
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Европската комисија предложи регулатива за воспоставување на заеднички европски систем за враќање, кој ќе овозможи побрзи, поедноставни и поефикасни процедури за депортација од ЕУ на илегалните мигранти и лицата чии барања за азил се одбиени, вклучително и отворање на „Центри за враќање“ во трети земји. Според еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер, станува збор за збир на ефикасни и модерни процедури за враќање на ...
На 12 март – Европскиот ден за подигање на свеста за насилството врз лекарите и здравствените работници, Лекарската комора како и докторските комори ширум Европа, повикуваат на итна акција за справување со насилство со што се соочуваат здравствените професионалци и е присутно во здравствените установи, се наведува во денешното соопштение на Комората. – Во изминатата 2024 година, во Комората се пријавени само четири напади. Во еден случај ...
Европската Унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25% за челик и алуминиум, пишува Politico, повикувајќи се на три дипломатски извори запознаени со плановите на Брисел. Тарифите на американскиот претседател, стапија на сила утринава. ЕУ веќе има подготвен пакет контрамерки, кои датираат уште од првиот мандат на Трамп, и вклучува царини за познати американски производи како што се мотоцикли Харли Дејвидсон, бурбон и ...
Трамп се надева дека воведените царини ќе го зголемат производството на челик и алуминиум во САД, но според експертите, тоа ќе ги зголеми цените за американските потрошувачи и ќе го наруши економскиот раст. Од денеска стапуваат во сила царините од 25 отсто што американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе за увоз на челик и алуминиум во Соединетите Американски Држави. Неколку часа пред да стапат во сила, Трамп се закани дека ќе ги удвои ...
По повод најавениот голем митинг во Белград на 15 март, за кој претседателот на државата предвидува „големо насилство“ и најавува апсења, Европската унија порача дека темелните вредности „се во сржта на нашиот заеднички европски проект и треба да се почитуваат“. „Ова важи и за слободата на собирање како основно право“, се вели во одговорот на прес-службата на ЕУ за Радио Слободна Европа. Се додава дека учеството на граѓаните игра витална улога ...
Денеска е објавен јавниот повик за прием на 300 професионални војници 10 подофицери во македонската Армија, напиша на социјалните мрежи, министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Сакам да најавам дека денеска објавивме Јавен оглас за прием на нови 300 професионални војници и Јавен оглас за 10 подофицери во македонската Армија, а следува и огласот за прием на 60 лица со завршено високо образование во офицерски чин. Ова е навистина одлична можност ...
Соопштение на ВЛЕН: Членовите на Судскиот совет, кои ДУИ ги брани како свои љубимци, со изгласаната интерпелација против нив се само мрачно минато, оставени да се жалат на своите дела! Но, последиците од нивните постапки ги трпат Албанците! Ниту еден Албанец не е именуван во Кривичниот суд во Скопје! Тие исти за кои ДУИ плаче, ја држеа правдата во заложништво, именуваа партиски кадри и молчеа додека Албанците беа исклучувани под злокобниот ...
Со 77 гласа Собранието на Република Северна Македонија денеска изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судството. Воедно, се наведува дека таа ја занемарила и не ја извршувала својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, ...
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска во кампот Бутмир во близина на Сараево изјави дека ЕУФОР е целосно подготвен да одржува безбедна и стабилна средина во Босна и Херцеговина (БиХ). Руте денеска се сретна со командантот на ЕУФОР генерал-мајор Флорин-Маријан Барбу, кој изјави дека постои тесна соработка на теренот меѓу ЕУФОР и НАТО. Во наредните денови, како што претходно беше најавено, се очекува пристигнување на 400 нови војници на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе купи нов автомобил Тесла како знак на поддршка за сопственикот и сојузник на компанијата Илон Маск, поради неодамнешните протести против Тесла и падот на цената на акциите на компанијата. -Утре наутро ќе купам сосема нова Тесла како знак на доверба и поддршка за Илон Маск, навистина голем Американец, напиша Трамп на платформата „Truth Social“. Улогата на Маск во федералните отпуштања ...
Новинарите во Грција, организирани од Грчката федерација на новинарски асоцијации во која учествуваат сите новинарски здруженија, од пет часот утрово започнаа 24-часовен штрајк со што земјата денеска ќе биде без вести и информативни емисии. Главното барање е потпишување на колективни договори во сите медиумски сектори, односно телевизии, весници, списанија, интернет, радија, но и зголемување на платите, подобрување на условите за работа и ...
Старлинк никогаш нема да ги исклучи своите терминали во Украина, изјави на „Икс“ Илон Маск. Изјавата предизвика коментари од полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски. Изјавата на Маск доаѓа по претходно изнесени многу поразлични ставови во однос на војната во Украина од оние на властите во Киев. -Никогаш не би го направиле тоа и никогаш не би ја искористиле Украина како монета за поткусуруање, изјави Маск. Сикорски на ова ...
Вивијан Џена Вилсон, трансродовата ќерка на милијардерот Илон Маск, уште еднаш јавно го прозва својот татко, тврдејќи дека Маск всушност сакал син кога таа била зачната. Во објава на „Threads“, Вивијан упати сериозни обвинувања против нејзиниот татко, велејќи дека тој платил за процедурата за ин витро оплодување (ИВФ) со цел да се обезбеди машко дете. „Мојот пол беше стока за која тој плати“ Вилсон, која веќе подолго време не е во добри односи ...
Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол во истрага за набавка на мазутот за ТЕЦ НЕГОТИНО и електрани, дознава Телма. Повеќе извори на Телма потврдија дека вчера попладнето се приведени и се вршат претреси во домовите на сопствениците на РКМ и Пуцко Петрол, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски. Надлежните само потврдија дека се вршат претреси во рамки на истрага на обвинителството за гонење на ...
Папата Франциск повеќе не е во непосредна опасност, но ќе остане во болница, соопштија вчера неговите лекари, јави ДПА. Осумдесет и осумгодишниот поглавар на Римокатоличката црква е хоспитализиран во болницата „Џемели“ во Рим од 14 февруари, откако му беше дијагностицирана двојна пневмонија. Во изминатите недели имаше неколку здравствени компликации, при што неколкупати му беше потребен кислород поради проблеми со дишењето. Поради неговата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои можност Украина „да не ја преживее“ војната против Русија дури и ако САД продолжат да му даваат помош на Киев. Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека САД имаат „одредени слабости“ кога станува збор за Русија. „Потребни се двајца за тоа. Гледате, тоа (војната) не требаше да се случи. И, сега сме заглавени во овој хаос“, рече Трамп. Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп одби да ја отфрли можноста дека американската економија ќе влезе во рецесија оваа година и дека инфлацијата ќе се зголеми, бидејќи неговата трговска тарифна политика предизвикува несигурност и турбуленции на пазарот. Тој во интервју за Фокс њуз објави дека за постигнување на неговите економски цели ќе биде потребно време и преоден период додека не се постигнат резултати. „Постои преоден период, бидејќи тоа ...
Американското Министерство за владина ефикасност (DOGE) предводено од Илон Маск објави дека открило дека илјадници заеми во вкупна вредност од повеќе од 300 милиони долари биле доделени на деца за време на пандемијата Ковид-19, во 2020-2021 година, јавија американски медиуми. Во борбата за намалување на трошоците и корупцијата во федералната влада, DOGE откри дека Администрацијата за мали бизниси (SBA) дала скоро 5.600 заеми на луѓе кои имале 11 ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 23 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за ...
Аеродромот во Хамбург вчера е затворен поради штрајк, а вработените на речиси сите аеродроми, вклучувајќи ги и главните центри на Германија во Франкфурт, Минхен и Берлин, денеска ќе прекинат со работа на повик на синдикатот Верди. Синдикатот Верди претходно ги повика персоналот на земја, ракувачите со багаж и персоналот за обезбедување на аеродромите да стапат во еднодневен штрајк. Се очекуваат големи ограничувања за полетување и слетување на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, кој е во официјална посета на земјава. Обајцата, како што соопшти претседателскиот Кабинет, се потсетиле на заедничките почетоци на евроинтеграцијата пред дваесет години, но со целосно различен исход. За претседателката, хрватското евроинтеграциско искуство е релевантна лекција за нас и Хрватска, како наш докажан пријател може ...
Министерот за здравство Арбен Таравари де факто го приватизира јавниот паркинг лобирајќи албанска компанија да стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје преку јавно-приватно партнерство во траење од 20 години. Со ова, Таравари стана епитет на политичка корупција, кој одработува за контроверзна фирма од странство, реагираат од Левица по информацијата што ја објави „Призма“ дека албанската компанија „Ѓока констракшн“ ќе стопанисува ...
МИНХЕН – Заработката на жените во Германија се намалува во просек за 20 отсто по бракот, се вели во извештајот на Минхенскиот институт за економски истражувања ИФО и Универзитетот во Осло, врз основа на податоците од евиденцијата на пензиското осигурување. „Нашите студии покажуваат дека разликата во заработката меѓу мажите и жените се зголемува во бракот, дури и кога се зема предвид раѓањето на децата“, коментира Елена Херолд, претставник на ...
Во февруари 1975 година официјално започнал со работа сегментот за информатичка технологија при „Алкалоид“, чија цел била трансформирање на процесите од аналоген во дигитален формат со употреба на т.н. мини компјутери од марката Burroughs L-3000/4000 Series: „Тие се мали по своите физички димензии, но релативно големи по обемот на меморијата и можностите за решавање на поставената проблематика, користејќи ги сите предности на технологијата на ...
Турција сака да биде дел од секоја нова европска безбедносна структура доколку НАТО се распадне, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во интервју за британскиот весник Фајненшл тајмс, објавено денеска. – Постапките на американскиот претседател Доналд Трамп се сигнал за будење – да се обединиме и да создадеме сопствен центар на гравитација, рече Фидан, додавајќи дека Турција е подготвена да биде дел од нова безбедносна ...
Со церемонија со високи почести пред претседателот на Собранието Африм Гаши пред зградата на законодавниот дом го пречека претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој престојува во официјална посета на земјава. Јандроковиќ ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Собранието Гаши, а по средбата предвидени се разговори на делегациите на двете земји заедно со двајцата претседатели на парламентите. Според најавата од Собранието, ...
ВЛЕН денеска обвини дека потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, познат по случајот „Пациент“ се фали дека ДУИ го донела Законот за рестриктивни мерки за оние на црната листа. Но, заборави да спомене дека токму тие, како што велат од коалицијата, кога технички премиер беше Талат Џафери, предложија и одобрија измени на законот за рестриктивни мерки. -Токму ДУИ го смени законот со кој им забранува на луѓето кои се на црната листа на САД или Велика ...
Најавени се голем број нови авиокомпании, голем дел од нив ќе летаат на нови дестинации и очекуваме зголемување на бројот на патници веќе од средината на оваа година, вели во видеоинтервју за МИА генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт. Тој информира дека се очекува за околу еден месец да стартуваат со работите предвидени со модернизацијата на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Во тек на планираните активности авиосообраќајот ...
– Против едно лице, косовски државјанин е поднесена и изречена пресуда од надлежен суд. Сребрениот накит и парфемите се откриени при контрола на автомобилот со кој сторителот патувал со својот брачен другар. При извршената контрола, во просторот за резервна гума биле пронајдени 180 машки и женски парфеми, додека во фабричка празнина позади задното седиште и просторот за резервна гума, како и во десната странична фабричка празнина на багажникот ...
Соопштение на Синдикат на Филхармонија: Со последното соопштение на Министерството за култура и туризам, одговорните од оваа државна институција се обидоа да го оправдаат незаконското постапување при изборот на директор на Македонска филхармонија и со тоа да ги отфрлат обвинувањата на синдикатот на Македонската филхармонија како неосновани и паушални. Во соопштенитето, Министерството за култура се повикува на Законот за општа управна постапка ...