Народот на Палестина нема да оди никаде. Тие се домородните луѓе на таа земја. Да кажеш дека ќе раселуваш луѓе, тоа е менталитет на колонизатор, изјави еден од демонстраните за Ал Џезира. Стотици демонстранти пред Белата куќа извикуваат „Палестина не е на продажба“ додека американскиот претседател Доналд Трамп објави план со кој САД имаат намера да ја „поседнат“ територијата на Газа во Израел, јавува Ал Џезира. Демонстрантите се собраа во ...

„Ако го сторат тоа, ќе бидат уништени. Тоа ќе биде крајот“, рече Трамп во Овалната соба додека ја потпишуваше наредбата за повторно да се изврши максимален притисок врз Техеран. Трамп упати предупредување до Иран како одговор на прашањето за можноста таа земја да се обиде да го убие. Трамп рече дека не сака да ја потпише таа антииранска наредба, но дека е неопходно да се спречи Техеран да развие нуклеарно оружје. „Оставив инструкции. Ако го ...

Најмалку 11 лица се убиени во пукање во центар за образование на возрасни во градот Оребро, Шведска, соопшти утрово полицијата. Осомничениот сторител е еден од загинатите, а се уште не се знае точно колку лица се повредени во вчерашниот напад. „Сe уште немаме целосна слика за бројот на повредени“, рече портпаролот на полицијата, додавајќи дека не може да се исклучи бројот на жртвите да продолжи да расте, бидејќи информациите за состојбата на ...

Доналд Трамп Помладиот, најстариот син на американскиот претседател, е обвинет за нелегален лов на диви патки во Италија и наводно застрелал многу редок вид во заштитено подрачје, јавуваат италијанските медиуми. Случајот, во чиј фокус е видео на кое се гледа како Трамп Помладиот пука во патки додека лови во венецијанската лагуна, треба да биде прикажан пред италијанскиот парламент. Партијата Зелена Европа (Europa Verde) поднесе жалба за случајот ...

Утрово падна вредноста на америаканскиот долар во однос на кошницата валути. Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 108,90 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 109,65 поени. Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 155,55 на 155,25 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, ...

Повик за нов бојкот на сите маркети во петок – граѓаните да се воздржат од купување на производи во големите трговски синџири. Од завчера дополнително на социјалните медиуми се шири нов повик за еднонеделен бојкот, но не на сите туку само за двата големи маркети „Тинекс“ и „Веро“. Се повикуваат граѓаните денеска да се воздржат од купување на производи од овие два маркети додека за петок повторно се најавува бојкот на сите колеми синџири, а ...

Како што пренесува грчкиот портал Πρώτο Θέμα, овој остров во Егејското Море го напуштиле околу 9.000 туристи и жители кои стравуваат дека овие земјотреси се увертира за катаклизмичен удар. Претходно во понеделникот грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги повика жителите на Санторини да останат смирени и „да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита“. „Мораме да управуваме со многу интензивен геолошки феномен. Побарав од ресорното министерство да ...

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека е зголемен бројот на заболени од рак на белите дробови кај луѓе кои никогаш не пушеле, а како еден од клучните фактори се наведува загадувањето на воздухот. Според проценките на Меѓународната агенција за истражување на ракот (ИАРЦ), ракот на белите дробови кај непушачите се смета за петта водечка причина за смрт од рак во светот. Студијата објавена во научното списание Lancet Respiratory ...

Делегација на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) ќе положи венец на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје по повод 4-ти февруари, оддавајќи почит кон неговото историско дело и наследство. Церемонијата ќе се одржи во 11:00 часот. Денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на ...

Во земјава денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што цвеќе ќе положат премиерот Христијан Мицкоски, претставници на Собранието, ...

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 3 февруари 2025 година во 10:29 часот во Грција. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во близина на Додеканезите. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10,1 километар под површината на земјата. Засега нема извештаи за материјална штета или ...

Педесет и пет од 67-те загинати во несреќата меѓу патнички авион на Американ ерлајнс и воен хеликоптер над реката Потомак во Вашингтон се идентификувани, изјави денеска началникот на противпожарната служба, Џон Донели. Тим од воен персонал се подготвува утре да започне операција за отстранување на остатоците од двата авиони од водата. Тие ќе бидат однесени во хангар на националниот аеродром Роналд Реган Вашингтон. Во меѓувреме, семејствата на ...

Власта планира да ја менува законската регулатива во делот на безбедноста во сообраќајот по трагичната сообраќајка во која загина младата Фросина. За денеска веќе е најавена седница на собраниската комисија за политички систем на која пратениците од мнозинството ќе побараат да се организира јавна расправа со што и би почнала процедурата за промена на овие законски решенија. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски кој викендов беше гостин во ...

СВР Битола со соопштение во јавноста ги известува граѓаните и правните субјекти дека Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола во изминатиот период забележа зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути или услуги за посредување при остварување на право на наследство од друга држава. Од СВР Битола посочуваат дека во континуитет ...

Словенечкиот Парламент денеска ги усвои измените на Законот за здравствени услуги, со кои се воведува речиси целосна забрана за двојна пракса за лекарите и другиот медицински персонал, а измените им забрануваат на вработените во државните здравствени установи да работат за приватни лица, пренесе агенцијата СТА. Министерката за здравство Валентина Преволник Рупел истакна дека двојната пракса ќе биде можна само во исклучителни случаи. Измените на ...

Европската комисија планира да преземе правни мерки против земјите членки на ЕУ кои нема да ги спроведуваат правилата и политиките за намалување на бирократските процедури и регулаторниот товар за компаниите, што ќе бидат договорени на ниво на блокот. Ваквиот план за покренување „прекршочни постапки“ против „непослушните“ земји членки се содржи во документот насловен „Поедноставна и побрза Европа“. „Прекршочните постапки“ се инструмент врз ...

Извршниот директор на Tesla и сопственик на SpaceX, милијардерот, Илон Маск, обезбеди позиција во администрацијата на Доналд Трамп, новиот американски претседател, со донирање 277 милиони долари за неговата претседателска кампања, но и покрај тоа, неговиот сон за канцеларија во Белата куќа нема да се исполни. Наместо тоа, канцеларијата на Маск ќе биде преку улицата од Белата куќа во зградата Ајзенхауер, како што одлучи Сузи Вајлс, шефица на ...

Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспектор“ која започна бојкот на продавниците, ги повика граѓаните од денеска да не купуваат одредени производи и да бојкотираат одредени трговски ланци во период од седум дена. Тие дополнително повикаа на општ бојкот на продавниците утре, по примерот на оној што се случи минатата недела. -Се повикуваат граѓаните да не купуваат во три меѓународни трговски синџири – Лидл, Еуроспин и ДМ, како и да не ...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван утринава, предизвикувајќи мала материјална штета, соопштија тамошните власти, додавајќи дека следеле серија помали последователни потреси. Главниот земјотрес се случил во 10:11 часот по локално време во градот Дапу, додека епицентарот бил на околу 250 километри јужно од Тајпеј, каде земјотресот бил благо почувствуван. Главниот земјотрес беше проследен со десетина помали ...

Најголемите индустриски групи во Германија испратија до властите во Берлин силно предупредување за „здравјето“ на најголемата европска економија со порака дека бизнисите планираат национални протести за да ја истакнат потребата од реформи. Митинзите под знамето „СОС, ден на сигналот за помош“ се одржуваат неколку недели пред изборите на 23 февруари и по две години во кои третата по големина светска економија бележи пад. „Компаниите во Германија ...

Масовни студентски протести во Белград / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC Институциите на Европската Унија (ЕУ) внимателно ја следат актуелната внатрешнополитичка ситуација во Србија и големата мобилизација на студенти и други групи, изјави портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие. Мерсие потсети дека слободата на собирање е основно право на ЕУ, кое треба да се штити и спроведува на мирен начин и со целосно почитување на владеењето на правото ...

Мнозинство од жителите на Гренланд се против отцепување од Данска и припојување со САД, според најнова анкета спроведена од Вариан а нарачана од данскиот весник „Берглинске“ и гренландскиот „Сермицук“. Ова е удар за претседателот на САД Доналд Трамп, кој веднаш по преземањето на фунцијата на 20 јануари, ги интензивираше напорите за ставање на Гренланд под американска управа. Според резултатите од анкетата, 85 отсто од популацијата на арктичката ...

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши од преговори за ставање крај на војната во Украина, изјави ноќеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Денеска Путин уште еднаш потврди дека се плаши од преговори, дека се плаши од силни лидери и дека прави се за да ја продолжи војната“, напиша Зеленски на платформата Х, откако рускиот претседател ги исклучи како можност директните разговори со неговиот украински колега. Путин претходно ...

Американскиот прехранбен гигант Coca-Cola денеска објави дека ги повлекла производите од неколку европски земји поради високи нивоа на хлорат кои можат да претставуваат ризик по здравјето. Повлечени се Coca-Cola, Sprite, Fuze Tea и други пијалоци во лименки и стаклени шишиња, истакнувајќи дека „Белгија, Луксембург и Холандија се во фокусот на повлекувањето“. Одлуката за повлекување е донесена откако „рутинската проверка“ на производот од ...

Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспекторе“, која започна бојкот на продавниците, ги повика граѓаните од четврток седум дена да не купуваат одредени производи и да бојкотираат одредени трговски ланци. Се повикуваат граѓаните да не купуваат во три меѓународни трговски синџири – Лидл, Еуроспин и ДМ и да не купуваат газирани пијалоци, вода и детергенти во ниту една продавница. Советникот на платформата, Јосип Келемен, на вчерашната ...

Романската влада е огорчена откако беше информирана дека непроценливо национално богатство, позајмено на холандски музеј, било украдено во кражба за време на викендот. Крадците употребиле експлозив за да упаднат во музејот Дрентс во Асен, каде што украле четири антички романски артефакти, вклучувајќи го и златниот шлем стар речиси 2.500 години од Котофенешти, кој бил позајмен од Националниот историски музеј во Букурешт. Директорот на музејот ...

Американските здравствени власти добија наредба од администрацијата на претседателот Доналд Трамп веднаш да ја прекинат соработката со Светската здравствена организација (СЗО). Службеникот на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Џон Нкенгасонг, испратил меморандум до високите водачи на агенцијата во неделата навечер, информирајќи ги дека сите вработени во агенцијата кои соработуваат со СЗО мора веднаш да ја прекинат таа соработка ...

Од полноќ поевтинуваат горивата. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/литар. Малопродажните цени на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,042 ден/кг и сега ќе изнесува 45,631 ден/кг. Од 28.1.2025 година од 00:01 часот ...

Европската Унија е секогаш подготвена да соработува со секоја Американска администрација и очекувам многу добра соработка со новите власти во САД, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. – Се разбира, стилот на различни администрации е различен и ние треба да ги прилагодиме нашите методи на работа со тоа, порача Калас при пристигнувањето на заседанието на Советот за надворешни работи на ...

Поради изолираните инциденти што се случија вчера по масовните протести во Солун и Атина за железничката несреќа кај Темпи пред две години, приведени беа вкупно 35 лица, додека од Асоцијациите на фоторепортери и на странски дописници во Грција реагираа за полициското насилство врз фоторепортер, кој беше повреден до шок бомба, јави дописничката на МИА од Атина. Откако во јавноста излегоа нови информации за несреќата од истрагата на техничкиот ...

weather icon

Скопје

40ᴼ / 40ᴼ
1.54
24%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 27ᴼ
5.66
54%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
61%
1021
weather icon

Софија

34ᴼ / 34ᴼ
3.09
23%
1014
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.13
23%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.57
56%
1021
weather icon

Атина

39ᴼ / 37ᴼ
4.92
25%
1012
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
34%
1015
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.57
31%
1014
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 33ᴼ
3.13
35%
1014
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
6.17
60%
1018
weather icon

Истанбул

34ᴼ / 33ᴼ
6.69
100%
1013
Currency

61.525

Currency

52.5676

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.57

Иридиум

142424.33

Кобалт

42.99

Никел

14804.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.76

Сребро

1175.03

Злато

106811.16

Бакар

10.16

Паладиум

34915.71

Платина

44327.15

Родиум

174417.80

Цинк

2.69