Поранешниот американски претседател Џими Картер почина на 101-годишна возраст во својот дом во јужна Џорџија, соопшти синоќа неговата фондација. Картер, демократ кој се повлече од јавниот живот, беше 39-ти американски претседател, служејќи еден мандат (1977-1981). Тој беше добитник на Нобеловата награда за мир, а од февруари 2023 година добиваше домашна палијативна нега. Неговото последно појавување во јавноста беше на погребот на неговата ...

Утрово најладно било во Берово каде што се измерени -8 степени, -6 степени било во Маврови Анови, -5 во Битола, Струмица и Тетово, -4 во Скопје-Петровец, Штип, Прилеп, Демир Капија и Крива Паланка, -3 во Кавадарци, Велес, Охрид, Претор, Дебар и Крушево, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Попова Шапка, 4 во Гевгелија. Висината на снежната покривка во 7 часот утрово, изнесувала 51 сантиметар во Маврови Анови, 50 во Попова Шапка и 22 во Крушево. ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска околу пладне треба да ја соопшти одлуката за цените по кои ќе се продаваат нафтените деривати од нокеска на полноќ. На светските берзи цената за една недела се зголеми за околу 4% што навестува можност да скокне и малопродажната цена. Доколку тоа се случи, по подолг период ќе имаме цена на бензинот која ќе надминува 80 денари за литар. Последен пат тоа се случи на средината од окотомври. ...

Денеска 30 декември во 12:00 часот, Здружението за едукативен развој Еквалис организира протестен собир за солидарност со граѓан(к)ите на Србија, којшто ќе се одржи пред Амбасадата на Србија во Скопје. Еквалис го организира овој протест за да испрати, како што велат, силна порака на поддршка и поттик за истрајност кон храбриот српски народ кој со длабока посветеност сака одлучно да го симне авторитарниот режим и да побара политичка одговорност ...

„Анора“ се појави на 89 од 177-те гласачки ливчиња, со 18 гласови за прво место. За споредба, „Бруталист“ е на место бр. 2, со вкупно 73 гласачки ливчиња, и 18 гласови за најдобар филм. Гласањето, инаку, оди така што, на листот испитаникот избира од 10 филмови, и ги нумерира според личниот ранг. Филмот означен со 1 добива 10 поени, со 2 добива девет, со 3 – осум поени итн. Ливчето за најдобар режисер беше одреден со рангиран избор од 10 лица, но ...

Утрово е најстудено на Попова Шапка, -5 степени, каде има и најмногу снег, 70 сантиметри. Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени -4 степени во Маврови Анови и Крушево, -2 во Берово, -1 во Битола, Тетово, 0 во Куманово, Крива Паланка и Кавадарци, 1 во Скопје-Петровец, Охрид, Штип, Претор и Прилеп, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Демир Капија и Велес и 3 во Виница и Гевгелија. Висината на снежната покривка е 56 сантиметри во Маврови ...

Американскиот државјанин Еуген Спектор е осуден на 15 години затвор поради собирање генетски податоци за руски државјани за Пентагон, објави денеска руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Според ФСБ, Спектор собирал и пренесувал доверливи биотехнолошки и биомедицински информации, вклучително и државни тајни, на странски субјекти поврзани со Пентагон. Целта била да се создаде систем за генетски скрининг за руските граѓани. Спектор покрај ...

Од денеска од 7:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато, соопшти АМСМ. Оттаму потсетуваат дека се уште е активна забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Од 6:00 часот на патниот правец Гостивар-Маврово-Дебар и обратно се укинува забраната за движење на тешки товарни возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни ...

Денеска се очекува да биде променливо облачно и студено со повремен локален снег во северните делови од земјата, а во југоисточните со повремен дожд. Ќе дува посилен ветер од северен правец, а наместа ќе биде со брзина од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4 степени, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени. Во Скопје, пак, ќе врне и дожд и снег. Попладне врнежите ќе престанат. Минималната ќе се ...

Ограничување на маржите и цените на прехранбените производи, кои не се дел од Новогодишната кошничка, најавува Владата доколку трговците не покажат општествена одговорност и не ги намалат цените. Пазарните инспектори, според изјавите на надлежните, се на терен и за два до три дена ќе завршат нивните анализи по што ќе се знае дали ќе се донесат поригорозни мерки. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вчера ги повика трговците да ги ...

Националниот јапонски авиопревозник „Јапан ерлајнс“ соопшти дека се соочува со кибернапад што може да влијае на домашните и на меѓународните летови. Најмалку 24 домашни летови доцнеа до еден час, а проблем имаа и некои меѓународни летови. Според извештаите, проблемите во делот на системот што се користи за пријавување на багаж почнале да се појавуваат околу 7:25 часот по локално време, принудувајќи ја компанијата да ја запре продажбата на билети ...

На Попова Шапка утрово се измерени – 5 степени Целзиусови, а 4 во Гевгелија. Најмногу снег со 54 сантиметри има во Маврови Анови, додека за изминатите 24 часа до 07 часот најмногу дожд 12 литри на метар квадратени во Крива Паланка. УХМР соопшти дека се измерени -4 степени во Маврови Анови и Крушево, -1 Претор и Виница, 0 Тетово, Штип, Куманово, Охрид, Битола, Прилеп, Берово и Крива Паланка, 1 степен Демир Капија, Скопје-Петровец и Струмица. До ...

кипи на Зимската служба на Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“- Скопје во текот на изминатата ноќ почнаа со активностите за чистење снег и фрлање на сол на сите булевари и критични точки во градот. Интервенирано е со фрлање на 45 тони индустриска сол на сите критични црни точки и на поголемите булевари и улици во градот со седум специјални возила на Град Скопје. Се чистеа првите снежни наноси на булеварот Александар Македонски, улиците ...

По падот на патнички авион во Казахстан, кој патувал од Баку за Грозни со 72 лица, излегоа информации за причината за несреќата. Како што пишуваат азербејџанските медиуми, авионот налетал на јато птици. Подоцна се појави информација дека авионот бил пренасочен кон аеродромот во Махачкала поради густа магла, но дошло до несреќа на само три километри од аеродромот Акту. Според првичните информации, бројот на преживеани е поголем од 10. Првите ...

Шпанската национална полиција, во соработка со Европол и Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), изврши инспекции во Малага, Севиља и седум други градови за да открие мрежа на компании кои донеле повеќе од 2.000 тони фалсификувана стока во Европа од 2023 година, објавија шпанските медиуми. Во рамките на акцијата уапсени се 73 лица, а уште 19 се под истрага за учество во продажба и дистрибуција на фалсификувани материјали во рамките ...

Едно лице загина, а друго се води како исчезнато по силната бура, придружена со поплави и големи бранови, што во понеделникот го погоди централниот брег на Калифорнија, соопштија властите. Градоначалникот на Санта Круз изјави дека од невремето се урнало пристаниште во тој град, а три лица кои паднале во Тихиот Океан се спасени. Метеоролозите прогнозираат ветрови со ураганска сила и бранови високи до 18 метри од Калифорнија до северозападниот дел ...

И во следните денови, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи облачното, студено и ветровито време, со локални врнежи кои претежно ќе бидат од снег. Стаблизирање на временската состојба се очекува кон крајот на неделата Студениот циклонскиот бран што ја зафати Македонија продолжува, поради што и денеска во целата земја времето ќе биде претежно облачно и студено со локални врнежи од дожд и снег, информираат од Управата за ...

Околу 3.800 престапници ослободени од затвор или осудени на општествено корисна работа во Велика Британија ќе бидат опремени со електронски алки на нога за да не пијат алкохол за време на празниците, соопшти денеска владата во Лондон. Овие уреди за следење, кои ги носат поединци на кои судот им наредил да се воздржат од алкохол, за прв пат беа користени во 2020 година. Системот го мери нивото на алкохол во потта на една личност и ги предупредува ...

По утринскиот собир во Скопје, македонските ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров вчера заминаа за Стара Пазова каде ќе го одработат првиот дел од подготовките за претстојното Светско првенство. Според програмата, репрезентацијата ќе се подготвува во Србија до 30 декември, а подготовките ќе ги продолжи по новогодишните празници. Избраниците на Лазаров генералниот тест ќе го имаат на 8 јануари против Хрватска. Македонија својот ...

Фудбалерите на Манчестер јунајтед го претрпе вечерва седмиот пораз сезонава во Премиер лигата, откако загуби на домашен терен од Борнмут со 3:0, во натпреварот од 17. коло на англиската Премиер лига. Стрелци за Бурнмаут беа Дин Хојсен во 29., Џастин Клајверт од пенал во 61. и Антоан Семењо во 63. минута. Борнмут е петти на табелата со 28 бодови, а Јунајтед е на 13. место со 22 бодови. Фудбалерите на Челзи, пак, не успеаја барем за неколку часови ...

„Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, на конзервативните поддржувачи во Феникс, Аризона, пренесе Франс прес. „Ќе ги исклучам трансродовите луѓе од војската и од училиштата“, побара новоизбраниот претседател. Трамп, исто така, вети на својата публика во Феникс дека ќе потпише серија извршни наредби за затворање на границата за илегалните ...

Во центарот на Загреб денеска ќе се одржи марш Во центарот на Загреб денеска ќе се одржи марш со цел да се зголеми безбедноста во училиштата, по нападот на 20 декември кога загина едно дете, а наставничката и неколку други деца беа тешко повредени. Маршот, што ќе почне во 18 часот, е во организација на три училишни синдикати, кои ги повикаа граѓаните да им се придружат. Предвидено е маршот да биде одбележен со молк, без транспаренти. ...

Косовската влада обезбеди по 100 евра еднократна дополнителна помош за пензионерите и децата на возраст до 16 години, јавија косовските медиуми. Според косовскиот премиер Албин Курти, тоа не е само подарок за крајот на годината, туку и инвестиција во благосостојбата на децата во Косово без разлика на нивната етничка припадност, како и поддршка за пензионерите. Тоа е петта помош за пензионерите во мандатот на владата на Курти (од 2021 година). ...

Претседателот на големото Национално собрание на Турција Нуман Куртулмуш, кој е во прва официјална посета на Северна Македонија, во интервју за МИА вели дека парламентарната соработка ги следи севкупните пријателски и билатерални односи меѓу двете земји, но исто така очекува двојно зголемување на турските инвестиции во земјава. -Како што и Вие истакнавте, помеѓу двете земји постојат блиски односи кои се рефлектираат и во самата економска ...

Во германскиот град Бремерхавен, полицијата приведе маж кој во видео на ТикТок се заканувал дека ќе изврши криминални дејствија на локалниот божиќен пазар, јави ДПА. Полицијата успеала брзо да го идентификува мажот откако добила дојава за видеото на социјалните мрежи. Детали за неговиот идентитет и плановите за напад не се објавени. Информацијата дојде откако 50-годишен маж со својот автомобил влета во посетителите на божиќниот пазар во градот ...

Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег на пониските места, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до ...

Утрово Скопје се најде на првото место на загадени градови во Европа, според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот на загадување изнесува високи 178. На листата најзагадени градови во светот прв е Делхи, потоа следуваат Лахор, Акра, Дака, Кабул, а потоа е Скопје. Од европските градови во листата на топ десет најзагадени градови, нема ниту еден. Следна е Приштина која е на 27-мо место во ...

По најавата за недостиг на вода Институтот за јавно здравје се огласи со препораки до граѓаните за да се подготват и да го минимизираат влијанието. 1.Складирање на вода – Складирајте доволно вода во чисти садови за пиење, готвење и хигиена. Потребни се најмалку 4 литри вода по лице на ден. – Ако имате пристап до флаширана вода, набавете ја за овој период. – Наполнете канти, кофи или големи садови со вода за санитарни потреби (чистење, миење, ...

Американските власти депортирале повеќе од 270 илјади мигранти во 192 земји за една година, се вели во извештајот на главната владина агенција одговорна за депортирање. Со овој предизвик, според американските медиуми, ќе треба да се соочи и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој за време на кампањата најави масовни депортации. Годинава биле извршени 271 484 депортации, што е речиси двојно повеќе од 142 580 депортации извршени ...

„Пред мене на состанокот на ЕПП г. Христијан Мицкоски го искористи името предвидено со Договорот од Преспа, односно Северна Македонија кое има обврска да го користа ерга омнес. Верното спроведување на договорот е единствениот начин да се отвори европскиот пат на соседната земја“, нагласи грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во изјавите што ги даде по завршувањето на работата на Самитот на ЕПП во Брисел. Грчките медиуми ја пренесоа и ја ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
94%
1013
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
8.75
62%
1017
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
95%
1010
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.5
93%
1011
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
77%
1003
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
5.14
47%
1006
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
7.2
81%
1011
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
4.63
63%
1018
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
93%
1005
Currency

61.535

Currency

56.8742

Currency

73.5317

Currency

35.6019

Currency

39.5387

Currency

64.4906

Currency

7.95294

Currency

0.67129

Currency

0.38043

Currency

0.52485

Currency

1.49922

Currency

0.6653

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15715.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.07

Сребро

1079.73

Злато

99960.97

Бакар

10.10

Паладиум

3118.62

Платина

31670.15

Родиум

183259.26

Цинк

2.83