
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Според податоците од програмата на ЕУ „Коперник“ за мониторинг на климатските промени, ноември годинава беше втор најтопол ноември на глобално ниво откако се прават мерења, а 2024 година веројатно ќе биде првата година кога температурата ќе ја надмине границата на затоплување од 1.5 степени Целзиусови, пренесе ДПА. Просечната глобална температура на површината во ноември 2024 година изнесувала 14.1 степени Целзиусови, што е за 0.73 степени над ...
Во продукција на „Ејч-би-о“ (HBO), снимањето на ТВ-серијата „Хари Потер“ (Harry Potter) ќе почне летото 2025 година, во студиото „Ворнер брос Ливсден“ (Warner Bros Leavesden), во Ватфорд, северозападен Лондон, Англија. Серијата ќе има сосема нова екипа глумци, а приказната ќе остане автентична со книгите на Џ.К. Роулинг, објавија продуцентите. „Претстојната оригинална серија на ‘Ејч-би-о’, ‘HarryPotter‘ ќе се снима во студиото ‘Ворнер брос ...
Гасификација, субвенционирање на граѓаните за враќање кон централното греење, набавка на електрични автобуси, проект за намалување на број на возила по улици „кар шеринг“, се мерките за намалување на аерозагадувањето кои планира да ги реализира Владата за справување со проблемот со аерозагадувањето. Овие мерки ги најави првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, одговарајќи на новинарски ...
Во последните пет години во земјава се склучени договори за јавни набавки во вкупна вредност од 5,8 милијарди евра, а 36 % од нив, односно 2,1 милијарда евра им припаднала само на 50 фирми. Само првите 10 фирми на врвот од оваа листа добиле тендери во вредност од 1 милијарда евра. Во листата на најголеми добитници на тендери се градежни компании, веледрогерии, дистирбутери на нафтени деривати итн. На дел од компаниите кои се на листата 50 ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец ноември е започната на ден 5 декември, а продолжува и денес односно 6 декември 2024 година. Со исплатата се опфатени правата од социјална заштита: -Гарантирана минимална помош; -Додаток за домување; -Траен надоместок; -Еднократна парична помош; -Право на социјална сигурност за старите лица-социјална ...
Земјите-членки на Европската Унија минатата година увезле играчки во вредност од 6,5 милијарди евра, објави „Еуростат“. Во пресрет на божиќните празници, статистичкиот завод на ЕУ сподели податоци за увозот на играчки од 27-те членки во 2023 година. Минатата година увозот на играчки во ЕУ е намален за две милијарди евра во споредба со годината претходно. Кина останува главниот снабдувач, со 5,2 милијарди евра вредност на играчки увезени во ЕУ, ...
Игор Сечин, извршен директор на Роснефт, најголемата руска нафтена компанија, изјави дека глобалниот енергетски сектор е сцена на хибридна војна. – Најголемиот ривал на доларот ќе биде златото, кое човештвото го користело за платежни илјадници години, рече Сечин во говорот на 17-от Евроазиски економски форум, одржан во Рас Ал Хамија во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Тој оцени дека светот влегол во процес во кој Соединетите Американски Држави ...
Новогодишната кошничка ќе опфаќа повеќе од 600 производи и ќе трае од 15 декември до 15 јануари. Со неа се очекува намалување на цените на производите за 10 и повеќе проценти. Листата на производи, како што кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски, е договорена заедно со стопанските комори, синдикатите, производителите, дистрибутерите и трговците. – Направивме нешто што можеби досега никогаш не е направено – сите заедно разговаравме извесен ...
Претседателот на Ел Салвадор Наиб Букеле на собир пред граѓаните го повтори тврдењето дека оваа централноамериканска држава поседува огромни резерви на злато, што претставува неискористен потенцијал. Во своето обраќање, Букеле изјави дека Ел Салвадор е свесен за потребата од заштита на природата, но дека процесите на искористување на ресурсите може да се одвиваат без уништување на околината. – Ние сме единствената земја која забранува ископувања ...
Австрискиот Врховен суд осомничи брачна двојка пензионери од областа Штаерска, дека 35 години го злоупотребувале австрискиот Закон за развод со цел да добијат финансиски придобивки. И тоа, на перфиден начин: 12 венчавки и 12 разводи. Сѐ почнало, како што објавија австриските медиуми, кога сега жената останала вдовица, бидејќи ѝ починал првиот сопруг… Така добила вдовичка пензија. Но, набргу потоа го запознала својот втор сопруг и во 1982 година ...
Седумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2024/2025 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на ...
Членките на ЕУ би можеле да ги заострат правилата против пушење и да ја поддржат забраната за пушење и „вејпинг“ на некои отворени простори како што се игралишта, плажи, базени и тераси во кафулињата. Препораката за забрана на пушење и „вејпинг“ на отворено ќе биде предмет на расправа на 27 министри за здравство на состанок во Брисел. Според дипломатски извори, препораката ќе биде усвоена и покрај политичките поделби околу тоа прашање, кои ...
Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Турција, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран на 83 километри од Аланија, популарно турско одморалиште, на длабочина од 30 километри, пренесуваат медиумите во регионот. Засега нема информации за повредени или материјална штета. „Зградата се тресеше“, „Беше навистина силен“, „Се тресеше, лустерот се нишаше“, се само дел од коментарите на граѓаните на ...
Производителот на автомобили „Опел“ го намали производството во својата главна фабрика во Риселсхајм во западна Германија. Портпаролот на компанијата вчера изјави дека склопувањето на компактниот автомобил Astra и неговиот сестрински модел, DS 4, ќе биде паузирано оваа недела. Компанијата, која припаѓа на групацијата „Стелантис“, во консултација со работниот совет ја разгледува можноста фабриката во Риселсхајм да работи во една смена. Се очекува ...
Советот на ЕУ вчера донесе одлука за продолжување на глобалниот режим на санкции на ЕУ, со кои се опфатени поединци, субјекти и тела кои подлежат на рестриктивни мерки поради сериозни повреди и злоупотреби на човековите права, за уште една година до 8 декември 2025 година. На физичките и правните лица опфатени со режимот на санкции им е замрзнат имотот во ЕУ, а на субјекти од Унијата им се забранува да им ставаат на располагање средства, ...
Здравствениот систем на Холандија годишно издвојува околу 18 милијарди евра за лекување на болестите предизвикани од загадениот воздух, покажуваат резултатите од истражувањето на емисиите на 15 штетни материи. Како најголеми загадувачи во Холандија се посочува земјоделскиот сектор, особено сточарството. Сточарството во Холандија го загадува воздухот главно поради големата емисија на амонијак, до тој степен што лекувањето на последиците од ова ...
Поради наноси од снег повисоки од 60 сантиметри, едно лице е заглавено во месноста „Празни торба“ – Црни врв, село Цветово во општина Студеничани. Исто така, Центарот за управување со кризи стигната е пријава и за лица кои се наоѓаат во Планинарскиот дом „Караџица“ и поради снежната покривка не можат да се вратат дома. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), лицето денеска, во 9:18 часот, во РЦУК Скопје пријавило дека е ...
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. Сите капацитети на министерството ...
Кинеските брендови зафаќаат околу 70 отсто од пазарот за нови автомобили во Русија, изјави аналитичарот на податоци од компанијата „Авито Авто“, Артјом Соколов. Руските производители во исто време ги достигнале планираните производствени капацитети, а нивниот удел на пазарот на нови автомобили во Русија достигнал 22 отсто во октомври 2024 година, пренесува ТАСС. Соколов додаде дека уделот на локалните брендови на рускиот пазар пораснал за 7 ...
Кинеските компании кои доставуваат стоки за широка потрошувачка во Русија почнаа да ја прекинуваат продажбата на платформите за е-трговија поради падот на рубљата, објави South China Morning Post, цитирајќи упатени во индустријата. Според весникот, падот на руската валута на најниско ниво од март 2022 година ги загрижи кинеските претприемачи, особено оние кои тргуваа во рубљи. Кина стана најголем трговски партнер на Русија и главен снабдувач на ...
Две лица го загубија животот на грчкиот остров Лимнос, во невремето „Бора“ што од завчера ја зафати Грција, а Лимнос заедно со Родос се најпогодени, иако проблеми има и во други делови на земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Во поплавено село на островот Лимнос, животот го загубија две лица, а голем дел од жителите беа евакуирани. На Родос најпогоден беше градот Иалисос каде што улиците беа целосно поплавени, а според надлежниот префект ...
Управата на Јувентус нема намера да го позајми Даглас Луиз на друг клуб. Единствено, во јануари торинскиот тим ќе биде задоволен само со продажбата на играчот од средниот ред, објавија италијанските медиуми. Киа Жорабчијан, агентот на Бразилецот, веќе работи на наоѓање нов клуб за Луиз. Дваесет и шестгодишниот фудбалер од средниот ред моментално заздравува од повреда. На девет натпревари оваа сезона за Јувентус, Луис нема постигнато гол ниту ...
Врнежите од снег на планинските места ја зголемија и проширија снежната покривка особено во западниот дел од земјата. Како што соопшти УХМР, 68 сантиметри се измерени на Маврови Анови, 51 см на Попова Шапка, 25 во Лазарополе и 5 см во Берово. Во пониските места, пак, врнежите беа од дожд. Најмногу наврнат воден талог за изминатите 9 часа до 16 часот, од 38 л/м2 се измерени во Крушево, 33 во Кавадарци, 32 Попова Шапка, 31 Маврови Анови, 30 ...
Американците, на „Црн петок“, потрошија околу 11 милијарди долари во онлајн набавки, што е за 10,2 отсто повеќе од минатата година, покажуваат податоците на Adobe Analytics. Компанијата наведува дека на „Црн петок“ Американците направиле најмногу онлајн купувања на шминка, производи за нега на кожа и коса, како и блутут звучници и машини за еспресо. Продажбата на играчки преку Интернет е зголемена за 622 отсто во однос на просечната дневна ...
По речиси 18 години од почетокот на изградбата, метрото во Солун од саботата е во функција, а беше пуштено во употреба, откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во присуство на претседателката Катерина Сакеларопулу и надлежните министри, симболично го притисна копчето за почеток со што тргна и првото метро. Претходно се одржа свечена церемонија со присуство на државниот врв, додека пак пред дел од метро станиците беа насобрани граѓани кои и ...
Мнозинството граѓани на Северна Македонија или 56 отсто имаат доверба во Европската Унија, покажуваат резултатите од есенското истражување на Евробарометар за 2024 година. Исто ниво на доверба кон ЕУ како македонските државјани, изразуваат и граѓаните на Босна и Херцеговина. Меѓу останатите земји кандидати за членство, довербата кон ЕУ е најголема во Албанија со 81 отсто, пред Црна Гора со 75, Косово со 70 и Грузија со 58 проценти. Пониска ...
Согласно одредбите од Законот за дигитални услуги на ЕУ, почнувајќи од оваа недела 19 „многу големи онлајн платформи“ и „многу големи пребарувачи“ треба да ги објават своите први годишни проценки на ризик и ревизорски извештаи, соопшти Европската комисија. Овие извештаи мора да вклучуваат проценки за идентификуваните ризици што произлегуваат од нивните услуги, како ширењето на илегални содржини, дезинформации, лажни вести и говор на омраза или ...
Европската комисија ја казни француска модна куќа „Пјер Карден“ и нејзиниот главен бренд во Европа, „Алерс“ со вкупно над 5,7 милиони евра поради прекршување на антимонополските правила на ЕУ со тоа што ја ограничувале продажбата на облека во странство или на одредени клиенти. Казната е изречена врз основа на истрагата на Комисијата кој утврдила дека во периодот помеѓу 2008 и 2021 година „Пјер Карден“ и „Алерс“ склучувале договори и применувале ...
Докрот кој беше уапсен во август во Берлин, сега е осомничен дека убил осум пациенти, а во некои случаи се обидел да ги прикрие доказите со палење пожари, соопштија германските истражители. Неидентификуваниот лекар, кој бил дел од тимот за палијативна нега, во моментот на апсењето бил осомничен дека убил четворица постари пациенти во јуни и јули, а потоа со помалку или повеќе успех се обидел да ги запали нивните станови. Полицијата и ...
Австралискиот Парламент прв во светот вчера го усвои законот за забрана на социјалните мрежи за деца на возраст под 16-години. Се очекува забраната да се однесува на Снепчет, TикТок, Фејсбук, Инстаграм, Редит и Икс, но таа листа би можела да се прошири. Сенатот, на последниот ден од седницата во годината, ја одобри забраната за социјалните мрежи, по неколкумесечна интензивна јавна расправа и бурниот парламентарен процес во кој предлог-законот ...