
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Пресудата против Доналд Трамп за фалсификување податоци за прикривање сексуален скандал сè уште стои, пресуди судијата Хуан Мерчан, отфрлајќи го аргументот на новоизбраниот американски претседател дека неодамнешната одлука на Врховниот суд ја поништил таа пресуда. Адвокатите на Трамп тврдеа дека постоењето на случајот за време на неговото претседателствување ќе се меша во неговата способност да владее. Тој првично требаше да биде осуден на 26 ...
Најстудено утрово е на Попова Шапка -10 степени, во Крушево е -4, Тетово и Маврово -3, Охрид -2, во Скопје се измерени два степена, а најтопло е во Гевгелија со пет степени, соопшти УХМР На Попова Шапка има и најмногу снег 44 сантиметри, во Маврови Анови 27, а во Крушево пет. Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време. Утрово е сончево со мала до умерена локална облачност. Дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено ...
Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека има намера да остане вклучен во партиската политика кога ќе ја напушти функцијата на 20 јануари и рече дека очекува потпретседателката Камала Харис да остане централна фигура во иднината на партијата. – Никаде не одиш, дете. Не ви дозволуваме – рекол Бајден, пренесува АП. Од друга страна, Харис изјави и дека наскоро ќе почне сериозно да размислува за својата иднина и дали уште еднаш да се ...
Министрите за надворешни и европски прашања на Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија, собрани во групата Пријатели на Западен Балкан, испратија заедничко писмо до шефицата на европската дипломатија Каја Калас и до комесарката за проширување Марта Кос, во кое порачуваат дека е време за решителен напредок во интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и презентираат конкретни чекори за поддршка на регионот на неговиот пат кон ...
Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Струмица- ОВР Валандово запленети се околу четири тони марихуана од правно лице во село Јосифово, Валандово. Како што денеска соопштија од МВР, при крајот на октомври и почетокот на ноември 2024 година во правното лице за производство,трговија и услуги со приоритетна дејност, одгледување на останати повеќегодишни ...
Најмногу исплатиле општините и Град Скопје, кои лани потрошиле околу 1,1 милион евра, додека пак министерствата за адвокатски услуги издвоиле 1 милион евра Адвокатите на општините и министерствата за своите услуги наплаќаат повеќе од два милиони евра годишно, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации. Ангажирањето на адвокати за општините и министерствата не е дел од пишаните правила на овие институции, а воедно и ...
Oд денеска патниците, корисниците, гостите и персоналот на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид ќе имаат на располагање четири станици за полнење електрични возила. Оваа нова услуга е овозможена од ЕВН Македонија и е во согласност со стратегиите за одржливост и континуирано подобрување на услугите за клиентите на двете компании. Како што информираат ЕВН и ТАВ Македонија, новопоставените станици за полнење на ...
Hina/ France 24 Били Фусто не бара голема плата: студира архивар и не сака ништо повеќе од „мирен живот“ дома во Италија. Но, како и десетици илјади други млади дипломирани студенти во земјата, 24-годишникот стравува дека нема друг избор освен да емигрира. Повеќе од милион Италијанци ја напуштиле земјата во изминатите 10 години, од кои една третина на возраст од 25 до 34 години, покажуваат националните податоци. Оние што заминуваат обвинуваат за ...
И Португалија се приклучува на групата земји кои им забрануваат на учениците да користат мобилни телефони додека се на училиште. Во оваа земја забраната ќе важи за учениците од прво до шесто одделение, најави министерот за образование, наука и иновации, Фернандо Александре, наведувајќи ги негативните ефекти од користењето мобилни телефони врз децата. – Препораката што ја даде Владата е забрана. Она што го правиме оваа година е проучување на ...
Мафијашките организации заработуваат 3,3 милијарди евра од туризмот во Италија, покажува истражувањето на институтот за испитување на јавното мислење Демоскопика. Извештајот е заснован на податоци од различни официјални и авторитетни извори, вклучително и националната статистичка агенција Истат и Банката на Италија, јавија италијанските медиуми. Прометот и профитот на мафијата ќе пораснат во следните години – јубилејна за Римокатоличката црква, ...
Италијанската Влада ги укина казните за луѓето кои одбија да примаат задолжителни вакцини против Ковид-19, се вели во соопштението објавено откако тие беа воведени за да се поттикне вакцинацијата во земјата која се бореше да ја задржи пандемијата. Италија беше меѓу земјите најтешко погодени од пандемијата, која беше откриена на почетокот на 2020 година, и има регистрирано повеќе од 190.000 смртни случаи, според податоците на Светската ...
Политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира, напиша во официјален статус амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, по објавата дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се новите две имиња на црната листа на Стејт департментот. – Денешното назначување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира. САД ќе продолжат да ...
СВР Скопје ја информира јавноста дека поради одржување на протест, денеска (10.12.2024) со почеток од 14.00 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот кај крстосницата помеѓу бул.„Никола Карев“ и ул.„Прохор Пчињски“ во Скопје. Исто така, со почеток од 16.00 часот, поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе ...
Новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени се проширува со нови прехранбени производи. На само една недела од применување на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени од најмалку 10 проценти се проширува и истата опфаќа над 700 прехранбени производи, се наведува во соопштението од владината прес-служба. Владата, како што е посочено, носи мерки со кои граѓаните конечно ...
Луѓето во Дамаск чекаат во редици за да купат леб, пренесува Ројтерс. Според агенцијата, повеќето продавници во главниот град на Сирија не работат. Проблем се и затворените аптеки, поради што луѓето на кои им е потребна терапија не можат да ги добијат толку потребните лекови. Како што објави „Галф тајмс“, жителката на Дамаск, Руни, која е бремена во осмиот месец, рече дека никаде не може да ги најде очајно потребните лекови. Како што објасни ...
Светската здравствена организација (СЗО) го одобри молекуларниот дијагностички тест „Ксперт МТБ/РИФ Ултра“, кој овозможува дијагностицирање на туберкулоза и тестирање на отпорност на антибиотици. Ова е прв тест од ваков вид што ги исполнува строгите стандарди на СЗО. Туберкулозата, која годишно предизвикува повеќе од еден милион смртни случаи, останува глобален здравствен предизвик. Јукико Накатани, помошник генерален директор на СЗО, истакна ...
САД и Велика Британија неодамна објавија нови мерки за спречување на нелегалната трговија со злато, преку која се финансира војната на Русија против Украина и се поттикнува корупцијата. Британските власти замрзнаа средства на четири лица инволвирани во шверц на злато, вклучително и на лице кое купило руско злато вредно над 300 милиони долари. Со тоа и обезбедил на руската влада приходи што може да се искористат за финансирање на војната во ...
Според податоците од програмата на ЕУ „Коперник“ за мониторинг на климатските промени, ноември годинава беше втор најтопол ноември на глобално ниво откако се прават мерења, а 2024 година веројатно ќе биде првата година кога температурата ќе ја надмине границата на затоплување од 1.5 степени Целзиусови, пренесе ДПА. Просечната глобална температура на површината во ноември 2024 година изнесувала 14.1 степени Целзиусови, што е за 0.73 степени над ...
Во продукција на „Ејч-би-о“ (HBO), снимањето на ТВ-серијата „Хари Потер“ (Harry Potter) ќе почне летото 2025 година, во студиото „Ворнер брос Ливсден“ (Warner Bros Leavesden), во Ватфорд, северозападен Лондон, Англија. Серијата ќе има сосема нова екипа глумци, а приказната ќе остане автентична со книгите на Џ.К. Роулинг, објавија продуцентите. „Претстојната оригинална серија на ‘Ејч-би-о’, ‘HarryPotter‘ ќе се снима во студиото ‘Ворнер брос ...
Гасификација, субвенционирање на граѓаните за враќање кон централното греење, набавка на електрични автобуси, проект за намалување на број на возила по улици „кар шеринг“, се мерките за намалување на аерозагадувањето кои планира да ги реализира Владата за справување со проблемот со аерозагадувањето. Овие мерки ги најави првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, одговарајќи на новинарски ...
Во последните пет години во земјава се склучени договори за јавни набавки во вкупна вредност од 5,8 милијарди евра, а 36 % од нив, односно 2,1 милијарда евра им припаднала само на 50 фирми. Само првите 10 фирми на врвот од оваа листа добиле тендери во вредност од 1 милијарда евра. Во листата на најголеми добитници на тендери се градежни компании, веледрогерии, дистирбутери на нафтени деривати итн. На дел од компаниите кои се на листата 50 ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец ноември е започната на ден 5 декември, а продолжува и денес односно 6 декември 2024 година. Со исплатата се опфатени правата од социјална заштита: -Гарантирана минимална помош; -Додаток за домување; -Траен надоместок; -Еднократна парична помош; -Право на социјална сигурност за старите лица-социјална ...
Земјите-членки на Европската Унија минатата година увезле играчки во вредност од 6,5 милијарди евра, објави „Еуростат“. Во пресрет на божиќните празници, статистичкиот завод на ЕУ сподели податоци за увозот на играчки од 27-те членки во 2023 година. Минатата година увозот на играчки во ЕУ е намален за две милијарди евра во споредба со годината претходно. Кина останува главниот снабдувач, со 5,2 милијарди евра вредност на играчки увезени во ЕУ, ...
Игор Сечин, извршен директор на Роснефт, најголемата руска нафтена компанија, изјави дека глобалниот енергетски сектор е сцена на хибридна војна. – Најголемиот ривал на доларот ќе биде златото, кое човештвото го користело за платежни илјадници години, рече Сечин во говорот на 17-от Евроазиски економски форум, одржан во Рас Ал Хамија во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Тој оцени дека светот влегол во процес во кој Соединетите Американски Држави ...
Новогодишната кошничка ќе опфаќа повеќе од 600 производи и ќе трае од 15 декември до 15 јануари. Со неа се очекува намалување на цените на производите за 10 и повеќе проценти. Листата на производи, како што кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски, е договорена заедно со стопанските комори, синдикатите, производителите, дистрибутерите и трговците. – Направивме нешто што можеби досега никогаш не е направено – сите заедно разговаравме извесен ...
Претседателот на Ел Салвадор Наиб Букеле на собир пред граѓаните го повтори тврдењето дека оваа централноамериканска држава поседува огромни резерви на злато, што претставува неискористен потенцијал. Во своето обраќање, Букеле изјави дека Ел Салвадор е свесен за потребата од заштита на природата, но дека процесите на искористување на ресурсите може да се одвиваат без уништување на околината. – Ние сме единствената земја која забранува ископувања ...
Австрискиот Врховен суд осомничи брачна двојка пензионери од областа Штаерска, дека 35 години го злоупотребувале австрискиот Закон за развод со цел да добијат финансиски придобивки. И тоа, на перфиден начин: 12 венчавки и 12 разводи. Сѐ почнало, како што објавија австриските медиуми, кога сега жената останала вдовица, бидејќи ѝ починал првиот сопруг… Така добила вдовичка пензија. Но, набргу потоа го запознала својот втор сопруг и во 1982 година ...
Седумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2024/2025 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на ...
Членките на ЕУ би можеле да ги заострат правилата против пушење и да ја поддржат забраната за пушење и „вејпинг“ на некои отворени простори како што се игралишта, плажи, базени и тераси во кафулињата. Препораката за забрана на пушење и „вејпинг“ на отворено ќе биде предмет на расправа на 27 министри за здравство на состанок во Брисел. Според дипломатски извори, препораката ќе биде усвоена и покрај политичките поделби околу тоа прашање, кои ...
Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Турција, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран на 83 километри од Аланија, популарно турско одморалиште, на длабочина од 30 километри, пренесуваат медиумите во регионот. Засега нема информации за повредени или материјална штета. „Зградата се тресеше“, „Беше навистина силен“, „Се тресеше, лустерот се нишаше“, се само дел од коментарите на граѓаните на ...