0 и им ја ускратија можноста на „лалињата“ да го освојат трофејот за прв пат во историјата. Матео Беретини им донесе водство на Италијанците со убедливата победа од 6:4, 6:2 над Ботик ван де Зандшулп. Погоди 16 асови и 28 винери, оставајќи го својот противник без шанси. Во вториот сингл меч, светскиот рекет ...

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е уапсена 13. осомничена за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград. – Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека е уапсена и приведен тринаесеттиот осомничен Ј.С.М., која на денот на апсењето не била достапна за органите на прогонот, а која е опфатена во Наредбата за постапување од истрагата, поради основи на ...

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе ја прошири политиката на безвизен режим за уште девет земји, меѓу кои и Северна Македонија. Помеѓу 30 ноември 2024 година и 31 декември 2025 година, политиката за ослободување од визи ќе се применува за обичните носители на пасоши и од Бугарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Малта, Естонија, Летонија и Јапонија, соопшти на прес-конференција во Пекинг портпаролот на МНР на НР ...

Крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила лани чинеше 72 милиони фунти (86 милиони евра), соопшти денеска британската влада. Во својот годишен извештај, британскиот Оддел за култура (DCMS), што беше одговорен за организирање на крунисувањето, прецизираше дека церемонијата чинела 50,3 милиони фунти (60 милиони евра), а 21,7 милиони фунти (26 милиони евра) се издвоени за безбедносни трошоци. Тие посочуваат дека крунисувањето ...

Актуелниот германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделник официјално ќе биде номиниран за втор мандат на средбата на раководството на неговата Социјалдемократска партија (СПД), и покрај противењето и повиците во партијата тој да се повлече. „Во следната изборна кампања сакаме да влеземе со Олаф Шолц“вели Ларс Клингбејл. Одлуката дојде по неколкунеделни шпекулации за тоа дали СПД ќе го принуди Шолц да се повлече за да може некој друг да ги подобри ...

Колку работници од регионот се подготвени да се преселат на работа во странство? Кои се причините што не поттикнуваат на таков чекор? Дали е тоа трајно преселување или се уште се надеваме дека ќе се вратиме дома? Ова се само дел од прашањата што беа во анкета за време на овогодинешниот Регионален саем за вработување, како дел од истражувањето спроведено од Alma Career Croatia, меѓународна компанија најпозната по брендот MojPosao. Истражувањето ...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) вчера соопшти дека во рамките на програмата „Младите во бизнисот“ ќе додели 100 милиони евра за младите претприемачи од Западен Балкан. На конференцијата на ЕБОР во Херцег Нови учествуваат партнерските банки, донатори, партнери на екосистемот и други заинтересирани страни за зајакнување на поддршката за микро, малите и средните претпријатија во Западен Балкан, кои се во сопственост или управувани од ...

Европската асоцијација за изнајмување куќи за одмор (ЕХХА), којашто ги застапува платформите како што е „Ер-БНБ“ (Airbnb), поднесе жалба до Европската комисија против шпанската покраина Каталонија, поради одлуката што ѝ дозволува на Барелона, поточно на нејзините општини, забрана за краткорочно изнајмување простор за престој. Во јуни, градоначалникот на Барселона, Жауме Колбони претстави план, според којшто, сите објекти за краткорочно ...

Во главниот град на Австрија официјално почна Година на демократијата и Виена сега е европска „престолнина на демократијата“, соопшти Канцеларијата на Град Виена во Белград. Титулата ја доделува организацијата „Европска престолнина на демократијата“, а Виена, како и Барселона вторпат ја добива наградата. Во процесот на селекција, Виена победи седум градови кандидати и во следните дванаесет месеци интензивно ќе се занимава со темата демократија и ...

Компанијата „Форд моторс“ (Ford Motors) денеска соопшти дека ќе го намали бројот на вработени во ЕУ и Велика Британија за 4.000 до крајот на 2027 година. Намалувањето на бројот на вработените, како што наведе компанијата е поради состојбата на економијата и притисокот од зголемената конкуренција, како и помалата продажбата на електрични возила од очекуваното. „Форд моторс“ посочи и дека и Германија ќе се соочи со откази, но оти тоа ќе биде ...

Околу 3,2 милиони таблети Каптагон се запленети во јужна Турција на границата со Сирија, соопшти турската полиција. Сирија важи за главен производител на дрогата Каптагон од групата амфетамини (фенетилин). Полиција не прецизира дали запленетата дрога била намената за турскиот наркопазар. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека во првите девет месеци од годината во Турција запленети се 9,9 милиони таблети Каптагон. Тој ...

Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) ќе се одбележи денеска, а целта е да се подигне свеста за значењето и социо-економскиот товар на болеста. Од Македонското респираторно здружение посочуваат дека голем број фактори ја предизвикуваат оваа болест но пред се дека тоа се аерозагадувањето и пушењето. – ХОББ е голем проблем на денешницата. Во светот од оваа болест, боледуваат повеќе од 400 000 000 луѓе и за жал, нивниот ...

Властите во Барселона уште во јуни најавија укинување или ограничување на изнајмувањето станови на туристи до крајот на 2028 година. Во таа смисла, градоначалникот Жауме Колбони го опиша тој потфат како „драстичен“, но многу потребен потег за да се ограничат зголемените трошоци за домување. – Тоа е многу драстично, но мора да биде така, затоа што состојбата е многу тешка… Во Барселона, како и во другите големи европски градови, проблем број еден ...

Романија и Бугарија се очекува да станат полноправни членки на Шенген зоната во јануари 2025 година. Романскиот премиер, Марсел Чолаку изјави дека Романија ќе стане полноправна членка на Шенген зоната во јануари 2025 година, а истото треба да важи и за Бугарија. Двете земји станаа членки на Шенген зоната за воздушно и поморско патување во март 2024 година, по делумен договор со Австрија. Имено, Австрија првично се спротивстави на приемот на ...

Американскиот глумец Дензел Вашингтон зборуваше за американската политика и за тоа како луѓето треба да бидат свесни за тековните манипулативни тактики што ги користат двете главни партии во САД. Во интервју за „Сандеј тајмс“ (The Sunday Times), имено, уредникот Џонатан Дин цитира реченица од „Гладијатор II“ (Gladiator II), каде што глуми и Вашингтон: „Империите паѓаат, па и императорите“. Тој истакна дека фразата, се чини, се однесува и на ...

Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. -Чеситки до Радмила Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Северна Македонија што ја поддржаа нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД, напиша ...

Родителски фронт утре, среда, 20.11.2024 година, со почеток во 18 часот, во Кинотека на Македонија ќе ја одржи својата прва трибина во Скопје, со наслов ,,Постојат ли озаконети идеолошки индоктринации во македонското образование?!” Говорници на трибината ќе бидат проф.д-р Тања Каракамишева Јовановска, м-р Гоце Бумбароски, одделенски наставник и Викарен Епископ Стобиски г.Јаков. Сите кои имаат прашања во врска со темата на трибината, може да ги ...

Зелениот Картон (ЗК) е сеуште неопходен документ за влез со моторни возила во било која држава во Европа, како и во соседните Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Молдавија . Тој е во функција и е неизвесно кога и дали воопшто ќе има промени околу неговото користење. Според Националното биро за осигурување прашањето за спојување на ЗК и вклучување на премијата од ЗК во полисата за осигурување од Автомобилска Одговорност е доста комплексно и ...

МВР информира дека вчера во 20.50 часот на Граничен премин „Табановце“, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 32-годишниот В.А. од Република Албанија. При преглед и контрола на автобус со албански национални ознаки, со кој се превезувал на релација од Албанија до Италија, В.А. бил селектиран за дополнителна контрола, при што во неговиот багаж биле пронајдени три кеси со 3.622 монети со археолошка вредност, различни по ...

Европската унија треба да преземе итни и одлучни мерки во борбата против отпорноста на антимикробните агенси, оцени денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). „Помеѓу 2019 и 2023 година, употребата на антибиотици во Европската унија се зголеми за еден процент, со што се оддалечи од целта за намалување од 20 проценти“, што е препорака на ЕУ, пишува во денешното соопштение на Европскиот центар. Отпорноста на антимикробни ...

Пепко го повлекува од српскиот пазар производот PLU 607141 „Art&Craft“ 26 парчиња печати за деца: серија 202403 поради не исполнување на безбедносните стандарди, јави дописникот на МИА од Белград. Резултатите од анализата утврдија дека производот не ги исполнува барањата на Регулативата (ЕК) 1907/2006 од 18 декември 2006 година за регистрација, евалуација, одобрение и ограничување на хемикалии (REACH) поради надминување на содржината на ...

Скопје утринава е на осмото место по загаденост на амбиенталниот воздух во светот, со индекс на загадување од 162, според последните податоци на платформата „Ај-Кју-Ер“. Како главен загадувач се наведени ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 60,2 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честичките се со концентрација од 73,2 микрограми на кубен метар. Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град е 12 пати поголема од годишната вредност на ...

Најстудено утрово е во Берово со седум степени под нулата. Како што информира УХМР, минусни температури утрово се измерени и во Струмица (-5), -4 во Скопје – Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија и Велес, -3 во Скопје – Зајчев Рид, Прилеп и Кавадарци, -2 во Крива Паланка и -1 во Виница и Гевгелија. Нула степени утрово се измерени во Битола и на Попова Шапка, 1 во Маврови Анови, Охрид и Крушево и 2 степена во Претор. -Утрово е сончево, по ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Моменталните максимални цени на нафтените деривати изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 ...

Како што се наближуваат новогодишните празници, многу луѓе се загрижени дека токму овој период ќе се здебелат. Фитнес-инструкторот од Австралија, Тајсон Арон тврди дека може дури и да се изгубат до 10 килограми до Божиќ, со две едноставни промени и доволна доследност. – Ако сакате да изгубите пет до 10 килограми отсега до Божиќ, сè што треба да правите се 8.000 чекори секој ден. Тоа како минимум, но идеално е да направите повеќе од 10.000 ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
1.54
26%
1016
weather icon

Белград

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
37%
1019
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
2.57
32%
1020
weather icon

Софија

33ᴼ / 29ᴼ
4.12
29%
1018
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
4.18
29%
1019
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
3.09
47%
1020
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
11.32
38%
1012
weather icon

Тирана

38ᴼ / 38ᴼ
2.57
15%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
3.6
23%
1013
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
5.81
34%
1021
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
2.57
33%
1021
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
11.83
48%
1018
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315